Биди фер, раскини. Искреност макар и тоа да значи крај. Лошо е да се преправаш дека се уште се е исто а ништо не е како што било. Доколку сакаш да дадеш шанса и го сакаш отворено зборувај, променете некои работи, донесете повеќе возбуда и романса во врската па одлучете што понатака. Во секој случај, искрено кажи му што чувствуваш, тоа е најдобриот чекор.
Океј тоа , но гледај вака сите имаме добри и лоши периоди и во лошите не ни паѓа врска на памет колку и да е во ред личноста, едноставно треба работење на себе па онда пуштање во било каква авантура. Е сега тоа што таа во тој временски период не сакала врска од нејзина лична причина (и сопруг да мие кога ми треба време за себе не би требало да копа ) кога се издигнала од ситуацијата посакала врска што е најнормално, му се јавила на типот, испаѓа дека е лажго, манипулатор ( самиот факт со тетките стрините е вид манипулација ), простак и сељак. Сега нека си даде време, поубаво да ги анализира луѓето, не се верува денешно на свои очи, а камоли пак на слепо и заслужува да е среќна со некој што ќе ја цени и почитува.
Си поминала мал дел од животот заедно со него. Млада си и можеш да си најдеш и друг ако веќе си престанала да чувствуваш љубов кон дечко ти. Биди искрена, не одолговлечувај повеќе. Но, приземји се, романтиката и возбудата не се секогаш присутни. Млада си уште искуси, пробај, сега е време за романтики и возбуди. Но, не се надевај дека така ќе биде цел живот.
Во врска сме 7 години. Бурна врска со многу ескалации. Од пекол до рај. Многу проблеми имаме и во последно време.. Ама тоа што дополнително ме мачи - заборавивме муабет да си правиме еден со друг Како ништо да немаме дс си кажеме.. Некако целосно бескорисно се чуствуваме еден покрај друг. Во друштво е многу подобро.. Ама на само.. Срам ме фаќа од тоа колку не знам што да му зборнам. Се прашувам дали до мене е или што е.. Двајцата демек се трудиме на темава и на крај двајцата доаѓаме до заклучок дека не знаеме што да си кажеме еден на друг. Се грижам... Бар муабетот да ни останеше.. Има некој некакво искуство или совет...?
Немам, ниту сум имал толку долга врска, најдолгата ми била година ипол, но ми се има случено... Јас: Кажи ми нешто повеќе за себе, што проблеми имаш, можеби полесно ќе ти биде и слично? Taa: Не знам, прашај ме или се си имаме кажано. Ескалација по некој месец: раскинавме.
Ne mozam da svatam kako dvajca mladi da si nemaat sto da si kazat. Mislam golem problem e. Pokraj zaednickote temi za ljubovta, rabotata, skoloto, semejstvoto, prijatelite-neprijatelite, politikata, sportot i t.n. da nemas tema za diskusija toa e nesto zalosno. Kaj vas postoi problem itoa natalozen vo tie 7 godisna vrska, dokolku ne najdete zaednicki imenitel badijala ce vi bide izgubeno vremeto, kako sto vikas so dosta padovi i podemi. Probajte diskusii na razni temi, ako ne biduva ke raskinete. Drugo care ne biduva.
Во друштво е многу подобро затоа што преовладува глумата за да другите бидат задоволни од вас и да се диват на вашиот однос а кога ќе останете сами реалноста испливува на површина и нема пред кого да се преправате. 7г се доволно време да знаете еден за друг што сакате, интереси, хоби друштвени игри и те како има теми за разговор само технологијава ни го мати умот. Пробајте коа ќе се сретнете мобилните, компјутерите да ги остајте на страна ама буквално ни саат да не погледнете и обрнете внимание на себе. Седнете еден спроти друг и искрено разговарајте за вас, чувствата планираната иднина и сл. Секако уз чаша винце и мезе. Па може и ко од мајка родени. За да нема предрасуди, соблечете алиштаа тргнете маски, не живеете за други обрнете внимание на себе,на вас.. Разговарајте искрено, соголете се до срж. запрашајте се како би било 24/7 заедно и полека расчистете дали ќе ве биде или не. Поздрав и секое добро
За проблемите, само за тоа зборуваме.. Си создадовме негативен набој еден кон друг. Си ја угушивме љубовта. Никој не е задоволен од другиот. Не знам дали проблемите се измислени/реални, се решаваат/ не се решаваат.. Се изгубив во целата приказна на 7 годишна врска полна проблеми и незадоволство. Главата не знам кај ми е... Советот е добар, за луѓе што не зборувале за проблемите.. Во мојава ситуација нема да успее.. Така мислам бар. Фала ти за вниманието, ит минс а лот ту ми..
Епа тогаш срце пронајдете се морате за двајцата. Совршена љубов само на филм. Ако единствениот ваш дијалог се сведува на проблеми било измислени или реални тогаш е редно време за подрастичен потег во случајов пауза од луѓе,посета на некое место сами доколку сте во можност и пак ќе кажам подалеку од технологија додека сте заедно. Не читај многу на интернет совети ид квази психолози каков партнер во треба, кои знаци покажуваат ова кои она и сл. Се е тоа глупост која дополнително не фрустрира.
Мислам дека генерално вакви проблеми каде не можете да најдете заедничка тема за разговор, настануваат кај луѓе кои се премногу затворени или имаат ниска самодоверба. Можеби не е истиот проблем од двете страни, но и ако само едниот е затворена/неразговорлива личност и другиот не се потруди да создаде опуштена атмосфера, тогаш нема да функционира. Од друга страна пак, и ако ти си/ тој е затворена личност, треба и самата/самиот да се потруди да се промени на подобро за врската да успее. Не се сметам за компетентна да ти дадам било каков совет, бидејќи сум немала толку долга врска. Но, единствено што знам е дека во животот се' се решава со разговор. Мора да зборувате за проблемот и за тоа кој и колку ќе се потруди за истиот да се реши, кој и колку ќе вложува за да врската биде нешто кое ќе ве прави среќни, а не да ви претставува товар. Па макар и тој разговор да ве одведе до одлука за раскинување, барем ќе бидете сигурни дека сте се обиделе. Се надевам дека проблемот ќе се реши на најдобар можен начин и за двајцата
И што правите кога сте заедно сами? Не е иронично, сериозно прашувам. Како ви успева да сте пар во вакви околности?
Искрено, моментално толку сме далечни некако што и самата помисла на 5 дена на само со него ме плаши.. Ама во право си сосема дека мора да работиме на случајот некако за ова да излезе на подобро.. Фала ти
Јас сум поќутливата во нашата врска, посрамежливата, таа што чека да му текне него дека нешто ми треба наместо да настојувам упорно и и отворено. Мене ми треба повеќе за да се опуштам во друштво наспроти него.. Е сега, како да си ја зголемам разговорливоста .... ? Не ми е толку тешко со други луѓе, ама со него во последно време многу.. И тоа што викаш за опуштената атмосфера, јас нон стооп под притисок за да зборувам се чуствувам и како да не сум доволна, како да не сум тоа што треба да бидам.. Ете тоа дополнителен притисок создава.. Има смисла твојава поента. Можда треба да поработам на поопуштена атмосфера и кревање доверба... Фала ти
Надвор сме со други луѓе, гледаме филм, работиме, си чепкаме по телефони, правиме без веза муабет и онака оскудно... Поентата е што нема муабет со жар, со вистински интерес, со добра смисла, интересни поттикнувачки муабети... Како меѓу двајца најблиски што би требало да има.. Го нема тоа - ни се погоди муабетот... Не знам како подобро да објаснам, мислам дека сфати.. А пар успеваме да бидеме по инерција... Затоа што 7 години сме биле пар и не се прекинува така брзо..
Не знам, јас сум немала толку долга врска, но и сум немала проблем со зборување. Јас и филм да гледаме отварам дискусија за сцена, за глумци, и дури го гледаме филмот, но и после него. Зборлеста сум и правам се да е интересно. Ова твоево за мене е несфатливо и јас во ваква врска не би издржала ни еден ден. Жално е што постојат вакви парови. Извини ако звучам грубо, тоа е само мое мислење и можеш слободно да го занемариш.
ние бевме нецела година заедно и во брак 5 години. После околу година ипол од нашето заедничко време поминато заедно нас веќе ни се потрошија муабетите и бевме во речиси сличн состојба како вашата. Тој не зборува јас собирам се во себе немам тема за муабет а и да имам нешто да кажам тој не е тука или е нервозен или е нешто.... Комуникација нула. Тоа траеше до пред една година. Т.е околу 3 години. Или повеќе. Многу се одтуѓивме никаква блискост. Се додека не пукна нешто па се искаравме многу. За на крај да си плесниме во лице се што ни лежело н срце тие три години. Сега сме поблиски одколку што бевме на почетокот. Секогаш спремни да се сослушаме еден со друг,а муабет во секое време и на секоја тема.
Многу години и многу проблеми тежат и кај нас, и најискрено се надевам дека тој огромен преокрет ќе го доживееме и ние, со цел прво двајцата да се спасиме па после и врската.. Можда сепак има надеж... Фала ти што сподели искуство..