Ама што се изнервира толку, девојчето рече дека и има малку проблем со самодоверба само и укажав дека не треба на тој начин да го гледа. Олабави и не те цитирам повеќе.. најдобро намерно ова, ми здосадува да се повторувам после третиот пат.
Луѓе ок е! Пак ќе повторам поради некои случки јас ја имам изгубено самодовербата се повлеков скроз од светот, се исклучив од сите соц мрежи, немав ниту дечко долг период но тоа не е темата, во право беше Stark дека немам самодоверба, не треба така да размислувам знам ама ете се надевам со тек на време ќе успеам да дојдам до самодоверба, а за дечково се одлучив да оставам така на некое време да го запознаам подобро колку што можам на овој начин преку допишување, бидејќи ми се свиѓа. Фала Ви секое добро !
@buba4e89 Јас мислам дека Старк велеше за девојчето дека на крај си призна оти нема голема самодоверба, што самата го напиша во претходен пост. Инаку, се согласувам дека дел е и недостигот од самодоверба овде проблемот. Од што е несигурна во себе, потенцира како тој бил многу убав, па на еден начин, смета дека не му е рамна, као зошто ја избрал токму неа. 30 години, "лепотан", зборува за брак уште името не си го кажал, бара помлади т.е неискусни, бидејќи само такви сигурно може да импресионира, а и тоа е со краток рок на траење
Мене ми здосадува да ти објаснувам дека не сум нервозна. Стварно не знам како заклучи преку пост, дај научи ме и мене да заклучам дека се нервира некој преку мислење. Така да, искулирај малце тоа што некој те демантира не значи дека е нервозен. Поздрав
И јас знаев дека има околу 30. Барем од старт ти кажал дека му треба машина за расплодување, да не те мота, или пак да 'ненадејно' утре кога ќе имате односи, биде беља. Ако сакаш да бидеш во таа улога, со среќа.
@Tea678 Фино од негова страна што си кажал кои му се очекувањата, па ако твоите се поклопуваат со неговите, слободно продолжи комуникација па и запознавање во живо. Ако не, тогаш не гледам зошто би си губела време. Очигледното дечкото си бара девојка за сериозно, која ќе може за брзо да ја жени. Спремна си за брак ? Знам дека ти годи вниманието и ти се допаѓа, ама ако имате различни планови и желби за во иднина, нема поента понатамошно запознавање нели?
Самодовербата можеш да ја градиш со себе-докажување.. За себе да си поставиш цели, и пред никој да не ги објаснуваш.. Кога ќе постигнеш некоја од целите.. многу ќе ти значи.. Заради тоа што ќе знаеш дека сама си успеала, и само за свој ќеиф! За ничиј друг! Ситни цели.. пр: По овој предмет ќе учам за да обијам 10ка Или: Ќе се надоградам со еден курс и ново знаење... хинт: нема откажување...
морам да ве прашам за мислење, совет шта год Имам проблем со излегување од комфорт зоната, во врска сум со првиот дечко веќе 6 и пол години. Не го сакам. ама, толку сум сигурна дека ме сака и му верувам 100% и тоа ме држи до него. Во меѓувреме се појави еден дечко 8 год постар од мене со кој имаме страшна хемија никогаш во животот не сум се почувствувала така Но, како да се плашам да влезам во нова врска знаете многу ми е тешко да верувам на луѓето се плашам да не бидам повредена не знам дали сум спремна да го поминувам пак тој процес на стекнување доверба кај некој И сега шо мислите дека е правилно да останам во комфорт зона или да правам тоа што срцето ми вика Едит: многу сум нерешителна сето ова трае 1 година и уште не можам да одлучам ми треба помош anyone
Би ти рекла да го следиш срцето. Ама мораш да бидеш спремна за секој можен исход... А тоа, од тебе зависи Што и да одлучиш, се' ќе биде во ред на крајот. Имај го тоа на ум
Те плаши помислата да прекинеш нешто што ти е станато навика - 6 години. Ако мислиш дека заслужуваш да го минеш единствениот живот што го имаш, без љубов, остани во својата 'safe ' зона.
Ако не го сакаш се е јасно. Следи си го срцето. Ако сеуште имаш некакви чувства кон дечкото со кој си поминала 6 ипол години, не брзај. Тоа што во меѓувреме се појавил некој, а ти си почувствувала страшна хемија, може да е само пролазно и да е баш заради ситуацијата во која се наоѓаш во твојата врска. Мислам дека си поминала доволно време со дечкото, за да знаеш дали гледаш некаква иднина. Како и да е, не е мал временски период и сигурно ќе ти треба време пред да продолжиш понатаму и сигурно нема да ти биде лесно.
@lovestoneddd точно ме плаши таа помисла зошто јас сум навикната многу работи он да ги извршува за мене и не знам како ќе се снајдам понатаму. @WildMk фала ти само што мојот проблем е и малку подлабок и психички да не речам, мајка ми од мала ми трубеше над глава како треба да се ценам себеси да не се давам на секој и сето тоа е во ред јас и сум многу благодарна шо ме воспита така, ама до некаде. Делот шо ми викаше дека најубаво е да имам ЕДЕН маж во животот ми ја е*а психата буквално си го вмрежав тоа во глава и направи да се гледам себе како трофеј и самата помисла дека кога тогаш ќе легнам со друг ќе ми се појави фацата од мајка ми пред очи како ме навредува и нарекува курва. Пробав да зборувам со неа на темата како сум љубопитна и сакам да пробам со друг и жената 2 дена не ми правеше муабет ми рече само “ на старост ќе се испустиш кој ти ја полни главата со глупости курва ли ќе станеш цц шо сум израсила” и толку муабетот. @Peperutce1115 и јас мислев дека е пролазно ама не е. Трае цела година и можам да кажам секој ден желбата и хемијата се поголеми само што јас немам храброст и се плашам да не згрешам си отежнувам себеси Извинете на долгиот пост ама во себе го чувам 1 година не знам со кој би можела да зборувам целата ситуација ми влијае лошо
Те разбирам...одлуката останува на тебе. Ти знаеш што е најдорбо за тебе. Треба да пресечиш еднаш што и како сакаш. Другите од страна можат да те советуваат само, ама не можат да одлучуваат за тебе. Не знаат како ти е тебе, само ти си знаеш најдобро.
@thequeen95 види, сите ние сме биле повредувани од некого, сме повредувале и ние, дали свесно дали несвесно. А доверба денес е тешко да стекнеш. Уште во моментот кога се запрашуваш што да правиш со врската која трае шест години и дека сакаш друг да знаеш дека тука се ближи крајот. Не ти велам да му раскинеш, можеби моменталната монотонија ти прави да се чувствуваш така, можеби навистина ти се изгубиле чувствата кон партнерот и во меѓувреме се појавил некој друг со кој имаш хемија. Но не ти велам ниту да останеш со него знаејќи дека се чувствуваш така. Слушај го срцето, ти рекоа веќе и претходно. Сите ние грешиме некогаш, еден е животот, немој да се мачиш ако не го сакаш, води се по твоите емоции и не дозволувај родителите да ти се мешаат во изборот на партнер. Мајка како мајка, мисли дека секогаш е во право, сака да си ги заштити своите деца, но не значи дека секогаш се. Всушност, што е тоа што ти сакаш? Би сакала ли иднина со некој што не го сакаш или живот со некој со кој меѓусебно се сакате?
Не е во право мајка ти. Знаеш и сама. Ама разбирам дека нејзиниот однос кон проблематикава, ти прави еден вид 'блокада'. Ќе мораш да се избориш со тоа. И ова зависи од тебе. Ако не можеш сама, разговарај и со психолог. Не е убаво да ти се руши самодовербата поради толку банални работи, како една кожичка, која нема никаква функција.
@thequeen95 , Мораш да излезеш од стегите на мајка ти и да покажеш цврст став. Може она да се лути поради твојата одлука, но со текот на времето ќе омекне и прифати. Проблемот кај тебе е веројатно стравот од новото и непознатото. Не знаеш дали новиот дечко ќе те прифати таква каква што си, не знаеш дали со него ќе бидеш понатаму среќна и дали ги поседува квалитетите што сегашниот ги има. Знаеш само дека чувствуваш хемија, но не и колку таа може да прерасне во иднина во сериозна врска. Баш поради тој феномен "Врапче во дланка или гулаб на гранка" ти се плашиш да излезеш од својата комфорт зона. Но, верувај овака не може да трае вечно. Само го одоговлекуваш неизбежниот крај. Треба да се соочиш со проблемот, а не да бегаш од него. Биди спремна на еден искрен разговор со дечко ти и кажи му како мислиш и се чувствуваш, ќе ти олесни со тоа, а ќе ти се разрешат и некои дилеми околу тоа дали е огнот кон него тотално изгасен или само тлее. На крај, без разлика на исходот, биди храбра и решителна. Биди си самата на себе приоритет. Заслужуваш да си среќна.
@A_star уште еден проблем дечкото за кој имам чувства е различна религија од мојата ( не го потенцирав тоа зашто за мене и него не претставува никаков проблем не сме религиозни ни двајцата ) ама кога е во прашање мајка ми е друга приказна ми рече дека дома нема да ме прибери. А на прашањето шо сакам јас сакам и страна љубов и почит нормално ама ако треба да бирам дали ќе бидам со некој само јас шо го сакам или некој кој мене ме сака а јас него не ( како што е мојата ситуација ) би одбрала второто барем ќе живеам без страв дека некој ме вара зад грб така живеам последните 2 години ама мојата среќа си ја потиснувам. @WildMk не е во право знам не можам да и докажам веднаш се заканува како ќе ме истерала од куќа мислам какво однесување е тоа бог да чува @Billy Idol сосема си во право. Само што на мајка ми и е битен статусот пишто сегашниот дечко е од прилично богата фамилија и она е пресреќна леле ќерка ми си го обезбеди животот бла бла (инаку студираме медицина и двајцата и живееме заедно)
Поарно да живееш сама отколку со некој што не го сакаш. И многу е лошо сега ти на две столици седиш. Не може да го држиш овој вториот како резерва за додека се одлучиш за првиот. Дај си време за да размислиш. Ама мора да се одлучиш. Или едниот, или другиот, или никој.
Многу погрешен ти е пристапот, како да ти кажам.. Играш на сигурно тло, а такво нешто уствари не постои, поготово не во љубовта. Може утре ќе се разбудиш и ќе сфатиш дека се било фарса. Луѓето се променливи, па така и нивната љубов. Апсолутна доверба во никој, а од друга страна ниту апсолутен сомнеж во секого, не треба да имаш. Ако размислуваме за најлошите последици, тогаш сите најпаметно би било сами да останеме, ќе знаеме ќе нема кој да не повреди и ќе живееме без сомнеж во сопствената изолација. Веројатно можеш, штом 6 години си со човек кој не го сакаш, делиш секојдневие со него, делиш кревет со него, да продолжиш и понатаму исто. Можеш, ама размисли дали сакаш така да го поминеш животот. Сите ќе бидат намирени и среќни, а ти негде на средина. Околу овој дел, бар јас сметам дека љубовта не познава ни пол, а камоли па нешто наметнато, како што е религијата. Олеснителни околности се што не сте религиозни двајцата, притисок би бил неизбежен, дури и само едниот партнер да е религиозен. Од таа страна, во ред сте. Е сега што знаеме кај живееме и со какви луѓе, знаеш и самата каква борба ќе следува ако одлучите да сте заедно. Звучи лесно во теорија дека љубовта победува се, али треба многу упорност и издржливост за да го спроведеш истото во пракса. Јас лично, ако знам дека сакам некој и сум сакана, ма што год нека е пречката, ќе се борам, како што и веќе се борам, и нема да се предадам, ма цел свет нека е против. Али различни сме сите, ако сметаш дека имате сила за тоа, go for it, ако не, седи каде што си. Дај си време и размисли, не избрзувај.