1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Dioora

    Dioora Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2014
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    311
    Имам еден проблем.
    Имам 28 год. мажена сум и имам ќеркичка. Супер си живееме со сопругот. На периоди е монотоно, на периоди интересно, како и секој брак. Си го сакам и почитувам сопругот мнооогу. Но...
    Професорка сум и минатиот декември почнав да држам индивидуални часови на Марија и Филип. На првиот час Филип доцнеше и додека чекавме со Марија така убаво ми го опиша, едвај чекав да го запознаам. Леле луѓе кога влезе во училница.... срцка. 38 години, сингл, преубав, преобразован и воспитан, директорче на една позната скопска фирма.... Едни очи, една харизма.... Се стопив.
    Филип и Марија ги гледав со прекини некаде до мај, периодично и многу интензивно. Понекогаш поминувавме и цело попладне заедно... Филип не го извадив од ум. Со помислата на него заспивам и се будам ден денес. Пред една недела повторно ме контактираа за часови. А само што почнав да се соземам. Се осеќам како тинејџерка.
    Типот не покажува апсолутно никаков интерес. Сосема е професионален спрема мене нормално и јас сум. Морам да бидам. Иако вријам во себе. Вчера прв пат имавме час само јас и он. Марија откажа во последен момент. Една тензија... неподнослива. Тврдам дека му беше многу непријатно што е сам. Дури и си замина малку порано. Баш чудно... Никогаш не сум се однесувала не професионално за да сфати дека ми е опсесија.
    Сакам да му привлечам внимание... Сакам да ме види... Мислам дека тоа е единствениот начин да го извадам од глава. Мислам дека во истиот момент кога ќе ме посака јас ќе се повлечам.
    Само што тоа не верувам дека ќе се случи.
    Имала ли некоја од вас слично искуство? Ве молам споделете.
     
    На KatrinaP и WildMk им се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    така слични верувам дека многумина од нас се чуствувале. Сепак симпатии се развиваат не е спорно но многу се ретки тие кои презеле чекор повеќе од тоа. Мене ми се случи исто така да се почуствувам кога појдов кај матичната и видов каков доктор вработила. Ништо страно. Но да се надевам дека ќе ме забележи или нешто слично тоа никогаш. Покрај сопруг и деца јас тоа не можам да го помислам. Такви "задни" мисли никогаш. И би ти препорчала да не си го растураш семејството ради една авантура. А дека ќе се откажеш ако тој те забележи... Тоа никогаш нема да се случи. Не си ја барај бељата.
     
  3. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    @Dioora какви искуства бараш, живо ме занима. Има две опции - првата е да престанеш да му држиш приватни часови на Филип, а втората е да се облечеш провокативно, да почнеш со насмевки, допири или било кој друг облик на флерт за да он те примети, и после тоа да имате или немате секс. Секако, закажи приватен час само со него.

    Секако, постои и трета опција, да не си му воопшто привлечна, па обидот за флерт да резултира со одбивање.
     
    На theowndemon, ЕденЧлен, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Tatjana95

    Tatjana95 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Многу честа случка...

    Поентата е што и да го направиш тоа што нагонот ти го налага со човекот, магијата брзо ќе престане а ти ќе останеш со грижа на совест и потенцијални брачни проблеми, кои никому не би ги посакала.

    Размисли, дали е паметна варијантата да бараш тој да те забележи.. Од каде знаеш дека не чека одвај да покажеш интерес, па да зграпчи прилика? Мислам, и до сега доволно силно ти влијае тој и неговото присуство, од каде знаеш дека страста нема да те совлада и дека ќе можеш да одолееш? И бакнеж е повеќе од доволен за проблем. И флерт, ако јас се прашувам.

    Не си ставај трн во здрава нога, според мене. Убав брак имате, ќерка имате.. Подобро насочи го вниманието кон сопругот и кон тоа како да си ја подгреете врската, да направите да ви биде интересно. Да се засакате од ново, да го заведеш од ново.. Мислам дека Филип ќе ти испари од мислите џс брзо тогаш. Знам, со детенце е малку комплицирано да се постигне романтика, ама изводливо е.

    Една професорка ни викаше, кога ќе се двоумите дали нешто е исправно или не, размислете само како вашите деца би реагирале и што би мислеле за вас кога би дознале за тоа.

    Е сега, тоа е само мое мислење.. Понатаму можеш како сакаш. Знам дека послатко е да пробаш.. Ама возрасна си, подобро и за тебе да размислиш трезвено, за да немаш страшни последици после.

    И, многу важно.
    Стави се во позиција на сопругот.

    Ти посакувам среќа и се најдобро..:hug:
     
    На sj *O*, Belgin1, Snowflake97 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    888
    Допаѓања:
    6.391
    Пол:
    Женски

    1. Немаш никаков проблем, туку самата си правиш проблем.
    2. Како тоа многу го сакаш сопругот, а велиш дека си опседната со друго машко?
    3. Што сакаш да постигнеш со тоа што сакаш да го привлечеш вниманието на машкото? Сакаш да ти го потхрани егото и самодовербата?
    4.Си напишала мислам дека во истиот момент кога ќе ме посака јас ќе се повлечам. Значи не си сигурна што би направила доколку машкото посака нешто повеќе со тебе.

    Имаш сопруг и дете, посвети се на семејството.
    П.С. Размисли дали го сакаш сопругот, бидејќи кога некој сакаш не размислуваш за други мажи.
     
    На sj *O*, marchi-cool, Belgin1 и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Ја не знам каков совет бараш? Да го изневериш сопругот? Да го расипеш бракот? На ќерката пред се не си помислила? Може звучам сурово ама зар за некоја минлива авантура вреди семејство да си расипеш?
     
    На marchi-cool, theowndemon, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  7. Heartagram

    Heartagram Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    8.779
    Пол:
    Машки
    @Dioora Ако во случај го направиш тој ,,чин‘‘, истиот момент ќе заврши привлечноста што ја чувстуваш сега спрема особата Филип, и ќе почнат да ти се вртат прашања во главата од типот ,,зошто го направив тоа ? требаше ли ? го изневерив семејството (сопругот,ќерката). ... а со тоа ќе почне и грижата на совест која ќе ја имаш,и може да финишира со негативни реперкусии по бракот. Памет у глава или прстот на чело и размисли си убаво за последиците што би настанале.
     
    Последна измена: 11 декември 2018
    На sj *O* и Milobebence им се допаѓа ова.
  8. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Девојки ми треба ваш совет ... со дечко ми сме заедно 6 месеци. До сега се немаме скарано онака сериозно ни се случило само 1 за ситница... некако почнавме ненамерно да се дистанцираме поради обврски во последно време помалце внимание си обрнуваме. Глупаво е нему да му кажам но од мојата претходна врска јас буквално искочив премногу скршена но со тек на време научив многу за почит љубов и се околу себе. Не сум човек што плаче и драматизира за внимание ниту пак која сама по себе си ги кажува проблемите. Но ако не ми обрнува внимание немам намера да останам. Зошто во врските не е доволна само љубовта, според мене. Како да му го кажам сево ова а да не бидам погрешно сфатена? Не сакам да мисли дека сакам да му прекинам не ми е тоа намерата само сакам да ја надминеме оваа препрека.
     
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Оти јас не гледам нигде билокаква препрека?
     
  10. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.255
    Пол:
    Машки
    Има проблем, сака внимание, ама не сака да му каже ( како демек и пишува на чело ) и сака да ја чита меѓу редови.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  11. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Зошто стапувате во брак сеуште неизживеани и после се понашате ко 15 годишни тинејџери?
    Зошто заебувате туѓи животи ради вашата неизживеаност?
    Зошто?
     
    На sj *O*, marchi-cool, Belgin1 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    5.013
    Пол:
    Женски
    Ќе може некој да ми пише лп, би сакала со некоја членка да поразговарам за еден проб, ако некоја има време :)
     
    На moon1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    898
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Девојки во многу лоша ситуација сум.
    Пред некое време почнав да се гледам со еден дечко, но тој не сакаше ништо сериозно и приметив дека сака само секс. Му реков да не ме бара повеќе, немавме ништо повеќе од мување. Он чат пат знае да ми се јави да се видиме, но јас не сакав. Во меѓу време јас почнав со друг дечко што многу ме сака, многу е добар, ама јас не го сакам. Се залажував само и не знам зошто воопшто почнав со него. Не сме имале односи, само онака бацување у уста и толку. Е сега проблемот е што овие двајца биле братучеди... Сега дознав пред некој ден. Сегашниов знае за овој другиот и не му пречи како што ви кажав многу ме сака. Овој исто така знае и покрај тоа повторно ми пиша да се видиме и јас секако го изигнорирав.. Ама паметот ми е во тој првиот. Сега се случува и заедно да седиме сите тројца и премногу ми е тешко, во бунило сум не знам што да правам. Не сакам да го залажувам сегашниов, а не можам да го извадам другиов од глава...
     
  14. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    6.561
    Пол:
    Женски
    Ни едниот, ни другиот.
    Прво не е фер да го залажуваш дечково кој велиш те сака и вложува во вас, кога ти немаш чувства кон него.
    А второ, ако сакаш да те користат само за секс, тогаш пак почни да се гледаш со првиот. Ако не, подалеку од двата.
     
    На sj *O*, Alisa22, Milobebence и 6 други им се допаѓа ова.
  15. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Нема да ти успее ништо се додека до тебе е близу првиот. Бегај и барај си друг. Ако не се тргнеш ќе бидеш постојано несреќна.
     
    На Snowflake97 и Darlingzz им се допаѓа ова.
  16. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    898
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Да многу е лошо што постојано го гледам само потешко ми е. Знам дека е најдобро да се тргнам, но морам да му дадам објаснување на сегашниот. Дали да му ја кажам вистината или не, не знам...
     
  17. worrieddd

    worrieddd Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2013
    Пораки:
    950
    Допаѓања:
    3.563
    Пол:
    Женски
    Не му кажувај, повлечи се. Не ги нарушувај односите меѓу нив двајца. Само повлечи се колку и да е тешко, најди некое објаснување.
     
    На Darlingzz му/ѝ се допаѓа ова.
  18. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.189
    Пол:
    Женски
    Поголемо објаснување од тоа дека не го сака, каде... Ама па шо знам јас.
     
    На Alisa22 и worrieddd им се допаѓа ова.
  19. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.737
    Допаѓања:
    15.255
    Пол:
    Машки

    Мене ми е пак интересна тврди дека првиот ја гледа само како секс играчка, а претходно рече дека не сака така... Сепак тој и е во паметот, а овој не. :/
     
  20. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.313
    Пол:
    Машки
    Некој кој искрено го сакаш,со вистински чувства,чиста душа како солза,неможеш за друг да почуствуваш нешто,затоа што ќе нема што да почуствуваш,јас незнам читам и се чудам.
     
    На Bitter-Sweet, sj *O*, worrieddd и 5 други им се допаѓа ова.