Дали имаш разговарано со него во врска со ова? Дали му имаш кажано дека не ти е океј нивното постојано допишување?
Разговарај со него, излезете заедно на кафе и слично. Не си помислувај одма на лошо, но разговор со дечко ти ќе ти помогне.
Имам разговарано, ми рече не сакал така да ја остави бидејќи знаел како се чувствува. Пред 1 недела ми го даде телефонот да се јавам некаде, баш тогаш таа му пиша. Го прашуваше каде ќе одел. Одма му реков што потреба од вакви разговори, зарем неа ли ќе и кажува каде оди и што прави. Разбирам некои општи разговори, ама ова? Ми рече само разбери ме. Толку.
Кажи му дека ти смета тоа.Ако не онака директно,речи му дека го разбираш тоа што се труди да ја утеши,ама дека тоа многу се одолговлекува и дека ти се осеќаш запоставена. Нема зошто она да прашува каде оди он и што прави.Само ти имаш право да го прашаш тоа. Разговарај со него.
Кажи му и ти дека треба да те разбере и дека ти смета. Дека нема потреба од приватни разговори и дека може да излегувате и заедно. Кажи му дека ти смета, едноставно е. Не чекај, разговарај.
Кажи му дека имаш доверба и разбирање за поддршката која и ја покажал во мигот кога се случила загубата и дека не му забрануваш и понатаму да комуницира со неа, но дека со постојаното нивно допишување довербата кај тебе е разнишана. Ете ако се само пријатели нека те запознае и тебе со неа па нека те вклучи во разговорот. Ако не крие никакви чувства кон неа не би требало да му биде ова проблем, во спротивно нагласи му дека вашата врска ќе биде ставена под знак прашалник.
Истото му го кажав до збор. Он немал никого во тој период, не сакал и некој друг да се чувствува така. Да не сум ни помислувала на нешто друго. Кога му реков може да излеземе заедно ако сака, рече не знам.
А зошто тебе ти пречи?Колку што те разбрав не те запоставува и цело време не е со неа туку дека само разговара со неа. Љубоморна си на девојката дека може да ти го преземе? По што оцени ти дека му е доста да ја теши и да и се најде во тагата? Не му веруваш? Не смее да контактира со никој освен со тебе?
@Xxblueocean Ок, тешко е да загубиш родител, но сигурна сум дека девојката има каде каде поблиски личности да ја тешат него ли колега со кој не е ни блиска од претходно. Да не испадне после дека тешењето било само покритие пред тебе... Директно соочи го со прашања. Нема што одоколу да вртиш. Ако тој се извлекува со изговори од типот “ти не знаеш колку е тешко, не си изгубила, и треба поддршка” и сл. тука има нешто повеќе.
Проблемот е што најнормално се однесува со мене како и секогаш и никогаш не ја спомнува освен ако не го прашам. Испаѓа како од "ништо" самата да барам проблем.
Инсистирај, следното нивно гледање да бидеш и ти со нив. Запознајте се, дружете се. Нема да му е проблем ако ништо не крие, вклучи се и ти во нивното дружење. Сето ова, на мирен и убав начин.
Не реков дека не смее да контактира со никој, баш напротив има многу другарки и колешки со кои е во контакт. Уште од почетокот го поддржувам за тоа што сака да и се најде во ова време. Ми смета тоа што се допишуваат 24/7 и како што видов разговорот е однесен на многу "понапредно ниво" или не знам како да кажам. Нормално дека ми смета дечко ми да дава објаснувања на друга каде е и што прави, тебе не би ти сметало?
Ако не крие нешто од тебе,тогаш не треба да му биде проблем да ве запознае. Твојата загриженост е оправдана. Разговарај со него.
Не е од ништо и нормално дека не би ја спомнувал пред тебе ако има некакви чувства кои ја минуваат границата на пријателството кон неа. Ти си покажала доволно разбирање за нивниот постојан контакт, а ако му значиш нема да му биде проблем да ја намали комуникацијата со неа. На крајот на краиштата, сигурна сум дека девојката има и други роднини и пријатели освен дечко ти со кои би можела да разговара кога и е тешко. Ти не му забрануваш туку само бараш нивната комуникација да не биде секојдневно допишување. Ако сака дружење излезете сите тројца. Aко ова не му одговара тогаш си знаеш и самата што треба да направиш.
Кога би била некоја друга ситуација можеби и ќе имаш потреба од љубомора(односно да ти смета блискоста-допишувањето? Ама сепак испаѓа дека не смее да контактира со женски пријатели, другари туку тоа треба да биде во граници кои ти ги одредуваш? Утре нешто друго ќе го ограничуваш, сакаш и тој да бара од тебе да се откажеш од некои твои пријатели или да ти одреди колку смееш да контактираш со нив? Самата кажуваш дека нема ништо сменето во вашиот однос а сепак се плашиш да не го изгубиш,да не те изневери со неа. Зарем неа мислиш дека и доаѓа нешто такво во овој период кога најверојатно и се срушил пола свет.
Не ја напаѓај членката.Читај убаво. Таа не му брани на него да комуницира со таа девојка,туку е загрижена што комуникацијата е готово 24/7 и тоа на понапредно ниво. Има право да биде загрижена.
Јас сум машко, ама да не ти влевам одма сомнежи алармантни увиди ја ситуацијата и.... малку ми е awkward да и дава поддршка, сигурно таа има поблиски личности во животот (иако понекогаш е убаво да зборуваш со некого не толку близок или уште подобро stranger) ама сепак не е мал период.... Имате излезено заедно, ти дечко ти и колешката?
Мене не ми личи дека од ништо бараш проблем затоа што иако неа и е тежок период ама секој ден 2 месеци да се слушаат или допишуваат? Поготово таа му е поранешна колешка не се некои блиски па туку наеднаш таква блискост. Сепак таа сигурно има пријателки, роднини кои во ваков тежок период самите треба да и се најдат а не некој бивши колега. Разбирам дека ете и дечко ти поминал низ исто и дека и неа и е тешко ама што е премногу е премногу.
Немаат излезено ниту тие двајца, само се допишуваат. Го прашав дали некогаш се слушнале на телефон, рече дека немало потреба од тоа, не ни има нејзин број.