Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.390
    Допаѓања:
    37.551
    Пол:
    Женски
    Зошто не можеш да го оставиш?
    На некој начин тој тебе те оставил штом те изневерува.
    Те изневерува, а ти се правиш дека не знаеш?
     
    На Herrera, tessie, A_star и 3 други им се допаѓа ова.
  2. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Сте имале и поминале, толку.
    Не се измачувај. Тој тргнал напред, треба и ти.

    Туку луѓе сакам да ве прашам за совет и мислење.
    Се работи за немање решителност кај моја другарка.
    Откако раскина со партнерот таа го промени односот кон цело друштво, родители, брат, ја нервира и обична ситница, речиси се и сешто ја нервира.
    Не паметам да ја имам вака видено, но во дел од нејзе се видов и себе и сосема ја разбирам низ што поминува.
    Уште полошо и е откако сфати дека нејзиниот бивш планира нешто со друга личност и се чувствува бедно бидејќи за време на нивната врска тој беше скроз лабав, како да му беше сеедно дали ќе бидат заедно или не што признавам дека и мене ми одеше на нерви тоа негово однесување но сепак молчев да не испаднам јас сум таа која се меша а сега за друга поместува ридишта и планинии па дури и пребрзо од нивното раскинување тој планира фамилија со друга , имал живот и триста други работи кажани од него а до некаде ја разбирам бидејќи го имам доживеано истото...
    Ја имам фатено неколку пати како му проверува профили, ги анализира сите статуси и се нервира.
    Преќина да го бара пред еден месец ама залудно, сето тоа паѓа во вода кога ја анализира и најмалата ситница поврзана со него.
    Искрено, исплашена сум за нејзе а советите од типот остави го, не те заслужува повеќе не помагаат.
    Жал ми е за нејзе, не го заслужи тоа но повеќе не знам што да и кажам.
    Пробав да разговарам со него, наместо да наидам на разбирање типов ме нападна, се однесуваше со доза на дрскост кон мене и не сакав да продолжам да разговарам со него од почит кон мојата другарка и да не кажам нешто за кое ќе се каам подоцна.

    Од една страна сака да го заборави и да оди напред од друга страна е заглавена.

    Не е дека нема додворувачи но сите се несериозни, помали од нејзе или мачомени.
    Се труди да воспостави контакт со нормален дечко кој нема да ја гледа како забава но има страв да се поврзи, а сака да направи се за да го заборави бившиот.

    Поради сите нервози нервози си направи проблеми со здравје, ослабна, се почести главоболки и несвестици, не знам.
     
  3. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.435
    Допаѓања:
    22.171
    Пол:
    Машки
    Не знам како би помогнал освен да ја залепам вистината во лице, ама колку може... ранлива е ептен.

    Инаку ја боли тоа што одма ја заменил со друга, а очекувала можеби да ја моли и слично. Егото е проблем.


    Сум имал период да бидам нервозен и се да ме нервирало и да не ми се живее, ама времето лечи се, ќе се пронајди себе си, само не и го отежнувајте патот.
     
    На Milobebence и Feminka22 им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Тоа е почетна фаза на љубовна депресија. Самата себе не може да си прости и се самоанализира, вината ја гледа во себе. Нема брзо да се стабилизира, проблемот ќе се продлабочи затоа кога не помагаат зборењето од други лица помага терапијата од психолог.
    Кај ваквите емотивни луѓе вистината е единствениот излез,проблемот е што нема да ја прифатат.
     
    На Milobebence и A_star им се допаѓа ова.
  5. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Реално гледано нема кој не и рече да не се чувствува виновно бидејќи типот навистина на крајот испадна егоист, самобендисано суштество кое си гледаше само за себе и своите најблиски а тоа што и ја сјеба психата на другарка ми и што секој ден ја гледам во солзи е тоа не можам да го заборавам.
    Не сакам да звучам себично ама типот не заслужува да биде среќен, не само поради тоа што го направи туку и поради начинот на однесување општо кон луѓето.
    Се тој бил разочаран, се тој бил жртва се нему не му било погодено.
    Мене ми е криво што другарка ми ја третираше како ѓубре а кој знае како и е нејзе.
    Со другарка ми ништо не му фалеше, дури доби повеќе отколку што заслужи дури и неговите родители се чудеа што таа го третираше реално како крал.
    Ќе посети психолог, ама празнината во себе тешко ќе ја пополни.
    Ете, ја убедувам да излеземе, сакала дома да седи да гледа тв, а знам дека ќе се затвори и ќе плаче.
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Тоа е внатрешната психа што те гуши внатре, што си се изборил за некого, што се си дал и ете тоа некој не го цени.
    Ете тоа нејзе ја боли и подобро е да се исплаче ден, два, три па сама да застане на нозе.
    Да, агресијата е застапена кога слуша зборови кои не сакала да ги прифати и тоа уште повеќе ја доуништува.
    Единствен спас е само да се затвори таа тематика и да се ориентира лицето кон други нешта.
    Но, тоа мора и самата да го посака. Болат разочарувањата многу.
    За типот не коментирам бидејќи такво г*мно ми се паднал и мене во животот, па од муабетов ми е јасно какво говедо е.
    На крајот тој е тој што губи.
     
    На Milobebence, Shmizla94 и A_star им се допаѓа ова.
  7. Blue.Sky

    Blue.Sky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2013
    Пораки:
    941
    Допаѓања:
    11.405
    Пол:
    Женски
    За почеток оваа депресија ќе трае многу долго, ако и значел во животот и ако била доста долго време нема да го заборави за кратко време. Нејзе и треба разговор за се што и се врти во глава, за секој проблем што го има, не сака да излегува не сака да оди никаде бидејќи знае дека ќе почне да плаче и паметот и е само во него. Пробај да разговараш и сите луѓе што се до нејзе пробајте да разговарате, не општо за други работи, туку конкретно за темата бидејќи само така може да се смири, ако нон стоп му проверува работи значи има прашања. Нека се исплаче и нека ја смири психата со тек на време кога ќе прифати. Тогаш почнете да искачате и да почне да размислува ан иднината. И треба време, не ја притискај, се ќе си дојде на свое место.
     
    На Shmizla94 и A_star им се допаѓа ова.
  8. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.362
    Допаѓања:
    6.861
    Пол:
    Женски
    Овој е тој што ти го сакаше, а тој тебе не?
    Зошто да не можеш да го оставиш?
    Ако ти одговара да биде и со тебе и со други тогаш не го оставај.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Strong25didi

    Strong25didi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Toa znam ali nekogas okolnostite ne ti dozvoluvat za zal
     
  10. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.362
    Допаѓања:
    6.861
    Пол:
    Женски
    Да, ама во врска сте, не во брак, не мораш од сега да живееш кај него со неговите. Можеби околностите ќе се сменат додека се решите за брак, а засега дефинитивно нема потреба да си го комплицираш животот.
     
    На tessie, Animali и WildMk им се допаѓа ова.
  11. Pretty_woman

    Pretty_woman Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2018
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Во последно време се осеќам многу лошо,одам со дечко веќе 7 месеци,во тајност сме бидејќи нашата врска не би била прифатена од страна на мојте и од стана на околината.Прво во годините сме голема разлика,второ не сме иста вера,да би ја откриле нашата врска во јавност ќе има многу осудувања,сите осудуваат и се замараат со туѓите животи.Тој е спремен на се со мене не го интересираат луѓето околу нас на тие што осудуваат,ама јас сум по чуствителна јас се заљубив во правиот човек што секој ден ми е преубав со него,а од страна да слушам грди зборови за мене да зборуваат многу ми е тешко .
    Јас се запознав со неговите,ме сакаат многу и јасно им зошто се држиме во тајност и потполно не разбираат.Но еден ден да би кажала на моите родители никогаш не би го прифатиле....Морам да изберам едно,моите родители,роднини или него
     
  12. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.136
    Пол:
    Женски
    За 7 месеци не можеш да запознаеш некој убаво и да планираш иднина до него затоа не летај во облаци и размисли убаво што понатаму. Колку години сте разлика?
     
    На Yeeah, Martka, Brinetka и 4 други им се допаѓа ова.
  13. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    7 месеци? Да беа 7 години тогаш борете се двајцата за врската.
    И да нема никаква пречка во врската за 7 месеци ништо не можеш и не треба да планираш со него. За мене би било рано.

    Ако сака тој да се жени, размисли ти дали си сигурна дека треба да брзаш, проблемот со верата остави го настрана, размисли дали вие двајца навистина за толку кратко време си ги покажавте сите добри и лоши страни и проценавте колку добро се знаете.
     
    На Yeeah, Animali, Martka и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Hilari899

    Hilari899 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,

    Би сакала да добијам мислење околу една ситуација, малце по интимна затоа би ве замолила доколку не е проблем ако имате слободно време да одвоите во ЛП.

    Ви благодарам од :l:
     
  15. Tea678

    Tea678 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2018
    Пораки:
    911
    Допаѓања:
    5.307
    Пол:
    Женски
    Пред еден месец започнав да се допишувам со еден дечко, не е од мојот град уште првата недела почна да ми зборува за брак, деца , ајде викам се шали и јас му враќав во тој стил, мене искрено ми се свиѓа, всушност тој е еден од ретките каде што не сум му нашла маана ни по изглед ни однесување (facepalm) иако повеќе ценам како некој се однесува со мене, вчера ми спомна да дојде во мојот град да се видиме, му реков дека не знам, да помине уште некое време, он пак теми за бракови и деца ми вика колку деца сакаш да имаш? Сакаш ли некаде надвор од Мк да живееме, му викам ти сериозен си? Ми вика да! Јас не се зезам и сум искрен, јас сакам деца , кога го прашав зашто раскинале со поранешната ми рече дека не сакала деца (facepalm):| ме бара уште од вчера, не знам дали да се согласам да дојде и да се видиме , ме кочи муабетов за бракови деца(facepalm) не знам што да правам , денес не му пишав цел ден.:wasntme:
     
  16. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.435
    Допаѓања:
    22.171
    Пол:
    Машки
    Во првиот дел од ова што кажуваш, зборуваш како да го познаваш којзнае колку време па немал никаква маана, а никогаш не си го видела во живо, за да потоа викаш дека не си сигурна и те "кочи"...

    На тебе останува што ќе одлучиш.. :D
     
    На Annora, baba Rada, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Само ѝ треба динамична средина со квалитетни луѓе. Работа, социјален, културен живот, сеедно.
    Ќе се среди пред да биде и самата свесна за тоа.
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  18. eminik

    eminik Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2013
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Како да го натераш дечкото да мисли позрело, да биде похрабар, да не чека се на мене, да не бидам јас увек таа што води и решава се? Преку глава ми е јас да бидам алфата...
     
    На dragoneelz му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.435
    Допаѓања:
    22.171
    Пол:
    Машки

    Не прави ништо и види како ќе дејствува тој.


    А инаку ме интересира, дали од самиот почеток е таков или ти го направи на некој начин?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Епа ако паднеш одлучи дали и да станеш.
     
    На Tea678 му/ѝ се допаѓа ова.