Здраво на сите. Имам јас да споделам нешто, да си олеснам а и ете може ова ќе ви помогне и на вас доколку се наоѓате во ваква ситуација. Се започна у декември незнам сабота беше. Јас од искачање се вратив касно, околу 5 што значи недела фатило. И неделата цел ден преспав. И кога се разбудив гледам порака од еден дечко кој што го познавав. нашите се знааат. Почнавме онака комуникација ова она гледам баш добро дете е, ама не паднав веднаш на тоа, затоа што знам сите се фини одпрвин. Мајка ми до душа ми кажа немој, не од некоја којзнае каква причина туку едноставно дека и е незгодно пошто се знае со неговите. Ама ајде јас да пробам, ми се засфиѓа онака . Уште на почетокот ми призна дека зема наркотици ама гледав дека е добар и се тоа. И иако ми пречеше признавам, никад не сум се нашла у друштво со некој таков , прегледав низ прсти, пошто вети ќе се оттргне. И почнавме да се гледаме и се фативме. Ви викам на почетокот топ беше се, ама понатака почнаа проблемите...Понашањето негово никакво, му сметаше што искачам, му сметаа еден куп работи, а јас и он почнавме послабо да се гледаме едвај еднаш неделно, што мене нормално ми сметаше, почна и поретко да ми враќа. Ми беше буквално незгодно и да му свртам пошо незнам како ке се испонаша, или да почнам да зборам со него за нешто, многу нервозен беше, И многу пати му кажав крај, и он ми вртеше ова она, се гледаше дека нејќе да прекинеме. Ама пред месец дена конечно кажав крај зошто премногу ме изнервира, премногу сака се по негово да биде, Има 22 а се понашаше буквално како 10 годишен. После тоа као добро крај ова она. Меѓутоа мене многу ми дојде тешко зошто така постапив, не марејќи го тоа он што ми го правеше на мене. Моите ми збореа смири се со детено не прај глупости ова она. И се обидов го побарав му пишав он се праеше тврдоглав као не, ти си кажа крај и тоа е. После некое време се откажав, и он ме побара да се видиме ама неможев тој ден и ете го пак он со неговите глупости инати и триста чуда. И пак мене ќе ме снема и он одма ме бара. Послем тоа 5-6 дена не бевме у контакт и он ме бараше повторно да се видиме. Се видовме и ништо не средивме многу беше нервозен тогаш и се и следниот ден го прашав на што сме јас и он. И он пакк се изнервира пошо го прашав на што сме. И ми рече пак ти си кажа крај и крај е. Ова на ништо не личи... На ништо.. Незнае што сака, знам дека сакаше да излеземе за да се смириме, ама пошо гледа дека искачам јас често и поради тоа е се ова. Ама ако уште подобро, неможе он да ми забранува мене дали да искачам или не, а притоа да не се гледам и со него. Сакам да ви кажам, безразлика колку сакате некој и се, кога нешто не ви штима кај него, баталете боље на време. Џабе убавина ако нема карактер, и незнае да ве насмее. У меѓувреме ми пиша и еден што долго време ми се сфиѓаше, да речам 1ипол година. И ќе видам со него што како, ама после ова искрено несакам во никаква врска да се пуштам, затоа што гледам како сите се на почеток фини, а отпосле си го покажуваат вистинското лице откако ќе не придобијат, а таков карактер сум што брзо се приврзувам и тешко ми е отпосле да прифатам дека личноста ја нема, а не треба така . Бидете ми поздравени.
А зашто ретко се слушате? Не му се јавуваш во текот на денот ,да видиш како си поминува на работа? Да му пишеш порака дека мислиш на него и сл? Па тој да ти врати?
биди реална и малку мозок да работи а не само чуства. Човек што зема наркотици секогаш ќе биде нервозен додека е во криза и задоволен кога е под дејството. Каков живот гледаш со таков човек? Исто е и со алкохоличар. Пари плати све по тоа ќе одат. Тој ќе живее од зависност а ти од љубов ли ќе живееш? Со него само време ќе изгубиш. Не си го уништувај животот.
Прво убаво од тебе што си го баталила. Ама добро бе како си решила да започнеш нешто со некој кој е зависен од наркотици? Ти свесно си влегла во тој проблем. Во случајов дечково на почеток ти кажал дека зема наркотици. Што очекуваше? Бајка? Ќе престане преку ноќ и се ќе биде добро? Премногу наивно. Не ми се свиѓа што имаш такво мислење дека сите се такви. Не се сите лоши, ти такви бираш. Со овој дечково од почеток уште кога ти признал дека е зависен си требала да ставиш точка. А не да дојде до тие другите работи што си ги пишала. Ама како и да е браво за тебе што си се тргнала од него и памет за друг пат ,немој да си толку наивна. Животот не е бајка
Taka e vo pravo si, megjutoa ete toa shto moite se znaea so negovite toa mi bese najvise, ama koga vidov shto kako... na vreme si bataliv se
Kako shto spomenav, premnogu vlijanie imase toa shto nashite se znaeja, taka bev na nekoj nacin sigurna neznam, jas i poradi toa i mu vrativ, ama ete so tek na vreme si sfativ i samata i toa e dobro. Zivotot ne uci na lekcii.
Јас го гледам некогаш во 1недела на саат два, некогаш у 2недели само на саат два, а ни се има случено и 3 недели да се немаме ич видено. И среќна сум и на тоа малку, убаво ми е со него макар и една порака негова ме прави среќна, не морам да го гледам секој ден за да знам дека е тоа тоа. Јас мислам дека не го сакаш, да го сакаше немаше толку да ти пречат овие работи... подобро не се измачувај ни ти, ако сметаш дека ќе е подобро така раздели се
Nemas cuvstva za nego, mozebi simpatii. Ti sekos ce mu najdis nego maana, na krajot moze da ispadnd i toj celosno vinoven.
прочитав и дека твоите ти рекле да се смириш со него,така нешто беше,мислам дека со мајка ти можеш да разговараш и да и кажеш дека не било ништо сериозно и во каква ситуација се наоѓа дечкото.
Доколку не се сметаш спремна за врска нема потреба да започнуваш нова, како што и самата си си свесна. А за бившиот, сериозно ти е гајле дека твоите родители ќе им смета што сте прекинале? Па нема ли да е подобро нивната ќерка да направи добар избор од тоа што ќе помислат нивните пријатели. Башка тоа што си 22 години и врската никогаш не била премногу сериозна.
Здраво на сите. Нова сум на форумов но редовно ве читам Мојот проблем е следен. Се гледам со еден дечко веќе 3 месеца скоро и чувстувам потреба за секс. Но, единствено што ме кочи е тоа што немам самодоверба и мислам дека кога ќе ме види гола ќе прекине секаков контакт со мене. Исто така ме преоптеретува фактот што неговите поранешни девојки сите биле позгодни од мене. Не знам како да се справам со ова, секаков совет е добредојден.
Здраво. Имам долга врска од 5 и пол години, со човек од друга вера. До пред една година јас неизмерно го сакав но сега не знам што ми се случува. Во мегувреме ми се допадна друг човек. Проблемите во врската ме направија несигурна во врска со тоа што јас сакам понатаму. Веќе не сум сигурна дали го сакам мојот дечко и дали можам или сакам да се борам за оваа врска. Покрај сите проблеми имав заборавено како е да чуствуваш пеперутки во стомакот. Пробав да раскинам, човекот не се откажува прави планови за иднина, а јас веќе не го сакам тоа. Почнав појасно да ги гледам пречките помеѓу нас и знам дека не можам и не сакам да се борам со тоа. На почетокот на врската кога мислев дека е се совршено бев спремна да го прифатам и тоа што е од различна вера, иако тоа би значело да се откажам од мојата фамилија. Сега сакам да раскинам со него знам дека не го сакам и не можам со него. Не гледам начин да раскинам човекот плачи, моли и ветува промени кои знаеме дека нема да се случат. Не знам како да се оддалечам од него не се откажува.
Знам дека не е лесно да раскинеш на некој што те сака посебно на некој што сте поминале толку време но сепак ќе го седнеш ќе му објасниш убаво ако плаче плаче сакал или не ќе мора да се помири со тоа.