Го познаваш 6 години но пак не си сигурна дали ќе сте заедно до ова лето. Сексот не е најголемиот проблем, не треба да одиш на одмор за да го направиш тоа. Мајка ти и татко ти се свесни за тоа но тие се заштитнички настроени кон тебе и не сакаат да дозволат да одиш со некој кој тие недоволно го познаваат, некој во кој ти не си сигурна што би било утре со вашата врска, а сето тоа е бидејќи не се сигурни дека ти си во сигурни раце. Кога ќе се сигурни, поинаку ќе реагираат, ќе имаат доверба и ќе можат мирно да спијат кога ти нема да си дома. Годините играат улога нормално, но и 30 да имаш ако мислат дека не можеш 100% да се наслониш на личноста со која одиш (за било кој проблем или причина) исто би те советувале. Затоа не брзај, има време и за одмори и за се останато. Зацврсти ја врската, имај доверба целосна во него и тој во тебе па се едно по едно ќе си дојде.
Но и моите го знаат,куќни пријатели сме од мали Ќе почекам само заради тоа што јас не сум сигурна во нашата врска,ти благодарам
Прва сериозна врска ми е,не знам колку време би требало да сме заедно за да почнам да одам и кај него дома,по одмори
6 месеци се премалку за да кажеш сериозна врска. Вие сте почетна фаза, а тек кога ќе имате подеми и падови и останете заедно тек можеш да се пофалиш со сериозна врска.
@darlingdragon Самата рече не си сигурна во вашата врска, па затоа мој совет ти е да не брзаш. Не го насочувај тонот кон она "сериозна ни е врската", така самата си создаваш притисок за одмори и интима, се брзаш, а уствари може и тој ти создал таква слика или индиректен притисок, а реалноста е дека ти не си сигурна Кога една врска е сериозна и ти ќе бидеш сигурна
Ќе ти кажам мој пример, бев 21 година, студирав далеку од дома и бев тотално финансиски, емоционално, легално, независна од моите родители, и кога им кажав дека сакам да одам до Охрид на одмор со дечко ми, не беше прв дечко за којшто знаеа, ама беше прв во 'зрели' години тие тотално полудеа. Со него бев 3 месеци тогаш и ми требаше многу многу молење, убедување, се, се за да на крај ми дозволат одмор од 4 дена со него. Во држеа лекции и лекции, бараа да го запознаат, му држеа и него лекции. Мислам дека родителите секогаш ќе се грижат, и иако сега сум мажена со него и знам дека врската беше сериозна и слично, јас не знам како би реагирала. Кај него дома и слично не е толкава голема работа, ама одмори е посериозно доколку сте само вие двајцата. Зошто на пример не земете мешано друштво? Твоите нема да го сметаат тој чин за толку сериозен и финален, а вие пак ќе успеете да шетнете заедно, ем друштво ќе си имате.
А вие што имате повеќе години од неа и подолго време дечко т.е. врска 100% сте сигурни дека ќе останете заедно? Не пистои ништо што може да се деси и да ве раздели? Браво...
јас со ниеден дечко не сум пошла на одмор. Поконзервативни родители од моите нема. Мајк ми ми велеше ау не ти е маж па да одиш со него сама по одмори. Вие на меден месец ли се спремате да одите. Ќе се надоврзам на коментарот на @СуперДевојка зашто мислам дека е сосем во право. Имав 4 годишна врска се одеше кон сериозно секогаш зборувавме за тоа што ќе правиме кога ќе се земеме каде ќе живееме како ќе живееме каде ќе работиме... ама на одмор никогаш не сум била со него. Сум одела и кај него идел и тој кај мене сум останувала кај него,ама нели не сме сами,со семејството негово сме. Се знаеше дека врската е сериозна ама ете не била.
Се разбира дека ништо не е сигурно, ама кога си во врска со некој кој го сакаш и ти одговара, зошто не би се надевала на иднина со него? Ако имаш негативни мисли дека тоа нема да успее, тогаш испаѓа воопшто не треба ни да се трудиш. Настрана тоа, мислам дека премногу буквално се сфаќа се што ќе биде напишано. Многу често се одвлекува вниманието од вистинскиот проблем, а концентрацијата паѓа на некоја реченица во која членот вероватно погрешно се изразил.
Ама таа како што ја сфатив рекла дека се и куќни пријатели со нивните родители што би значело и полеснително за да ги убеди нивните родители да ја пуштат. Е сеа проблемот е ако таа не ги знае доволно за да ги убеди, ние овде како ќе ја советуваме и дадеме добра тактика, освен да ја сослушаме и "потапшаме" по рамо?
Друг ми беше зборот и ќе објаснам мада можда е оф топик. Со секој кој почнуваш врска и го сакаш нормално е да целиш кон иднина. Јас со првиот дечко со полни 18 отидов на одмор после неколку месеци врска, па после 3 години раскинавме. Но тогаш сум мислела дека ќе е засекогаш. И не се вративме тројца од на одмор. Понатаму со останатите можев финансиски да си дозволам покрај одмор и викенди и скијања па сум раскинувала и никому ништо. Останува како убав спомен. Зашто тогаш ти е убаво, тогаш сте сами и уживате во љубовта. И затоа сум за да се изужива максимално со тој кој го сакаш. Ако гледаме за сериозно, луѓе се разведуваат. Нека не одат ич на одмор ако не, пошто ништо не е сигурно денес?! @darlingdragon кога ќе дојде време прашај ги дали би те пуштиле и тоа е тоа. Или да или не. Нема магична формула за да те пуштат. Ако имаат доверба во тебе и ако си била добра ќерка, зошто да не те пуштат особено што е голем плус дека сте куќни пријатели.
Мое мислење. Мила и покрај сериозната врска мислам дека си мала сеуште да одиш на одмор со дечко.На 18год според мене си сеуште дете. Почекај уште малку. Не брзај. Сега за сега слушај ги твоите штом не те пуштаат значи има некоја причина. Родителите не ни мислат лошо.
@darlingdragon почекај ако не си сигурна во врската. А и ова "несигурна" ми делува како да не ти е многу сериозна врската сепак. Јас прв пат отидов на одмор со него после 3ипол месеци врска на 20 год. Можеби брзо беше, но ете бев сигурна и врската ни беше уште од тогаш сериозна. Вториот одмор ни беше минатово лето, тогаш увидов колку подруго беше и колку повеќе бевме зближени и опуштени. Сега сум сосема сигурна дека одењето на одмор со него е уживање и поминување цело време заедно сами, а со тоа и како би функционирале кога заедно ќе живееме. Не се прави "беља" ако знаете што правите и знаете соодветно да се заштитите.