Здраво девојки нова сум на форумов и доста време се мислев дали да го пишам проблемов па решив да ве прашам сепак ми требаат совети. Вака со дечко ми сум 3 години и во врската бевме премногу блиски и поврзани не поминуваше ден да не се видам со него, знаеше се за мене и јас за него. Но тоа траеше до сеа наводно дечко ми почна да оди на работа и не можеме веќе да се гледаме секој ден па наместо во неделата 7 дена се гледаме 4 до 5 пати во неделата мислам 4 или 5 дена на почетокот мислев дека ќе ми биде убаво и лесно и едвај чекав да дојде тој момент да почне на работа за да олабавиме малце ама сеа се испостави нешто друго... Почнав да се напнувам и да осеќам опсесија цело време го мислам и се карам со него за ситници ми фали внимание и ми е тешко и чудно затоа што претходно сме биле секој ден заедно по многу време а сега не сме веќе така па почнав да чувствувам опсесија и да се понашам агресивно,лошо и напнато. Почнувам да се опседнувам му го пратам секој чекор и кога не сум со него се осеќам не среќна баталив се и се посветив само на него. Кога се караме урлам го напнувам и вреѓам а се плашам ептен да не го изгубам. Во последно време од што толку многу размислувам и се напнувам и мислам дека ќе полудам почнав да мислам дека бидејќи сум му прва партнерка во секс некогаш би посакал нешто друго и би ме оставил и тоа страшно ме напнува.. го прашав за ова и ми кажа дека тој не гледа на таков начин и дека тоа не му е битно би се гледал само со една и цел живот и не би му било проблем ако како до сега ни оди сексуалниот живот и ако ме сака. Ми го постави истото прашање на што малце се избедира и мислеше дека јас го поставувам само ради тоа што мислам дека јас би посакала, почнувам да го напнувам и да го нервирам страшно ради мојата опсесија и после се пак продолжува со мене и ме трпи но многу пати ми кажа дека не е среќен затоа што само се расправаме а тој е многу смирен тип и не сака кавги но јас вака никогаш не сум била. ве молам пишете ми ваше мислење не сакам да го изгубам и сама сметам дека моето понашање и мојте мисли се лоши ама не знам како да си помогнам ...
Сама си го знаеш проблемот. Следен пат сама спречи се пред да реагираш бурно. Знаеш дека грешиш и не си дозволувај така повторно да постапиш. Дај му слобода на дечкото, не е во ред да го напнуваш толку а тој да го трпи тоа. Испаѓа како да не му веруваш и мораш да го контролираш а тоа не е добар знак. Ние со дечко ми се гледаме еднаш неделно а поубава врска сум немала. Така да, се е до тебе. Плус, не се гледате само 2 дена, некои не се гледаат 2 месеци, не си создавај проблеми каде ги нема.
@Lincee Ако го изгубиш, ќе биде по твоја сопствена вина, поради ваквите непромислени опсесивни постапки. Не ти дал повод, а згора на тоа од 7 пати сега се гледате 5 пати во неделата, а тоа практично е исто Take it easy, опушти се, диши, имај социјален живот покрај врската, осети ја убавината да си недостигате на 2 дена бре
И ние сме како вас 24/24 заедно. И сега сакам да најди работа и да си олабавиме а и поубаво ќе е. Јас бидејќи студирам во друг град не можам да се одделам на 5 мин, кога сум за викенд дома.Од дома ми се лутат ама што да правам Навистина ми е убаво , мирно и уживаме преку денот. Ама некогаш и баланс треба.Ние пр, 2 3 дена се гледаме нонстоп а другитр 2 3 дена по 2 3 саати дневно и балансираме.Кога си недостигаш е поубаво. Те разбирам како ти е, ама мораш малку да си посветиш внимание за себе, а он е тука и те сака, чувај го.
Епа ова е најголемиот проблем кај некои врски што реално не треба да го има. Да се гледате 24 часа, да заборавите на луѓето околу вас и да се исклучите од реалноста после вие е многу тешко да ја прифатите. Едниот ќе најде работа, другиот ќе се оптеретува со негативни мисли. Немаш др.приоритети во животот, занимација, да си најдеш работа, да се видиш со другарки и слично. Си ја уништувате хармонија и стабилноста во врската. Затоа и на почеток не треба да има многу близина дури и во текот на врска за потоа да ви биде полесно да ја прифатите реалноста дека ќе има денови кога ќе нема да сте 24часа заедно.
Работата мислам дека е тоа што имам премногу одвишок време и нон стоп мислам анализирам и мислам на него но со тоа психички опаднав многу а и физички се исушив работава не ми е од заебанција имам стварно проблем а многу го сакам и никако не сакам да го изгубам но го правам негативен и мислам дека ако продолжам вака ќе пукне толеранцијата негова а јас ќе останам сама. Секогаш се водев како позитивна личност што е отворена во секое поле и размислувам за се присебно и како треба но овој пат не можам никако да си помогнам.
Хаотични ти се мислите.И мене така. Ама навистина мораш да се потрудиш.Еве од денес почни.Викни си утре некоја другарка/роднина пијте кафе,почни да вежбаш,почни да учиш ако имаш за учење.Ако вака правиш ќе го избудалиш.Јас бев ваква, а сега намалив со тоа, и сакам да си најди работа и да созрее. Некогаш сме премногу напнати и форсираме работи кои не се правилни за нас, а воедно и за целата врска и за тие околу нас.
Се нервирам кога читам вакви проблеми, 24/7 со дечкото и у живиот свет никаден ве нема, и коа ќе раскините ќе плачете по другарките за да искочите викенд и да не плачите по дома дека сте ја изгубиле "љубовта на вашиот живот", абе дај малку социјализација, обврски, занимација, хоби, макар и работа ако не си на факс па и да си веќе секој си работи ако може, живнете малку остај му простор да ужива да си работи да има време за се, има време да си со некој 24/7 коа ќе се омажиш. Уживај додека си млада и не биди забодена во еден човек и нишо друго да не глеаш и јас сум имала 3 годишна врска у тинејџерски години и мислев као со него ќе се мажам триста филма и после ај преку ноќ чао-пријатно.Престани сама да си правиш проблеми у врската и не ги напнувај дечко ти за глупости туку биди среќна дека си нашол работа и решил да биде стабилен, треба да го земиш за мотивација и ти нешо да почниш и така да си го исполниш времето и секако искачање со другарки дека никад не треба се запостават пријателите ради дечко, секој си зазема свое место и за се време треба да се одвои. Ништо не е вечно.
@Lincee . Знам како ти е но верувај олабави со тоа расправија бидејќи еден ден ќе те остај и ке се каеш. Второ тоа е нормално морат некој да прави нешто во животот, тој ќе работи за пари да имат леб. И ти исто најди занимација било што. И што кога ке ти е маж истото ке ти е повеќе е на работа отколку дома. Мора да сватиш дека тоа е реален живот. Ако продолжиш така сама си правиш проблеми и тоа сето се глупости. Затоа што тој те сака и тој не прави проблеми ниту расправија и тој е добар и тука е за тебе и све ке прави за тебе . Е таков да си го чуваш лепотице!
@Lincee кога читам вака колку 24/7 не можете без партнерот искрено среќна сум што освен емоционално, физички не сум толку поврзана со него, ни па зависна. Ние имаме врска на далечина и претежно 2-3-4 пати месечно се гледаме, некогаш се случува и 1, но најмногу на 3недели ни било да не се видиме. И убаво е имаш доверба во него, другото време го посветуваш на учење, други хобија, искачање со друштво, гледање филмчиња, читање книги, цртање, готвење т.е работи што те интересираат. Јас мислам дека ви е таман гледањето и сосем доволно, но ти пред се треба да не се изгубиш во врската и ништо друго да не правиш освен тоа. Напротив, врската треба да те надополнува. На многу луѓе тоа им е проблем, одеднаш фаќаат дечко/девојка, губат контакт со сите други, прекинуваат да учат, да се посветат на нивните хобија и ако недај боже има некоја промена во иднина или у најлош случај разделба мислат дека им е крај на свет. Дури и во брак да си нема гаранција дека некој ќе е со тебе. Нема врска дали ти е прв партнер или 10ти, некои имаат среќа од старт да најдат се што ги исполнува и си остануваат со тој партнер што им е 1. Не преувеличувај, уживајте си во врската и најди си повеќе занимации и обврски.
Не е убаво да си толку зависна од него. Човекот нашол работа, се труди да заработи и убаво би било да го оставиш малку да дише. Најди си некое хоби и ти, посвети се повеќе на студирањето и така ќе си го пополниш времето без него. Ние со дм се гледаме секој ден бидејќи блиску живееме ама пак не сме 24/7 заедно туку 2-3-4 саати во денот просечно. Поминуваме и многу време одделно, бркаме работи одделно, се дружиме со пријателите и сл. И нема врска тоа дали е прв или десетти партнерот, ако навистина сакаш некој нема да те влечи да пробаш настрана. Тој ми е мене прв па не сум имала желба да видам како е со друг. Ете така ми се погоди, тука нема правило. Ти си таа која најмногу може да си помогне за промена, добро е тоа што си свесна дека грешиш, но потруди се да го промениш тоа кај себе.
Не знаев каде да го сметам прашањето и пишувам овде.Како да ги убедам моите да одам на одмор со дм ова лето ако сме се уште заедно?Ќе полнам 18 уште некој месец,хелп ме
Како можеш да планираш сама да одиш на одмор со некој со кој не знаеш ни дали ќе си заедно до лето? На нероден Петко капа му кроиш.. И јас да сум родител не би се согласила, доколку знам дека врската не е сериозна. Не се оди со секој сама на одмор. Слушај ги родителите, нема што да ги убедуваш, тие кога ќе се сигурни дека ти си во сигурни раце, сами ќе ти дозволат да одиш на одмор. Прво осигурај се каква ви е врската, после одмори.
Благодарам на одговорот Но се познавам со момчето скоро 6 години и не гледам причина моите да не ми даваат да одам некаде со него .. И ако трае уште врската нема пак да ми дадат бидејќи мислат дека сум мала,ќе ги почитувам овој пат сигурно ќе испаднат во право
Еееххх..така и мајка ми не ме пушташе на одмор д одам со дечкото, па ја молев, пустев, штурев..и на крај ај се одоброволи и ми дозволи да одиме на одмор, но со препорака дека двајца одиме и да пазиме да не се вратиме тројца!!!! Продолжение не е потребно нели, јасно ти е како се вратив..излезе во право....Ај послушај ги ти овој пат.
Ме изнасмеа Сигурно и мајка ми за тоа не ме пушта Но таа не сфаќа дека јас и тука можам да направам ако сакам
@Osaa Да, има нешто што треба да направиш, а тоа е да го седнеш партнерот и искрено да разговарате. Вака испаѓа дека дечко ти и со право е несигурен и љубомори. Зад грб се допишуваш со некого, а после ги бришеш разговорите. И ти на местото на дечко да си, што ќе помислиш? И да немало ништо, а си ги избришала за да тој не ти направи сцени поради неговиот карактер, ова е тотално непромислено. Уште толку би се човек посомневал. Воедно, треба да поработите на својот однос, токсичноста да ја искорените, ако е возможно