А ти што, се препозна нешто па затоа толку остро го оправдуваш неговото однесување? Многу убаво кажа дека дечкото си има голем број на другарки и колешки со кои се слуша и се дружи, ама во случајот комуникацијата со девојката трае цели 2 месеци и постојано 24/7. Нормално е да не и е сеедно и нормално е комуникацијата да има граници. И се најде во најтешкиот период и тоа е навистина фер од негова страна, ама мислам дека доволно е. На секој би му сметало. @Xxblueocean најдобро е да разговараш со него и да му кажеш како искрено се осеќаш. Ако одбива да престане комуникација, најмалку што можи да направи за тебе е да излезите сите заедно на кафе, за да се увериш дека се е во ред. Нема зошто тоа да му е проблем ако најискрено се работи за пријателство.
Можда и му се пријатни разговорите со неа, ако евентуално на почеток било стриктно идентификување ради ситуацијата. Сепак тој ги влече конците. Ако јасно го изрази ти своето мислење, дај му уште некое време. Ако е совесен , не мора ултиматум. А ако не е совесен, ќе се покаже. Ако знаеш дека секој ден пишуваат ваљда не крие од тебе. Дали те запоставува дур збори со неа и генерално каков е кон тебе, и ти кон него, е поважно за врската ваша од колешката. Плус прашај го како би се поставил тој во слична ситуација ти да се допишуваш со некој. За да знаеш на што си, не мора полицаец да бидеш. Несигурност и љубомора се човечка работа, само немој да ги користиш да го уцениш да престане. Ако мислиш дека има нешто повеќе меѓу нив , или едноставно емотивната блискост те вознемирува, преиспитај ја вашата врска.
Не го бранам остро туку имам спротивно мислење од вас кој одма и ја полните главата дека нешто не е во ред и дечкото и мати. Како да седнат сите заедно кога самата кажува дека тој нит се слуша со неа нит се гледа. Или има доверба во него и ќе си биде со него или нема доверба и нека си раскине. При слична ситуација кога машко се жалеше на дружење на девојката со колега од факултет на кусо магаре го качивте:де бил љубоморен, де сакал да ја држи според негови правила, па како таа не била негова своина да и кажува со кого ќе се дружи. Во еден случај тоа е љубомора која понатаму уште повеќе ќе се зголемува а во друг случај било нормална реакција. Јас мислам дека некој кој преживеал една болка најдобро знае како да помогне на друг со иста болка џабе не се рекло прашај паталец а не гаталец. И дај кажи ми по кои тоа критериуми оценуваш дека било доволно? Џабе на девојчето му ја полните главата со сомнежи
Ааа извини, довербата не е чутење и да се лупаме во гради му верувам и слично. Ако нешто те мачи и осеќаш не е во ред, ќе разговарате и ќе решите заедно за врската што ја имате вие двајца. И зборовите се лесно манипулативни, многу е потешко на дело, а ако се однесува чудно.... говорот на тело, очите па и однесувањето ќе го издадат. Секако ако зборуваме за врска што трае подолга и се планира сериозно, да речеме здрава и стабилна врска. Потребна е отвореност и комуникација најмногу, а довербата со тек на време си доаѓа со тоа.
Никој не и ја полни главата со непотребни сомнежи. Читај малку. Сите совети кои и беа кажани на членката упатуваа на искрен разговор со дечко и каде ќе му каже што и пречи и што очекува од него да превземе во врска со истото. Никој не и рече веднаш да му раскине или да направи љубоморна сцена, ниту пак некој и рече да му забрани да се допишува со неа. Ама 24/7 допишување со колешка со која не бил ни толку близок претходно, не е во ред. Наведува на сомнеж дека ја искористува новонастанатата ситуација со нејзината загуба за да и се доближи малку повеќе отколку што треба. А ти кога ќе имаш девојка слободно поддржи ја да се допишува со некој колега 24/7 штом си толку убеден дека тоа е нешто нормално.
Членката вели дека не му брани на нејзиниот дечко да комуницира и со пријателки. Тоа покажува дека не е љубоморна,туку загрижена. Ти упорно ѝ припишуваш.Препрочитај ги постовите. Комуникацијата помеѓу дечкото и таа девојка е 24/7,што не е нормално за пријателски однос.А,и не сака да ги запознае. Со оглед на таквата ситуација,членката има право да се загрижува и сомнева. Ние не ѝ ја полниме главата со глупости,туку ја советуваме да направи еден долг разговор со него и да му каже што ѝ пречи и да побара од него да биде искрен.
Ова е главниот ваш проблем каде машкото по дифолт е ѓубре,нечесен,кој и тагата на некоја жена и периодот во кој и е тешко ќе го искористи за да и се доближи повеќе од што треба како би и се пикнал во кревет,така? Ако и неговата девојка го мисли истото ова и затоа и пречат разговорите преку пораки со колешката негова тогаш не знам што бара со некој таков ''покварен дечко''
И маж да побара мислење за ист проблем, истиот совет ќе го добие. Нема разлика дали се работи за машко или женско. Ако партнерот е загрижен или има некој сомнеж, само со искрена комуникација ќе се реши. Во случајов ако дечкото има друга цел со тек на време се ќе излезе на виделина. Никој не и рече да раскине ниту веднаш да престане да му верува. Само отворено да каже се што и лежи на срце.
И јас истиот совет и на машко би му го дала. Ако ќути,ќе се јаде себеси.Подобро ќе биде отворено да разговара со него.
Види вака, не се работи тука за дали советувам член или членка. Исто би советувала и машко да дојде со ваков проблем. За тоа дека машкото е ѓубре никаде не го пишав па не мислам ни дека треба да се објаснувам. Не можеш да имаш 100% доверба во никој, сакал ти признал или не. Таа има доволно доверба во него, а дали тој има доволно разбирање за неа треба да покаже разговорот.
Ако е истиот дечко за кој пишувала лани, си имаат историја со трачеви, сомнежи, групни муабети со кодоши за варање и слично. Ако не е истиот, фино,бенефит оф а даупт. Ако е истиот, хмммм, размисли.
Дечко, сериозно, почни да читаш. Ако веќе ме цитираш барем прочитај ме убаво. Цело време ни ставаш зборови во уста кои не сме ги кажале. Каде тоа и реков дека дечко и мати нешто? Реков дека не е во ред 24/7 комуникација со личност која не му е толку блиска и тоа цели 2 месеци. Никој не рече дека тој има лоши намери, туку дека се си има граници. Девојката потенцира дека дечкото си има пријателки со кои си контактира, се гледа и се дружи. Значи не е љубоморна и не му забранува да се дружи со женски личности. Проблемот е во претерана комуникација и блискост. Немој да мешаш баби и жаби и да алудираш на тоа дека само женскиот пол го браниме. Исто би изреагирала и ист совет би дала и во обратна ситуација. И немој да ми речеш дека тебе во ред ќе ти е девојката/сопругата по цели денови да се допишува со некој кој не и е ни близок и да споделува ваши лични работи?
Да, истиот е. Ама се тоа тогаш се реши, т.е. најпрво јас дознав дека се тоа е лага кога една ми рече еј го видов вчера на кафе, бил со некој другар и уште 2 женски, а тој цел ден со мене бевме во друг град неколку дена. Тогаш ми се разјасна се и ситуацијата се реши на многу поинаков начин со отворени карти. Најголем проблем ми е тоа што се му е во ред него, не гледа проблем во тоа допишување затоа што како што тврди било само пријателски и глупаво му било така наеднаш да ја "откачи". Синоќа му реков дека мене не ми е во ред и дека нема потреба да се оди до толку длабоки разговори. Пред мене ја покани да излеземе сите тројца, девојката рече не знам ќе видиме за некое време. Ми го даваше телефонот да сум видела што пишувале ако сум имала сомнежи. Му реков дека немам сомнежи ама ми пречи тоа секојдневно пишување, и ми вети дека полека полека ќе почнува да ја намалува комуникацијата, не можел наеднаш. Па ќе видиме...
@Xxblueocean Тоа веќе предолго трае.Тој треба веќе да намали со муабетот. Дај му шанса неколку дена,ако видиш дека не намалува со муабет,пак отворено разговарај со него.
Многу убаво ја читам и неа и другите што викаат ама вие размислувате само од аспект на девојката а не од аспект на дечкото и неговата колешка. Не велиш дека мати ама велиш дека не било во ред со неа да прави муабет а може да прави муабет со други негови другарки.Која е причината да и смета баш со колешката да прави муабет а не со некоја друга негова другарка? Ние ли треба на нашите партнери да им одредуваме кои се подобни а кои неподобни нивни пријатели? Ако мене ми смета да прави мојата сопруга муабет со еден маш а со друг не тоа значи дека се плашам дека ќе има нешто со оној со кого забранувам. За тоа да биде така јас треба да се сомневам со причина , ако ја обвинам без причина мислам дека ќе ја навредам оти не и верувам. Дечкото не крие дека комуницира со колешката и си кажува која е причината. Пак ќе кажам само тој знае како се чувствува колешката бидејќи тој веќе го поминал тоа, и тој знае колку време му требало да си дојде на свое. Како може неговата девојка да знае колку е доста кога не доживеала нешто такво, или ти да кажуваш дека е доволно 2 месеци. Девојката убаво во првите 2-3 поста си кажа дека таа не е запоставена од дечкото, дека ништи не е сменето во нивниот однос, во неговото однесување спрема неа дури и дека воопшто не ни разговара за колешката во нејзино присуство. И покрај сето тоа таа е сомничава и вели дека е доволно и дека и пречи. А зошто и пречи? Оти мисли дека ќе има нешто повеќе, ќе го изгуби дечкото? И не е мерило тоа колку биле блиски претходно за да сега одредуваме колку време треба да биде таа негова помош и дружење со колешката. Па и тука на форумот повеќето не се знаеме ама ако имаме некој проблем нормално е дека најлесно и најдобро ќе ни помогне оној што го имал истиот проблем. На пример како ќе знаеш како се чувствува некоја жена што не може да забремени ако ти со лесно си го поминала тоа, ти можеш само да нагаѓаш ама таа што го поминала тоа знае точно како се чувствуваа друг и колку време му треба да се врати во нормален живот, јас сум го поминал патот со предвреме родено дете и знам секој што има предвремено дете како се чувствува и низ кои проблеми се поминува и нормално е дека повеќе можам да помогнам од било кој друг без разлика дали е тоа форум или ќе биде некој колега -колешка. Лошо е воопшто и да се помисли дека човекот со кој си заедно без разлика дали ти е дечко или сопруг може да искористи оваква ситуација како би и се приближил повеќе на колешка,пријателка,другарка па и нека е тоа форумџика, а не пак директно да му преречеш дека тоа го прави. Мене лично тоа ептен би ме повредило да ми го реше сопругата ако нема барем и една мала причина за тоа. Ако и помисли дека сум таков тогаш нема причина зошто да биде заедно со мене кога мисли дека су толку подол човек
@Milan93 Не читаш. Членката си кажа дека не ѝ пречи дечко ѝ да комуницира со таа девојка и со други,туку ѝ пречи тоа што комуникацијата е 24/7 и трае предолго време и плус оди на понапредно ниво. Има право да се загрижува.Знаеш што? Јас да сум на нејзино место,исто би реагирала,и мене би ми сметало. Јас и не сум толку толерантна,јас да бев,уште порано ќе му речев срце,претера веќе,прекини го муабетот со неа или толку од мене. Членката е трпелива,ама има право да се прашува дали нејзиниот дечко е искрен. Веќе ти рековме,и машко да е во ваква ситуација,истите совети би му ги дале и би биле на негова страна.
Очигледно не се разбираме, а навистина не знам како поинаку да ти објаснам. Убаво ти кажа членката над мене, па ако пак не се сфаќаме, тоа е.
Тогаш нели е тоа ограничување на слободата на партнерот? Како тоа не ми пречи ама ми пречи оти е не е колку што сакам јас? Што ќе беше ако не беше колешка туку колега со ист проблем? Тогаш ќе ти пречеше ли што сака да помогне? Предолго време од аспект дека и е дечко и не смее да комуницира толку време со друга жена? Си била во слична ситуација да изгубиш близок па да знаеш колку време и треба помош. Понапредно ниво? Што значи ова понапредно ниво? Почнало флерт некој во муабетите, членката не објасни кое е тоа понапредно ниво? Какви 24/7 кога самата кажува кога се заедно не ја ни спомнува ниту комуницира со неа, дека исто се однесува спрема неа. Во останатото време зарем треба да го ограничува партнерот што да прави?
Сум изгубила куп блиски.Пак живите блиски ме тешеле,не давев други со мојата болка. Читај убаво,членката спомна дека и кога се заедно тој се допишувал со таа,му го видела телефонот. Што си,бре... Па,кажано е дека не му брани да комуницира со пријателки,само ѝ пречи што премногу долго тој комуницира со таа и со право ѝ пречи.