1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Епа со сила не можеш ништо.
    Барај го тоа што го сакаш на друга страна доколку не си задоволна од состојбата на ваша врска или прифати го таков каков што е.
     
  2. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.918
    Пол:
    Женски
    Сум имала дечковци и никогаш не ми пречело дали ќе ми подари нешто или не.
    Ако немал пари, немал, ако има, нека ги потроши попаметно отколку за некој поклон, вечера или нешто слично.
    Во ред, гест си е гест, ама нека биде од срце, добро смислено а не да се лутите за глупости.

    Со дечко не сум за поклони.
     
    На hermosa, Darlingzz, buba4e89 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. TrajankaT_T

    TrajankaT_T Нов член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Најубаво би било прво да си расчистиш сама со себе дали вниманието кое го добиваш од дечкото ти е доволно. Според пишаното мислам дека проблемот е што се чувствуваш како да не си му приотитет. Поклонот е само симбол за тоа. Би требало да ја имаш слободата да разговараш со него на оваа тема, при тоа не го ставај акцентот на подаркот, туку на фактот дека се чувствуваш како да си земена здраво за готово.
    Навистина и мене не ми е јасно зошто е толку лошо кога даваш внимание да посакаш да ти се врати со иста мера. Има огромна разлика од материјалисти до луѓе кои сакаат да се почувствуваат ценето и сакано
     
    На Annora и Milobebence им се допаѓа ова.
  4. gloriabebo

    gloriabebo Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    104
    Па не викам дека јас за поклони сум.Секогаш е убаво кога некој што го сакаш ќе те изненади.
    Сите сакате да бидете изненадени не се правете дека не ви годи ако ве изненади.
    Во ред е јас не му сум него лута нешто.Само следен пат ќе му речам ајде да одиме на вечера како што ми рече.Ако речи немам пари тогаш ќе му кажам.

    Фала богу некој да ме разбери.

    Од дечкото имам љубов и внимание.Нонстоп сме заедно.
    Ама нормално е дека како што сакаш да си ја зачиниш страста во креветот така да ја зачиниш и врската.Ете ми рече ќе одиме негде ова она нека исполни.
    Се друго ми е супер.Само ми фали нешто.Да ни се оживее врската.Како на цвеќе коа му тураш вода така и на врската треба да и се додава се.Нели?
     
    Последна измена од модератор: 5 јануари 2019
  5. Unique__

    Unique__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2018
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    1.918
    Пол:
    Женски

    Може и поклони да ти дава а да не те сака.
    Или пак секој ден да се карате и да се извинува со подароци.
    Мене не ми треба поклон и изненадувања туку да ми покаже љубов почит и внимание, на друг начин а не преку подароци.
     
  6. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Јас не знам како сите тебе те нападнаа дека си материјалистка и ти значат само поклоните. Сигурна сум сто посто дека на секоја од вас ќе и биде криво во ваква ситуација ама овде на форум друго се збори хах.
    Што се однесува до совет за тебе, не ти купил поклон затоа што знае дека ќе останеш со него и без поклон и без внимание. Веќе знае дека си негова и затоа не му е тоа приоритет.
    Овде реално нема што да направиш, престани и ти да му купуваш поклони и уживај во тоа што го имате. Ако се друго е океј уживај и цени го тоа што ти дава доволно љубов.
     
    На Juicy, Hellobeautiful, Konfetka и 3 други им се допаѓа ова.
  7. TrajankaT_T

    TrajankaT_T Нов член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Иако сте постојано заедно важно и е колку квалитетно го поминувате времето. Понекогаш премногу му посветуваме внимание на партнерот и тој почнува да се чувствува премногу сигурно. Тоа пак повлекува полабаво однесување, без многу „потресувања“.
    Е тука е моментот кога се помируваш со тоа однесување или почнуваш да си обрнуваш внимание и на себе исто како и на почетокот на врската.
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. gloriabebo

    gloriabebo Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    104
    Да се е океј.Абе јас од ова не направив проблем само реков како е дека малку ми засмета.Членките овде направија узбуна и проблем.Јас не му се лутам на дечкото.Можеби и јас си правам филмови, може се е океј.
    Само сакав да чујам мислење.
    Инаку се е во ред.Си посветуваме ние внимание и на други начини.Само секогаш треба да се изненади партнерот.Дали ќе земиш вино да седите и да уживате романтично, дали нешто друго.На тоа мислев.
     
  9. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    абе.... За во кафани со другари може да има а за неа за на кафе или за во кафана не за некое ситно поклонче па ич. Не си во право.
     
    На Annora, buba4e89, HoneyBun и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    15.225
    Пол:
    Машки
    Ме мрзи да анализирам и се друго, не секој е ист карактер и исто гледа на љубовта, па затоа еве ќе речам јас пример едно време работев работа колку да не се срамам за девојката и да имам пари, со оглед на тоа што ми беше на далечина. И кој qr? Кој ти цени такви работи, се тоа беше нормално, иако не знае дека и јас имав како и неа трошоци факултет и слично. :D


    Ако ти е за фрлање врската и како што викаш само тоа е причината да правиш драми и раскинување, тогаш стварно не цениш ништо друго, т.е неговото внимание љубов почит и да речам сексуално задоволство од негова страна. :)
     
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    9.981
    Допаѓања:
    166.550
    Пол:
    Женски
    Не си правиш филмови. Нормално е да ти смета. Во врска секогаш девојката/дечкото е пред друштвото. И ако нема за тебе а има за другите, нормално е да смета.
    Малите поклончиња секако се дел од вниманието што паровите си го посветуваат едни на други. И сите ги очекуваат џабе само ударање у груди. Да знае што ти сакаш, што би ти се допаднало или нешто што во моментот ќе те потсети на личноста, без разлика колку е мало и ефтино, е од големо емотивно значење и здраво за една врска.
    Едно е да се немаат пари, друго е да се имаат пари селективно.

    Можеби те научил дека и покрај се ќе бидеш со него, можеби нема осет, или едноставно не ти посветува доволно внимание или си е стипса. За што и да е, треба да си разговарате.
     
    На TashSefton, Annora, Hellobeautiful и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Ние со другарки си подаруваме рендом ситни подароци онака, не па за Нова Година на љубовта моја да не му подарам нешто. И не, не подарувам зошто така треба, туку зошто сакам! Мерак ми е, мене ми се полни душата и топло ми е на срцето кога гледам дека се радува на подарокот.

    @gloriabebo, една работа треба да ти биде јасна- на форумов која од која понељубоморна, не им смета дечковците да имаат најдобри другарки, не им смета дечковците да се допишуваат со други девојки на фб, ете, не сакаат ни подароци да добиваат, додека во реален живот сум сведок на сосема обратно однесување. Така да, ич не се потресувај од коментарите тука, не е прв пат при ваков или сличен проблем да се пишуваат вакви осуди. Далеку си ти од материјалистка. Да си била, немало ти да му купиш подарок :)

    Конкретно за проблемот, и треба да ти смета тоа што имал за кафана со другари а немал за тебе. Доволно е да ти земел едно чоколадо, еден Балеа гел за туширање и Балеа млеко за тело, ете супер подарок а немало да го чини повеќе од 200 ден. Можел новогодишно пакетче да ти земе, ни тие не беа поскапи од 200 ден. Да нема воопшто пари, ок, нема да дискутираме ама има пари за другарите а за тебе нема? Едноставно не е фер. Тоа однесување кажува многу за неговите приоритети. Те зема здраво за готово.

    Исто, за мене подарок има предност во однос на искачање, без разлика дали станува збор за подарок за другарка, дечко или роднина. Гест на внимание е. Дома ќе седам ако треба, ќе пропуштам искачанки ама ќе израдувам со подарок.
     
    Последна измена: 5 јануари 2019
    На VoodooGirl, Annora, CoyoteGirl и 16 други им се допаѓа ова.
  13. gloriabebo

    gloriabebo Активен член

    Се зачлени на:
    16 август 2018
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    104
    Точно така!
    Ете затоа се навредив.
    Пред се се мисли на тој што го сакаш и те сака.Ама ајде.Ќе видиме.

    Абе и со мене одиме на кафе, јадиме шеткаме.Се е океј.Ама сепак треба да се има осет.Знам дека ме сака, секогаш ме гледал убаво и со љубов.Само ете неможе се да е сјајно.
     
    Последна измена од модератор: 10 јануари 2019
    На Nausicaa и Stark им се допаѓа ова.
  14. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    15.225
    Пол:
    Машки
    Аха и сега да бараме во јајцето влакно?
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.
  15. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Само лошите работи ги мисли на него и ке го заборавиш на се има крај.
     
    На Dupka vo mozokot и Alisa22 им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Се осеќаш отфрлено дека дечко ти има пари за други,а за тебе не.
    Ќе си играш фер плеј со него без оглед колку долго одите.
     
  17. Darlingzz

    Darlingzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2018
    Пораки:
    895
    Допаѓања:
    665
    Пол:
    Женски
    Јас со бившиот имав ваков "проблем". Толку многу го сакав што цел свет ми се вртеше околу него и на пример две години додека ни траеше врската јас си немав купено буквално ништо за мене. Ќе излезев по продавници демек за мене да си купам нешто и ќе видам нешто убаво за него и ајде јас не сум битна, ќе му земам сега него па друг пат за мене и се така.. А он никогаш ништо ми немаше купено бидејќи беше опседнат со колата и секоја недела делови ова-она фрлаше по многу пари и кога ќе ми дојдеше роденден или некој повод он еј извини немам сега пари многу потрошив на колата и тоа од такт ме вадеше, иако знам дека премногу ме сакаше ама сфатив дека е таков и тоа е тоа, не се лутев повеќе.. Така да те разбирам многу убаво, ама сепак мислам дека не треба тоа да биде причина за крај. Има луѓе што не се замараат со поклони како бившиов мој. На пример сегашниот сме многу кратко заедно и одма ми зема поклон за нова година, а јас него не. Не ни очекував, дури ми беше и глупаво да му зимам нешто..
     
  18. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Ако многу го сакаш некој ќе сакаш да е среќен и задоволен. Макар и обична ружа од двор скината заедно со мала посвета е сосем доволно. Вниманието е важно не цената.
    ,,Извини роденден имаш ама јас немам пари за поклон, сите ги потрошив" е најглупав изговор, подобро молчи и ништо не кажувај..и да немаш скршен денар секогаш можеш да најдеш начин и да изненадиш, само зависи колку ти значи личноста.
     
    На Dadusicka, Annora, Milobebence и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Ciel

    Ciel Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2019
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    2.128
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да раскинам со сегашниот партнер но незнам на кој начин многу е тврдоглав
     
  20. lost123

    lost123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 април 2017
    Пораки:
    2.727
    Допаѓања:
    55.175
    Пол:
    Женски
    Кажи му дека не го сакаш, поголема причина има ли?
     
    На Darlingzz му/ѝ се допаѓа ова.