Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.686
    Ништо лошо не ти кажав Бубаче. Јас фрустрации не лечам на форумов. Не ти реков да ти се врати, туку да премолчиш некои работи. Тоа се вика емпатија. Поздрав и имај мирен ден.
     
    На Brinetka, Animali, Alisa22 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.115
    Пол:
    Женски
    Супер, првично мислев дека се гледаш и со двајцата. Ти благодарам што ми одговори.
    Сепак пак ќе кажам мора да расчистиш со мајка ти, па со себе тек дечкото.
     
  3. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    @WildMk една година до дипломирање
    @buba4e89 па и за тоа што сум само во контакт не сум баш горда на себе ама ете. И да знам за тоа кога би ја имала нејзината поддршка сега ќе беше многу поинаку
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Што мислиш дека ќе се случи ако раскинеш со дечкото?
    Како би регирале твоите?
     
  5. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    Татко ми нема да се замара а мајка ми ќе ти ја цитирам “којзнае кој ти го полни мозокот кој те лаже кој ти ветува а сака само да си игра со тебе и да те фрли,сега ќе останеш сама никој нема да те сака ќе се испустиш алал да ти е, нема пари веќе за одмор, за ова за она снајдувсј се” и така нема да ми прави муабет едно 10тина дена ќе ме гледа под око
    Ептен е незгодна за муабет има таква некоја моќ страшно ме нервира
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Чим татко ти е 'помек', него кажи му дека ќе раскинеш, затоа што/ и наброј што се' ти смета.
    Фати го како сојузник со време.
     
    На SexiLy, cresa-jagoda, thequeen95 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    9.401
    Пол:
    Женски
    Е добро де од едното уво влегло, од другото излегло. Плус тоа се само зборови и празни закани мајка како мајка. Мене мајка ми на секое ме брка од дома (на збор) и никако да ме избрка, секогаш нема пари за ова, за она и пак дава, и кога ќе се налути не ми прави муабет ама ич не се замарам и пак прва почнува да ми зборува.
     
    На Billy Idol, thequeen95 и buba4e89 им се допаѓа ова.
  8. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    21.477
    Пол:
    Женски
    Раскини си со време со дечкото, не е убаво ни за тебе а ни за него да сте сеуште заедно.
    Твоите родители колку и да бидат лути нема да те остават на цедило, биди сигурна во тоа.

    А за ова со Албанецот. Најискрен совет од мене да се тргниш настрана. Биди си едно време сама, да средиш мисли и да олабавиш малце, 6години во врска не се воопшто малце. Ти треба простор. Ама јас не би ти препорачала да си отвораш проблеми почнувајќи врска со Албанец. Причини - познати.
     
    На oblace1, Yeeah, SexiLy и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.362
    Допаѓања:
    6.860
    Пол:
    Женски
    Сериозно? :x:x:x

    Не е проблемот на колку години и започнала врската, проблемот е што дозволила така да биде контролирана. И јас сум во долга врска од мала, па тоа не ме спречило да се дружам, да запознавам нови луѓе, да бидам независна и да имам свое јас. Е сега разбираш кои глупости ги кажа погоре? Храбра и зрела личност бидејќи си немала дечко до сега :rofl:? Хахаха страшно.

    Мислам дека веќе многу добро ти објаснија тоа што не ти беше јасно.
    Не знам кога ќе сфатите дека комплексите со несигурност и немање самодоверба не треба да ги лечите преку контролирање на девојките.
     
    На SexiLy, Ivan4e04, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Да сериозно .
     
  11. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.362
    Допаѓања:
    6.860
    Пол:
    Женски
    Жалосно :D

    Не е проблем, можеш да си се тешиш на тој начин. Она што е глупаво е генерализацијата. Као сите што имаат дечко од помали се контролирани, зависни од него, немаат друштво и го поминале животот затворени во соба :rofl:

    Да ти појаснам, до човекот е. Дали на 16 или на 26, ако му дозволиш да те контролира, ќе те контролира. Ако не, можеш да си имаш сосема нормална и здрава врска и порано и покасно.
     
    На boo3, Billy Idol, S.W.A.G и 3 други им се допаѓа ова.
  12. DushkoFH

    DushkoFH Активен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2017
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    57
    Пол:
    Машки
    Ќе плаче нормално, како би ти било сега ти да бидеш на негово место, не би ти било криво?
    А ова што вика дека ќе заврши тој кога ќе сака, малку не е во право само тој да одлучува во врската што ќе биде како ќе биде.

    Јас мислам дека сепак треба да се смилуваш и понатаму да си останете заедно во секој случај, да видите каде ви лежи проблемот и да си го решите на мирен начин без расправање, ова не е сепак некој проблем кој нема шанси да се реши. Така да пробајте, ова е моето мислење.

    Па знаеш ли какви трауми и нервози ќе доживеете после раскинувањето?(посебно он штом плаче сега за ситуацијата)
    Немој девојче не се упропастувај да фаќаш друг, да ризикуваш, ќе се каеш, седи си вака, помирна ќе си бидеш.
     
  13. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    немам план да влегувам одма во врска
    Спрема него само чувствувам привлечност така не ми било 5 години со сегашниов па и немаме некој интимен живот
    А и за тоа не е затуцан колку што го знам
     
    На Peperutce1115 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    57.624
    Пол:
    Женски
    И што сега само за да не плаче тој таа да остане во токсична врска со некој кој не го ни сака повеќе?

    "Не се упропастувај да фаќаш друг" (facepalm) на кој начин ќе се упропасти ај објасни? Никој не ја советуваше одма да влезе во врска со Албанецот или некој друг, туку дека и треба време сама да види што навистина сака во животот.

    @thequeen95 мораш да собереш храброст и да почниш со промена од некаде, бидејќи оваа врска не води никаде, не ти дозволува да имаш свои амбиции и да се развиваш како личност. Ако можеш некако почни и со работа некаде, колку толку ќе се осамостоиш и нема толку да зависиш од твоите за финансии. Тоа е добар чекор напред за посамостоен живот.
     
    На Someonespecial и WildMk им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Колку пати се имам 'упропастено' :o
     
    На Someonespecial, thequeen95 и Amellie13 им се допаѓа ова.
  16. Iva9612

    Iva9612 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2019
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    жалосно е ова што се расправаш како некој тебе да те навредил,не се тешам не ми е ни тешко не ми треба утеха ама тоа е мое мислење дека е друго да си сам низ овие години,а друго е да имаш некој до тебе цело време никогаш не си осамен.Затоа јас ќе ти кажам знам како е и да си сама и да се чуствуаш очајно на неко период за разлика од тие што се во врска цело време имаат на кого да му се јават,така е тоа нема што да се коментира повеќе.А за тоа дека сите се зависни од дечкото и дека се онтролирани јас никаде не спомнав дека генерализирам туку му кажав на членката со постот.Не знам зошто толку ти боде в очи ојот пост тоа е само мое мислење дали ти пречело или не ми е грижа искрено само ќе ти кажам едно без нервози,дај боже да си среќна со дечкото за секогаш :l:
     
  17. thequeen95

    thequeen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2016
    Пораки:
    1.232
    Допаѓања:
    4.867
    Пол:
    Женски
    На машкиве некако не ви е погоден муабетов сите исто мислење имате братски. Го ценам твоето мислење и мене ми е страв да не се каам и тоа ме кочи.
    Само знам дека не можам да бидам со еден маж во животот кога тогаш ќе пресечам подобро сега отколку да си расипувам кога ќе имам фамилија
     
    На SexiLy, Brinetka, Nausicaa и 4 други им се допаѓа ова.
  18. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.435
    Допаѓања:
    22.169
    Пол:
    Машки
    Не, не ги земате во обзир работите како на пример дека најпрвин го пофали дека е добар и удоволува се. Јас сметам дека типот кога ја гледа својата девојка среќна со нештата што ги прави и тој е среќен. :)

    Е сега кога други работи се фативте за нив и занемаривте се друго затоа што тој... е машко. :D


    Меѓу друготот со инстаграмот итн немам што да кријам и да ми побара би дал, али и таа ќе треба. :D



    Сметам дека 6 години не се малку.... али најдобро е да го остави момчето, а не да си игра со него и му троши време, кога таа не чувствува ништо кон него.
     
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.468
    Допаѓања:
    41.078
    Пол:
    Машки
    @thequeen95 , Јас не го делам нивното мислење и уште од старт те подржав да раскрстиш со него. Сега наведе и уште еден проблем за кој претпоставував дека го има, а тоа е немање интима, или имање многу ретко.
    Другар мој беше во иста ситуација како тебе. 8 години врска. Имаше чувства кон една колешка. Збореше искрено со мене и јас го советував тогаш како останативе машки. Да и даде уште една шанса на девојка му, да не фрла во вода 8 години итн итн. Погрешив, многу. Посебно што го осудив дека одма после прекинот продолжи со колешката. Подоцна ми призна детално се низ каква психичка агонија поминувал последната година од нивната врска. Меѓу нив веќе одамна било готово, немало љубов, немало интима, само една проста навика на гледање, а нивната врска од љубовна, повеќе личеше на другарска. За жал, ретко се гледавме таа година па не можев тоа да го приметам тогаш, вешто ги криеа проблемите во друштвото.
    Битно сега е со колешката што му се свиѓаше. Среќен е, посреќен од било кога.
     
    На cresa-jagoda, Brinetka, Ivan4e04 и 9 други им се допаѓа ова.
  20. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Уште за истово се дискутира??
    Дајте нов проблем, овој нема решение.