Не знам.До сега не сум била во ситуација да ме лаже дека ќе ми купи а да не ми купи.Кога било повод роденден и сл ми купил да и изненадувања ми правел.И ружа и цвеќе и се.Ама сега за нова година рече немам пари знаеш а сакам нешто убаво да ти купам.А јас индиректно му викам не ми требаат поклони и едно лижавче ми е доволно за внимание. Да.
Ако не ти е битен зошто се нервираш? Да не требаше без денар да остане, да нема ни за кафе за да ти купи поклон? Ако сметаш дека зашто ти со му дала треба и тој да ти даде, ич да не му купуваш! Поклон се дава од срце, а не за да чекаш исто за возврат.
Кај нејзе проблемот е уствари зошто ја излажал дека нема пари за да и купи поклон, а после тоа бил во кафана со друштво е за тоа имал.
Е ајде нека си ги даде последните пари за да и купи поклон, па после нека не мрда од дома. Јас се согласувам со @СуперДевојка, поклон даваш од срце а не за истото да го добиеш и ти. Многу пати сум поклонила затоа што јас сум сакала, мене не ми поклониле и не сум се налутила, ниту ми требаат оправдувања зошто не ми купил ниту пак мислам дека некој МОРА да ми купи.
Реално, ако и купел поклон ќе немал пари за кафана. Неа тоа ја боли. А дечкото едноставно постапил разумно. Таа ќе бара поклон и за валентајн и за 8ми март. Ќе и купи тогаш. Затоа и пишав дека не треба да остане без пари ради поклонот. Је*али вас и поклони и нови години
Ти во темава со месеци се жалиш како не ти посветува внимание и не си му ни приоритет. Наместо да се мачиш и да се нервираш, до сега подобро ќе беше да раскинеше. Мене не ми личи на љубов ова, нервози само, како со сила да се трудиш за нешто, а на другата страна искрено не и е ич гајле. Едно време се жалеше дека не излегувате, само дома те носел, не ти обрнувал внимание и триста работи, а ти за ова со поклонот се фати? Џабе се нервираш, дури и повеќе од доволно направи последниве месеци, мислам дека знаеш шо треба да направиш ама ако си задоволна со ваква едвај половична љубов, продолжи си така, видел он дека ти се попушташ. 3 години врска, а он како 1 месец да те знае...
Абе дечко ми е супер.Имам внимание,нонстоп е со мене излезен, ме сака, ми подарува љубов и се друго.Јас се изнервирав за ова оти така да биди.Нигде не сум напишала дека не ми обрнува внимание.Сум напишала се е окејсамо овие раб ми сметаат и сум наброила што.
Кај мене има буџет за кафанка, буџет за поклони за него, буџет за јадење за дома, буџет за тековни трошоци/амортизација, сметки, буџет за мене, буџет за здравје и НеДајБоже и буџет за поклони за гости/слави/родендени. Ако нема во буџетот за поклон за него, поклон нема да има овој месец ама нема да пикнам рака во буџетот за кафана на пример..или за здравје. Подарувам без повод и причина. Што бендисам за него, купувам. Ма да тој не сака поклони па не ги сметам за поклони туку за нужно зло Тој не те излажал.. само си ги следи приоритетите. Ти рекол не ти купив ама ќе ти купам . Тоа не значи дека нема да ти купи. Секој месец сакаш поклони? Работи дечкото?
Нее не сакам поклон јас.Не ни барав.Само се навредив вчера значи оти да пишам вчера, а не за нова година кога не ми дал. Значи сам ми викаше ќе ти земам нешто убаво.Мене ми беше вниманието.Кога јас му дадов нешто не очекував тој мене бмв да ми купи, ама очекуввав и ток да ме изнеади.А не да ме кити со поклони.Туку како што јас го изненадив со ситна работа а за тоа не требаат милиони. Вниманието од негова страна.Оти сам го пушти мубаетот.Менеми вика немам пари а друго прави.Ме разбирате? Ако сум сакала јас поклони пари ќе имав друг дечко а не да знам дека он нема а јас са одам.Не сум материјалистка.
Дали ова значи дека нема да ти земе нешто убаво? Зошто ако не очекуваш поклон, очекуваш тој да ти даде одма кога ќе му дадеш и ти? Може сака за 2 недели и што сега?
Што има ти да се навредуваш за негови пари?Кога ке сака он тогаш ке ти купи поклон,му се идело во кафана,отишол,јадел,пиел уживал,и сеа што?пропадна светот?не бре девојко,кога ке си одлучи он ке ти купи поклон и крај,а ти што си се повредила зашто не ти купил поклон,а отишол во кафана,треба сама со себе да го решиш проблемот, не ти одговара дечкото,чао пријатно и готово.Љубов не е ова,треба да ти биде јасно,чим ти за еден поклон се навредуваш,тури и пепел на врската.Поклон се купува без кажување,и изненадување кога нема никаков повод,него едноставно ПОКЛОНОТ Е ДА СЕ ПОКАЖЕ ВНИМАНИЕ НА ЕДНА ДЕВОЈКА,ЖЕНА.
Можеби и јас грешам не викам не.Ама само знам дека јас не очекувам некој да ме дарува со поклони туку да види како сум се трудела јас па нека се потрудибда ме изненади и тој. Епа фала богу да ме разбериш сопоследната реченица. Тоа сакам да кажам. За внимание е тоа а не да очекувам јас којзнае што. Сам го кажува тоа а не јас разберете ме.Истата ден рече немам пари а истата ден ми викашњ сакал да одиме јас и тој на вечера, сакал вино да пијаме.А од тоа не направи ништо.Ич не ме боли оти излегува нека оди.Не му викам ништо.И со мене е виден таман работа за тоа. Го сакам и ме сака и си обрнуваме внимание.Ама ете можеби па и грешам околу ова.Дај боже да грешам јас. Сте се запнале занпоклонот вие а не јас.Ме нападнавте од сите страни а само кажав дека очекувам да направи и тој убав гест а не да ме дарува со скапи поклони.
Ке го фатиш за уши(буквално),и ке го седнеш до тебе,и сето ова ке му го кажеш,зашто те излажал,зашто отишол во кафана или каде и да бил,зашто те лажел дека нема пари,а имал пари,и све што ти пречи.Тука можеме до утре да ти објаснуваме и кажувано работи,ама додека ти не си го седнеш на муабет џабе е се.
И јас очекувам 5милиони на спортска да фатам ама за тоа не пишувам во ниедна тема туку си очекувам. Ако фатам, супер, ако не, ќе продолжам да очекувам. И со поклонов исто.
Како да го заборавам? Не можам ниту да го заборавам, ниту да го мразам од тие пусти спомени. Некогаш бев јас крива да но овој пат вината беше повеќето негова ама моите зборови го завршија нештово. И сега јас осеќам вина и грижа на совест. Го барав и го барав, објаснував но некако напразно се трудам. Душава ме боли, сакам да ме бара ама не знам како да го успеам тоа. Бидејќи како прво не можам да го мразам, не можам да го заборавам. Јас сум овен тој е лав во хороскоп ако помага нешто. Секогаш тоа што сум го наумила, што сум го сакала тешко ми е да оставам без да го добијам. Морам да го имам и тоа е тоа. Сакам да пати по мене, помагајте
Баш сте безобразни сите членови. Не сум материјалист.Ама сакам убав гест од дечкото.Како и секоја нормална девојка.Не сакам да се изгуби хемијата, и се убаво меѓу нас.Сакам да се одржува љубовта, страста.Се се. Секој ден дечкото да те освојува сеој ден одново да се заљубуваш во него. Едноставно да не го бараш.Само така тој ќе тр побара ако сака ! И ако те сака.Така ќе видиш.Инаку можеш само да се надеваш.