Смеам да прашам колку години има дечко ти? Одговор "како женска те сакам" ми звучи многу тинејџерски, затоа прашувам.
Љубов е голем збор како вели поговорката- потребно е неколку секунди за да кажеш на некој те сакам, неколку часа да објаснеш, а цел живот за да докажеш. најверојатно те гледа за идење а не за брак, ама сепак ова е само претпоставка. иначе ретко кои парови се заљубени а за сакања чим сте заедно би требало да се сакате. заљубеност е повеќе од сакање тоа е нешто како сродни души да сте во тој смисол. зошто поставуваш вакви прашања на партнерот?
Си го добила самиот одговор од него, не е заљубен. Ама те сака како девојка, у превод односи без чувства I guess, бар јас така го разбирам дечково. Ти заљубена ли си во него? Ако не си и ти е убаво со него терајте си. Ако си заљубена подзамисли се дали сакаш да продолжиш вака.
@Tamarkaa Те сака, но не е заљубен, најверојатно мисли те сака и почитува како личност, онака како најдобар пријател, но не е заљубен во тебе на романтичен начин. Како и да е, океј што барем био искрен, ама малку глупаво по поминати 5 месеци заедно
И јас еднаш добив таква конфузна изјава. Пологички ќе беше да речеше заљубен сум ама не те сакам. Ова првово не ми оди некако. Шала на страна, ако сепак сакаш да ја продолжиш врската, види како ќе се одвиваат работите. Ама сепак после 5 месеци треба да имаш некои чувства кон личноста. Не викам да е љубов, сепак не сте премногу време заедно ама да цели вашето кон таму. Заљубеноста може лесно да избледи а тука веќе врската нема смисла.
Сакам да ја продолжам врската да видам до кај ќе тера и како ќе се однесува тој,а јас до тогаш-најнормално.Времето ќе си покаже се А и да,за заљубена според неговото дефинирање сум до негде морам да признаам дека не ми е сеедно за кажаното
Здраво Нова сум на форумот,ве читам некое време ама сега направив профил за да прашам нешто. Можеби овдека не е место за ова прашање,сепак ме извинете. Ми треба совет од женско Се работи за свиѓање на друг. Можеби малку глупо,ама женска глава.
Сакам да зборувам за сериозен проблем. Поврзан со мојата психа и се останато во мојот љубовен живот. Помина долго време откако поради извесни причини прекинав врска со човек со кој иако завршив и го јас го сакав искрено и вистински...Мислам дека за прв пат се предадов целосно на човек за кој сум свесна дека не заслужил, ама ете, тие беа околностите, тоа подоцна сфатив. Сакав човек кој за мене не се трудеше како што се труди за неговата моментална партнерка со која планира иднина. Немав добиено внимание и љубов, и тоа што го добивав, беа само трошки, не почувствував дека ме сака, ниту еднаш. Целта на некој начин му беше да ме искористи, и да не е така, така се чувствувам. Тоа што го добива таа од него, јас не го добивав и на некој начин почнав да се чувствувам безкорисно и помалку вредна. Настрана сето тоа, ама се чувствувам како да ми има починато блиска особа. Ме има толку многу повредено што уште ги чувствувам последиците од тоа. Што се случува моментално? Откако се случи тоа и поминаа 6 месеци од нашиот прекин, јас не можам се уште да си дојдам при себе, не можам да се соберам и да тргнам напред. И да започнам нешто со некого, дали во блиска или далечна иднина јас после ова фијаско секогаш ќе се сомневам во партнерот, во неговите намери, во неговата љубов и однос кон мене. Многу пати зборував и на крајот секогаш завршувало со караница со мајка ми бидејќи таа е убедена дека тој глуми а јас имам свои сознанија за нештата и поради нејзиното лупетање мене ми е потешко. Секогаш кога сакам да заборавам и да одјебам се, таа ќе ме праша за него, и сет постигнат успех да не се замарам и да продолжам напред паѓа во вода. Се на се, се наоѓам во лавиринт од кој што е тешко да излезам. Со кого и да се запознаам, со кого и да започнам комуникација, мене ми е тешко да се поврзам. Се трудам да не се замарам, да не мислам, но секогаш ќе се појави нешто што нема да ми даде мир, да ме потсети на него и така се во недоглед. Утрово започна супер, решена да оставам се зад себе, макар последно да ми е, еден повик ми уништи се. Од секогаш сум била лојална кон партнер, верна, подготвена да дадам се од себе, но полека сфаќам дека тоа не е клучното за успех. Се осеќам како кеса полно со ѓубре.
Ако имаш можност отпатувај некаде сама неколку дена. Размисли што сакаш, која си, што си и размисли што ти е целта во животот. Доколку немаш можност да отпатуваш, направи си излет сама некаде еден ден, исклучи телефон, земи книга читај, релаксирај се. Прво и главно правило е што мораш да разговараш со себе си, за потоа во одлуките понатака да ти биде полесно.
Многу ми е жал што така се чувствуваш. Луѓето ќе го спомнуваат уште долго. Навикнати биле да ве гледаат заедно. Мораш да се навикнеш на нивните прашања. Тоа што тој бил невнимателен со тебе, не значи дека нема да најдеш човек кој вистински ќе те сака и ќе го сакаш. Немој да мислиш дека ти не чиниш. Не губи самодоверба. Еден човек не треба да те дефинира тебе. Неговиот однос кон тебе, кажува многу за него, не за тебе. 6 месеци не се многу. Дај си време да запознаеш повеќе луѓе. Ќе се појави некој кој ќе те прави да се чувствуваш сакано и ценето... Само дај си време.
Проблемот е што сум зафатена преку цел ден, намерно се окупирам со работни обврски, кога ќе падне мрак ми е многу потешко, опкружена со илјадници мисли, соништа, кошмари... Ќе патувам за една недела, надвор од државата. Знам што сакам, само никако да успеам. Ти благодарам. Ме боли што ме фрли како крпа, не знам.. Ме боли што после релативно краток период најде друга а јас ко да сум никој и ништо во неговиот живот била.
Знам дека те боли. Ти го повреди егото. Ама знаеш што? Не бил за тебе, ниту ти си била за него. Твојот сеуште не си го нашла.
Ме потсеќаш на една на форум што ја читав слично вака, се надевам не си дупли јузер. Како и да е, времето лечи се, ќе ти помини и ќе запознаеш личност што е компактна и ќе те прифати таква каква што си, да те цени, почитува и сака.
“Overthinking is the biggest cause of our unhappiness. Keep yourself occupied. Keep your mind off things that don’t help you.”
@A_star Потсети се колку бил кретен и наместо да тагуваш, биди среќна што веќе не ти го троши времето. Биди среќна и исполнета, по негативното нема што да тагуваш. Плус, факт е дека да бидеш среќна и да не се замараш е најдобрата одмазда!