Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    да знам и заради тоа се осеќам многу лошо иако со другиот сум во контакт 1 година ништо не сум направила не можам да изневерам. Си дадов време цела година еве размислувам изгледа ми треба некој да ме поддржи и да пресечам ситуацијата со мајка ми ми отежнува
    Не памтам како е да бидам сама навикната сум некој друг да бери гајле за мене како дечко ми шо прави а свесна сум треба да се осамостојам
     
  2. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    @thequeen95 Гледам дека имаш стравопочит кон твојата мајка.
    Немој да и дозволиш да влијае на твоите одлуки и твојата среќа.
    Можеби е во право, не знаеш што те чека во иднина но исто така и нема да знаеш доколку не ризикуваш.
    Ти си подготвена да одиш на сигурно тло, но што е со тоа што сакаш друг? И од каде си сигурна дека твојот партнер нема да те напушти утре?
    Или, доколку е тој на твое место, не те сака, има друга во неговиот живот, мислиш дека ќе размислува исто ко тебе?
    Дај си ти време на себе, немој да си го уништиш твојот живот само поради страв.
    Соочи се со стравот, дозволи си да бидеш среќна.
     
  3. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.362
    Допаѓања:
    6.861
    Пол:
    Женски
    @thequeen95 Јас мислам дека погрешно е да донесеш одлука врз основа на тоа со кој од тие двајца сакаш да бидеш. Сакам да кажам, ако не си среќна во врската во која си и сметаш дека нема повеќе чувства од твоја страна и дека не вреди да се бориш, тогаш секако треба да излезеш од таа врска, без разлика дали има некој друг или не.
    Не гледај што е подобар избор, бидејќи и новата врска може да не успее, ама ќе знаеш дека сепак ја донесе правилната одлука што раскина врска во која не беше емоционално исполнета.
    Само така ќе си сигурна и нема да се каеш за одлуката. Тоа е мое мислење.
     
    На Snowflake97, Hellobeautiful, thequeen95 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Alita

    Alita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 април 2019
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    1.285
    Пол:
    Женски
    @thequeen95 не се живее без љубов, барем јас не би можела да живеам така.

    Мајка ти нормално дека така ти зборува , нив им е битно ние да имаме убав живот, не размислуваат многу подалеку од тоа. Ама мајките наши се подруги генерации, ние сме сосема друго. Мене тек во последно време почнува да ми станува јасно за некои работи што ми ги зборувала мајка ми и колку не била во право.

    Според мене треба да правиш онака како што чувствуваш.

    Е сеа со овој вториов што кажуваш дека си во контакт 1 година, ако сакаш и ако мислиш дека треба да пробаш пробај, но немој во никој случај да се разочараш ако не оди. Зошто ти во главата сигурно си имаш замислено одредено ,,сценарио'' после толку долго време колку убаво би ви било, но не секогаш испаѓа така, а има многу причини зошто е така. Најбитно е без разочарувања! Од кај знаеш, може некој трет ќе се појави и со него ќе ти биде најубаво. :)

    П.С. Немам ништо против врски на луѓе од различна вера, но дека има многу препреки понатаму - тоа нема да те лажам . Тебе не ти смета,но на дечкото може и да му смета понатаму (зошто најчесто почнува фамилијата да се меша). Ако дечково е муслиман , знам како им функционира мозокот на добар дел од нив (јас не сум религиозна,но потекнувам од муслиманска фамилија) , иако има и исклучоци.

    Среќно! :)
     
    На Nausicaa, Snowflake97, Hellobeautiful и 6 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Болната реалност...
     
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    @A_star @Annora се водам по тоа better safe than sorry и бев убедена дека никогаш нема да посакам некој друг ама имав 16 години сега 23 и сосема различно мислење нели,лигично. Не си дадов можност да запознаам повеќе луѓе да видам карактери па да проценам шо ми одговара шо не од 16 години во сериозна врска цело време со дечко без другарки и другари, не знам како ќе се прилагодам на толкава промена во животот и фала ви за советите :hug:
    @Alita Мајка ми е тип шо вика шо ќе рече народот неа не и е битно јас како се чувствувам мисли дека секој друг кој не е дечко ми сака да ме излаже и искористи а фала богу јас не сум глупа можам да проценам кој шо сака од мене
    Ако одлучам да пробам со него знам дека ќе има отпор и не знам дали сум спремна низ сето тоа да поминувам а од друга страна па ако кренам раце ќе ми биде мака
     
  7. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    @thequeen95 таквите ко тебе најчесто завршуваат мажени за тој со кој се долго за да имаат потпора и сигурност, а после триста чуда се дешаваат.
    Не сфаќај ме погрешно, секој си бира сам како ќе живее ама ова твоево според мене не е океј. Сами се раѓаме и сами умираме, не ни треба никој. Греота е да го мафташ дечко ти само за да не си сама, а греота е да го мафташ и тој другиот за кога ќе му се скараш на дечко ти пак да не си сама.
    Осамостали се, терај сама низ животот. Остави мајка ти што зборува, неа еден ден ќе ја нема, а ти ќе треба да живееш понатаму.
    Мораш ова прво да го средиш, да си самостална, а после другото.
     
    На Alita, SexiLy, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  8. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Па нели и тоа ни треба во една врска? Силен маж покрај кој ќе се чувствуваме заштитени и сигурни тоа фактички е и улогата на мажот во врската
    Не зборувам финансиски тука секогаш ќе бидам самостојна
    Да греота е знам ама шо да правам ни ваму ни таму сум гледам да дојде погоден момент ама изгледа нема таков
     
  9. Robson

    Robson Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2019
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Машки
    Поентата на животот е да бидеш среќен заради самиот себе. Истото важи и за во една врска и брак, што очигледно ти не си го разбрала, ниту пак осознала до сега.
    Никој не сака манипулатори и искористувачи, како што ти сметаш да играш во врските со едниот и другиот. Ќе дојде момент во животот кога и двајцата ќе ти јс удрат клоцата у гз и тек тогаш можеби ќе се свестиш кај си го згреши животот.
     
    На Milobebence, СуперДевојка, Alisa22 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Да, ќе се образоваш ќе се вработиш ќе земаш убава плата ќе бидеш задоволен и? Сама ли? Треба да ја поделиш среќата со некој па да основаш фамилија и се со ред
    Јас не сум манипулатор ни преварант само се обидувам да дознаам шо сакам да се пронајдам себеси е тоа шо сум неодлучна и немам храброст е друга работа тоа и ми е главниот проблем затоа и пишав тука на форумот и токму заради стравот да не згрешам во животот ми треба толку време за да пресечам
     
  11. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    Искрено мислам дека си малце себична.Не размислуваш како ќе му биде на твојот дечко да му зададеш таков удар туку повеќе се плашиш дали тој наредниот ќе те чува како овој или ќе направиш лош дил.И уште нешто веќе ако раскинеш можеш да почекаш барем одреден период па да почнеш нешто со друг.И по мое мислење јас мислам дека ќе згрешиш.Не оправдувам врска со од друга религија, поготово ако е Албанец.Мое мислење, се најдобро и поздрав!
     
    На Iva9612 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    57.632
    Пол:
    Женски
    Вака, некои се гледаат со партнер до крајот на животот (што не мора да значи дека се зависни од него), а други супер си функционираат сами. Кој како си сака така ќе си живее, нема тука некакво правило.
    @thequeen95 нормално е во текот на долга врска да почувствуваш хемија кон некој друг (што најмногу мислам дека настанува заради разбивање монотонија - ништо страшно, сите врски поминуваат низ монотонија, само не треба тоа да биде перманентно), но не брзај, може да е пролазно па на крај да останеш без никој.

    Ако веќе е поминато долго време и почнуваш да мислиш дека не го сакаш дечко ти, тогаш значи дека стварно не го сакаш и е време да продолжиш понатаму. Еден е животот и не треба да се помине со некој ради реда, само да не бидеме сами или за да не излезиме од комфорна зона. Знам колку е тешко да се излезе од комфорна зона, но понекогаш едноставно мораш.

    Седни и размисли - дали го сакаш дечко ти, дали кога ќе си ја замислиш иднината за 5, 10 години сакаш го гледаш него со тебе или не? Ако е да, тогаш супер. Ако е не, не е фер ни кон него ни кон тебе да останеш со него.
     
    На Peperutce1115 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Robson

    Robson Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2019
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Машки
    Кога ќе знаеш да си одговориш сама на себе искрено на прашањата: Што ќе те направи среќна и задоволна и Чив живот живееш.......тогаш ќе знаеш што е најдобра одлука :)
     
    На Milobebence и Peperutce1115 им се допаѓа ова.
  14. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    9.401
    Пол:
    Женски
    За болдираното. Вакво мислење имаш бидејќи уште од мала си во врска, не си научена да бидеш сама, а со тоа не си научила сама да се радуваш на животот, сама себе да се правиш среќна, зависна си од некој да има покрај тебе постојано. Ама пред се во животот треба да се научиш како сам.

    Во врска со проблемот што го имаш најдобро е да го оставиш дечко ти бидејќи греота е да си го губи времето со девојка што не го сака, за другиот дечко можеш да пробаш со него ама да не очекуваш премногу, бидејќи може и да не успее па да не се разочараш.
     
    На Milobebence, Alisa22, Animali и 3 други им се допаѓа ова.
  15. aurora057

    aurora057 Нов член

    Се зачлени на:
    17 мај 2019
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите, се најавив на форумот да споделам еден мој проблем... Живеам со мојот дечко 3 години а во врска сме 5 години предобро ни оди го сакам многу и тој ме сака, нема подобар човек од него.. Проблемот е во една личност од моето минато со којашто немав ништо повеќе освен пријателство. Дечкото го сакав многу беше моја прва (неуспешна) љубов а бевме најдобри другари (и моментално сме во контакт). Пред некога година ми призна дека и тој ме сакал но не се случи ништо бидејќи јас веќе бев во врска и не сакав да имам ништо со него... Сите овие 5 години ретко помислував на него на тој начин бидејќи ми е преубаво со дечко ми. Последниот пат кога си дојде од странство како да разгоре нешто во мене... Ништо не се случи ама веќе две недели не можам да си го извадам од глава дури и сонувам секакви соништа со него... Како нешто да останало недовршено..
     
  16. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Главниот проблем е дека ако го оставиш дечкото и на крај останеш без вториот, ќе бидеш сама. Си поминала толку време со некој, си споделувала и радост и тага, си искусила многу работи со него и сега сето тоа да го фрлиш во вода така наеднаш не можеш. Што е многу разбирливо. На почетокот ете било убаво, имало љубов и слога, разбирање, ама со текот на времето работите се измениле. Сега чувствуваш голем притисок затоа што не го сакаш, ама ти се допаѓа што те третира убаво, те почитува, ти ги исполнува желбите. Го имаш тоа на располагање и не сакаш пак да го поминуваш истото од почеток.
    Е ама некои работи не одат така во животот. Прво треба да имаш спокој и мир во душата, па после да размислуваш за оформување семејство. Ако нема љубов, нема мир, нема спокој, нема среќа.
    Стравот што го имаш да не згрешиш во животот е нормален, сите имаме таков страв, aма не можат другите да одлучувaат за тебе. Затоа размисли сама, а ако згрешиш нека биде лекција. Life goes on.
     
    Последна измена: 17 мај 2019
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.435
    Допаѓања:
    22.171
    Пол:
    Машки
    @thequeen95 себична си и тоа многу. Размисли стави се во чевлите или патиките или влечките на твојот дечко што сакаш да му се скараш и што сама кажуваш дека ти "оди по газот" дали е убаво некој тебе тоа да ти го прави. Да седиш на две столици... не е фер, раскини му.
     
    На DushkoFH, cresa-jagoda, Alisa22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    @Peperutce1115 @Snowflake97
    ќе останам сама да немам другарки зошто на сегашниот дечко му смета да излегувам сама без него може и тоа да допринесе за да дојде до ова
    Не знам како сама ќе бидам како изгубена и ќе ја слушам мајка ми како ми труби над глава
    @Stark не фер ни малку свесна сум ме плаши неговата реакција неколку пати му имам спомнато и предложено барем да направиме пауза од месец,два чисто да видам како ќе ми иде без него и не сака да чуе
    И јас никогаш не мислев дека ќе бидам во ваква ситуација Али јебига, живот
    Треба да бидеме и себични изгледа тоа е тоа
     
    Последна измена: 17 мај 2019
  19. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    Прво научи се да останеш сама и да уживаш во твоето друштво па после се друго.
     
    На Alita, SexiLy, Snowflake97 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.435
    Допаѓања:
    22.171
    Пол:
    Машки
    Па сигурно му значиш затоа така.

    Ќе го боли ама тоа е, биди силна и раскини му, ќе му биди "подобро утре".