Прашувам во име на другарка : Омажена е и има дете не им оди во бракот па почнала да се гледа со друг. Претходно тој другиот и велел дека ја сака дека сака деца со неа и таман имале секс пред некое време почнал да ја избегнува ама сепак и велел исто дека сака да живее со неа. Почнал се поретко да контактира со неа и само за секс да зборуваат. Бара совет, јас и кажав дека тој добил што сакал и сеа на страна
Здраво на сите! Јас би сакала да го слушнам вашето мислење во врска со еден проблем што го имам со едно момче. Значи вака одев со тоа момче 2ипол месеци и пред еден месец раскинавме поради неверство од негова страна. Мислев дека го одсакав но пред една недела ми пиша и сакаше да му се вратам и да му дадам втора шанса велејќи дека е свесен дека направил грешка и сакаше да му простам и кажа дека се уште ме сака. Тогаш јас сфанав дека чувствата кон него ми се исти како и пред тоа. Но, сепак се уште се двоумам дали да му ја дадам таа втора шанса. Ве молам кажете ми совет.
Јас не би дала втора шанса. Секој е свесен што прави, па така требало тој на време да мисли што прави.
Никогаш не би простила неверство. Секој знае што прави, а кога веќе го направил тоа не те сака и цени како што си мислела. Да не забораваме дека некој што еднаш изневерил постои огромна веројатност пак да изневери. И пак, се додека му даваш шанси. Личност која вистински те сака нема ни да помисли да те изневери. Мој совет е да не му даваш втора шанса и да продолжиш напред без него.
2 и пол месеци сте биле заедно, те откачил како крпа за 1 употреба и те изварал со друга. Додека ти си минела низ тежок период, он си уживал со неа и сега кога конечно си продолжила со животот, он те бара назад поради тоа што те сака. Љубов ли е, панаѓур ли е... Ја викам да му дадеш втора шанса.
а што очекува од шваљер? да и прави деца или да ја земе ѕа зена, нема двате? па не идат тие работи така. многу јако го решила мазот. и не ми е јасно како имаш вакви другарки? некоја со кој стигне се плетка а некоја ништо. гледај си ѕа себе. тоа би те советувала. поздрав и секое добро.
Девојки фала Ви за советите, во право сте за се, бев глупава што му пишав дека ќе го чекам ако се предомисли да останеме повеќе од пријатели, утре треба да се видам со еден друг дечко и другарка ми вика дека е поубав од предходниот, ние зборевме од поодамна ама не го забележував од тоа што губев време со сељак како дечконо едвај чекам утре , ако ништо друго совет до другите девојки никогаш не знаете што не чека!!! Секогаш може подобро, не паѓајте во депресии и не се затварајте дома за да тагувате по некој, они губат Не очекував дека волку брзо ќе ми биде сеедно за него, кога се појави друг
ако ти се јави бившиот а ти веќе си со овој дали би се смирила? иначе само напред и право така треба браво. и со овој исто пријатлески насторена биди ко со претходниот. поѕдрав и секое добро
Зошто најпрвин не го остави типот/сопругот што не им оди во бракот, па да оди понатаму и бара чаре/утеха? Инаку добар час и одржал овој со сексот, се надевам че се освести и барем ќе се потруди да го поправи бракот, без разлика кој е повеќе виновен и се надевам ќе спие полесно.
Не, фала богу не ми зависи животот од него , не верувам дека ќе се јави он е себичен, кога можеше за предходната девојка со која што идел да каже дека баш му е гајле што го оставила и отишла со друг што понатаму да се збори, нека тера вака сигурно ќе го ''трпи'' некоја. Не му посакувам да не најде некоја , баш спротивното, сепак за поранешните се најубаво, имале вкус ништо не е вечно па така и тагата по било каков дечко, всушност јас не знам што изгубив?! Некој што не знае каде тера со животот да бев уште со него секако дека не би се видела со друг, додека за него не важи истото, па се е јасно. НЕ СЕ ПОНИЖУВАЈТЕ ДА СЕ ВРАЌАТЕ , ШТОМ НЕКОЈ ВЕ ЛАЖЕ БЕГАЈТЕ!!! Еднаш изгубена доверба, засекогаш сомнежи, за девојката која прашува дали да прости неверство , не си ти од улица па сега нема која и тебе те бара, мани го! Не ти треба таков, утре истото ќе ти го направи .
од кај знаеш дека го мисли тоа што го каѕува? и од кај тоа дека ти бил неверен? делуваш како помала особа. иначе со срека утре па да ви трае долго долго.
За манипулатор како него, јасно ми е се, како мислиш од каде знам? Секој може лесно да биде заменет со ваква личност јас како што налетав. Само по изглед го проценив каков е, не знам со кој памет се надевав ама ајде секогаш е така, на крај ќе сфатиш дека си будала што си пател по некоја личност која што не беше вредна да биде покрај мене ни 5мин. ете од каде знам.
Мој совет значи јас да одам со некој 6 ипол години и после да ме откаче поради друга што чуствува хемија многу ке бидам повредена, поарно раскини му на убав начин и не кажувај дека одма си со друг после 3 4 месеци изнеси во јавност, слики , коментари итн.
доказ имаш? се ти е на рекла казала муабет, не битно. јас само по лик тешко проценувал луѓе али затоа доволно ми е два реда муабет да направам и да видам со што човек си имам работа. ако е така како што кажуваш зошто бараш совети и мислења од други? па тоа е животот и раскинуваш и ти раскинуваат нема потреба од драми. а убаво ти е кога ти раскинуваш и тогаш никому ништо, епа нема секад така. се надевам дека ке си најдеш некој со кој ке моѕете да се раѕберете и да терате.
се слагам, само во меѓувреме додека си најдеш друг и плус вреѓај го, и ако ти раскине ке го отераш у пм. може лошо звучи али и да не те почитуваат без никаков повод е ужасно. затоа не за џабе се рекло биди човек за да бидат и другите луѓе спрема тебе. и најбитно секогаш треба да знаеш колку вредиш. поздрав и секое добро
После многу кратко време успеал и замена да ти најде! Не би те советувала да го фатиш па откачиш, тоа се детски рабори. Штом ти се враќаат чувства нема да можеш лесно да го откачиш. Ако ти мислиш дека можеш да замижиш поред превара и да не гледаш назад, тогаш продужете заесно. Ако размискиш дека тоа секогаш ќе биде дел за кој утре ќе му префрлиш, онда сврти му грб и не се замарај дали ќе бидеш ти таа која последна остава, пошо после ќе те набуцка па може и на сентименталност ќе те врати