Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Antonij

    Antonij Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    45
    Допаѓања:
    28
    LOL Постов е... закон. Браво!

    Една од ретките девојки кои сфатиле како функционираат машките.
    Е сега, се случува машките понекогаш да се до толку слободни па се плеткаат со други девојки но еднаш кажав а ќе кажам повторно: Кога машко љуби, љуби!!! И никогаш нема да му падне на памет да се плетка со други. А како ќе знаете дека ве сака искрено? Ќе знаете ;)
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    LOL Постов е... закон. Браво!

    :bow:
     
  3. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Врати му со иста мера.. Не вреди ти да го молиш и да му се понижуваш а тој да си ужива, кај е виновен и па и силен.. Ако сака да разговара со тебе како човек почекај да ти се јави, ти веќе не го барај :devil: Уфф многу се нервирам на вакви ...
     
  4. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    ми се јави да правиме муабет, и ми зборуваше за некои предходни случки што сме се карале па се му било поврзано па овака па онака, се испокаравме и се разделивме.. и еве го пак ме бара (додека да стигнам до дома) и пак се најдовме и разговаравме и на крај демек ако толку многу сум го сакала , да не сум правела врската да потоне, да сум го сакала како што тој ме сака и да сум размислела за мојот карактер и ,,остар,, пристап кон другите (демек кон неговите другари,а нема врска со сите сум нај нај пријателски освен со 1 или 2) :lol: што е многу нормално, а ги има 15.. така да се зависело од мене а тоа што не се јавил бил нервозен и ми раскажа со кој бил и каде седеле и што правеле.. незнам ќе ви пишам по 3 4 дена. фала ви за советите :*
     
  5. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Добро, барем ти кажал што му пречело кај тебе, но требало тоа да го направи многу порано.. Размисли си убаво и одлучи што ќе правиш, ако го сакаш не дозволувај да раскинете.. :* :* :*
     
  6. srcushka

    srcushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    7
    леле ист проблем како мојот.и мене дечко ми истото ми го праи ја морам да му казам кај сум со кого а ја него коа ке го прашам морам да го молам да казе,он шо сака си праи а ја не.не иде тоа така скоро три години сме во врска и сеа као сакал да не се глеаме толку многу сум го загушувала.малце со другари сакал да биде.сакал да види дали кје му фалам или не,а ми вика те сакам премногу нема да те оставам.казете како да не се нервирам,имам мн слаб карактер мн плачам,се нервирам се напнувам а нема некоја голема причина :( сакам да бидам силна и храбра но немозам...сто да правам да го остаам ли сам?
     
  7. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Штом сака така, остави го сам. Така и ти ќе сфатиш дали и тој ти недостига.
    И да му го кажеш ова. Еееј супер, речи му, таман и јас ќе си раскрстам со чувствата и ќе поминам повеќе време со другарките, демек потребно ти е тоа ;)
    Да видеш како ќе се замисли дали да те остави или не, кога ќе те види самоуверена и црвста на својата одлука ;)
     
  8. srcushka

    srcushka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    7
    хехе дај бозе да се замисли :D само тешко ми е што немам самодоверба,што плачам за глупи караници и немам срце да казам крај.еехх машки немоземе без нив немоземе ни со нив :D :D
     
  9. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Девојки кажете ми што мислите. Имав нешто што го чував во мене, да речам една тајна, но постојано ме мачеше ми беше тешко на душава. Почнавме да разговараме на таа тема со вереникот, се чувствував како да бев присилена да го кажам тоа, зборовите не ми излегуваа од уста но немав друг избор. Работата е во тоа што не кажав целосно точно како што беше. Ми рече заколни се во мене и во богородица дека е така. Немав друг избор нека ми прости Господ но се заколнав. Сега некако ме гризе совеста, не знам дали ќе можам мирно да заспијам :( Што мислите, сте биле во ваква ситуација? Ве молам за совет
     
  10. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Не си требало воопшто да почнуваш да кажуваш, ако си немала намера да ја кажеш вистината. Вака само уште полошо си направила. Не е секој способен да чува голема тајна, товар на душата му е, постојано ќе те измачува и ќе си мислиш како ќе беше ако му кажев. Имам милион работи што не сум му ги кажала на дечко ми, и нема ни да му ги кажам, поарно да ги закопам со мене, отколку да го повредам. Сепак секоја личност е различна, ете ти не си издржала. Треба прво сама со себе да расчистиш, што добиваш а што губиш ако му ја кажеш вистината. Кој е ризикот, се исплати ли???
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Да но мене ми беше огромен товар, тој настојуваше ми велеше те гледам во очи и знам дека треба да ми кажеш, има нешто што те мачи, што не ти дава мир. И навистина во право беше, немав друг избор, блазе си ти што можеш така :) нешто да закопаш во себе и да го заборавиш. Уште повеќе ја влошив ситуацијата :@
     
  12. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    652
    Пол:
    Женски
    Мила, ајде вака. Ако доволно се сакате, мислам дека ништо не е толку големо да ве раздвои. Можеби ќе му треба време тоа да го свари, ама па луѓе сме секој греши. Ако решиш да му кажеш, гледај го право во очи додека му зборуваш, нека види во нив каење и молба за прошка, верувам дека би требало да успее. Ти држам среќа да ти олесни :*
     
  13. starinnights

    starinnights Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    ете сум и јас на форумов :)

    ме интересираше, дали некогаш вашето расположение зависи од некоја личност (нормално од спротивниот пол) за која никогаш не би помислиле дека можеби некогаш нешто ќе ви значи ... поконкретно се работи за дете, велам дете затоа што е неполни 4 години помало од мене (тоа би му дошло некаде 8 одд hah)
    не сум сигурна дали ми значи нешто, но знам дека сум нерасположена доколку не контактираме
     
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Савана па толку ли било тешко да му ја кажеш вистината ? Или веќе касно е за тој чекор?

    Кога веќе вака си постапила , имаш две решенија , или да оставиш како што е и да се помириш или да ја кажеш вистината и да се сносиш со последиците што не знам колку би биле лоши во твојот случај.

    Јас би одела со вистината и ти препорачувам и тебе ,не можам ни да замислам каков е твојот проблем, но се обидувам да те разберам и да се ставам на твое место.

    Се најдобро. :*


    А старнајтс можеби ти е само интересен и позитивен па добро влијае на тебе кога си нерасположена. Не мора да значи нешто посебно ... Сега како ти си го гледаш не знам ... ;)
     
  15. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е веќе касно за вистината, требаше уште со време, а сега после толку време тој самиот сфати и осети на некој начин дека има нешто во мене што го чувам, што не сум му го кажала. Јас мислам дека не треба да кажам до крај, нека остане вака како што е, па ќе видиме. Ќе разговарам и ќе му речам да не ме прашува повеќе за тоа. Но што ако во иднина дознае? Се е можно... Ме мачи што се колнев, но морав немав друг избор. Зборевме на тел пред малку, не беше воопшто расположен, не се однесуваше како друг пат, кога разговаравме рековме дека ќе заборавиме на разговорот,но не е така :(
     
  16. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    савана најискрено ти кажувам дека вистината е најдобро решение ... искрено извинување и ако е вистинската љубовта мора да сфати. Доколку дознае од после и од некој друг искрено многу потешко е. Барем јас се познавам колку мразам некој да лаже а не па и да се заколне во нешто и блиско и Свето.

    Колку и да е тешко мислам дека мораш да собереш сила. Зашто вака на секој разговор ке си мислиш да не дознал. Да не му кажал некој и слично.

    Ова е мое мислење секако не мора да значи дека е единствено прифатливо решение.
    Така јас би постапила.

    И така би сакала да постапат со мене доколку бев на место на твојот вереник.
    :)
     
  17. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Савана, колку што се сеќавам, имаш пишувано и порано за некои твои љубовни проблеми, па си имам оформено некое мое мислење за вашата врска. :)
    Поправи ме ако грешам : Дечко ти те сака, многу е нежен со тебе и ти ги исполнува скоро сите твои желби. Едноставно, те третира како принцеза. Но, понекогаш знае да биде љубоморен и посесивен, т.е. бара премногу од тебе и понекогаш се чувствуваш како да те гуши со неговата љубов.
    Е сега, да те прашам: Дали тоа што си го криела се случило пред да бидеш со него или откако си со него?
    Ако мојата анализа е точна :) , ако тоа што си го криела е пред да бидеш со него, ти советувам да ја кажеш целата вистина. Но, направи го тоа внимателно, следи ги неговите реакции и не заборавај постојано да нагласуваш дека се работи за нешто што се случило пред да бидеш со него. Тој ќе прифати се, но, очекувај на почеток да се мурти, да му пречи тоа и да го спомнува во секоја караница. За кратко време, ќе заборави и ќе му помине :) Меѓутоа, доколку е за нешто што се случило додека си со него :( , искрено, се плашам дека тоа ќе ти го спомнува цел живот. Иако не си му ја кажала целата вистина, тој постојано ќе те потпрашува за тоа, па ти на крај ќе му кажеш се, а тогаш ќе биде уште полошо :( Не знам како ќе заврши оваа работа, но искрено се надевам дека се работи за нешто што се случило пред да бидеш со него. Што и да е, стискам палци се да заврши убаво :)
     
    На soledad и 2468 им се допаѓа ова.
  18. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Савана кога веќе си го направила тој чекор требало да одеш до крај.Колку понекогаш да е болна и тешка вистината треба да се соочиме со неа.Знаеш има луѓе кои може да ја кријат вистината цел живот и тоа воопшто да не ги копка,но има луѓе кои неможе да го носат тој товар.Ти си од овие вторите,зошто мислеш дека еден ден нема да посакаш да ја решиш ситуацијата.Те сваќам колку ти е течко и се тоа.....но мислам дека за да ти биде полесно треба да ја расјасниш ситуацијата.Така барем ќе ти биде мирна совеста и ќе знаеш на што си.Јас барем така би постапила во ситуацијава.Ти посакувам што поскоро да ја решиш ситуацијата и секако во твоја полза.Позз!
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Савана, ако толку те мачело тоа подобро е што си го кажала. Сега ќе ти биде тешко ден-два и ќе се заборави... многу подобро отколку цело време да те гризе совеста и да не ти дава мира. Ти го кажувам ова од искуство. Не беше некоја сериозна работа, ама јас знаев дека сум згрешила и додека не признав неможев да си ја смирам душичката. Колку тој беше подобар со мене, толку јас повеќе се чувствував виновна. На крај кога му признав, многу ми олесна. Добро и не се налути којзнае колку.
    Е сега, ако е некоја работа од минатото, што него не го засега, и сакаш да си ја премолчиш, тогаш премолчи ја за да не излезе на крај некој повреден.
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Точно си проценила :) Навистина е така. Ова се случи пред да бидам со него, тој сака се да знае, вели ти утре што се вика ќе ми бидеш жена и сакам се да знам, не сакам ништо од мене да криеш, ќе ти простам се. Но јас многу добро го познавам, тој се си зема за себе, за други поситни работи потпрашува а не за сега што ова е нешто сосема друго и поголемо. Не би можела да му го кажам ова, многу глупаво и безвредно се чувствувам. Тој е предобар и не сакам да го повредувам.. се надевам дека ќе остане на ова и ќе го спречам понатаму да ме испрашува за тоа. Тешко ми е, а и нему му е знам, дај боже утре да се среди се кога ќе се видиме.