да у стил НИТУ ТЕ САКАМ НИТУ НА ДРУГ ТЕ ДАВАМ... утре ке имаме дејт ке поткажам малку околу врска хаха
Јас имам брат. Никогаш не сум му делела мислења, за девојките кои ги имал. И не! Не ми се допаѓале сите. Ама нема што мене да ми се допаднат. Треба него да му се допаднат. Може баш тоа што мене ме нервира, него му е ок. Брат ми не е ист како мене. Чим е над 18 години, доволно е возрасен, сам да си одлучи со која ќе биде. И јас не сакам да ми кажува тој, јас со кој да бидам.. И да ми дели мислења, дали му се допаѓале или не, моите дечковци. Треба да разберете, дека сечија индивидуалност треба да се почитува. Пак ќе речам: Тоа што нам не ни се допаѓа, не значи дека и на други не им се допаѓа.. па дури и на брат ви. Сите сме различни.
Се менуваат да, следно на него 7ца на лото ќе му фали Не е зрел за емотивно врзување и си наоѓа изговори, ја понижува ставајќи ја на 2ро место. Ама пак само месец дена ја ставал на второ место. Ако издржи она доека не се снашол он па може и чудо ќе се деси. Не ја сака доволно. Ако таа смета дека заслужува вака да биде сакана супер, френдс со бенефицци и не е лоша позиција во општествово. Некоја би умрела за да биде тоа
Не е зрел за емотивно врзување. Не велам дека не те сака, може во некој негов свет он е умрен за тебе. Твое е да одлучиш дали сакаш да си со него само пријателка со секс услуги. Од една страна вашите карти се широко отворени на маса. Твое е да пресечеш игра или пак да пресечеш шпил и играј како е поставено на маса така.
епа затоа не сакам да одам на тој чекор си давам надеж дека ке смени тој нешто и несакам да го изгубам,кога сум со него сум далеку од реалноста се заборавам
Можеби сестрата приметила некоја неубава,лоша особина кај девојката и има право тоа да го посочи на својот брат.Тоа избегнување муабет не е за џабе.Има нешто.
И да заприметила нешто 'неубаво', тоа 'неубаво', за сестрата е така.. За братот може убаво е. Навистина.. Сите си гледаме работите низ наша перспектива. Освен ако не е нешто драматично, на пример, да е криминалец .. тогаш, ајде-де.. Друго.. не е наша работа.
Се убаво те разбирам, не сакаш да пресечеш дека ти е убаво со него. Ама види вака он е навикнат на тоа. И ете може ќе се влечете години вака. Тој ќе си фаќа по некоја на месец/два тебе ќе те контролира дали се допишуваш со некого или не. И цело време на исти проблеми ќе се сопнувате. Остај малку време, повлечи се, размисли дали сексот е толку добар и те врзува за него или целосно како човек е добар и го сакаш. Според мене не е добар некој кој во исто време со мене има секс и со друга ама ми се правда месец дена било така. Неа ја лажел за тебе и бил неправеден кон неа, така да утре и ти кога ќе си му девојка што мислиш ќе го спречи да не ти го прави истото. Како и да е можеш и достоинствено да му откриеш што ти пречи и да се повлечеш да му дадеш време да размисли тој што сака со тебе.
имал многу девојки досега па се тешам дека ке му досади,бидејки гледам дека со мене ужива и самиот ми кажува дека се релакисра не од секс туку така муабети музика у позадина гушки,се е како во врска заедно си одиме од излегување но знае да биде дебело гомно на моменти да го нема 2/3 дена и да не му е гајле
Од девојка до да им влезе во семејството ехеее колку работи ќе се сменат. А па и да им влезе сестрата ли е меродавна која ќе биде идната сопруга на брат и?
Во тие 2/3 дена кога го нема си врти настрана по некоја. Не е верен како маж тоа подразбирам под неспособност емоционално да се врзе. Несозреан е.А може и така му чини, толку може да те сака, те сака ама со мерка си има граница преку која не преминува. Твое е да продолжиш вака да бидеш сакана или да пресечеш и достоинствено да му кажеш што ти смета.
И јас бев сомничава кон снаа ми.Сомнежите ми се потврдија со текот на годините.Моралот `и е на ниско ниво.Брат ми ја одбра и го почитував тоа.Но,кога почнав да приметувам нешто неарно кај неа,му кажав за тоа.И тој не е совршен.Во некои ситуации сум била на нејзина страна,а не на негова. Секако дека дечкото самиот ќе си одлучи дали да ја одржува врската со девојката или не.
Ама што имам да кажувам и се мешам во туѓи бракови па макар и на брат ми бракот. Леле колку ниско да паѓам да се мешам, кодошам и судам. Може нив таква личност и како девојка или сопруга им одговара. Сестра ли е меродавна да суди и да го пика носот каде што не е место? На брат и лошо да видам од снаа никогаш не би му уништувала среќа со празни муабети. Жал би ми било. АКо ме замоли за совет би му објаснила некако ама од старт да ја избегнувам девојката многу не убаво би ми дошло кон братот.
Верувајте она е таква со 90% од луѓето. Се нешто и смета, сите и сметаат, си ја знае и брат и затоа и ми рече да не се замарам. Плус и нејзиниот дечко не го сакаат баш во фамилија и јас мислам дека она и од инат повеќе се однесува вака. Но сепак мислам дека е битна улога во неговиот живот и дека ќе беше поубаво доколку се согласувавме, ама тоа е... Треба да има почит према брат и ако не друго, да стисне заби и да каже едно здраво ако не друго..
Јас се видов и зборев ми вика сакам малце да се средам, да средам некои работи за што и да ти треба барај ме, ќе се слушаме, ќе се видиме, ама многу ми е тешко вака да те повредувам зашто не сум таков. Ете ова ми го кажа и од вчера не знам дали да пробам пак да зборам или не.
Не се во добри односи тие двајца затоа така прави. Да имаше почит кон него ќе се однесуваше убаво. И да има нешто што и смета може него насамо да му каже, но одлуката со кој ќе биде тој е негова, колку и да се спротиставува таа. Единствена пречка е колку тој е спремен сам да донесува одлуки и да не потпаѓа под друго мислење, особено ако е неосновано.