Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.362
    Допаѓања:
    6.861
    Пол:
    Женски
    Па и како да не си оладена кога си дозволила толку голема контрола да има врз тебе? Излегуваш со негово друштво за тој да е задоволен дека си до него, а небитно што ти цела вечер зјапаш во телефон? И тебе тоа ти е ок?
    Нормално е да си загушена. Години се во прашање, буквално најубавите години. Не е страшно да си во врска од 16 години, страшно е ако немаш слобода во истата, немаш другарки и светот ти се врти околу него. Не е ни чудо што толку се плашиш да го оставиш. Само сериозно не знам како може да ти биде океј да бидеш вака контролирана. Како тоа не ти смета што е постојано вклучен од твој инстаграм? Имаш воопшто некаква приватност или и во тоалет те прати, да не случајно избегаш низ прозорец?

    Исто така, многу погрешно е тоа што мислиш дека треба да направиш избор меѓу нив двајца. Ако тебе врската не ти функционира, не си среќна и исполнета, и најбитно немаш чувства спрема него, зошто ти треба друг за да раскинеш? Да, знам дека не е лесно да си сама, ама е многу подобро отколку да си со погрешната личност. Млада си, животот е пред тебе, дефинитивно ќе запознаеш некој кој искрено ќе го сакаш и ќе ти биде возвратено.

    Да, двата сте виновни. Тој бидејќи не е така добар како што го опиша претходно, а ти бидејќи тврдиш дека немаш чувства а упорно остануваш во врска за која немаш за цел да се бориш, туку планираш да го поминеш животот потчинета, без љубов, само поради стравот да не останеш сама.
     
    На Ivan4e04, cresa-jagoda, Peperutce1115 и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.426
    Пол:
    Женски
  3. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    23
     
  4. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.426
    Пол:
    Женски
  5. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Студирам медицина 5та година сум дечкото е 6та
    @Annora не дека ми треба друг ама не знам како и што сама немам лице да ги барам поранешните другарки а тој другиот така се појави од ведро небо и некако ми е погоден
     
  6. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.426
    Пол:
    Женски
    @thequeen95 Не си мала, ете студираш, имаш занимација и активност.

    Мајка ти, сеедно што вели, некој мора во семејството и зелени да тресе.

    Но, ти си во токсична врска бе девојче.
    Каква љубов, не се занесувај.
    Тоа не е љубов.

    Мора да го прашам прво, па на тајмер да ми мери колку ќе сум надвор, па фудбал нека гледа, ама мирен да е, ќе квачам и јас до него.

    За некоја година, ќе почнеш да заработуваш, ќе го прашуваш дали ќе смееш нешто од твојата плата да си купиш или да идеш некаде.

    И не ти треба дечко од страна да ти ги отвара очите, сама отвори си ги и освести се.

    Млада, здрава, права, аман, превземи си го твојот живот во твоја контрола.

    Ако те загрижува што дечко ти ти е воедно колега и ќе ти прави проблеми доколку би раскинале, и за тоа има решение.

    Само мрдај од таа точка.
     
    На SexiLy, thequeen95, Ivan4e04 и 12 други им се допаѓа ова.
  7. 96kiko96

    96kiko96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2018
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    531
    Пол:
    Машки
    Отвори се земњо и голтни ме...
    Не си ми јасна некако, зошто го мачиш дечкото толку долги години кога не го сакаш ?
    И дали си свесна кој психички удар ќе му го дадеш ако после 6 ипол години ќе го оставиш а толку те сака ?
    Не се врти светот само околу тебе, има и други луѓе, си требала одамна да прекратиш ако не го сакаш а не толку време да чекаш, немам што повеќе да кажам, без зборови сум оставен...
     
    На DushkoFH, Stark и Yeeah им се допаѓа ова.
  8. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Па не беше исто пред да одлучам да бидам во врска со него фала богу ако од самиот старт не го сакав немаше да си трошам 6 години од мојот живот, последната една година е вака имам се кажано погоре ако не те мрзи читај после кажи си мислење. Ама те разбирам машко си и се ставаш во негова ситуација
     
  9. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Да и тоа е една од причините шо сум уште со него па и дека делиме стан тоа преселби косата ми се крева
     
    На Peperutce1115 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.426
    Пол:
    Женски
    @thequeen95 Се може да се реши. Станови и цимерки денес се наоѓаат полесно.

    Ако на факс те вознемирува, ќе го пријавиш и ќе решиш.

    Мислам дека доста си даваш изговори и одлучи еднаш, дали ќе живееш среќно и исполнето, или во рамка, ради реда.
     
    На Nausicaa, thequeen95 и Alisa22 им се допаѓа ова.
  11. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.362
    Допаѓања:
    6.861
    Пол:
    Женски
    А баш ме интересира зошто го игнорираш делот каде што кажува колку многу ја контролира и и забранува работи?

    Се сложувам дека треба да раскини кога веќе нема чувства и му го губи времето и него, ама да не го правиме светец кутриот.
     
    На Nausicaa, WildMk и Amellie13 им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Девојки - во овој круг се криви и двајцата подеднакво.
     
    На Snowflake97 и Yeeah им се допаѓа ова.
  13. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    2.822
    Да така е и прво девојката си го испофали дечкото па почна да го грди и дури сега кажува дека живееле заедно,циркузи.Јас мислам дека дечкото е добар човек само она сака да ја пренасочи топката кон него за она да испадне жртвата. (facepalm)
     
    На Alita, Snowflake97 и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.468
    Допаѓања:
    41.081
    Пол:
    Машки
    А што има врска кој е кривиот, кој правиот овде?
    Битно е дека девојката рече дека не го сака повеќе, нема емоции кон него, а не знае како да прекине. Дајте и малце кураж и малце сила да го превземе клучниот чекор и да си ја бара среќата после со муслиманот или со кој и да сака наместо да ги обвинувате оти било овака, оти така.
     
    На Blue.Sky, thequeen95, Animali и 5 други им се допаѓа ова.
  15. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Па да добар човек е тоа повеќе пати го спомнав кажав дека се грижи за мене повеќе отколку јас самата што се грижам и сето тоа шо го прави не го прави со лоша намера и не сакам да испаднам жртва далеку од тоа
    И никаде не го направив светец само кажав дека му верувам и прави многу работи наместо мене
     
    Последна измена: 18 мај 2019
  16. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Тебе буквално може да те чува како милениче дома да се грижи за тебе како до сега,а очигледно тебе и ти одговара да си така опуштена од 16 години,едноставно немаш проблеми и да имаш тој ти ги решава.Јас сум на твои години и не сум имала долга сериозна врска,знаеш зошто?Познавам девојки како тебе од мали со сериозни врски и сега на овие години се плашат да се сами,зависни се од нив како потчинети,не знаат да искажат свое мислење бидејќи цело ова време некој друг мислел за нив,тешко се снаоѓаат во големи друштва оти до сега биле само таа и тој во една мала собичка со кревет,немаат право за избор бидрјќи тој некој си господин го испланира нејзиниот живот и таа мора да се води по неговите правила и принципи...можам да ти зборувам до утре за разликите меѓу мене и девојка во сериозна врска од мали нозе и знаеш што?И повторно да се родам нема да бидам во врска од тие години,ќе одам по истиот пат како што сум сега бидејќи самата се справив со многу проблеми и пречки и сега самата си се восхитувам колку сум храбра и зрела личност.Во право си дека ми треба некој во животот и јас сакам нормално ама не по секоја цена,дури не се запознаеш самата себеси дури не научиш сама да си среќна,да блескаш од самодоверба,да не ја слушаш мајка ти за се во животот ...не ти треба никој покрај себе.Јас на твое место веднаш би му раскинала на дечкото за кој не верувам дека е толку наивен како што го опиша ,а исто не си ни ти и би останала сама некој период,надокнади колку што можеш,пријатели мораш да имаш,пробај објасни и на мајка ти ,а за другиот дечко не брзај веднаш кај него прво размисли гледај како ќе се одвиваат работите на крајот секако ќе бидеш среќна,млада си ...
     
    На RoseRain, cresa-jagoda, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Ех сега па и вие сите ја напаѓате зошто од 16 години била во сериозна врска и да не било така немало да се соочува со сегашните проблеми. Шта би било кад би било. Сериозни ли сте?

    Пробајте да се ставите во ситуацијата на девојката. Се почнало убаво, љубов, разбирање, слога. Задоволна била од нејзиниот живот се до пред една година. Тогаш почнала да созрева и сфатила дека не и е доволно тоа што го има за да ја исполнува и да ја прави среќна. Девојчето се наоѓа во лоша ситуација психички, а најмалку што треба е да ја осудувате зошто одлучила да биде во сериозна врска со некој на 16 години.

    За делот дека дечкото ја контролира и и забранува работи во врската, воопшто не го оправдувам. Тоа треба да биде уште една причина плус за да и се разјаснат загатките кои си ги создава во главата.

    Не и треба осудување и треба поддршка, а врз основа на тоа што го пишува гледаме дека не ја добива ниту од страна на најблиските. Не ја напаѓајте.
     
    На Blue.Sky, Annora, WildMk и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.435
    Допаѓања:
    22.171
    Пол:
    Машки

    A ti go preskokna delot kade vika taa deka e dobar i udovoluva se?
     
  19. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Ако ми удоволува не значи дека треба да го контролира секој мој чекор.
    До кога со партнерите ќе се однесувате како да е ваша сопственост?
    Да ми кажува дечко дали смеам да излезам, колку време да бидам излезена, да биде нон стоп вклучен од мои профили на социјални мрежи и ред други работи.
    Тоа веќе не е врска туку релација господар и роб.
     
    На SexiLy, Annora, WildMk и 11 други им се допаѓа ова.
  20. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.506
    Пол:
    Женски
    Тоа не е доволно.
    Не значи дека само ако си добар ќе успее врската. Многу фактори играат улога. А контрола не смее да постои.
    Тоа дали е добар или не не е ни пресудно во случајов, бидејќи овде фали љубов.

    Најбитното е што тие сега созреваат и сфаќаат што навистина сакаат. Тоа е неизвесното во сериозните врски кои почнуваат рано, не се знае во кој правец двајцата ќе пораснат и што ќе сакаат во иднина.
    Најјасно во случајов дека љубовта избледела, а тоа е доволен знак да се прекине врската и да се продолжи по својот пат.
     
    На Annora, thequeen95, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.