Не си заљубена во ниту еден од овие двајца, инаку ќе знаеше и ќе беше сигурна. Откачи ги и барај трет. Во иднина нека не ти биде пасс од фејсбук мерило за доверба, љубов,сигурност. Тоа е мислам дека премногу детски. Секој сака да има приватност. Треба да се почитува својата и туѓата. Немој да си толку сигурна дека ако имаш пасс од фејсбук тие не се во комуникација со други. Се преокупираш со ситуација која не е толку страшна, посвети се прво на себе па потоа на друг. Не си врши притисок да си фатиш дечко, ќе дојди со време, спонтано и природно.
Здраво девојки, ми треба совет и мислење. Со дечко ми сме заедно скоро 4 години од кои две сме во врска на далечина, двајацата живееме во различни држави. Во глобала врската на далечина ни функционираше до пред еден месец ок, или тој ме посетуваше или јас, еднаш во месецот по неколку дена се гледавме, а во меѓувреме пишевме и се слушавме скоро секој ден. Почеток на месецов имаше испити, така што скоро две недели пред испитите кога учеше многу малку бевме во контакт, нормално пошто беше зафатен и имаше за учење не ни го барав, потоа недела кога полагаша уопште не бевме во контакт освен неколку пораки разменети кога полагаш? како помина на полгање? и со среќа...Но ете сега има скоро 5 дена кај што е завршен со полагање и воопшто не ми се јавува, ќе ми пише нешто на вибер или инстаграм ама ништо посебно. А знам дека е слободен сега и може да ми се јави. Вчера ми дојде прекуглава и му реков што ти е проблемот што не ми се јавуваш и не ми пишиш, одговорот беше дека бил зафатен до пред 2 дена полагал да не сум му досадувала за ова, ќе ми се јавел кога ќе можел. И ете сабајлево му пишав што праи мислев да му се јавам ми кажа дека бил излезен со некои другари...Не знам дали преувеличувам или со право му се лутам за ова, но јас не знам како би можела врска на далечина да функционира ако не сме во контакт.
Штом чувствуваш дека не е исто како порано значи има некоја причина позади сето тоа негово однесување. Колку и да зафатен 5 минути може да одвои. А тоа дрско однесување, да не му досаѓаш, не треба да си го дозволи.
Во врска сте 4 години, заслужуваш повеќе од 5 минути од неговото време и од изговори, безразлика што сте во ралични држави. Има некоја причина за промената, остави го тој нека те побара нареден пат и без нервози прашај го зошто се сменал, во што е проблемот. Ако сте во можност видете се во живо па така разговарајте. Сепак 4 години не се малку доволно се познавате за да почувствувате дека нешто не е во ред, особено женската интуицијата никогаш не лаже.
Си барала причина за да не бидиш со нив, па девојче што се занесуваш, речи им не ми се свиѓаш или имаш друг, извини и чао пријатно. Ќе му помине ќе најди друга боље од тебе па не е крај на светот. Бог да чува.
Луѓе ми треба совет... Со дечко ми започнавме како најдобри другари, имавме проблеми од дома, мене не ми даваа да сум со него. Како и да е, не сакам да навлегувам во тие проблеми. Веќе извесно време, постојано се караме, односно цело време мене нешто ме нервира и ми пречи, а тој се обидува на секаков начин да ми угоди. Од една страна сакам да прекинеме, бидејќи ми е преку глава да бидам нервозна и да се караме, а и не знам како да му го кажам тоа. Од друга страна, ми е страв дека ќе го изгубам најдобриот другар. Понекогаш си велам дека многу подобро ќе беше да останевме само другари...Но, веќе е касно.
Јас мислам дека ти си ја почнала таа врска од ради реда, дека си навикнала да си со него и да му кажуваш се затоа што кажа нели најдобри другари, ти изглеа никогаш не си го гледала него како дечко туку како другар, епа тој почнал да те засакува и да се грижи за се а тебе почнало се да ти смета и да те нервира, тоа не е љубов од твоја страна и боље раскини и кажи му убаво, а за другар дали ќе ти биде како што ти бил пред тоа тешко, ако грешам со мислењето поправиме ама ова е тоа шо го увидов, нема тука љубов од твоја страна
Ако се чувствуваш така и сакаш да му раскинеш ќе му кажеш отворено, не сакам да продолжиме поради тоа и тоа, се гушам веќе во врскава и готово, после тоа може да си останете пак само другари како што сте биле. На почеток ќе ви биде малце глупо да се гледате така као само другарски, ама и после врска може да се одржи другарски однос.
не ми е јасно што почнувате врска кога после испаѓа оф леле не го сакам мислев дека го сакам ама ете не сум го сакала. Ило одите со некого години а ко ќе дојде време да ве запроси го одбивате. Зошто тогаш уопште сте во врска? Време да ви помине? Да не сте сами?
Не можам да кажам дека врската е ради реда, ние сме заедно скоро 2 години, јас го сакам, но изгледа веќе ми здосадува и затоа почнува се да ми пречи. Два пати му имам кажано индиректно дека сакам да прекинам, но тој не може да го прифати тоа, ми вели дека се ќе направи за мене, дека ме сака и не може без мене. Не сакам да го повредувам со тоа што постојано се карам и кога нема причина.
Мислам тука многу грешиш, што треба со еден да бидеме додека не се омажиме и не смееме да смениме, и после па проблеми у брак, убаво е да смениш да видиш тебе со кого најмногу ти одговара има многу случаи каде на почеток е се мед и млеко и после уствари дознаваш шо гомно е партнерот (зборувам и за свете страни), ако испадни па да ти е прв дечко кај шо ти е се погодено блазе си ти, ама не е секад се розево. На никој не треба да му се суди кога станува збор за љубов, тука сме да дадеме совет, затоа шо никаде не е се волшебно и луѓе сме грешиме
Џабе збориш индиректно а полна си со нервоза, тебе не ти е убаво во врската испитај си ги прво чувствата ја не гледам тука баш љубов како што треба од тебе, врска здосадува од монотоност и немање љубов и желба за ништо, седни убаво и се кажи му греота е те сака и се прави а ти си за крај да ставеш а никако да кажеш
Ако мислиш дека тоа што он ќе го стори нема да поправи ништо у врската, ќе застанеш и ќе бидеш јасна во се, а ако мислиш дека може да биде пак се на свое место потруди се и ти и тој и може ќе смениш мислење и чувства
@Saraahh Прво престани со индиректноста и уште денес седни го за final talk. Фино лепо, јасно гласно и кратко кажуваш дека ставаш крај на врската, ова е крајот. Може да додадеш дека е до тебе, не е до него. Значи твое е да кажеш/известш/соопштиш, а негово е како ќе се соочи со веста понатаму.
не реков да се омажиш со првиот дечко но многу врски сјајни со долгогодишна посветеност завршуваат неславно кога дечкото ќе ја запроси девојката. Па зошто си во врска со некој ако не планираш нешто со него? Ете не првиот,дестиот да ти предложи брак. сте се избориле со проблем сериозен како тој со проблемите дома а сега рачки бараш кај што нема. мене навистина не ми е јасно како почнувате врска ако немате чуства,тешко ви е да ве повредат а лесно е вие да повредите. Не е фер. Ако не си сигурен во чуствата не ја мачи ни својата ни душата на партнерот.
Не индиректно кажи му директно. И не заобиколувај, кажи дека ти е здосадено, не е се исто како што било и не сакаш да си со него повеќе. Не го прави да ја бара вината во себе, биди искрена. Барем тоа го заслужува.