Ќе видиме понатака како ке биде, сега за сега он со мене е прекрасен, воопшто не се замара со мислењето на сестра му. Вика ќе мора да се помири сакала-нејќела јас сум со тебе и те сакам. Но, јас се плашам дека она и на родителите може да им зборува лошо, нормално ќе и веруваат и цела фамилија нема да ме сака
Сепак ако мислиш да бидеш дел од таа фамилија,ќе мораш и со неа да комуницираш.Пробај да разговараш со неа насамо,да ти каже зошто е таква кон тебе.Можеби нешто `и пречи.Не се сите луѓе лоши и студени кон другите без причина.Можеби несвесно си ја повредила со некој коментар или едноставно таа нема доверба во луѓето.Потребна е бар мала слога во домот. Имаш ли нешто заедничко со неа(омилени актери,серии,пејачи или нешто друго) ? Можеби мал муабет за тоа ќе ви ја подобри комуникацијата.
Тој е тој што треба да пресечи. Доколку искрено е се од негова страна нема да дозволи таа да е пречка.
Треба да се има почит така е,ама па и треба секој да си ја гледа својата работа ама видиш и поред тоа што е така не си ја гледа секој својата работа и оп проблеми. Гледање проблеми каде што ги нема. Ама секој како сака така нека прави или како мисли треба да прави.
Здраво ми треба совет, веќе еден месец се допишувам со дечко што е од мојот град, јас си дојдов пред две недели овде во мк и на излевање се сретнавме неколку пати, ми се свиѓа а знам дека и јас него затоа што приметувам. Мило ми е што никогаш не се обидел да биде насилен или одма врска да се почне, до сега се немаме ни видено. Ме покани да одеме на кафе, не знам како да му кажам на татко ми, дали да му кажам отворено дека се допишувам со некого и дека сака да излеземе на кафе дека не се случува ништо меѓу нас туку онака сакам да излеземе, се плашам дане не ме разбере. Затоа што е многу строг и не е со денешни сфаќања.
Па сеуште нема ништо помеѓу вас можеш да му кажеш дека ти е другар, а ако нешто се случи и почнете врска тогаш ќе му кажеш како што е.
Излези со другарка и речи му на дечково нека викне другар не мора одма на само да излегувате. Кога ќе се создаде доверба и блискост да почнете како дечко и девојка ќе си кажеш дома, немој да ја разнишуваш татковата доверба во тебе особено ако е построг за дечковци.
Тебе би ти кажала дека со овој немаш иднина. Тој штом си фатил еднаш девојка, тебе не те има во план. Залудно си го трошиш времето со него. А и тој со тие изговорите дека се средувал тинтири минтири ич да не паѓаш на тоа. Некој ако сака да е со тебе ниту една пречка нема да го спречи. Ти штом толку се потресуваш за него,тој па ич и од пријатели со бенефиции ништо не станувате повеќе. Нему му е убаво да си има резерва, а ти ќе му ги простуваш сите нови фаќања на девојки и на крај подебелиот крај ќе го извлечеш. Веруј ми не ти треба овој.
Имам најверојатно проблем со дечко ми.. Не сме долго во врска, некои два месеци иако се знаеме 4-5 години. Проблемот е што цело време сме со друштво. Никогаш не излегуваме сами, ај што не излегуваме сами, ни после излегување не остануваме сами. Такво друштво се што заглавуваат до сабајле, јас ке си отидам он останува и цело време така. Почна да ми смета тоа и му спомнав еднаш ама не ми одговори ништо. Имам потреба да седам со него на само некогаш не само за секс чисто онака мислам нормално е.. И стварно мислам дека ако не смени ништо да прекинам со него..
Разговарај со него и кажи му го сето ова што ни го напиша нас овде. Ако не се смени работава на позитивно тогаш сама си го даде одговорот.
Јас го имав истиов проблем на почетокот кога бев во врска со еден. Баш истово беше и цело време му префрлав, ама ништо он упорно другарите. И го седнав после некој месец му кажав дека ми смета сакам малце сами да видам како ќе функционираме и јас од сабајле му кажувам еј вечер да идеме ваму таму и се отргнавме малце, но верувај дека понатака ќе сакаш со друштво, а не да останете сами. Но, пробај објасни му што сакаш
Можеби ќе сакам понатаму ама сега во тазе врска сакам некогаш и сами. Преку глава ми е од кафани, дискотеки и цело време да бидеме со 50 луѓе на маса.. Дури некогаш и другарите негови сакаат да не остават сами он седете па седете..
Женски имам еден проблем.Дури и неможам да го наречам проблем ама ми смета и ме фати јака нервоза. За нова година на дечко ми му дадов мал подарок.Од него јас не добив.И некни ми вика немав пари знаеш и ништо не ти зедов ќе ти купам понатаму нешто убаво.Реков нема потреба јас и со лижалка ќе се израдувам.Не не вика ќе ти земам. Вчера ми вика треба да одиме на вечера јас и ти одамна немаме појдено.И денес бевме само на кафе и вечерта излезе со друштвото оти се немаше видено.И бил да јадат да пијат а за мене немаше пари да купи еден поклон не мислам на луксузи туку едно лижавче да ми даеше ќе се израдував.А притоа јас сум му дала и без повод,а он ептен ретко не се ни сеќавам порано.Бидејќи сме заедно 3 години и одамна беше кога одевме по вечери а сега не одиме оти вика дека немал пари.Дури и јас давам фазла за да направам да ни биди убаво. Мене ми засмета тоа што вечерва истроши а за мене не се потруди.Само на збор ми кажува вака така.И сакам да му речам.Па макар и да се скараме.
Што е проблемот тука? Што може трга на страна пари за да те изненади со нешто што ќе ти значи. Може вака викаш и лижалка да ти дадел убаво, ама види вака на поклон планиран, пакуван и мал нек е, како ти што си дала да ти даде некој лижалка е ептен детски Потсети го дека сакаш пак да одите на вечери или романтични излегувања само за вас двајца.
Сам ми вика ќе ти купам.А бидејќи го знам 3 год не мислам дека ќе се сети на тоа.Не верувам да трга пари.Бидејќи го знам.Ме изненадил со повод а без никогаш.Дури се зачудив како не заборавил да се сети дека не ми обрнал внимание.Не сакам поклони.Повеќе ми беше битно да ми направи чест.Така се вика зборот со лижавче. Не му викам за на вечери јас он ми вика.Оти знам дека е финансиски лошо.
Ја лично не сакам да давам ниту примам поклони. Доколку тоа се очекува од мене ќе се погрижам никогаш и да не го добијат. Одам и ја со другари кои не сум ги видел со години, не и сметало досега тоа. Пред се човекот што е со тебе е со тебе со причина, се надевам ја знаеш која е освен онаа те сакам.
Јас не дека се лутам нешто којзнае што.Ама ми смета ова оти знам дека јас сум му направила чест па треба и он.Во знак на внимание спрема тој што го сакаш.
По ова што прочитав каков е значи те лаже дека ќе ти купи нешто како што се лаже мало дете со лижавче. Значи не ти е напразно муабетот за лижавчето Совет или не му паѓај на лажните надежи што ти ги дава или кажи му дека ти пречи, толку лесно е.