Ahah,I jas ednas vaka dobar bese karakter,ama koga mi se doblizi da me baknee coveek ne biduvaa dzabe sve,koga ne te tera da go baknes.
Надворешниот изглед може да лаже.Може да е убав на око,ама бездушен. Не можеш веднаш да процениш каков е.Тоа времето го покажува. Ама треба да бидеш со некој само ако ти сакаш,а не затоа што така ти велат другите.
само немој да правиш кој што ти вика ти како мислиш дека е добро за тебе така, ти да се чувствуваш убаво
Znaci I fizickiot izgled vlijae,koga nekoj ne ti e ubav na faca,I da ti sluguva nebiduva spored mene.
Не се суди книга по корици. Моја роднина е омажена за тип кој ѝ се виде убав,ама по неколку години брак сфати дека тој не е баш арен. Повторувам,времето е показател.
Абе не ја мажете девојката пред време уште не фатена во врска. Ако не и се бендисува џабе е, едноставно го нема тоа "магичното" кај неа и општо останатите.
Јас само ја советувам да не суди по надворешен изглед и самата да одлучи дали да почне врска со тој или не и да не ги слуша другите.
Па како што ја разбрав тие ја тераа да оди со него, а таа не сака. Не таа да сака, а другите да ја советуваат да не оди. Јас обично ако нешто ме привлече кај девојка еве да речеме нормална девојка, нејзините предности ги приметувам,а нејзините маани ги прифаќам, ама секој различно. Можеби да бев поинаков, немаше овде да напишам 40тина постови на тоа како бев откачен.
Малку ко да ми падна психата и самодовербата по раскинувањето. Со денови се чувствувам празно, без желба да правам нешто. Сакав само да почуствствувам дека некому му е гајле за мене и дека му значам. Ми треба разговор со некој но го немам соодветното лице до мене Вчера ми беше роденден, не очекував кој знае што, додуша не планирав да го славам бидејќи личностите кои предвреме ги планирав да ми дојдат на торта ми откажаа во 5 до 12 и останав скроз сама со неколку честитки од најблиските а од мене кисела насмевка велејќи си во себе дека нема секогаш да биде така. Додека ги тешам другите за нивните проблеми не оставив време за себе, доколку оставам добивам погрдни зборови дека сум себична личност која мисли само на нејзе. Наместо да одам напред, јас сум опкружена со имбецили околу мене кои ја истураат сета нервоза врз мене за да се почуствуваат подобро. Со работата мислев ќе биде поинаку но се влоши состојбата од кога дознав дека човекот што го сакав веќе продолжил со друга а јас се вртам во круг. Сакав да запознаам нови личности, по некој период да започнам нова врска доколку најдам човек кој го има она што го барам (немам јас големи стандарди) туку некој што ќе ме сака и почитува е доволно, не сум девојка која трча по пари и скапи коли туку скромноста ми е една од најдобрите одлики кои ги имам но секогаш кога зборувам со мајка ми на таа тема - ми вели дека ќе испаднам курва доколку најдам за брз период нов партнер И така почнуваат нашите кавги а јас гледам да одбегнувам бидејќи немам сила да истрпам и се откажувам и уште повеќе ми се намалува самодовербата. Во глобала сум борец но некогаш е многу мизерно да бидеш сам за некои празници, родендени, прослави или било што, да немаш на кого да раскажеш како ти поминал денот и слични такви ситници кои мене навистина многу ми значат. Стојам во место или правам чекор напред три назад. Се плашам да не си посегнам по животот. Луѓе, ова не сум јас.
Секогаш кога го гледам се возбудувам, ми се тресат рацете, се срамам од него..... ИИИ еднаш мислам многу пати ме прави болна.... и сега пак сака да се видиме а некна баш зборевме, и се правев дека не го сакам повеќе, сум поладна со негоо, дека сум променета, и сега сака да се видимее пак.. а јас знам дека нема да успеам офф помооошш
Паа со тоа дека се возбудувам, сум се понашала ко 5 години, он сакал озбилни девојки ова она, мразел психопати ко мене. А инаку од е 17 јас 16
@Unique__ Мора да знаеш и да останеш сама со себе. Работи на себе, негувај се, едуцирај се, работи на независноста во било која смисла и самодовербата исто така. Пријателите ќе се стекнат, just take it easy, релаксирано, а за нов партнер, не мисли одма, не скокај од врска на врска, не затоа што се сложувам со ставот на мајка ти (што бај де веј е ептен заостанат), туку затоа што не си спремна емоционално. Опушти се и гледај за себе. Воедно престани да трошиш време размислувајќи за бившиот. Тој продолжил со животот, а најдобрата одмазда и одлука е и ти да продолжиш со својот. Да размислуваш негативно и да помислуваш на самоубиство не е решение
За првата реченица да знаеш не си единствена а за последната ни на памет да не ти падне повеќе Во тешки времиња на мака се познаваат јунаците и вистинските пријатели. Подобро со време да знаеш кој каков е. Што корист сите да ти се лепат и да ги купуваш со пари а? Биди си скромна ако така ти одговара и слушај си ги срцето пред се. Мајка ко мајка ти мисли најдобро но сепак одлуките за се понатаму се лично твои и отсекогаш биле. Вистински пријатели кои се личности со изградени животи и кои почитуваат правилно тоа што вреди и што не се купува со пари не се наоѓаат преку ноќ. Ќе се мешаш меѓу луѓе ќе дружиш, ќе запознаваш секакви, за некои ќе се каеш што си потрошила и 5минути од животот ама се е тоа добра лекција. Не се осамувај и не се обеспокојувај што така испаднало сама да славиш роденден. И најсреќен роденден иако со доцнење
@Unique__ срце среќен нека ти е роденденот, те немам многу читано,нова сум. И доброто и лошото во животот е пролазно. Немој никако да помислуваш на лоши работи. Сети се дека ова е само еден лош период кој ќе помине. Како ќе ја препознаеме среќата ако не сме ја искусиле тагата? Тоа е дел од животот. Втора работа родителите секогаш ни мислат добро,но можат и тие да згрешат. Затоа не слушај никој. Кога ќе се чувствуваш подготвена за нова врска,пробај. Тргни ги од твојот живот луѓето што те прават тажна. И никако не мисли на лоши работи. Животот е вреден. Имав и јас тажни периоди, помислував вака ко тебе,но поминаа. Како и се во животот. Мисли само на себе и никој друг