Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Еднаш мора да порасниш. Јас верувам и знам дека тебе ти е кристално јасно што треба да направиш и како да постапиш. Само се плашиш. Не те осудувам, ама респектирај ги и чувствата на другите околу тебе.
    Дај си време, биди сама некој период ако треба. Другарки за шетање и излегување ќе најдиш. Тек ти се 23, животот е пред тебе. И не се плаши, што и да е ќе помине.
     
  2. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    57.629
    Пол:
    Женски
    Ова болдираново воопшто не ми се допаѓа. Зошто си дозволила така да те контролира? Тој нема никакво право да ти забранува да имаш живот надвор од врската. Подобро да си сама отколку со ваква личност. Остави ја мајка ти што вели, не е никаков грев да имаш повеќе од една врска во животот.
    Мислам дека е редно да ставиш крај на врската, типот те контролира и си дозволила да ги изгубиш другарките заради него.

    Почни од ново. Прво треба да сфатиш дека среќата не смееш да ја допушташ да ти зависи од други луѓе.
     
    На lovestoneddd, Iva9612, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  3. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    @Peperutce1115 да знам шо треба да направам само ете се влечкам сепак не ми е лесно иако не го сакам како дечко како личност многу ми значи бубрег би му дала шо се вика и се плашам од промени сето тоа ми е во глава од мајка ми
    @Amellie13 не дека ми забранува ама пред да излезам треба да го прашам па ќе ми каже колку да се задржам и ќе ми се јави едно 10тина пати дури сум излегла
     
  4. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.136
    Пол:
    Женски
    Да го прашаш?? Сериозно??? И да ти каже до колку да се задржиш??? Што му е на него проблемот. Не дозволувај така ,како може он да ти кажува дали смееш да искочиш па и до колку ..
     
    На joy1, SexiLy, lovestoneddd и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    57.629
    Пол:
    Женски
    Па и тоа не е ништо подобро од забранување. Нема што да бараш од него дозвола кога, каде, со кого и колку време ќе излезиш. Ти треба да си своја личност и да имаш свој живот надвор од врската, а него ако му пречи тоа слободно нека си оди.

    Уште веднаш да ставиш крај на врската, мисли на својата среќа, не што ќе речи тој или мајка ти. Туку ти како сакаш да живееш. Како за почеток ако имаш можност оствари контакт со другарките кои поради еден манипулатор си ги напуштила и побарај прошка.
     
    На 1209 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  6. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.435
    Допаѓања:
    22.171
    Пол:
    Машки
    Направете го сеа и всушност дека тој е виновен... а не земате во обзир дека се дечко и девојка подолго време, а со тоа и поголема зближеност меѓу нив...
     
    На Iva9612 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    57.629
    Пол:
    Женски
    Па и виновен е. Со кое право тој ќе и наредува колку и со кого ќе излегува? Ако се во врска долго време не се врзани буквално еден за друг па да не смеат да излегуваат одделно со друштво и да имаат свој живот надвор од врската.
    Ова е класична токсична врска и дечкото е манипулатор.
     
    На 1209, lovestoneddd, Hellobeautiful и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.119
    Допаѓања:
    163.768
    Пол:
    Женски
    Ај полека со напади и етикети како „себична“, читајте повнимателно и имајте обѕир. Членката очигледно баш и не е на убаво место психички, за ниедна девојка не е лесно вакво воспитување, да ѝ се полни постојано главата со агресивни конзервативни небулози од страна на мајка си. На доста мала возраст нашла прибежиште со дечково и се навикнала на него сè до сега, страв ѝ е и од самотија, а и од промена.

    @thequeen95, од ова сè што го напиша, баш и не ми се допаѓа дечкото од тоа што пополека го откриваш во последниве постови. Очигледно има некоја посесивна жичка поради која ти се оладиле чувствата кон него, а не е само време и досада во прашање. Да, виновен е и нема право да те спречува да излегуваш со другарки.
    Те разбирам дека ти е тешко, додека е лесно да се каже некому да излезе од комфорна зона - не е баш толку и да се оствари тоа. Ама, ќе мора похрабро да застанеш за себеси и да пресечеш.
    Не е фер ниту за двајцата да остануваш во врска без љубов од твоја страна, таква врска нема да ти ја донесе среќата за која велиш и во ред е да сонуваш за во иднина, туку ќе ти биде уште полошо отколку да си сама.

    Не сфатив баш со другава личност во каква релација сте воопшто досега... Во врска со потеклото, штом вие не сте религиозни - нема да има проблем освен со мајка ти (и евентуално неговото семејство), но ако испадне другото во ред и да биде обострана хемијата, вреди да се борите.
    Во меѓувреме, или дури и да не испадне ништо со него - биди силна и сфати дека самотијата барем на некое време не е ништо страшно, иако така ти изгледа бидејќи досега си во (една долга) врска уште од најрани години кога се почнува со сериозни романтични врски. Најди начин да се оддалечиш и што помалку да ти влијае мајка ти, и секако, заборави на таа лудост дека сè повеќе од една врска во животот те прави помалку вредна.

    Со среќа :hug:
     
    На 1209, lovestoneddd, Kate Rina 93 и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.435
    Допаѓања:
    22.171
    Пол:
    Машки
    Ама исто така кажа дека би дала бубрег за него и дека и оди на кефот што значи не мислам и дека е толку лош типот, само лошо избрани зборови од нејзина страна. Сеедно, не аргументирам овде повеќе.
     
  10. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Не, работата е што таа ја сака таа особина, тој да е појака страна, да ја ,,заштитува", испрашува каде оди, кога и со кого. Гледа заштитник во него а не сфаќа дека е контролирана и не треба така.
    Да мислеше дека не е во ред тоа ќе раскинеше досега ама очигледно не е негативност за неа.

    Конкретно за случајот, се плаши дека тоа што го има со овој ќе го нема со друг, страв и е да остане сама. Навикната е да има некој до неа, макар било и само навика.
    Каков и да е дечкото, не заслужува да е во врска со некоја која не го сака и тој треба да е свесен за истото.
    И стварно не ми е јасно како може некој да ти рече дека не те сака и сака да раскинете а ти да плачеш и да молиш да остане? :^)
    Несфатливо..
     
    На SexiLy, Hellobeautiful и buba4e89 им се допаѓа ова.
  11. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.136
    Пол:
    Женски
    Па да не не е виновен? Да го прашува дали може да искочи?? Да и каже до колку може да искочи?? Па секако дека после вакви притисоци ќе се случува ова
     
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.435
    Допаѓања:
    22.171
    Пол:
    Машки
    Па и јас и реков да го остави затоа што не е фер и не прочитав нигде дека таа му рекла не го сака и сакала да раскинат, туку дека таа се мисли и се плаши да го остави затоа што можеби и стварно е добар и нема да најде таков. :)
     
  13. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.435
    Допаѓања:
    22.171
    Пол:
    Машки
    Не бе, само вие жените можете да создавате хемиии, а сепак е во врска или едноставно да го "влечка" во ваква еднострана љубов и на крајот тој е крив.
     
    На DushkoFH му/ѝ се допаѓа ова.
  14. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
     
  15. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.136
    Пол:
    Женски
    Не реков дека ја оправдувам што го прави тоа дефинитивно не е во ред. Само сакав да кажам и тоа што го прави дечко и не е во ред.
     
    На Annora и IM.TMKQ им се допаѓа ова.
  16. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.435
    Допаѓања:
    22.171
    Пол:
    Машки
    Аааа не знаев дека паузата е само првиот чекор до раскинувањето. Абе бидете искрени и кажете си како стојат работите, а не вака. :D
     
  17. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.435
    Допаѓања:
    22.171
    Пол:
    Машки
    Никој не е перфектен, еден со друг само се надополнуваат, али како и да е таа едно нешто треба да пресечи за доброто негово и нејзино, да не се измачуваат.
     
    На Alisa22 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    @Someonespecial страв ми е од промена мајка ми ми стави во глава дека секој шо ќе ми пиши ќе се потруди околу мене сака во кревет да ме однесе, јас свесна сум дека повеќето се со таква намера ама не сум смотана до толку
    Е сега дечко ми се грижи за мене повеќе од татко ми во смисла, дали сум јадена,пиена,спиена ајде ми вика сега седни да учиш, и кога излегуваме некогаш двајцата некогаш со неговото машко друштво они гледаат фудбал јас во телефон зјапам цела вечер ама битно до него сум и тој е мирен. Можеби и тој однос ми смета како татко-ќерка а не дечко-девојка и љубопитноста за нешто ново си го прави своето.
    И сето би било полесно и верувам би го оставила ако дечкото со кој сум во контакт 1 година е иста религија а тоа ги отежнува работите
    И живееме заедно тој гледа дека не сум иста како порано оладени ни се односите
    Има пасворд од мој инстсграм постојано е вклучен од кај мене мада небитно не ми смета тоа
    @Stark колку шо е едниот крив толку е и другиот
     
    На Stark му/ѝ се допаѓа ова.
  19. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Па ако ти е се супер не бараш пауза. :smirk:
     
    На SexiLy, cresa-jagoda, Peperutce1115 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.435
    Допаѓања:
    22.171
    Пол:
    Машки
    Ама типот изгледа не мисли така. :D