Разговарајте на оваа тема и дади му до знаење дека ти веќе на никој начин не сакаш да бидеш со него,сигурно и тој не би сакал да е во врска со некоја која не го сака.
Како што си кажа, не прави проблеми. Си има женска, поминале години и си продолжил понатаму. Обиди се да го заборавиш, не е лесно, но за свое добро мораш. Ако се вратиш назад големи се шансите да бидеш повредена.
Извини, а што очекуваш дека ќе се случи ако го побараш? Дека ќе ја остави девојката со која е со години и ќе е со тебе? Дури и да испадне така значи голем гад бил и таков на никоја не и треба ама искрено не ми се верува некој што е во долга сериозна врска и што е среќен во неа, да ја растури за нешто поготово од минатото. Немам лоша намера со ова ама навистина не е фер, ајде сингл да е ама вака нечива среќа да се обидуваш да расипеш. Со тоа шо те тргнал од секаде значи убаво дал до знаење дека повеќе не си во неговиот живот и си продолжил напред и сигурно е среќен со девојката. Поминале години, не вреди ни да мислиш и да се враќаш на минатото, продолжи си и ти напред и барај си ја среќата. Само најдобронамерно ова.
Типот си има женска и сама кажа помири се дека си небитна за него и дека твојата тинејџерска авантура поминала . Најди си некој слободен и прекини да бидеш очајна.
Само ти викам нема потреба од експерименти. Мене ако ме прашаш ни во брак не треба да се нафаќате на животен стил 3 генерации еден кров.
Хелп Со дечко ми сме во врска 5 год а се знаеме речиси цел живот. Во последен период имаме мн недоразбирања и караници мислам дека станав мн љубоморна последно време а немам реални причини за тоа ....(едноставно се ми пречи ако случајно се загледа во некоја , ако иде у кафана и сл) исто така мегусебна доверба 0 и јас во него ама и тој во мене,и двајцата мн се сакаме затоа и уште тераме. Знам дека нема да ме изневери ама ми пречат ситници свесна сум дека претерувам и правам само да се нервираме и двајцата Како да си ја вратиме довербата ? Што да направам со мојата љубомора ... знам дека е токсична ама неможам ако ако не си кажам што ми пречи...
Сте го загубиле заедничкиот јазик а тоа е лошо. Полошо е што немате доверба еден во друг. Ако двајцата сакате да успеете седнете и детално разговарајте, секој извор за караница мора да го отстраните и ќе мора да почнете од почеток. Се се може ако се сака, но мора да сте сигурни дека нема да се вратите назад и повторно да ги предизвикувате истите проблеми и дека вреди да вложувате во врската. А изгубената доверба тешко се стекнува по втор пат.
Сериозно? Зашо да не можеш? Ја не би трпела некој да ме вара и после да го гледам во очи. Не си дозволувајте некој да ви ја гази гордоста и да прави кловнови од вас.Најискрено. Не прави будала од себе, мани го ќе си најдеш друг.Не е ни прв ни последен
Ти фали неговото внимание, а нема да го добиеш. Сосема коректно направил тој што ги направил овие чекори, нека не те бунат. Некогаш можеби те гледал како нешто највредно, ама си го разочарала на некој начин... претпоставувам бил добар и внимателен.
Девојче, остави го. Како велиш така "кога ќе раскине со неа"? Сакаш да им се мешаш во врската да ги скаруваш само затоа некогаш сте имале нешто? Да те сакал ќе бидел со тебе и крај, нема што да се замараш. Како не ти е јасно сеуште дека не постоиш за него и си има свој живот и девојка. Ако тоа ти е планот се надевам двајцата се доволно паметни и доволно се сакаат да не потклекнат на никакво надворешно влијание.
Идеализираш. Не влегувај во филмови, не крои планови, не се надевај на нешто за кое немаш појма како би било, да е сега. Те фатила носталгија... Сите сме имале моменти на: што ако? - ќе ти помине. Не троши време и енергија на минатото... Најди си иднина.
Зошто мислиш дека ќе раскине и дека доколку се случи тоа тебе би те барал? Си имала шанса, не си ја искористила како што треба и тоа е тоа. Треба да ценишт тоа што си го имала порано, не откако ќе ти текне тебе, па ајде ќе си играме играчки.
Јас не пишав никаде дека сакам да раскинат, пишав само за тоа што чувствувам, тоа ке си го задржам за себе и толку. И ние имавме убави моменти заедно Тоа не се забрава