Е ако де, си фатил друга - голема работа...Уживај во годините, 15 си, баш сега имаш најмалку проблеми. А ако си во депресија, другарките и на излегување, на шетање, само те молам не седи дома и не слушај љубовни песни и да се сожалуваш !!!! зашто тоа само ќе те дотепа
Вака Ангелке, значи ти имаш само 15 години, и уште не си запозната самата со себе... и мислиш дека се што лета се' се јаде. Ама во реалноста не е така, за нажалост. Е сега си имала симпатија, еве ќе кажеме дека си била заљубена во него, иако на 15 години ретко некој да ја дефинира љубовта... и заљубеноста. Не знам каква била ситуацијата помеѓу вас (помеѓу тебе и дечкото), ама како што спомнаа форумџиките, од некој претходен твој проблем, тој не бил заинтересиран за тебе. Со самото тоа, ти треба да си ја кренеш главата, да си продолжиш да го живееш твојот живот... па ти само што почнуваш да живееш... ти допрва ќе запознаваш други момчиња... ти допрва ќе се запознаваш самата себе и ќе истражуваш кој карактер ти одговара. Ако дечково си фатил девојка, тргни се настрана. ЌЕ фатиш ти и подобар од него, па можеби тој ќе доjде тука кај нас да бара совети. И не ми зборувај за депресија на 15 год, оти ти всушност не ни знаеш што е тоа, една љубовна солза не се поистоветува како депресија, да си знаеш. Ајде сега да се разведреш, викни си ги другарките, или испадни со нив некаде... И разбистри го мозокот. Во животот те чекаат многу поубави нешта отколку солзи за симпатијата.
Потполно се согласувам 2468 за коментарот за депресијата. На 15 години не знаеш ни Д од депресија...ОК те пече сега гарант, те боли, не ти е сеедно, ама верувај дека тоа не е депресија....Иако изгледа дека те караме, ти кажуваме дека не е крај на светот, за тебе само што почнува...
Иако сега на твои години мислиш дека ова е нешто многу страшно и вреди да се паѓа во депресија многу си грешка. Еден ден ќе се смееш кога ќе се потсетиш на ова, верувај ми. Во секој случај како што ти напоменаа во претходните постови, сеуште не си осетила вистинска љубов, сега мислиш дека си заљубена. Па, каккви депресии на 15 години, не се замарј опушти се и ужувај во животот. Сеуште ни е рано да зборуваме за проблеми. Постојат многу потешки работи во животот. Ќе си најдеш друг симпатија, не е ни прв ни последен. Излегувај си со другарките и уживај!!!
Девојки денес се видовме и разговаравме. Криво ми е што се лутев и нервирав зошто никогаш го немам видено таков. Беше пресреќен, ми покажуваше слики, снимки, а и со мене беше прекрасен. Многу му било криво што не сум била со него, па другата година да сме оделе заедно. И така се реши се, ми кажа дека сум му се и тоа што ете еднаш не го почитувал моето мислење не значи дека не ме сака, но ни било потребно. Ако биде секогаш толку расположен , секој ден нека оди на журкање.
Баш ми мило Марамке што се смири работата. И да му кажеш дека таквите бубачки одамна ти престанаа да ти вртат тебе во глава, па нека си ги ишитка и тој И да го држиш за збор за наредната година И не викај така дека криво ти е што си се лутела, некогаш ако не се налутиме и не покажеме заби, на глава ќе ти се качат.
Девојки ми треба ваше мислење за ситуацијава. Братучетка ми има дечко рециси 1 год. во врската се им е супер. Е сега нејзината другарка пред 3 месеци се фати со едно дете што и се има пуштано на братучетка ми пред речиси 2 год. Братучетка ми немаше никакви симпатии спрема него, го одбила и му кажала дека го гледа како другар. Прво другарка и не сакала да се фати и било незгодно, ама на крај прифатила. Е сега проблемот е во тоа што другарката на братучетка ми ја викнала да излезат на кафе во парови сите четворица, а дечкото од братучетка ми вели нема шанси да излезам, со него да седам на иста маса и да правам муабет кога тој тебе ти се пуштал, си му се свиѓала, те гледал со други очи а сега со нив да излеземе на кафе. Братучетка ми е во незгодна ситуација не знае што да и каже на другарка и а добри другарки се, дали да и каже дека дечко и не сака да излезе поради него? Што мислите ве молам совет, имате поздрав од мојата братучетка, ме замоли да ве прашам
А бе што има да и се правда . Ако сака да си го послуша дечкото нека и каже на другарката не можеме ова она . Ако и е вредна другарката да го тера дечкото да идат сите заедно а не сака тогаш е друг муабет . Зависи што мисли и сака она . Дечко и ако и е побитен тогаш нема потреба да и се правда .
Јас мислам дека нема врска тоа што братучетка ми му се допаѓала на тој тип, како и да е тоа било само некое физичко првлекување, немале ни мување ни врска, но сепак што дечкото на братучетка ти не сака да седи на кафе со тој тип има некои свои причини.. Мислам дека е многу глупаво братучетка ти да и ја каже вистинската причина на другарка и зошто дечко и не сака да излезат на кафе, овој пат нека проба да го избегне тоа, но би требало да разговара за дечко и и да му објасни дека тоа било само едно свиѓање и дека сега тој тип е во врска со другарка и дека нема ништо да се случи ако еднаш излезат на кафе колку да и направат чест на другарката на братучетка ти.
Ljubov.... [/color][/color]Ne deka sum nekoj mn golema ili iskusna ali ete...neznaev so da pravam..si rekov da napisham so mi lezi pa valjda ke mi pomine .. Vaka..imam 13 godini(ushe malce 14 xP ).. i nezz dali e normalno ali poveketo od moite drugarki imale muvachi i sve...jas uste ne sum go imala toa iskustvo.. S..se obidov ednash da se zaljubam no ne mi beshe vozvrateno..osekam deka vo moeto srce pak go imam istoto cuvstvo..pak se zaljubiv..ali se plasam..mn se plasam da ne bidi kako prethodnoto..nezz so da pravam stv sum povredena
Нема потреба што да се плашиш. А и уште си мала за да осетиш вистинска љубов според мене. Моментално имаш симпатија, ништо страшно, сите сме имале симпатии на тие години и пробуваме да се докажеме на најразлични начини Што треба да направиш е да не се замараш со тој факт моментално дали се заљубена или не и дали ќе бидеш повредена, туку едноставно уживај, животот е пред тебе...Излези со другарки, прошетај се, гледајте си на кафе и се ќе е ок...Ќе се чувствуваш многу подобро )
Савана според мене нема ништо страшно во тоа да одат на кафе. Тој и се пуштал на братучетка ти одамна, а и сега има девојка. Колку што сфатив братучетка ти тогаш не била со дечко и , па нема зошто тој толку лошо да го сфаќа тоа. Јас со еден мој бивши дечко бев на кафе со неговата бивша, значи само ние тројца. Сега ние двете сме многу добри другарки и на кафе си одиме, се дружиме. Било поминало. Тој од кога раскинавме ние , пак проба со неа, но не му успеа. Често јас и она се смееме за него.
Јас мислам дека нема потреба да се замараш толку многу уште од сега со машки. Мислам симпатии да, но љубов како што викаш ти не е ова, рано е уште да ја осетиш љубовта. Еден ден ќе се смееш кога ќе се потсетиш на овие работи иако сега мислиш дека навистина станува збор за љубов и повредување. Како и да е, знам дека денес времето е такво и малку сте понапредни, но не мора да гледаш дека ако другарките имале мувачи треба и ти. Имаш време за се да искусиш во животот нема потреба од брзање. Уживај си сега со другарките, малечка си уште да се нервираш и да мислиш дека ќе бидеш повредена. Имај си симпатии, ќе дојде време и кога ќе имаш дечко и ќе ја осетиш љубовта. Според мене рано ти е за мувачи и дечковци
Срцка не се плаши и нема зошто да се грижиш ехее цел живот е пред тебе колку мувачи и дечковци ќе имаш па караници, раскинувања, разочарувања.. Тие се дел од животот, сите сме ги поминале. Мислам дека си малечка за да се грижиш за овие работи, се ќе си дојде во свое време Кога ќе се сетам што правев јас на 13-14 години еххх Поздравче
Девојки ми треба ваше размислување. Вереникот денес дојде од работа кај мене дома а потоа си отиде кај него да се истушира и излеговме низ чаршија на кафенце, ми кажа дека денес имал напорен ден,на работа имало многу работа.Откако се вративме од чаршија дојдовме кај мене дома, јадевме, си правевме муабети со моите...После ме викна во другата соба и ми вика да дадам еден предлог ако сакаш, му реков кажи. Ми предложи оваа вечер да не одиме кај него (иначе секоја вечер одиме кај него и од прилика кај 23:00 часот ме враќа дома, живееме блиску),бил заморен сакал да си легне порано. Јас му реков рано е 20:00 беше часот можеме да поседиме малку и да ме вратиш. Добро ми рече јас да прашам. Потоа пак заминавме во другата соба седевме со моите родители и гледавме тв. Речиси ниеден збор не разменивме. Јас морам да признаам малку се подналутив но не го покажував тоа, си помислив зошто да не одиме кај него, изгледа не сака да бидеме заедно вечерва и триста други мисли. После половина час стана да си оди дома (без пред тоа да ми рече душо треба да одам ќе се видиме утре) го испратив најнормално се бакнавме,бев насмеана, се правев како ништо да не е, а во себе имав лутина. Ми се јави пред малку да ми посака добра ноќ. Размислувам јас утре да не одам кај него,да му речам ќе седиме кај мене,или да предложам да излеземе негде и после секој дома.Сакам малку и тој да се почувствува како и јас што се почувствував денес.Можеби себично размислувам, нормално е и тој да се одмори но во моментов некако чудно се чувствувам. Што мисалите за моево размислување,како да реагирам утре, најнормално?, да не го спомнувам тоа што вечерва не се видовме како што треба, што не седевме на само, што не бевме кај него? Се извинувам на големиов пост
Савана мислам дека навистина си себична! Па не е правило дека мора секоја вечер да појдеш кај него. И плус, ете, колку и да бил уморен дошол кај тебе за да си поседите. И бил искрен, ти објаснил убаво зошто не сака вечерва да појдеш кај него. Нема потреба да му враќаш. Опушти се, ќе дојдат денови кога и ти ќе бидеш уморна, ќе му вратиш.
Да, знам дека претерувам, тој многу ретко се однесува вака, навикната сум на тоа постојано да е со мене, слободното време го искористуваме заедно, многу внимание ми посветува. И затоа на моменти како вечерва се почувствував така. Ај ќе ми помине до утре ќе се правам како да не ми било ништо, ќе му речам разбирам па и ти имаш душа
Ни на крај памет да не ти е да му вратиш за ова, никако. Секој е уморен, секој има лош ден, па и подобро е да не се видите комплетно еден ден него да го поминете истиот во караници и полн со негативна енергија. Уживај. Лошо е ако се повторува ова, ама по муабетот дечково те обожава. Не се расправај за глупости, не ти личи. Уживај во љубовта и остави му малку простор. Колку и некој да сакаш, и да сакаш секој момент со него да го поминуваш, сепак секогаш човек треба да има време за сам себе и за пријателите. Немој со љубовта твоја да делуваш посесивно и да не му оставаш простор