Зарем не е доволна мана во однесување напнувањето за брак и деца уште во прва недела што воопшто се знаете? Јас би рекла да го баталиш, колку години и да имате...
Овој мојот бивши да не е? Шала настрана, вакви муабети не се прават на почеток и цело време. Од друга страна, пак, точно ти кажал која му е намерата. На типот му се брза (од кои причини не навлегуваме, можеби се години, можеби притисок од околината) и сака што побрзо да дојде, да те запознае и да се ожени. Спремна си за брак и деца во наредниве неколку месеци до година дена? Ако не, батали го.
Јас имам 23 а тој 30 ама стварно е многу убав , мене ме чуди што се замара со мене до сега можел да најде која сака и во живо , ама во право сте ќе оставам некое време да видам како ќе се однесува фала Ви
Па очигледно не може да најде у живо, чим врбува неискусни девојчиња по интернети за брак. А сеа размосли ти малце зашто
Во право си за самодовербата , имам многу ниска самодоверба, да не речам скоро немам самодоверба , мислев во споредба со останатите машки кои ги имам запознаено он е најубав до сега, сепак во право сте дека такви муабети се многу избрзани.
Самата си призна и на крајот на денот остануваш ти на самиот себе, така да треба да се цени затоа што секој човек има позитивни и негативни страни, и да не преувеличува и става некого на прво место место себе си, затоа што секогаш заслужуваш добро. Како и да е, се надевам дека ќе и помогнеме неа, наместо да аргументираме, затоа што немав намера никого да омаловажам.
Што сум си признала? Дека немам самодоверба? Еве ќе ти одговорам имам огромна, се ставам себе си на прво место. За крајот на денот не ни размислувам. Но, добро е што имаш за други да кажеш некој факт погрешен, за тебе можеме да кажеме дека според тебе сите девојки немаат самодоверба ако се запрашале нешто. Дечко, полека со заклучоците.
Девојчето што го цитирам рече дека имала ниска самодоверба, а тоа го погодив со самото што го пиша таа. А ти ме цитираше неповикана (никому ништо). Поздрав, само сакав да и помогнам неа на некој начин. Еве и ќе дополнам дека ми е чудно што уште не се салам запознати, а тој и зборува за деца. Чудно е малку и подобро би било да се насочи кон друг и одбегнува овој.
Само те демантирав во фактот. А и се изразуваш погрешно, прво велиш јас сум признала, после велиш девојката. Типот и прави филм, за да излезе со него. Она излегла или не, типот ќе продолжи да си го тера филмот па каде упали таму.
Не се нервирај, и уште еднаш ќе ти повторам за неа зборував за самодовербата, за тебе нигде не ни пишав совет или мислење, затоа што неповикана ме цитираш, нели е и логички и да не мора да ти објаснувам по втор пат? ^^
Ова е форум, очекувај некој да те цитира ако не се согласува со тебе. Јас напротив сум одлично,така да намали ги фрустрациите.
Ги немам човеку, лоол. Се правиш дека го познаваш целиот женски род, а уствари не си во право. Демек вие машките не се запрашувате нешто некогаш. Како да ти објаснам дека девојката има самодоверба и дека самодовербата нема врска со филмот на дечкото. Или пак не мора да ти објаснам. Твој избор на сфаќање.