@m.m12345 Зошто се понижуваш вака, кога очигледно на твојот партнер не му е грижа. Извини, но мене ми изгледа дека не му значиш толку, а и самиот тој повеќе пати ти го покажал тоа, прво со другите девојки, а второ е ова крајното, не ти се ни јавил повеќе од тогаш. Не се будали да се јавуваш. Па што ако сте толку време во врска, се може да се смени. Не кочи се само поради фактот дека 3 години се во прашање, туку нека ти бидат водич неговите постапки кои траат со месеци.
Според мене готово е за него, само чекал да му раскинеш ти. Немал храброст тој, па затоа очигледно ги изведувал тие детски игри.
Како прво, тоа што лајкува, додава и си пишува со други девојки покажува голема непочит кон тебе, како второ не те побарал една недела значи сеедно му е за тебе. Повеќе причини од овие мислам дека не ти требаат за да ставиш крај. Не го барај, не се понижувај на таков начин. Едноставно блокирај го од секаде за да не ти излегува по социјални мрежи и полесно да закрепниш од него, и продолжи си по свој пат.
Кога ќе помине доволно време да ти се сталожат емоциите и ако тој во меѓувреме не те бара можеш да му се јавиш и културно со мирно да му кажеш колку направил мизерно да се осеќаш и ова да му го кажеш ако сакаш да не ти тежи во иднина, а ако немаш потреба да го бараш не се замарај за него и продолжи си понатаму.
@darlingdragon Јас сметам дека не си мала за на одмор со дечкото, ама со оглед на тоа дека сте во врска 6 месеци и не ви е толку сериозно, мислам дека е најсоодветно да отидете на одмор во државава, пример Охрид. На неколку дена, да видите како е. Ем на твоите ќе им е посигурно ем не е преголем чекор да одите надвор од Македонија. Ако стварно сакаш, секако. А друга идеја,некако со друштво да се склопите?
Може и така не сум размислила.А иначе се дружиме и во друштво со дечкото имаме заеднички пријатели ќе одиме со нив.
Ете,најдобра опција на овие години. Мои другарки така правеа, сите заедно одевме на одмор. И друштво и дечко.
Гп фатив дека гледа порно.Порано кога барав по историја немаше ништо(случајно барав некоја песна). Сега барав филм и оп гледам секоја вечер додека вика дека спие он си дрка на порно актерките.Излегов од контрола и му реков. Вика нема врска тоа со тебе имам редовно јас пак, сите гледаат. Ау мајката.Значи јас не сум му доволна.Многу се изреволтирав и разочарав.Сега немам желба за секс со него.Ми се згади. Еднаш му реков ај заедно да гледаме нешто новитет во сексот да унесиме и гледавме ама како да не сакаше.И за инает му реков од утре јас ќе си гледам и ќе си се задоволувам. Што да правам? Ми смета навистина.
Во момент на излив на бес, бидејќи се осетив како помалку атрактивна за него.Инаку знам дека е нормално, ама јас се осеќам како да не сум доволна.Ако си исполнет во сексот тогаш нема потреба нонстоп да се гледа.Или нека понуди заедно да гледаме.Можеби ќе биде интересно.
Ама не се оптеретувај толку, само негатива си правиш во главата. Место целиот овој муабет и врескање по дома , вечер ТИ пушти таков филм за заедно да гледате. Ништо страшно не се случило и не гледај така на работите - дека не си му доволна.
Вакви испади ако продолжиш, ќе те коштаат врска. Ко да ги ебе он нив па да се лутиш. Мислам претеруваш и тоа премногу
Еве женски да се пофалам јас. Помина еден месец откако ја завршив мојата токсична врска што беше страшна има погоре пишував си викав како без него што ќе правам, изгубив и другарки и се. Таму и не се наведени баш најстрашните работи зошто ќе се чудите што све сум трпела и сум простувала. Требаше да го фати другарка ми со друга женска на Валентајн за јас да се опаметам. И откако си завршил со таа за Валентајн пред врата поклон ми оставил. Човек без срам. 2 дена плачев и пиев диазепам и си размислив па за кого? Цела година додека идевме јас плачев и бев во депресија. Сега секоооој можен ден сум искочена со другарки, запознав многу нови луѓе, сите што ми биле убави и ми се свиѓале ми пишуваат. Не верував дека ова ќе го кажам ама јас процветав овој месец. Додека идев со него ослабев 7 кила не јадев сега и апетит ми се врати и сум многу попозитивна. Затоа не чекајте вистинскиот ќе дојде уживајте сега. Не останувајте во врска во која не гледате иднина или пак да плачете за некој што не ве заслужува. Животот е пред нас
Нека остани само поука сето тоа искуство. Сега повеќе внимавање и верување на инстинктот. Дај си време на себе, се ќе си дојде на свое место, без форсирања.
Ви се случило ли да имате сериозен проблем со недоверба? Јас буквално немам ниедна причина за да не му верувам на дечко ми, а упорно не му верувам ама баш ништо и само правам расправии и нервози сама на себе. Стварно не е крив он и секогаш кога сум мислела дека ме лаже ми докажал дека не е така и јас упорно иста песна... Се мразам некогаш!!!