Здраво, сакам да слушнам мислења и совети, како вие би постапиле и што би направиле. Ќе бидам кратка. Јас сум во Мк, дечко ми во странство. Јас не сакам да живеам во странство, никогаш и не сум сакала и тој го знае/ше тоа. Сега сме до фазата јас таму или тој тука да се реши. Многу ни е убаво заедно, се согласуваме и сакаме. Јас овде имам работа што ја сакам и имаме каде да живееме. Тој вика дека секако ќе бидеме заедно само да видиме каде. Тој е повеќе за во странство бидејќи и од дома го поддржуваат повеќе за таму. Не сакам да одам и да се каам, зошто секогаш ќе ми биде криво, а и не сакам да си дојде и да се кае ниту тој, па јас да бидам виновна...
Па седнете разговарајте кои ви се предностите за во странство и кои тука ако живеете, чудна ви е ситуацијата тој не сака тука ти не сакаш таму сепак разговарајте за сите предности и загуби за живеењето тука и во странство, може некој од вас ќе "попушти"
Па види мора да најдете заеднички јазик на таа тема, верувам дека премногу се сакате но далечината ќе ве убие ако оставите се така и живеете на кој каде му одговара, ама ако можете така да функционирате тоа е друго, ама според ттоа што кажуваш реално ти не можиш без него
Ne, i dvajcata ne sakame taka. Toj mi vika ne e bitno kaj sme, bitno da sme zaedno. Na momenti vika ne e loso tuka so tolku ne sakas, treba da probas, da vidis... Ali ako treba ke se vratam i jas, ama se dvoumam, ne sum siguren deka toa bi bila prava odluka. Se plasam i taka i vaka... Fala vi mnogu!
Најбитно е тоа како ти се чувствуваш и постапи согласно она како осеќаш у моментов. Батали компромиси и коцкање. Ете добро ти е тука, нејќеш да идеш во странство и тоа е сосема ок. Не е ни секој за странство, крај краева а и не е мала работа преселбата во друга држава и создавање нов живот таму. Исто како што, кога ти би била таа која ќе сака да замине, а дечко ти да е тука, прва ќе ти речам да одиш. Можеби со дечкото едноставно не сте на иста страница и патиштата ви се раздвојуваат, и пак ќе кажам, ок е.
@ViktorijaG Седнете и малку посериозно разговарајте. Не е едноставна одлука, но ако сакате да бидете заедно, мора некаква одлука да донесете, т.е да се одлучите каде да бидете Воедно, нормално не се терај на нешто за кое си сигурна дека едноставно не си тоа ти и дека нема да ти биде убаво. Од друга гледна точка, не велам дека животот во странство е идила, но не е ни тука. Со работа овде е малку потешко, па убаво би било кратки периоди да пробате и тука и таму, па да видите каде ви е поубаво. Исто, ако не си била до сега, можеш да отидеш на краток период кај него, како на гости, чисто да видиш како е таму, можеби ќе ти се допадне, па ќе го промениш мислењето. А ако не ти се допадне, така пак уште еднаш ќе ја потврдиш својата одлука дека тука ти повеќе одговара
Здраво девојки. Ако има некоја слободна за совет повозрасна девојка нека ми пише ЛП. Потребно ми е многу...
Јас не знам што да правам кај да терам...ќе пробам да бидам кратка, сакав дечко да си најдам, не било кој ама ете, ми се пружи прилика да почнам со двајца да зборам, не се познаваат, не знам кој да го одберам, не знам ни кој ми се свиѓа, ај едно време се решив за едниот, па да не му речам тек така како гром од ведро небо на другиов дека не сакам ништо, почнав да му префрлам демек ме лаже, не е искрен блабла, он не се откажа, после барав причини и му викам е, па ако си искрен дај пасворд од фб (ај си викам ваљда не е будала, леле ми даде пасс од фб!) Што е најтрагичното и со другиот така постапив и тој ми даде пасс, јас немам фб па мој немаат, леле сега во поголема беља се затерав, имам фб пасс од двајцата а иронија е што јас лажам во случајов бидејќи не знам за кој да се одлучам...што да правам луѓе?? Не сум била во ваква ситуација....
Јас да би чатувал со две и двете да ми се на исто рамниште, ќе ги откажам, Пред се не сакам било кого да лажам, затоа што тоа не е љубов... (повеќе е ти треба некој да ги слуша твоите каприци и фрустрации, а не да ти биди партнер. ) Ако си помала од 18 години, занемари ме.
Повлечи се од дополнителни разговори со двајцата. Размисли си убаво дали е праведно тоа што го правиш со нив и како би ти било тебе некој вака да ти прави. После добро размислување се ќе ти се разјасни што да направиш.
Омфг... како шо читам вакви булшитови, уште си стојам на фактот дека за у врска не се дечки под 17год. Секоја чест на исклучоци..а ако си по голема од 17 боље ќути си мадро. ПриВатно.
Членката е полнолетна така да не се работи за тинејџерка. Иначе, не го сакаш ни едниот ни другиот. А тоа со лозинките многу незрело. Се прашувам како тие се уште комуницираат со тебе кога грам доверба немаш во ниту еден од нив..
^^^ И после јас си ја барам грешката во мене а секакви има на овој свет. Господе, симни се и собери вересијата.
Добро бе, девојчето побара совет и мислење а вие тука се пишувате освен тоа. И најглуп порлбем да е за вас, за некого може стварно претставува терет па си бара помош. Демек сите вие безгрешни сте пошо сте "постари"? Абе ај. Или пробај да пишеш добронамерен совет или игнорирај, не знам што е потребата да се пљука само. За ситуацијата конкретно, ни едниот ни другиот не е за тебе чим ти сеуште не си сигурна кого сакаш а воопшто не е фер да си играш со нив, па дури и филмови да им правиш за пасс од фб да ти даваат. Биди коректна, остави ги и нека си ја бараат среќата на друго место. Со тек на време сама ќе препознаеш кој всушност сакаш да ти е дечко, ќе го има тој целосно твоето внимание па нема да имаш време да мислиш на уште петторица во исто време.
Не ти треба ни еден од овие двајца,чим незнаеш кој ти се свиѓа,не ти се свиѓа ниту еден,чим си дошла да бираш а неможеш да избреш ни еден,зашто нема хемија,нема привлечност батали ги,врати им ги профилите,нека си сменат пасворди и нека бркаат работа.А за пасворди што ти дале,е веќе луда работа,затоа што ни те знаат,ни познаваат,ти дале пасс од фб каде што ја имаш целата приватност од нив,така да вакви лиглиња не ти требаат.Да си во врска со некој од овие,па да ти е сомнително на фб,да провериш од кај него ок е разбирам,али да дадам пасс на некоја која што врска немам ни која е,нит ја знам ни познавам,тоа е за мене луда работа.