Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Савана ако мислиш дека не треба да му кажеш , ако мислиш дека ќе можеш таа тајна да ја чуваш во себе чувај ја . Нели викаш дека тоа се случило пред да бидеш со него ? Се гледа дека се сакате многу и ако мислиш дека лошо ќе е ако му кажеш тогаш не му кажувај , мада јас мислам дека би те разбрал . Утре ќе биде подобро , ќе видиш . :)
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  2. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Девојки многу ви благодарам на советите, навистина немам со кого да го споделам ова , немам со кого да разговарам. Ми олесна малку. Утре е нов ден, не знам како ќе издржам додека си дојде од работа :@ И ова заборавив да го споменам, додека разговаравме некој ме бараше на телефон со скриен број, ова не е прв пат да ме бара некој со скриен бр.кога сум со него. Кога сум сама никогаш никој не ме побарал, чудно нели,а кога сме заедно неколку пати се има случено. Се јави тој и јас се јавив но од таму молчеа. Ова малку ја зголеми расправијата
     
  3. starinnights

    starinnights Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    3
    сметам дека треба да му кажеш
    како и да е, сега сте вереници, што е многу посериозно од каква и да е врска, сигурно ќе покаже разбирање
    само треба да го избереш вистинскиот момент, барем ќе успееш да се ослободиш од гриживе
    сметај на нашата подршка ;)
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Савана не му дозволувај да ти врши притисок да мора се да му кажуваш, па сите имаме работи кои сакаме да ги зачуваме за самите себе, неможе со лутење да те присилува да му кажуваш работи од твоето минато кои се случиле кога вие двајца не сте биле заедно.
    Не знам во случајов за каква тајна се работи но вака би те советувала, ако мислиш дека со тоа што би му ја кажала цела вистина би го изгубила не му кажувај тогаш, нека остане како сега, само на тоа што едвај си му го кажала, и заборави на тоа, сконцентрирај се на сегашноста нека не те оптоварува тоа што си го сокрила, запомни дека никој нема право да бара такви работи од тебе, сигурно и ти не го знаеш секој дел од неговиот живот кога не сте биле заедно. А ако тајната не е толку сериозна да би ја загрозила вашата врска тогаш седи го и со убаво кажи му, извини му се и кажи му дека ти било тешко одеднаш да му кажеш дека ти требало време да се подсобереш и да му кажеш, и дека несакаш да го изгубиш заради некоја глупава тајна од минатото ;)
    Ти посакувам среќно да се среди се, па пиши што си нправила.
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Па и од тоа се плашам, ако ја кажам целата вистина се плашам дека ќе го изгубам засекогаш, а и двајцата многу се сакаме не сакам да ја упропастам врската. Тоа многу ќе го повреди затоа сакам да се обидам да поверува во ова што го кажав, ако потпрашува ќе морам да излажам уште нешто. :( Ќе се потрудам да не ја отвораме повеќе таа тема, да продолжиме со животот и со сегашноста...
     
  6. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.779
    Допаѓања:
    18.353
    Пол:
    Женски
    Савана,вака според мене јас сум секогаш за вистината,така е најдобро,поготово ако се работи за нешто што го знаеш ти ама и некој друг,макар и само 1 човек да е може да се дознае и тебе секогаш ќе те копка да не се дознае,зошто гледам не ти е сеедно што не си кажала значи не сакаш да лажеш,поубаво седни и речи му слушај не ти кажав зошто се плашев ама ова и ова е вистината не сакам да кријам од тебе,зошто не дај боже утре да се дознае ќе испадне мн поголема работата отколку сама да признаеш.Ќе ти рече те прашав,ти дадов шанса да кажеш и се а ти ме излажа.Ова е според мене ама ти како си мислиш така,јас неможам да излажам или скријам таква личност сум,а и да се ставам на негово место,подобро да дознаам од тебе отколку утре некој цинички да каже нешто и да гледа како се карате или слично.Ова најдобронамерно ти го кажав позз
     
  7. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Потполно си во право и јас би сакала да можам да му кажам се како што е, но неможам. Жал ми е кога го лажам.Немам храброст, ми е страв да не го изгубам, едноставно се плашам
     
  8. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.779
    Допаѓања:
    18.353
    Пол:
    Женски
    Чим тоа било пред него нема зошто да се лути добро те сака можеби нема да му биде мило меѓутоа сите си имаме минато и тоа е тоа.Како што прочитав верени сте?Епа вие планирате животот да го поминете заедно и он мора да разбере дека ти си имаш минато исто како и тој што има.Не дозволувај покрај можност да ја кажеш вистината и да не го изгубиш,да ја каже некој злонамерен и да ви уништи се.Ти посакувам среќа зошто не вреди минатото да ви расипува.позз
     
  9. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Девојки само што легнав да спијам во 01:00часот ми се јави да излезам кај мене пред куќа да разговараме. Излегов,беше многу нервозен, не можел да заспие. Почна да ми кажува како го лажам цело време, си размислувал и се му се собрало. Ми рече да не очекувам дека брзо ќе помине низ се. Ми кажа зборови кои искрено ме повредија, но во право беше ( вистината боли) ;( Ме праша уште еднаш дали е тоа се што имам да му кажам, јас реков да,затоа што вчера бевме на прагот да се разделиме. Ми рече ќе се распраша и ако дознае нешто што не сум му кажала завршено е. Ми рече ако сакаш да бидеме и понатаму заедно ќе бидеме,но само ако ја збориш вистината а ако нешто дознаам макар и после 5год завршено е. Ако останеме заедно рече дека нема да биде како досега,да ми ги исполувам сите желби и тн. Многу се плашам, навистина немам повеќе сила да се борам. Не можев ни да спијам мирно. Размислував кога ќе дојде кај мене да му кажам дека се откажувам од се, не сакам да го повредувам и на двајцата да ни биде тешко.Така требало да биде барем на извесно време да се разделиме. Му напишав и неколку текстови на лист, кога ќе дојде ќе му ги дадам. Ве молам за совет не знам што да правам и како да се однесувам :(
     
  10. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.779
    Допаѓања:
    18.353
    Пол:
    Женски
    Леле бе срцка па зошто кога повторно те прашал пак си излажала,морам да ти кажам дека дечко ти е како мене ист и јас сум таква и стварно го мислам тоа,кога ќе те прашам кажи,зошто после и во брак да бидам јас ќе те оставам(зборувам за нешто сериозно нели не за глупости)Вшера те советував да му кажеш ама помислив ете ти дал шанса не си ја искористила ок не си знаела како да постапиш,ама и после муабетите повторно ти дал шанса и ти пак го излажа,мн лошо си направила,ќе си му кажела ке поминело време малку ќе бил ладен,време кое и сега ќе помине ама барем ќе си била со мирна совест....и немало да се плашиш секој ден дали ќе го изгубиш.Јас да бев на твое место уште вчера,јас ќе му се јавев да го викнам да му кажам се,ќе плачев ќе му кажував и колку го сакам и дека ми е страв да не ме остави ам аќе му кажев и ќе поминеже малку време ќе се средеа работите,вака ти ќе си ја мачиш душата.Немој да мислиш дека ова цинично ти го кажувам напротив,се ставив на твое и на негово место и ти зборувам искрено од срце
     
  11. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Савана, ние сега малку теоретизираме и секоја кажува свој став, ама одлуката е твоја и само твоја. Читам, исплашена си, не знаеш што да направиш, се двоумиш... Те разбирам, ама па од друга страна, па колку може да биде страшно тоа минато? Па не си убила човек! Мене ми изгледа дека ти си спремна да направиш се за да го задржиш. Тоа е донекаде ОК. Ама тој ти кажал искрено каква е ситуацијата-не простува, нема да ти прости и ако слушне уште нешто за тоа, готово е меѓу вас, па макар тоа да е после 5 години. И ми изгледа како тип кој ќе си стои на зборот. Е сега, ти размисли си вреди ли сево ова. Што ако после 5 години сте во брак, имате дете и тој дознае и си стои на зборот? Кога е полесно да се средат работите, сега или во брак? Или во брак со деца, со изграден живот? Само ти знаеш има ли можност (било каква) да го дознае она што ти по секоја цена сакаш да го скриеш. Совет не можам да ти дадам. Ни јас ни никој. Премногу е голем влогот за да се потпираш на туѓи совети. Јас, на пр., секогаш сум била за искреност и чисти сметки, ама не сум си поминувала нешто лесно во животот баш заради тоа. Мислам дека имаш само две опции- 1) лажи и понатаму, (само ако си сигурна дека вистината никогаш нема да може да се дознае) или 2) кажи ја вистината и надевај се дека неговата љубов е посилна од тоа колку ќе биде повреден од тоа што ќе го слушне.
    И друго, каков би ви бил животот ако ова постојано те следи како некоја злокобна сенка? Твоите лаги, неговиот сомнеж, допола кажана лага која треба да биде вистина... Што ако врската стане „заседа“, тој чека ти да направиш погрешен чекор за да те фати во лага, ти внимаваш на секој свој чекор за да го надмудриш... А можеби и не е се толку црно како што ти изгледа, не знам...
    Извини што немам некое решение :( , ама обично решението е таму каде што е проблемот.
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Не можев, зошто знам дека ќе го изгубам ако му го кажев тоа, мора да го чувам во себе. :( А колку ми е тешко што правам вака ама морам, му се јавив сега да го слушнам и ептен е ладен подобро да не се јавев уште повеќе ми е тешко. Што мислите за тоа да се откажам од него да му кажам дека иако многу го сакам, сакам извесно време да не се гледаме, не знам што да му речам кога ќе се видиме. Да му се извинам за се што поминува поради мене?
     
  13. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Ајде сега да те искарам малку. Да му се извиниш за се што поминува заради тебе? Па не би поминувал ако не е толку заинтересиран за нешто што било во твоето минато и (се надевам) останало таму. Нормално дека сега е ладен (се чувствува веројатно повреден) ама тоа не значи ти да му се фрлиш пред нозе! Не дозволувај да те гази, без разлика на ситуацијата. Твојот најголем грев (според мене) е што си се заплеткала во лаги. Не може да биде грев нешто што си го сторила пред вашата врска. Па ни тој не живеел во манастир пред да те сретне. Мене (без разлика колку се сакате) типот ми личи како малку опсесивно љубоморен и посесивен тип. Затоа и толку запнал за нешто што било во твоето минато. Па секако знаел дека ти имаш минато, како и сите ние. Ниту еден од нас не се родил еден ден пред да го сретне дечкото (или девојката). Сме живееле, сме имале врски, да, и сме грешеле, ама па сето тоа не довело до човекот кој сме го засакале. Не верувам ни дека тој бил без девојка и не направил ниту една грешка пред да те сретне тебе. Да парафразирам од една книга „Нема човек без грев. Ако нешто не направил, тогаш сигурно барем помислил нешто грешно...“. Колку повеќе ти се однесуваш како да си многу виновна (лажеш, плачеш, се извинуваш...), толку повеќе тој ќе биде убеден дека тоа што си направила е нешто многу страшно. Верувам дека и ти се чувствуваш виновна, ти најдобро си знаеш, ама не заборавај на своето достоинство. Ако престане да те почитува, многу лесно може да престане и да те сака, оти не може да сакаш некого кого не го почитуваш, или кого го презираш, нели?
     
    На mims-89, soledad и savana им се допаѓа ова.
  14. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Li0ness така е, колку повеќе плачам,се извинувам пред него,тој уште повеќе се сомнева. :( Што мислиш да му речам да прекинеме, дека готово е, дека го оставам на мира,нека нема потреба повеќе за расправии??
     
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Чекај бе Савана!Јас исчитав тука доста и едно сфатив за вас двајца...Ти си од него мазена и пазена добро..ама тој е бре типичен балкански тип :envy: ....Добро де ти си имала минато и што сега??Тој немал или никој нема минато пред да биде со друг?!Боже бре кај живееме ние уште?!И сега уште ќе те уценува и ќе те држи во неизвесност..на што личи тоа?!Плус колку мажите знаат да прикријат работи не сме свесни ние!И да не им е гајле...Не си требала да почнуваш да кажуваш ништо.Е сега не знам што е тоа толку страшно што ти се случило за да биде пресудно за вашава врска сега до степен и да прекинете целосно?Кажи ни воопштено што е тоа што ти си го имала што тој не може да го прифати?
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    [/quote]Li0ness така е, колку повеќе плачам,се извинувам пред него,тој уште повеќе се сомнева. :( Што мислиш да му речам да прекинеме, дека готово е, дека го оставам на мира,нека нема потреба повеќе за расправии??[/quote]

    Мислам дека не треба да предложуваш ништо за што не си подготвена, оти, не дај Боже, може и да прифати (не го знам човекот, ама како тргнал со притисоков врз тебе, се е можно). Но можеш да му го кажеш последниот дел „Нема потреба од повеќе расправии“. Можеш да го прашаш колку работи за него се поважни од вашата љубов. Објасни му дека минатото затоа и се вика така- минало, поминало, завршило. Објасни му дека си со него затоа што го сакаш, не затоа што немаш друг избор, дека за тебе најважна работа (очигледно) е вашата љубов. А за него? Ти нафрлувам вака некои работи, затоа што сепак се зависи од тоа каков тип на човек е. Сакам само да ти кажам да пробаш да му објасниш некои работи, но во исто време да престанеш да му се правдаш. Колку повеќе се правдаш, толку повеќе му даваш подлога да те обвинува за нешто, оти, зошто би се правдала ако не си виновна (така би размислувал, нели?). Не дозволувај да дојдеш во ситуација цел живот да се извинуваш и да се оправдуваш за нешто. Љубовта не треба да биде таква. Ниту една врска не треба да биде таква. Затоа и ти реков, објасни му (ако сметаш дека има потреба за тоа) ама ниту во еден момент не заборавај на своето достоинство, на самопочитувањето. Искрено, која би сакала да остане во врска понижена, со наведната глава и со вечно „извини“ на устата?
     
    На savana и Trendafilka им се допаѓа ова.
  17. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Савана, имам да кажам само едно: Каква и да е таа тајна, твоја си е, и многу нормално дека сакаш да си ја зачуваш за себе.
    Некои луѓе многу буквално го сфаќаат тоа "мојата втора половина". :^)
    И што сега, мора да знае се' за мене, секој детаљ од мојот живот?
    Некои работи си остануваат само за себе.
    И убаво кажа Џули - ќе се запрепастиме сите ако дознаеме какви тајни и работи си прикриваат машките од нас.
    Ти не си негова сопственост, твоја си е одлуката што ќе споделиш со него, а што ќе си зачуваш за себе, и притоа нема потреба да се извинуваш, ниту да се чувствуваш незгодно.
    Тој треба да ти верува и да те почитува, ако вистински те сака.
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Савана искрено мислам дека не треба да се потресуваш толку, со самото ова сеоткрива неговиот карактер, нели имаше пишувано и дека ти се лутел за некои слики од одмор со бивши дечко чии слики си ги фрлила и останале само твојте и тој пак се лутел. Чекај малце.. па ти си имала живот и пред него, не си должна да му даваш отчет за тоа што си го правела кога не си го знаела него, минатото неможе да се врати, тој треба да гледа на сегашноста и на иднината со тебе.
    Знаеш јас како би постапила, би му го кажала ова што ти го пишав, и би му рекла дека тој не те сака доволно што некои твои работи во минатото дозволува да влијаат на вашата сегашност и иднина, тој нема право да чепка по твоето минато, стави си го тоа во главата.
    А искрено не верувам дека би прекинал со тебе, тој сигурно го прави ова за да му ја кажеш само целата вистина, да те држи така во неизвесност некое време да направи да се каеш за твоите работи во минатото тоа е себичност, и ти ќе се нервираш и ќе плачеш и ќе се проколнуваш затоа што си го излажала, а тој ќе глуми повреден и после ќе се врати.... така иде тоа.
    На крај ќе се среди се, не верувам дека би ти прекинал заради ова. Мене ми личи на глумење додека не дознае се.
     
    На Mygirl и savana им се допаѓа ова.
  19. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Савана и од претходно што те читав заклучив дека многу му попушташ на дечко ти.Постојано мислеш дека треба да му се извинуваш, постојано те е страв да не му здрешиш нешто, а тој тебе ?Тој за се лути, се понаша како дете.Секој си има свои тајни и сака само за себе да ги зачува.Па бог да чува што ако го сакаш не треба сите тајни да му ги кажуваш...тоа е твоја работа ако сакаш ќе ја зачуваш , а ако сакаш ќе ја кажеш нема што тој со уценување да приморува да ја кажеш.Во една врска потребна е и слободата.
    Мислам дека многу му попушташ затоа е тој таков.

    Се најдобро.
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Уште нешто...размисли добро дали сте го направиле вистинскиот чекор...мислам на веридбата.Добро, и ти преиспитај се но и тој.Може и сте избрзале не знам ама вака со сомневања и со контрола врз животот на другиот тешко опстојуваат било какви врски и заедници.
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.