Тврдам сеуште дека девојките кое се од помали во врски се плашат да се сами навикнати се со некој до нив,а тие што де сами се посилни поздрав
Јас знам само едно а тоа е дека девојките се уште незнаат како да му раскинат на дечкото, се плашат и незнаат како да ја започнат таа тема и така врската си тече и понатака од пусто срамење, стравување и дрндрн.
пошто немало причина за раскинувањето јави му се да се видите да искочите и ако прифати што не верувам, разговарај со него како другари прво лабаво и види муабет што како и ако ти се свиѓа фати се пак ако сака дај боже, во секој случај совет од мене ако сакаш некој дај си шанса иди некое време гриѕни се за јазик па после тоа ако видиш дека не те сака тогаш раскинувај а не одма чекај полека да видиш дали има нешто или не. не избрзувај ако некој сакаш полека. детски се понашаш многу ем сакаш ем немаш храброст. значи ако сакам некој сакам ако не терам понатаму. малку достоинство и карактер биди.
Како тоа немало причина? Бев последна опција, излегувавме и се слушавме само кога он сака и може и најчесто тие излегувања завршуваа кај него дома. Искрено, мислам дека само за задоволување физички потреби ни стана гледањето а на почетокот јасно му дадов до знаење дека јас НЕ се нафаќам за такво нешто. Не планирав да продолжам кога увидов дека се случува се она што не сакав. Вчера бевме кај него, друштво. Беше поладен од обично што мене ме повреди малце бидејќи последниот пат кога се видовме си рековме дека нема да дозволи сето ова да наштети на нашиот другарски однос кои трае годиништа. И јас бев смирена се до вчера кога очигледно он повеќе ни како другарка не сака да ме гледа.
дали го сметаш за ружен дечкото? зошто си другарка со бивш? и на кој начин му кажа дека не си за секс него за озбилно?
@Hellobeautiful Не си должна да даваш сметка тука. Доволен беше првиот пост да се сфати ситуацијата и да се даде соодветно мислење.
Зашто ружен? Никогаш не би рекла така за него. Јас и он сме другари од детство, од 5-6 години и затоа често се плашев да не дојде некогаш до ова па да треба контакт да прекинеме. Он уште на почетокот на гледањето ми кажа дека не сака класична врска, туку нешто "лабаво". Јас тој поим не го сфатив и уште на почетокот му кажав дека сум загрижена дека може нема да испадне како што треба па односите ќе ни се влошат. Но он се однесуваше како да сме во врска, и сите кои знаеа за нас мислеа дека сме. Изгледавме на класичен пар. Откако имавме односи почна да го менува односот и да е се помалце достапен. И тогаш прекинав.
Знам. Но веќе кога почнав, искрено ова искажување може и да ми е последно во врска со него. Плус, може некоја друга девојка ќе се пронајде некогаш во ова па ќе и биде од корист.
заборави на тоа другари другарки, гледај во овој момент како е, си прифатила затоа што ти се свиѓал не биднало и тоа е тоа нема жалење сега било поминало, не можете да знаете како ке биде ако не пробате, сте пробале не биднало и тоа е тоа. сте знаеле за последниците и двајцата сте криви, можеш и ова да му го кажеш и пак да пробате, и пак ке потенцирам што и да е како и да е, секогаш имај карактер став и достоинство.
Се извинувам што се убацувам ама ваљда ги речуна за помали малолетни а поголеми полнолетни. Во однос на горе наведеното делумно е точно, бидејки девојките што имаат момче од рана возраст ретко продолжуваат со учење работа и ретко остануваат со истиот партнер, што незначи дека и тие во подоцнежната возраст се со обрзование работа и со еден партнер. релативна работа е тоа. Кој како се осеќа за себе, колку возрасни има што се понашаат бетер од деца и обратно. Сепак се во своја возраст и се во нормалните граници на нештата.
Интересно е тоа што тврдиш, а си немала долга врска за да знаеш, ама ако тоа ти претставува утеха тогаш океј е. Немам намера да дебатирам со тебе и да се докажувам, бидејќи мислењето ти е многу смешно. Браво за тебе што си толку силна и храбра благодарение на тоа што немаш дечко
@Annora јас и ти оти со дечковци од мали нозе не се школуваме, не излегуваме и не донесуваме одлуки во нашиот живот. Пошо нели има кој да одлучува за нас? Ние нема зашо да се замараме.. Инаку како ти се трите деца? Еве моето 5то е на пат. Арно си фативме со ред да си раѓаме.. шо ќе ни е тоа школо и кариера?
Не го дочитав до крај зошто премногу е за мене. Вината е повеќе во тебе бидејќи сама си дозволила да те третира така. Изиграваш слуга и тој си се навикнал на тоа. Ќутиш и трпиш малтретирање. Кај ти е самопочитта, кај ти е гордоста? Не знам дали си трол или не ама еве совет, земај парталите и бегај. Сакај се себе си, биди сигурна во себе. Во денешно време кога жените ги уживаат своите права, срамота е да се газите себе си за еден маж.
А што чекаш да за да го напуштиш? Да ја завршиш годината прво оти ќе нема кај да седиш или? Извини ама мене ми стои дека си го дала газот под кирија, седиш во негов стан и трпиш оти така ти одговара и тебе. Не знам по ова што го пиша, што правиш уште таму оти се гледа дека си свесна ова што ти го прават не е во ред? И како можеш да имаш чуства и да сакаш да бидеш со некиј што се понаша со тебе како стока. Со извинение на стоката бидејќи ни на нив не им се понаша вака никој.