Колку само погрешно те научиле... ама не си ти крива. Општеството е виновно и таа што те израснала по таков шаблон. Не е чување тоа девојче, тоа е опсесивна контрола и посесивност завиткана демек во грижење и чување. Повеќето се такви, така раснат, по тие убедувања, дека женското треба да биде чувано, мислиш малоумни сме па не можеме сами да водиме сметка за себе, а машкото за возврат треба да биде третиран како бог, да не смееш да преречеш ништо, да му ги препуштиш конците, и да бидеме благодарни што имаме еден таков витез штитник, до нас, а уствари е посесивен лунатик. Се јавија на темава исто од машкиве кои не ме изненадија со одговорите, што значи и они се исти такви плукнати, за какви што и ги мислев.
Јас сум 100% сигурна дека ако дечкото биде на место на девојчево и да постои некоја друга во неговиот живот нема да чека пет минути да ја остави. Всушност нема ни да размислува за неговата девојка како ќе се чувствува доколку ја остави.
Најмногу се виновни мајката и дечкото на девојкава што ја научиле дека сега ако остане сама е никој и ништо, нема да се снајдува во животот, беспомошна ако нема маж покрај себе, дека мора да зависи од некој да ја штити итн итн.. па ништо чудно што девојката се плаши да остане без него. Ај не зезајте добар бил и удоволувал, кога тој ја контролира и не ја остава да диши без него. Се грижел за неа, тоа не е грижа туку посесивност. Па дозволи за излегување, па лозинки од социјални мрежи.. Како може ова да ви е океј? Може се сакале на почеток да, но се гледа дека ни тие не се исти ни врската не им е иста повеќе. Таа не го сака и се плаши да остане сама, тој си тера ќеиф со неа и и прави што сака.. Не е во ред воопшто. Девојката е доволно вредна и без него, само таа тоа не може да го види заради во тој шаблон во кој ја ставиле.
А зошто се трудите да барате виновници? Бевте прашани за совет и мислење, а не за барање на главниот кривец. Доволно е возрасна за сама да сфати што е правилно, а што не. И дај немојте да зборите за самодоверба и храброст, ве молам. Толкав временски период поминале заедно, нормално е да се плаши од новото и непознатото. И човек со најголема самодоверба може да доживее момент на слабост, да се чувствува исплашено и збунето. Тоа е нормална човечка реакција. Кога станува збор за друг, а не за нас многу лесно е да етикетираме и да одлучуваме што и како треба да се направи. Кажете го вашето мислење, помогнете и да ги сложи коцките во глава, ама не одлучувајте вие за неа.
Е да бе. Се некој друг е крив... Не треба да се бара кривицата во другите туку во самиот себе. Она била таа што дозволила зборовите на мајка и да и влијаат врз животот и одлуките што ги носи. Она допуштила дечко и да ја контролира, она му дала пасворд од инстаграм, она одлучувала да оди со него и неговите другари наместо со своите. Треба да се има храброст да се признае дека само ние и никој друг е одговорен за нашиот живот. Можеби нејзе и се допаѓал тој начин на контрола, она во тоа гледала сигурност. И нема потреба сега да и збориме што е исправно, а што не. Она е таа која носи одлуки и си го крои самата животот. Доволно е возрасна и полека гледа дека таа посесивна контрола ја гуши. Сега и треба подршка.
Ја има подршката да ја преќине таа фарса наречена врска. Секоја друга нејзина одлука може да доведе до уништување на нејзиниот живот во иднина. Да, и нејзина е одлуката но еден ден може да се кае за тоа како постапила сега, од страв. Ти изгледа не знаеш какво е чувството кога некој од страна, посебно мајка да ти труби нон стоп, да ти се меша во одлуките, плус да ти се заканува дека ќе те избрка од дома. Боли кога немаш подршка од родител, јас тоа најубаво го знам.
Двајцата се подеднакво виновни. Ако бараме кривица - тогаш е во родителот што ете има стари сфаќања, меѓутоа знаеме дека и нашите се такви луѓе и тоа не можеме да го смениме. Прво таа почнала пред 1 година да се гледа со вториот што значи дека за тоа време тие веќе ја поминале почетната фаза на запознавање, гледање и се веќе во некоја втора фаза. И дали вториот знае за првиот - не прочитав. Таа можела за тоа време, да ја прекине врската со првиот. Прекинување на врска е предизвик за самиот себе, бидејќи ја знаеш помислата дека се мора од почеток. Почеток од нула. Е таа не се плаши од тоа, туку се плаши што дозволила да биде сама оставена, таа сака да биде сигурна дека истото ќе биде како првиот дечко, но го заборава фактот дека мора да почне од нула. Мора да најде другарки, живот и слично. А тоа е предизвик за некој што долго време живеел во една комфорна зона. Треба да се надоградува себе си. Прво мора да почне да не ги сфаќа буквално зборовите на мајка ти. Прво ми изгледа дека женава нема да биде задоволна од керќа и никогаш, за неа секогаш ќе биде нејзиното мало девојче, тешко ќе прифати дека си пораснала. Затоа и ти вели дека ќе бидеш никој и ништо, затоа што ја разочаруваш неа и нејзините планови за тебе, не се разочаруваш себе си. Мора да си дадеш предизвик за себе си, мораш да бидеш похрабра, не е се во дечко и брак. Меѓутоа, се е навика. Твојата грешка е што си требала да прекратиш на време кога си видела дека првиот си зема поголем замав во твојот живот. Дечкото е посебна приказна. Можеби е добар и те сака, меѓутоа тој те контролира. На почетокот ти била интересна таа грижливост, посветување на внимание исто како твојот татко те чувал како кралица, меѓутоа со текот на времето си се чувствувала како птица во кафез. Никој ама баш никој освен самата ти не може да ти кажува и одредува со кого, како и кога да излегуваш и со кого. Тоа е контрола и претерано. Зошто? Бидејќи ти ќе имаш залак за нови работи а тој секогаш ќе те спречува, нема да имаш соништа покрај таков човек, ни цели, ни амбиции. Заклучок: Апстинирај од дечковци, посвети се на себе си, искуси нови нешта. Среќно!
Девојко, види вака, а ти фино јасно да си седнеш со дечко ти дома или на некое помирно место да си се разјасните се и да си кажете што имате на душа и ти и он, посебно за тебе какви ти се плановите со него и што планираш во иднина да правиш со него, (сепак не се малце 6 години во врска да си со некого и од еднаш тек така да си фатиш друг и да избегаш) бидејќи ем не ти се допаѓа повеќе, ем си во врска само бидејќи тој те сака тебе, ем имаш хемија со некој си друг. Фати си го редот размисли си убаво и твое е шо ќе одбереш, а шо ќе отфрлиш. Поздрав!
Nz vie kako gi sfakjate vrskite osobeno onie podlogite kako ovaa, ama ako toj taa nema pravo da me.prasa kaj sum so sum, rogas sigurno komsivkata nema pogolemo pravo. Prestanete da se odnesuvate kako da e partner so beneficii.
Izvini vaka ama taa kazha dwka e dobar itn,jas ne go kazav, a i ti ne bi trebalo da odis kontra na nejzinite zborovi i mene samo da izlezis vo pravo. Moeto si go kazav, eka go napusti coekot, kke boli i da ne si igra na dve stolici i so necii cuvstva.
А бе ајде, значи според тебе постојат само врски без никакви обврски (т.н. пријателства со бенефиции), и врски со толку контрола што девојката го прашува партнеров пред да излезе со другарки без него + тој цело време е уклучен на нејзиниот инстаграм... ништо разумно измеѓу? Ги прочита ли воопшто внимателно постовите на девојката, или само си трескаш вака од ракав да одбраниш *обесправено* машко во уште една ситуација тука?
Он си прави планови како ќе идеме заедно на специјализација на исто место се однесува како да сме во брак зборува во множина А мојата мајка и тој се многу блиски кога се караме за нешто тој мајка ми ја бара и и кажува се И замислете да и речам на мајка ми “мамо јас не го сакам веќе него се гледам со Албанец” па мислам ќе ме откажи преку весник А јас имам широк поглед кон светот не ми смета ако некој е различна религија битно ми е да се согласуваме И еве не мора јас да влегувам во друга сериозна врска одма пошто нели ми треба малку време да си посветам на себе па ќе видиме како ќе се одвива, можеби некој друг ќе се појави. Проблемот е тоа што јас сум многу нерешителна премногу ги анализирам работите и се прашувам шо ако, тапкам во место. Многу сум сменета последнава година ми влијае на испити,колоквиуми спиење и се
Ne, ama da ne ja tapsate po ramo zatoa sto ne e toj vinoven taa so ra,viva hemija so drug i saka da sedi na dve stolici.
Ne be, toj e kriv so taa vo megjuvreme si nasla drug i se dvoumi dali seushte da my glumi na ovoj ili...
не треси. Се ставаш на негово место и ти паѓа грдо ти се повредува машкоста Проблемот е друг ако се е во ред во врската и ако го сакам никогаш нема да помислам на некој друг. Па секогаш ќе те привлекуваат други луѓе ама дали ќе превземеме нешто околу тоа или дали само ќе ни биде убав за око зависи од нас и тогашниот партнер Јас цела година ништо не сум направила оти не сум идиот
@DushkoFH имаме правено муабет неколку пати ама тој е многу сигурен дека нема да раскинеме дури и плаче Вика дека ќе заврши тој кога ќе сака
Го читав проблемот дента кога беше пишан, нешто памтам нешто не, ама според ова сега што го напиша, ќе ти кажам вака: Остави тој што сака, не се тера врска така. Ти веќе не го сакаш него, не може врска да постои каде што само едниот има чувства и каде што едниот сака да постои таа врска. Нема тука простор веќе за никакви компромиси. Кажи му дека е крај, ако не прифаќа негов проблем. Со тек на време ќе прифати. Ама не дозволувај да манипулира со тебе и да те премислува да му се вратиш иако знаеш дека е тоа пропадната инвестиција. Блокирање секаде, игнор, заборави дека постоел во твојот живот и само напред. Секако ќе најдеш подобар од некој кој вели, пази, дека ќе завршело тој кога ќе сакал.