Савана, јас пак ќе се повторам. Не е можно да си имала некое толку страшно и нечесно минатато преку кое некој не може да помине. Незнам колкав е дечко ти, ама мене ми изгледа доста не зрело. Тие муабети се прават на почеток на врска, а не сега откако сте официјализирале, нему му текнува да буричка по минатото и да бара одговори на прашања кои патем и не треба да го засегаат. Си му кажала толку колку што мислиш дека треба и таа тема треба да се затвори. Што си правела пред него, со кој си била, е тотално небитно. И наместо да му се правдаш и да плачеш, треба да покажеш цврст став... Што мислиш ќе те остави??? Верувај ми драга дека нема.. Ќе се налути, ќе му помине... Тоа треба да ти претставува најмал проблем. Ти си таа што треба да размисли, дали сакаш да го поминеш животот со таков човек. Зашто многу веројатно е дека нема да се измени и цел живот ќе ти префрла за такви банални работи. Кажа и Џули, типичен промер за Балкански тип на дечко.
Фала ви многу на сите за советите, ќе се потрудам да му објаснам и да разговарам смирено и да го решиме ова. Уште еден саат ќе дојде и ќе разговараме, мора да се помири со тоа и се надевам дека ќе сфати
Савана, кога те читам тебе, исто ко да си читам за мене во минатото. Мојот поранешен беше таков. Сакаше се, ама буквално се да знае и за се ме обвинуваше. Не ми даваше да облечам минич, што ќе кажел народот, не смеев со машко да застанам да рпавам муабет ниту пак на излегување да се најдам во машко друштво , ќе кажеле одма дека имам нешто со тоа машко. А бре глупости живи, да не ги редам сега. И така се си се каравме, де ќе ја смириме работата, де пак ќе се караме, и бидна што бидна нервози еден куп и на крај се заврши така како што мислев - раскинавме и главоболките престанаа. Ако мислиш цел живот така да се карате или со брак дека ќе се смири работата подобро прекини уште додека е време. Гуд лак.
Savana нема да се пофторувам бидејки исто мислам како останатите.Ова нема да му биде последно во иднина тој ке продолжи со испитувања.Еден период ке биде фин на пример пет дена добар шестиот пак ке те зајадува.Неговата добрина на глава ке ти ја качи немој златна си во иднина повеке да се нервираш.Дај боже да грешам и да не е така.Одлуката е твоја размисли си. Мојата девиза за вакви маженца е ''Едно јајце снесат десет ќеремиди скршат''. Не ми се лути тоа е моето размислување поздрав и посакувам да си срекна.
Savana ниту една тајна не е тајна ако за неа знаат двајца. Јас мислам дека и да ја кажеш вистината тој веќе нема доверба во тебе и џабе е. А кога - тогаш јас мислам дека се се дознава. Ти ми личиш на девојка која неможе да крие нешто, и тоа ќе те мачи цел живот. А дечко ти ќе се смени целосно тоа верувам , бидејќи имам слично ако не е и исто искуство како твоето. Тој е принципиелен и ќе си стои на зборот, ќе се смени навистина , ќе биде ладен, ќе те измачува, за да ти врати што си го излажала...Дури и истите муабети ги имам слушано....и за 5 години да дознаам ќе те убијам, ќе те оставам...(Брејјј а јас пак мислиш ќе те трпам таков исфрустриран ) Пред некој ден мислам дека читав од тебе во оваа тема, дека несакал да одите кај него, уморен бил....сега ми е појасно...тој сигурно слушнал нешто и го мачело, и гледаш веднаш реакција, промена-не сака да одите кај него, те колне да ја кажеш вистината. Таквите луѓе даваат се од себе за девојката, но кога ќе ги повредиш е крај. Имаш 19 години бегај додека е време, бидејќи нема да ти прости никогаш што си му го повредила егото
Савана прочитав се од почеток до крај за твојов проблем...фино напишале девојките свои мислења и совети. Баш ме интересира колку години има вереникот...? Јас можам барем малку да се ставам на твое место бидејќи имав и јас една тајна од минатото која сакав да остане само таму и никогаш повторно да не се спомене, но низ сплет на околности уште додека бевме дечко и девојка со маж ми вистината излезе на виделина. Дента јас отидов кај него со отворено срце и душа го седнав и му реков сега ќе ти кажам прилично потресна приказна која е од моето минато но мораш да ја знаеш. Те молам да ме сватиш што не сум ти кажала ништо до сега и ако можеш да ме прифатиш после ова во ред ќе бидеме и понатака заедно, ако неможеш ќе ми биде многу тешко но ќе те сватам и ќе си заминам. Не викам дека не му беше гром од ведро небо кога му кажав, не викам дека не се удавив во солзи додека не му раскажав, и до денешен ден се сеќавам на секоја секунда додека разговаравме но во ниеден момент не ме осуди само ми рече дека требало да имам доверба во него и неговата љубов и да не се измачувам. Од тој момент знаев дека можеме низ се да поминеме заедно и така и е. Мислам дека од тогаш поминаа 3 или 4 години и никогаш не ми го споменал муабетот ниту во некоја наша кавга се обидел со тоа да ме уценува, омаловажи или што и да е. Мислам дека ја потценуваш неговата љубов кон тебе, незнам што е твојата тајна но кога веќе почнала да излегува на виделина кажи му ја во целост и барај решение. Ако не е спремен да те прифати гордо замини си, ќе има кој да те сака и со твојата тајна на виделина. Ти посакувам многу среќа и немој толку да се нервираш
ниту треба да му објаснуваш,ниту да му се оправдуваш,ниту треба да го интересира што ти си правела без него.треба фала да ти каже што делумно си му кажала некои работи,а не па уште одозгора да те осудува и да ти се заканува.каква и да си била порано,сега си возрасна со поинаков памет од порано и таква треба да те сака,а не да буричка кај што не му е место.па уште ти вика ќе проверувал.не смее ни да се осмели да провери и треба да го заборави тој муабет!сте се одлучиле заедничка иднина да градите,а тој се враќа назад и те остава да не спиеш за глупости.ако е ладен,нека е ладен,повеќе и не му зборувај за тоа и однесувај се како ништо да не било.
Божица во право си , и мило ми е што сте средиле се и што си имала прекрасен дечко , сега маж Ама не знаеме како ќе реагира вереникот на Савана .. Савана , што се случи ? Има нешто ново ?
Савана, па стварно претерува овој твојот Како прво, ти не си го лажела, само си скрила нешто од твојот живот што не е поврзано со него. Тоа што тој напнал да дознае што е тоа, го предизвикало твоето лажење. Стој си на истата приказна, дека нема повеќе ништо што да му кажеш, дека тоа е целата вистина и речи му во лице дека премногу те гуши, дека не си среќна што 24 часа на ден тој мора да знае се за тебе, буквално како ја поминуваш секоја секунда. Дади му до знаење дека ти си жртвата во случајов, дека тој е измачувачот и дека тебе премногу те боли што секој ден се сомнева во тебе. Не очекувај веднаш да го сфати ова, ама верувај дека после некое време ќе го сфати, бидејќи те сака и ќе му биде тешко да те гледа таква. Се дури се извинуваш за се и се дури се обвинуваш самата себе за неговото однесување, тој нема да се смени и понатаму ќе те малтретира и ќе нема доверба во тебе. Донекаде и го сфаќам, бидејќи и јас би се сомневала во дечко ми доколку постојано гледам вина во неговите очи. А верувај ми, тој може да се смени и да не биде толку љубоморен. Знам дека ретко се случува тоа, ама сепак, се случува. Јас сум сведок на таков случај. Мојата комшивка, која е заедно со дечко и 6 години, на почетокот на врската имаше вакви проблеми. И тоа не само на почетокот, туку 2-3 години беа заедно, а тој сеуште немаше стекнато доверба во неа. Постојано ја малтретираше, и се јавуваше каде е, со кого е, бидејќи тој е од друг град. А таа, жалната, никаде не излегуваше. Едвај до продавница одеше. Еднаш едвај ја натерав да одеме на кафе, а таа замислете ми рече да не застанувам и да се поздравувам со машки, бидејќи дечко и не и дозволувал да го прави тоа, а дека кога ќе се јави секако ќе ја праша каде била, што правела и дали застанала со некое машко, а таа не можела да го лаже, ќе морала да ја каже вистината! Боже, како застанувањето со машко да е грев. Но, таа ситуација целосно се промени. Тој веќе не е љубоморен, таа излегува со другарки, дури и навечер, што претходно за неа тоа беше табу тема. Има пријателки, пријатели и е многу посреќна. Ја прашав како успеала да го постигне тоа, како тој се сменил за 360 степени, а таа ми рече дека и кажал дека не можел повеќе да ја гледа како се нервира, како плачи секој ден, сфатил дека девојка како неа нема да најде, а ептен му било мака кога ја гледал дека не е среќна. И сега како што кажав заедно се 6 години, а тој сеуште не е љубоморен. Абе буквално е друг човек. Е сега, замисли каква екстремна љубомора трпеше комшивка ми, па тоа успеа да го смене без да раскине со него, па зошто тоа да не биде случај и кај тебе? Сигурно дечко ти(вереникот) не е до тој степен љубоморен...Значи него му треба многу помала промена, само треба да му покажеш дека заради тоа што така се однесува со тебе, ти си несреќна. Ако и тогаш не се смени, мислам дека разделбата би била најдобро решение Можеби ти звучи невозможно тоа, ама верувај уште поневозможно е да живееш цел живот на таков начин...Живците ќе ти се искинат уште на 30 години...И ни случајно немој веднаш да влеташ во брак со него...Знам дека ти е вереник, ама почекајте малку за брак, не брзајте толку...Немој да мислиш дека бракот може да смени нешто.Почекај малку, види како ќе се одвиваат работите. Ако тој започне да се менува, супер, а ако не... Па на крај краева, не е крај на светот ако не бидеш со него! Сеуште си млада за толку многу да се нервираш за тоа...И запомни, не смееш повеќе да се однесуваш како ти да си виновна за сите ваши проблеми! Тоа фрла уште поголем сомнеж на тебе. Биди малку поцврста и кажи му колку те повредуваат неговите сомнежи, закани му се малку и ти, дека после толку време поминато заедно, не е во ред тој толку да се сомнева во тебе! И нека му стане јасно дека прикривање на некои работи од минатото не е исто со лажење! Ти не си го лажела, тоа е твоја приватност што не го засега него, па си немала ни потреба да му се изјаснуваш него за се. Не пишувам повеќе, мислам дека јасна бев. А гледам, почнав и да се повторувам Ти држам среќа за убаво да заврши ситуацијава. И известувај не што се случува, бидејќи навистина ме заинтригира твојата ситуација
Јас и од овој и од предходниот проблем на Савана дојдов до заклучок дека (нека прости ако ја навредам ама неможам а да не кажам) никогаш во мојот живот ни 5 секунди нема да издржам со таков посесивен мочко, искомплексиран до небото. Се нешто кенка и стенка, се нешто не му чини, се е тој чувствителен... Пљук! Ебати мажето нежно и никакво. Фуј, хрк, пљук. Како бе можете бре?! Извини савана, ама неможам да сфатам како можеш толку да му се притресуваш, јас да сум ќе го оставам и око нема да ми трепне! Ќе си игра некој со моето трпение и нерви. Ти си маж во врската или тој?! Се нешто не му чини! Фуј бре, фуј! Ти робинка ли си? Кое минато бре?! Што си била ти во минатото? Зад мтв или каде и да беше ли имаш стоено?! Што па него по ѓаволите го интересира тоа?! Незнам се чудам, уште па и вереник, цел живот некое магаре недозреано ќе трпиш. Јас сум имала преку 10 дечковци во минатото од кои 4 биле врски од по 1 година, сум била интимна со тројца. И што треба дечко ми да направи?! Да земе и да ми кенка на секое... Ако не му чиниш ајт таму нека ти раскине и нека прекине да се изживува и да си ги лечи фрустрациите врз тебе.
Савана, а да му ја кажеш целата вистина (бидејќи велиш дека може да ја дознае од други)? Ако те сака, тој треба да те прифати со сите твои маани и недостатоци. Па, ни тој не е совршен за да бара од тебе да не си згрешила.
Женски помагајте.Само што се скарав со дечко ми.Само што ми се јави,а бевме договорени и двајцата да не излегуваме и ми кажа дека ќе излегува и тоа дека ќе оди кај еден што не му е ни другар ни ништо,а е наркоман+има сестра колку мене му се има пуштано на дечко ми и тоа во летото.Дечко ми за него ми има зборувано најлоши зборови,а сега ми вели дека ќе оди кај него дома!! И мене ми се сврти за 360 степени и му реков ако ти заминиш кај него мене нема да ме видиш. И дечко ми почна да ме навредува ми рече дека уште одсега сум почнала да му забранувам и дека и тој ќе почнел така да ми прави за да ми врати.Му реков дека ако замини кај тој наркоманот дека ако треба ќе го кажам и на мајка му.Му се скарав и му реков дека сум умрена за него и еве цело време ми ѕвони,јас не му кревам.Одиме 2 години...Со ова ме навреди тој премногу
кога ќе ти звони јави му се и види шо ќе ти каже...!!! па после според тоа што ќе ти каже ќе процениш дали уште да му се лутиш или не...или пак речи му нека дојде кај тебе дома
Најголеме грешка после кавга што ја правиме е да не креваме на телефон. Е зошто да не му кренеш, до сега ти бил се и одеднаш си мртва, абе ај. Крени му и види што има да ти каже. Ти убаво си му кажала дека ти пречи што ќе оди, ама го праша ли зошто одлучил да оди таму?
Другар од дечко ми го викнал да поседеле дома кај него сам бил тој дома.А дечко ми до скоро ни здраво не праеше со него,а сега кај него дома ќе оди.Го исклучив мобилниот,ама фб го оставив пуштен и ми пиша дечко ми.Ми кажа дека немало да оди кај него и да сум се радувала за тоа,ама дека не убаво сум направила што сум му забранила.А јас мислам дека тој самиот треба да биде свесен,ме познава доволно. Јас сум ја имала сета слобода,а тој не.Девојки верувајте јас 1 цела година седев сама без другарки поради него,се правев за врската,се жртвував,се карав со родителите поради него и ме контролираше претерано.Тој дури сега ми ја даде слободата,а јас него никогаш му ја немав одземено.Тоа што не сакам да се дружи со наркомани е поради тоа што не му мислам лошо,ама тој погрешно процени.И јас испаднав виновна.Ми се одмили се.Се прашувам дали ова е љубов.
И голема работа, не правел здраво со него, па сега ќе одел кај него И што сега, тоа за карање ли е? Дали е тоа причина за крај? Извини ако те навредам, ама мене ова ми е детско однесување, недозреано. Па што дека е наркоман тој другар му? Ти толку ли немаш доверба во дечко ти дека е доволно паметен за да не направи некоја глупост? Ај малку размисли...Дечко ми се има дружено со најголемите наркомани во градот, па никогаш не потпаднал под нивно влијание, па боже, доволно е возрасен за да знае што сака а што не. Велиш ти забранувал цела година се, ама сега ја имаш слободата. И што сега, ти ќе му враќаш за тоа што поминало, што го нема веќе? Најголема грешка во една врска е враќањето, т.е. ќе види он сега, јас како трпев! Биди среќна што се сменил и што не те контролира повеќе, значи го направил тоа затоа што те сака, а ти се правиш паметна па уште сега и ќе забрануваш? Не си играј со оган, си ја добила слободата од него, не прави пак да ја снема со ваквото однесување.
Можеби грешам,често избрзувам.Но тој не му е другар.Неговата сестра која ми е врсничка му е мувачица на дечко ми.Во летото му пишуваше на фб.Јас имам доверба во дечко ми,знам дека не се дрогира и дека не зависи неговата личност од друштвото како што е на многумина.
Срцулка срце ... не си требала така да му се нафрлиш.Си можела со убаво да му укажеш зошто не сакаш да оди таму.Со сила не можеш ти да го допреш.Тој ако решил да оди ќе оди.Така со притисок и забрани ништо не правите..само може да си имате проблеми.Си требала да му кажеш не оди поради тоа и тоа, а тој ако е свесен нема да отиде или пак ако отиде ќе пази што прави.Значи тој сам ако знае и може ќе размисли што тебе те нервира и ќе направи нешто за да те испочитува.Сега се слушнавте?
Во минатото му била мувачица.Бивша повеќе би го сватила доколку му била девојка. И да,се слушнавме.Ми се јави да ми кажи дека ќе излезе со другарите.Разговаравме со смирен тон,но онака кратко.Кога ќе се врати ќе правиме убаво муабет.