Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    127
    Јас мислам нема потреба да му се лутиш или да му вратиш. Не ти го прави ова секој ден, па да си правеш филмови зошто е така, а и како и што кажа самиот ти кажал дека денот му бил напорен. Значи секој може да има ваков ден, па мој совет видете си се утре, отиди кај него и надокнадете за она денес :D :D :D
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.693
    Допаѓања:
    6.601
    Па незнам дали да кажам дека сум заљубена, зашто од една страна ќе речете не знаеш ни што значи поимот љубов на тие години..ама незнам. Неможам да си го извадам од глава. Дали има бе две недели од како го запознав, и така од ден на ден се повеќе и повеќе почна да ми се допаѓа, да ме смее, да се радувам кога ќе го видам се додека не прерасна во нешто поголемо. Постојано сакам да сум со него, да го држам за рака и никогаш да не го пуштам и да го гушнам бар еднаш. Ништо повеќе. Но проблемот е што е повозрасен од мене, можеби и што збориме вака лежерно и за разни работи е премногу а камоли за нешто друго да мислам.. Неможам вака глупаво ми е да зборам како сме се запознале, и што е како е.. Битно го запознав, само на него мислам, онака друго машко не погледнувам, кога влезе ненадејно во мојот живот и на претходниот што ете толку многу го сакав и навистина, некако преку ноќ го заборавив. Незнам, ме маѓепса. А од ден на ден се повеќе се доведувам во искушение и повеќе неможам да издржам, мислам дека го сакам, многу.. А неможам да преземам ништо околу тоа. Изгубена сум, навистина незнам што да правам.. Само ве молам не ми судете, со коментари од типот премлада си животот е пред тебе, зар знаеш ти да сакаш, доста ми е од таквите коментари.. Навистина, и трите најблиски другарки што знаат за ова постојано ми викаат тоа.. Незнам, ми треба некое охрабрување.. Толку ми е тешко.. :|
     
  3. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Мила тоа твоето е едно најчисто најдетско заљубување, добро, навистина не може да се рече дека е љубов, затоа што и самата ќе увидиш дека љубов е нешто поинакво од тоа што ти сега го чувствуваш.
    Сега имаш симпатии кон него, заборавање на една друга детска љубов. Ти годи.
    Ме интересира колку е поголем од тебе и кои се причините што мислиш дека ништо не можеш да преземиш околу тоа?
    Ако веќе ти си сигурна дека нема да биде, немој да си изгубена, затоа што навистина, не е нешто толку страшно за од сега да се чувствуваш така. Контактирај со него на другарска база и потоа времето ќе го каже своето.
    Нема зошто да ти судиме овде, ти не направи ништо погрешно. :)
     
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Савана, не се фаќај за ситници, после ќе ти биде криво :) . Еее, колку пати човек може да се чувствува уморен, ако му замеруваш што еднаш не сакал, уствари не можел да седи цела вечер со тебе, ќе се лутиш ли за се вака? ОСтави го, му дошол денот Д на човекот, ете, сакал да биде сам, плус бил кај тебе, те посетил, сте се виделе, батали, нее гледам јас тука ништо страшно. Ти си немала таков ден, да си уморна, да не ти се оди никаде со никој? Или мислиш нема да имаш? Не се нервирај, ова не е болка за умирање :) :)

    Блупарадајз, колку е постар? Има од негова страна симпатии кон тебе, заведување или...? А сакаш охрабрување да ти дадеме да бидеш со него? Па иди, ако така ти решиш ние не можеме да те спречиме. Ама после немој да речеш тажна сум, вака, онака...
     
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.693
    Допаѓања:
    6.601
    Фала ти. Незнам, сите се навикнале да ми зборат толку околу тоа.. Па немам направено ништо. Инаку може да ти пишам ЛП, иако не се знаеме вака, ама сепак ми е незгодно да пишам пред сите? :*
     
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Ова за Савана
    Не смееш да му вратиш ни под точка разно.
    Утре кога ќе се земете и кога нема да имате секс вечерта после напорен ден, ќе си враќате?
    Па сфати го, ете и самата знаеш дека имал многу работа, и дека потребно е да одмори.
    Добро е што си признаваш дека си себична оти и си. :!:
    Мада што и јас би се налутила така и нормало ќе си направам уште 300 филмови плус. :$
    Ама жени, тоа ти е.
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Savana - Со тоа што ќе сакаш да му вратиш само ќе ги зафркнеш работите. Он значи иако бил уморен, дошол кај тебе и седел. Затоа немој да бидеш посесивна, зашто ништо неможе да отргне машко побрзо од тоа да се чувствува заробено и дека е контролиран. Ако продолжиш вака за брзо време ќе се вратиш плачејки дека ти рекол дека го задушуваш...Дај му простор малце нека дише...Пробај да не се видите еден цел ден, да видиш како ќе се однесува утре ;)
     
    На teddybear и savana им се допаѓа ова.
  8. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.693
    Допаѓања:
    6.601
    Па, прилично.. Па не охрабрување да бидам со него, ама осудување баш и не ми треба во моментов. :| А и да сакам не ни можам да бидам со него, од негова страна па што знам, не ме заведувал, онака кога збориме јас на фб обично секогаш јас прва пишувам ама не останува на како си што правиш така коа ќе си пишеме, он глеа да не умре конверзацијата. Ќе праша нешто, али се во свои граници.. Незнам..
     
  9. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Савана рече дека секој ден се гледате и дека секоја минута од вашето слонодно време ја поминувате заедно...???
    Немаш право да му се лутиш, сакал да си се одмори сам, нема друга причина. Секој ден сте заедно ете, зар ти никогаш не чувствуваш потреба да си сама и убаво да си се одмориш...
    Каде е вашиот живот во оваа врска, излегувате ли посебно со друштва, излегуваш ли со другарки, а тој со другари. Љубовта не е посесивност и гледање во секоја секунда, така брзо здосадува и почнува она гушење, па биде малку поолабавена, ете вереник ти е, утре ќе се земете па цел живот ќе сте заедно така... тогаш можеби ќе ти фали она што не сте имале повеќе слобода као дечко и девојка, затоа што во бракот тоа неможе да го има.
    Сфати го и биди си ок спрема него, немој да му се лутиш за тоа вчера, јас потполно би разбрала кога некој би ми рекол така, и уште повеќе би му олеснила. Дури и мислел на тебе да ти посака добра ноќ, може само да ти завидиме колку внимателен момак имаш ;) :)
     
    На teddybear и savana им се допаѓа ова.
  10. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Савана јас мислам дека нема потреба зошто да се лутиш, уморен бил сакал да одмори но сепак сте се виделе.. не те извисил. За една врска да биде успешна треба да се темели и на разбирање не само на љубов. Однесувај се и реагирај најнормално, ако вчера не се виделе убаво како што треба, денес треба да се видите така! :) Поздравче :*
     
  11. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    незнам што му се случува на дечко ми, но секогаш кога ќе излеземе со друштво тој само се туфка нешто не му одговара моето однесување (а не му правам ништо) дури и друштвото го опоменува да не биде толку напнат и од се да биде лут. синоќа испаднавме се потскаравме пак јас си заминав дома а тој продолжи некаде со другари кои немаат девојки, ми се јави нешто се напна и ми го тресна телефонот, потоа му вртев ми кажа кај бил со кој и ми вика ајде да не ми се исклучи телефонот немам батерија ќе те барам кога ќе си одам дома за саат време одприлика и јас го оставив си легнав и ставам утрово ниту се јавил ниту пишал..... ништо!! може за некој е глупо ама нашата врска е таква си се јавуваме кога сме дома, јас така да му направам нема шанси да ме погледне уште еднаш, а ова ми го има направено повеќе пати!! ве молам за совет, што да му кажам , ако воопшто и се јаве???
     
  12. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    И јас и дечко ми исто така се слушаме постојано во текот на денот.. Не му е на место ова што го направил и не треба да мислиш ти што да му кажеш туку нека мисли тој. Ти можеш само отворено да го прашаш зошто така се однесува и што толку му смета кај тебе. Имаш причина да бидеш лута а тој треба да ти даде добро објаснување за тоа што така се однесувал, каде бил и зошто не ти се јавил кога веќе ти рекол дека ќе ти се јави.. Па пиши ни што си направила. Среќно :*
     
  13. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    ^^ не да сум лута, локомотива сум :)
    проблемот е во тоа што цело време тој е налутен!и еве го сега не се јавува не се јавувам ниту јас, нема шанси, навикнат е тој после секоја кавга јас да го барам. јас не сум знаеле да се однесувам, јас сум го понужвала демек а уставри тој е тој што цело време ми напоѓа забелешки и со него не се прави муабет на мирен начин, никогаш не добивам одговор зошто и како, сакам едно убаво да му изнакажам се па што сака нека си прави потоа, нека ,,плаче,, малку тој, нека врте по цел ден! немиже да сфати дека и јас можам да се лутам, цело време јас немам причина секогаш е во право!! :@
     
  14. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    Девојче, а да не си го губиш времето терајќи инат!
    Тој ќе плачел, како не! Ептен ќе му го накршиш! Туку седни и прави муабет со него отворено, без лутина и емоции.
    ....
    Знаеш, еднаш бев во слична ситуација со девојка, која едноставно немаше 3 чисти да ми раскине (не сум и давал повод), па цело време ми го правеше животот пекол. На крај ја седнав, поразговаравме, раскинавме и сега сме сеуште другари! :)

    П.С. Можеби не сака да ти раскине, го мачи нешто друго ама не знае како да ти каже...
     
  15. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Лина мила,

    Ај стварно седни смирена и прави муабет.

    Можеби му е некој период.

    Дечко ти те сака некако сум сигурна по се што читам од тебе.

    И малку подсмирено реагирајте за јавувањето.

    Па зошто да ти се јави кога ке си дојде. дај му малку слобода. Имај и ти малку слобода.

    Пред да осетите дека се гушите и двајцата.

    Толку слушање е само знак на недоверба.

    Смирете се и со ладна глава разрешете се полека.
    :* :* :*
     
  16. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека треба смирено и сериозно да разговарате. Тој сигурно има некоја причина штом така се однесува, велиш повеќе пати ти има така направено, ете не ти се ни јавил. Една моја другарка беше во слична ситуација, дечкото си сакал малку слобода, после извесно време раскинаа, тој секогаш ја обвинуваше неа. Кажи му отворено се што мислиш, а за лутење имаш право да бидеш лута.
     
  17. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Можеби заборавил да се јави :^)
    Или едноставно се вратил дома загреан и после неколку часа (а не 1 час како што кажал), ете се расположиле со другарите и не ти се јавил оти знаел дека спиеш можеби или да не ја искомплицираш работата уште повеќе, па кавги во 4 сабајле, па лутење...
    И ние со дечко ми секогаш се слушаме кога ќе се прибереме по дома (кога сме испаднати посебно со друштвата), ама ако тој заборави да ми се јави, никому ништо. Утрето едно пеглање му правам и толку :D
    Не води инат. Јави му се за некое време и прашај го зошто не ти се јавил, реши ги работите со разговор, а не со лутење и кревање нос. ;)

    едит -А за неговото однесување јасно ќе му кажеш дека тебе тоа ептен ти смета, и дека тој тебе те понижува, а не обратно како што вика тој. И дека ете веќе го забележале сите другари.
    Па ако има нешто што треба да ти каже, подобро да разговара со тебе.
     
  18. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    За да си лута, да имаш право да си лута. Но тоа не е причина да му се развикаш и да го обвинуваш него за се, зашто само ќе ја искомплицираш целата ситуација. Види седни со него и направете отворено муабет. Прашај го зашто е толку нервозен и која е причината која што се однесува така. Кажи му не сакаш да се карата, туку само сакаш смирено да поразговарата и да го решите проблемот. Мислам дека ќе има вистинско разбирање што така си постапила. Се зависи од тоа како ќе постапиш и со кој интоналитет ќе го почнеш разговорот..Затоа смирено ;)
     
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Јас само ќе кажам во врска со проблемчињата на девојкиве...Па не се машките како нас,не се оптеретуваат со се и сешто...не ги гледаат работите толку црно...Кај нив е така како што е.Сфатете дека треба да бидете опуштени и да не ги гушите...Една врска не се заснова само на НИЕ ДВАЈЦА и толку.Плус кога не им е периодот едноставно сакаат да се послободни да не ги напнуваш тогаш.Не сакаат ни многу да се објаснуваат.Мислам дека ние жените треба да олабавиме и многу да не бараме влакно во јајце за се.
     
    На Scarlet88 и teddybear им се допаѓа ова.
  20. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    колку пати му имам речено кажи ми сега одма за што ми се налути, и неодговара ништо ни самиот незнае битно е тој да биде налутен, се слушнавме и ми речи дека бил со уште неколку другари кај другар му и се прибрал кај 3, 4 и му викам зошто не ми се јави и како одговор добив ЗОШТО ДА ТИ СЕ ЈАВАМ??? се накурчи малиот бе :devil: па си излегол на кафе, сега му вртам ќе одел пак кај другар му, и го искулирав неможам да го молам кажи ми кажи ми, зошто тој не се јаве, му кажав дека не е обврзан со ништо (тој самиот настојува да знае каде одам и со кој одам) а за него не важи така?? нека оди кај сака и колку сака и му го затворив тел. неможам да се расправам!!!