Нема решение? Ако ти е досадно најди си друга занимација не дреми на форумов Не пишувам од мерак тука. Секој со проблемите
Го парафразираш мојот проблем Токму заради тоа пишувам тука и барам различни мислења и совети и сум благодарна на сите членови ако не друго барем ми олесна и знам во кој правец да терам
Но, ти си таа која треба да донесе одлука. Дефинитвно си на погрешна стаза и колку што читав многумина мислат така. Ама не е работата да мислиме ние туку да излезеш од таа зона во која си, да застанеш на свои нозе и да тераш низ животот прво сама, а понатаму и да најдеш соодветен партнер. Мораш да научиш да се снаоѓаш сама и среќата да не ти зависи од никој и да си задоволна сама со себе.
Воопшто не се расправам, туку дебатирам, бидејќи форумот за тоа служи. Ти реплицирам бидејќи тврдењата дека девојките кои се во долги врски од помали се зависни, немаат свој збор, немаат избор, немаат друштво и незнам уште што друго, ми беа банални. Затоа јас земајќи се себеси за пример, ти тврдам дека воопшто не си во право. Во ред е така да мислиш со оглед на тоа што си немала долга врска. Не си придавај на значење, не значи дека ми е грижа за твоето мислење ако реплицирам. Тука сме за да размениме искуства и мислења и да научиме нешто ново. Тој што не сака, не ни мора да прифати туѓо мислење. Фала ти, се надевам и ти ќе си најдеш некој со кој ќе бидеш среќна И што дека го пофали? Тоа не го побива фактот колку многу ја контролира и загушува. Или треба да го игнорираме тој податок бидејќи вие мажите не поднесувате критика? Ниту сакам да ми даде пасворд од инстаграм или од фејсбук, ниту некогаш јас ќе му дадам. Проблем ти е несигурноста и желбата за контрола. Ако имаш доверба во партнерот не гледам која е потребата да му нарушуваш приватност.
Точно, потполно се сложувам со одговорот и така е, не можеме ние да и’ ја донесеме нејзината одлука во врска со случкава. Си побара наше мислење и дадовме наше мислење, но сепак според мене од тука не треба многу многу да слуша или да прифаќа секакви совети што да прави, како да прави, посебно од луѓе кои ја тераат да си го ризикува животот, впрочем ја читав според текстовите кои ги пишуваше тука и мислам дека е паметно и умно девојче и се надевам дека ќе си донесе мудра одлука, па како ќе си зацрта понатаму (таа си знае) така и нека си направи, што да кажам друго освен да и посакам среќа понатаму..
Мажите на форумот уште изненадуваат со поучни факти. Последно што разбравме е на пр. Ако ти купил чоколада, нозете треба да му ги измиеш Така тоа функционирало, ако удоволувал автоматски бил "добар" и автоматски сосема океј било да те држи во подрум
Не бе сонце, во твојот свет е тоа 'упропастување', во реалноста се вика: Живот. Воопшто не се сите исти. Има такви кои ти е мерак да ги слушаш... Додуша ретки се, ама ги има.
ги прочитав скоро сите постови , ако може еден конструктивен совет од некој кој поминал низ нешто слично - мораш да си ја оладиш главата и да разбереш дека твојот живот е твој, мораш да излезеш од таа врска доколку те гуши , без другарки си останала и се чуствуваш несигурно , но верувај ми само еден чекор напред да направиш ќе се чувствуваш подобро. Родители како родители ќе негодуваат , ама ако се обидеш да објасниш дека оноа што го правиш е најдобро за тебе би требало да те разберат .... поентата ми е дека се наоѓаш во пасивна и посесивна врска која те труе , љубовта полека гасне , нема интима , незнам зашто сеуште размислуваш што да направиш и тргни го сето оноа што се случува со другиот дечко , нека не ти биде тоа репер за твоите постапки , размисли што ќе те направи ТЕБЕ среќна и што ќе те исполни , па потоа рашири ги крилјата сама , ќе видиш дека се ќе добие поинаква боја, па вистинскиот човек и вистинската љубов ќе си дојдат кога им е време
Господ не може да ве разбере “некои” од вас женските и тоа е факт, искрено ве замислувам дека живеете во некој си нов свет далеку далеку од овој..
Не бе, еве ти пример како му глуми и размислува што да прави дали со "новата хемија" да проба или да си продолжи со истата маска.
Точно... Со партнери кои немаат предрасуди. И што има лошо во тоа? Нема право да менува одлуки, желби, преференции? Се менуваат луѓето... И барем размислува... за разлика од повеќето.
Епа добро де, и реков најдобро е за двајцата да ја прекини врскава затоа што не е убо да го користи затоа што неам чувства кон него. Ми делува ептен себично (и детски). Од друга страна ме изиритира на крајот испадна тој најголемиот виновник....
Па нели прочита дека неколку пати пробала да раскине и овој се разгличил и не и дозволил. Уште и рекол ќе раскинеме ја кога ќе сакам. И ја тужикал кај мајка и дека сака да го остави.