Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. DenaM

    DenaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    и по можност да сфатиш и разбереш.
     
  2. DenaM

    DenaM Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    234
    Пол:
    Женски
    ке ве замолам за совет само без навреди и лажен морал
    значи заљубена во сум женет човек.
     
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Значи без осуда и лажен морал - продужи даље.
     
    На sj *O*, candy.cane, DAngel и 6 други им се допаѓа ова.
  4. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.213
    Допаѓања:
    13.670
    Пол:
    Женски
    Истиот ли е за кој што пишуваше пред една недела?
    И во тој беше заљубена.
     
    На DenaM му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    ^ Или трола на големо или хаос е. Мислењата и се глава да ве фати. За жал неизбежно е човек да ја прочита овде, бидејќи за сите знае да соли памет и не пропушта прилика да навреди некој. Посебно постот на кој marchi-cool ја цитираше. Значи :puke: катастрофа.
     
    На candy.cane, Alita, Kate Rina 93 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Се извинувам, не успеав да редактирам, затоа две мислења едно под друго.

    Јас не разбирам зошто толку пати потенцира дека моментално нема пари, дека има кредити, дека не може да си дозволи одмор, итн. Што всушност те плаши?
    Разбирам дека парите се важни и дека не е сеедно, ама моментално дечкото е во таков период во кој напушта работно место и бара нешто ново, што воопшто не значи дека ќе седи дома месеци без работа. Си има планови, сака да заработи па после тоа да основа семејство, што е сосема во ред. Мислам дека се плашиш дека нема да бидеш финансиски стабилна со него во иднина.

    Велиш сакаш побрзо да се омажиш бидејќи врската може да не успее. Зошто мислиш дека бракот е гаранција за било што? Нели логички е со некој да раскиниш ако не ти е убаво, наместо да побрзаш да се омажиш за истиот? Поентата е да најдеш партнер кој ќе те сака и почитува и ќе биде покрај тебе и во добро и во лошо. Ако тоа го најдеш во него, прашање на време ќе биде кога ќе стапите во брак.

    Во врската со работата и тоа што сте биле колеги, јас не гледам никаков проблем. Веќе не работите заедно, а не гледам како твојот приватен живот би влијаел на работното место. Луѓето секогаш ќе зборуваат, без разлика дали си им дал повод за тоа или не.
     
    На sj *O* и candy.cane им се допаѓа ова.
  7. VAGA91

    VAGA91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Ми треба мислење и поддршка од сите вас.

    Бевме во врска година и пол, ме побара, правевме веридба, го уредивме станот и имавме закажано свадба за сега во август.

    Ама него му светнало во главата дека не сме спремни за брак, дека јас не сум се преселила да живеам кај него пред свадба, дека треба да си сменам работа и да бидам поамбициозна, не сум му ја масирала главата кога го болело (!?!?!) и разни други глупости кои не се причина да се разниша сето ова што се градеше до сега и не се причина за тој да ја откаже свадбата!? Во еден момент е ТЕ САКАМ НЕ МОЖАМ БЕЗ ТЕБЕ, во друг момент е НЕ МОЖАМ ВАКА КАРАКТЕРИТЕ НИ СЕ РАЗЛИЧНИ И НЕМА ДА УСПЕЕМЕ. Цело време е топло ладно, а јас немам живци за вакво нешто, затоа што не го заслужувам тоа. Пред неколку дена му го вратив и прстенот, си ги собрав работите и го напуштив. Ми рече подобро сега ова да го направел, него ли во брак. Стварно не ми е јасно што се случи?
     
    На JProud му/ѝ се допаѓа ова.
  8. A_star

    A_star Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2019
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    1.591
    Пол:
    Женски
    Многу добро знам како е кога се трудиш да дадеш се од себе да успее нешто, а на крајот не добиваш ништо.
    Мое мислење е дека ти направил услуга за тоа, тебе не ти треба да градиш иднина со нестабилен човек, човек кој не знае што сака во животот а ти плаќаш за сето тоа.
    Остави го, не се враќај назад, тој не те заслужува. Ако го направил еднаш тоа, ќе го направи пак.
    Тој нема право да ти кажува што да правиш со твојата работа, дали си амбициозна, дали не. Тој сакал да започне живот со тебе, требало да те прифати каква си а не да ти наоѓа маани.
    Ќе ти биде тешко, да, ама со оглед на тоа како тој се однесува не заслужува ниту една солза.
    Премногу глупаво од него што постапил на тој начин, требало заедничко решение да донесете, не само тој.
    Исплачи се, извади го гневот и тагата од тебе ама не се враќај назад.
    Дај си време себеси.
     
    На Ladybug98, sj *O*, Yeeah и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.136
    Пол:
    Женски
    Очигледно е дека не знае што сака и дека е многу нестабилен. Како претходно не му сметале работите туку сега наеднаш? Мој совет е да не се враќаш кај него . Сериозно не си му ја мадсирала главата кога го болело какви глупи изговори .
     
    На sj *O*, VAGA91 и darlingdragon им се допаѓа ова.
  10. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    39.631
    Пол:
    Женски
    Ти направил услуга што сега се изјаснил како се чувствува отколку да те малтретира психички во брак, каде што уште поголем притисок ќе имаш.
    Верувам дека е тешко, ама со таков човек иднина нема, веројатно и самата го знаеш тоа.
    Заслужуваш подобро и ти, и секоја која би се нашла во таква ситуација.

    Среќно.
     
    На sj *O*, Yeeah, friendy и 2 други им се допаѓа ова.
  11. VAGA91

    VAGA91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Јас сум уште во шок, не сум ни свесна што се случи, ни што ме чека понатака. Го изгубив преку ноќ за глупости. Барем да имавме некој реален проблем кој не може да се надмине, за да не ми биде криво воопшто. Си почнав да барам грешки во себе, но не ги наоѓам. Се ти се распаѓа, цел свет ти се руши, си планирала живот со него. Сакам да сфати што направи и да се кае, но мислам дека тоа нема ни да се случи.
     
  12. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.426
    Пол:
    Женски
    @VAGA91 Можеби се уплашил од идејата за брак, може некој го подбуцнал за нешто, а едноставно може има друга причина, па затоа банални прични навел како да се проблеми без решение.

    Како и да е, подобро сега, на време, верувај многумина после години од животот во бракот сфаќаат со кој си имаат работа.
    Барем нема да жалиш по ништо вака, главата горе (hollest)
     
    На sj *O* и Alita им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Колку си заљубена? До небо?
    99,99% шанса е, дека е можно да добиеш секс, само секс и ништо освен секс.

    Уште си заљубена, доволно ти е само секс?

    Го фатило паника.

    Не знам зошто некои луѓе, го сфаќаат толку финално бракот.
    Бракот не е крај, почеток е на ново поглавје.
    Ако си со човек кој го почитуваш и те почитува, не мора ништо што ви е ќеф да си ускратите.
     
  14. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    479
    Пол:
    Женски
    Здраво дечки, имам 24год и проблем кој долго ме мачи а немам со кого да го споделам па би ве замолила за совет.
    Пред 2 години бев опседната со српски кошаркар, по цели денови гледав негови слики, следев каде оди што прави со кого е, будна сонував како се запознаваме како се заљубуваме, и се беше толку реално, обожавам се во врска со него дури и лошите работи, тој за мене е идеалниот партнер. Потоа дознав дека има девојка, јас не можев да јадам цела недела, моите дома мислеа дека сум болна, за прв пат паднав во депресија. После ова некако успеав да се вратам во живот, заминав во странство на 3 месеци, и се трудев да го заборавам, во што и успеав. Таму го запознав дечко ми. Тој е србин, на почетокот не размислував долгорочно, бев желна за авантура, дури си мислев кај јас со овој не е за мене вистинскиот некако на физички изглед не ми се свиѓаше толку. Но, се вративме дома и ја продолживме врската на далечина. После одреден период дома, јас пак почнав да фантазирам за кошаркарот, тој пак беше сингл, се опседнав. Но, во исто време подобро го запознавав дечко ми. Сакав да престанам да мислам за кошаркарот, да го избришам но никој не беше подобар од него и со цел да си докажам дека има и подобри од него на фејсбук почнав да гледам слики, да следам дечки кои што ги знам и кои за мене се вауу, имаше периоди кога дечко ми ми врти на тел јас му спуштам за да дофантазирам за нешто па да му се јавам. Одвратно. Се до една вечер. Пресвртница во мојот живот. Отидов на техно журка и земав екстаза. Беше ужасно, само сакав да престане. Дечко ми претходно имаше пробано и ми рече да не пробувам но јас бев многу љубопитна и самата одбрав да пробам. После тоа се гадев сама од себе, и ден и ноќ мислев на тоа, мислев дека сум во врска со наркоман и дека и јас ќе станам таква. Многу долго разговаравме со дечко ми на темава, зашто го правел тоа зашто јас го направив и се си кажавме и таа фаза на глупост ја затворивме и до денес по 1 год од тогаш тоа е затворено и се чудиме како сме биле толку глупави. Од тогаш веќе не ни го гледав кошаркарот на социјални мрежи, почнав да живеам за себе, со дечко ми бевме на одмор, го засакав, се вработив, но, тие мисли за него како да се некаде длабоко сеуште присутни. Цел ден бев нерасположена, со дечко ми излеговме низ Белград да прошетаме и одеднаш станав весела, седнавме малку зборев нешто јадев и одеднаш се сепнав како да сфатив што ме расположи помислата дека ќе го сретнам кошаркарот негде низ белград, одеднаш изгубив апетит и добив нагон на повраќање, дојде мислата дека јас никогаш нема да можам да го имам и тоа морам да го прифатам и продолжам понатаму но тоа толку ме болиии ми создава депресивни мисли кога ќе бидам вистински среќна. 2 год мислам на него, ајде една година се опседнував, мислев кпга ќе престанам да го гледам се ќе прекине со тек на време но веќе 1 год немам ништо отворено прочотано а сепак потсвесно ми е во глава. Дечко ми го засакав во меѓувреме премногу ме сака, целиот се предаде на мене и сега чувствувам грижа на совест, ме јаде од внатре овој проблем. Имам цел сакам да си седнам со дечко ми да си седиме само и ниту еднаш да не помислам на кошаркарот, да чувствувам потполен мир и спокој, љубов а не болка. Од друга страна па да не сум во врска со правата личност, но го засакав а сепак и сама и со него мислите за кошаркарот мора да прекинат. Какооо, пробувам да бидам постојано зафатена но сепак помош дечки и фала ви многу.
     
    Последна измена: 4 јуни 2019
  15. Brinetka

    Brinetka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    8.066
    Пол:
    Женски
    Ти препорачувам да одиш на психијатар, почудно нешо одамна неам прочитано реално
     
    На sikica7, crimson, Alisa22 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Seli20

    Seli20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2016
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    479
    Пол:
    Женски
    Со разговор се решаваат сите проблеми, па сакав прво со врсници да го споделам проблемот.
     
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.533
    Допаѓања:
    55.282
    Пол:
    Женски
    Нема како да ти помогнеме ние, ама девојко ти си во тешка заблуда, не може да си заљубена во некој што го гледаш само на интернет или телевизија, тоа е само онака привлечност, одредено чувство на симпатија, и се додека не премине во чувство на опсесија е океј, а ти ко што гледам веќе си опседната8)
    Па и јас имам турски глумец што многу ми е убав и го гледам на тв и интернет, и сакам да имам маж како него, ама невозможно е, и што треба да правам сега јас?
    Ајде земи тргни ја настрана оваа опсесија, имаш дечко покрај тебе кој те сака и фокусирај се на него, а доколку не си среќна со него, раскини, не му давај лажна надеж|(
    Тоа со екстазата, памет во глава за друг пат, иако во младоста сите сме правеле одредени лудости и глупости, но штом не ти одговара, не земај друг пат8)
     
    На cresa-jagoda, Oxymoron, Stephen Amell и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Tamarkaa

    Tamarkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    141
    Здраво девојки...Дали може еден човек да сака некој но да не биде заљубен во него?Самошто го слушнав ова од дечко ми со кој сум заедно 5 месеци...Збунета сум многу,можеби поради тоашто не ги сфаќаме исто овие поими,па барам и ваше мислење?
     
    На ушко му/ѝ се допаѓа ова.
  19. VoodooGirl

    VoodooGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    514
    Допаѓања:
    4.180
    Пол:
    Женски
    Да сакаш некој според мене значи да си заљубен.
    (ако збориме за пар кои се во врска како во случајов)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Tamarkaa

    Tamarkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    141
    Кога го прашав на каков начин ме сака и дали е другарски ми одговори како женска те сакам...Тажната работа е што после 5 месеци добра врска го слушам ова