Хелоу, дали сме на иста страница ? Какви ветувања, кога дефинирале дека се во отворена врска, не сакал јавно да идат, и да се гледаат повремено ? Што ти е ?
па кажал дека има емоции и сл. некој такви муабети и постапки што оддавале дека е заинтересиран дека е битна и дека не му е сеедно нели така? ништо не дефинирале, дечкото ја зезнал.
@DenaM Леле што ти е, како ја изврза приказнава од 3 реченици, браво. Не знам која ти е потребата од вакви сценарија и преувеличувања. Кратка и јасна е ситуацијата, дечкото сака да се гледаат така лабаво, по потреба (за секс). @macencef ако ти е убаво да се гледате само така, тогаш продолжи и гледај се, но не очекувај да се промени тоа, и баш добро што барем ти кажал дечкото.
јас не него други некој членови тоа го праат, јас само кажав мое мислење. зошто мислиш дека твоето е исправно а моето погрешно?
@macencef, мислам дека ти беше разведена со мало дете. Не ти требаат дополнителни компликации во живот со вакви карактери. Овој најдиректно ти кажал, во фаца, дека, се што сака да прави со тебе е да те ебе. Не сака врска, не сака да те шета меѓу народ, не сака да те жени, само сака одвреме-навреме можност да си се испразни и толку. Е сега, ако и ти бараш фак бади, терај си со ликов. Ама ако бараш нормална врска која понатаму можеби би преминала во нешто посериозно, покажи му среден прст на момаков. На страна што во дегенеричново наше општество, разведените девојки имаат (тотално погрешна) репутација на „загорени“ па пустиот може и се понадевал дека ептен ќе му се посреќи со тебе- многу добар секс, а ниедна од одговорностите кои доаѓаат со сериозна врска. *********** А општо вака кажано- штом некој ви кажува нешто, дај верувајте му. Значи, ако некој ви каже, јасно и гласно, дека не сака врска, односно, најдиректно на свет ви каже дека заинтересиран е само и единствено за секс, зошто побогу би се надевале дека ќе му го промените мислењето? Демек ако сте фини, златни, се му удоволувате, му го терате кеифот, достапни сте за него, му ги исполнување сите каприци, тој ќе си го смени мислењето, ќе свати колку сте супер и ќе реши јавно да ве шета. Значи, не. Се што ќе постигнете е да си го изгубите времето (и нервите). Чим ти кажува дека не те сака (те, те сака само за секс), терајте си понатака. Таму некаде некој друг едвај чека јавно да биде со вас и да ве претстави пред сите.
јас до негде се слагам до негде не, што има врска општеството со тоа кој каков човек е? друго живееме во време каде што добар момак илидевојка е многу тешко да се најде најчесто се живи далавери и покварени, па девојките прогледуваат низ прсти ради некој работи, што до негде оправдувам ама сепак ѕа се има граница, во денешно време девојки се понизуваат и патат и сл. а не пак фамилијарни луѓе, тоа е до човекот не е до тоа кој му е статусот во општеството, што има врска тоа со партнерот? не викам дека треба да го трпи ниту пак да го откачи, сама нека си одлучи.
Имаат некој што не сакаат во јавна врска (т.е во тајна врска никој да не знае и никој да не ги види) али треба да помине некое време барем неколку месеци ама за оваа незнам колку време оди со него но небитно а тоа што и рекол најди си друг ако сакаш со отворена врска тоа мене не ми личи на ништо ако тој ја сака немаше ова да и го речи најди си друг. Али сепак девојкава не се искажа каква им е нивната врска освен што ја буни што и рекла најди си друг со отворена врска. Според мене ми изгледа дека не е заинтересиран само ја држи да го добие тоа. Но можеби тој е повлечен па не сака со отворена врска. Девојкава треба да разговара со него чисто муабет!
Ме интересира колку социјалните мрежи имаат влијание врз вашите врски? Одиме неколку месеци и онака ми се раѓаат знаци на љубомора околу лајкови, following и сл. Како се справувате девојки?
Инаку и расчистув. Тоа е, сака можи некоја без обавези. Инаку, имаше и забелешки заради тоа што сум дебела. Почнав секој ден да трчам, ама не заради него, заради себе и диета држам. Како и да е, нека знај дека не е последен на светот. За такво магаре, само радикално ослабување, и само порака ќе добие, јас ослабување, ти со мозокот до кај си? Беше на пресадување?
^ Луѓе што ви е? Дечкото многу јасно и директно и кажа што сака и што може да очекува од него. Повремено гледање и ништо повеќе! Дури и потенцира дека во меѓувреме слободно може да си бара некој за сериозно. После ќе се жалите дека некој ве заебал, а не сакате да прифатите нешто наједноставно. Како тоа да се труди девојката? За што да се труди побогу? Кога не сака да биде со неа, НЕ САКА да биде со неа. Ако неа и одговара да биде во таква "врска" тогаш супер, ако не, патот под нозе. Појасно од ова не може да биде! Ама тоа е кога не сакате да ја прифатите вистината. Ќе се труделе, ќе се бореле, ќе му правеле "финти" Што се понижувате? Не е ова научна фантастика. @macencef Како што веќе кажав и погоре, ако ти одговара и тебе, тогаш go ahead. Ама ако не ти одговара и бараш нешто посериозно, тогаш немој. Ќе се заљубиш и на крај ќе бидеш повредена.
Еден совет и до @DenaM : Некои ситуации во животот се црно или бело, нема средина, нема сиво. Кога ова ќе го сфатиме полесно ќе пребродиме низ истото и нема да мислиме што би било кога би било. Извини што ти го пишувам ова, но те читам и секогаш мислењата ти се вакви. Нема што ние секогаш да се жртвуваме за некој а тој некој со прст не сака да мрдне за нас. Ако таа состојба не не исполнува и сакаме повеќе, се тргаме и го бараме тоа на друга страна. Се надевам ќе почнеш повеќе кон себе да гледаш и кон твоето значење и вредност. Извини уште еднаш, убав ден
@badbunnyluv Па не се лајковите проблем, туку довербата. Ако ја немаш, нормално еден обичен лајк ќе те вознемирува и ќе те тера да се однесуваш детски.
Ако ти е убаво да живееш така - правилно постапуваш, ако не ти е - не е правилно. 'Не му давај односи'- бе! Кој речник, која перцепција за човечки интеракции имаш ти човече! -то чудо едно Пф. Нема да го 'казниш' со тоа што ќе ослабиш. Ако има чувства за тебе, и со мев да си и без него- ќе има... ако нема, исти к*ац му е
@macencef имав и јас ваква ситуација како тебе. Се запознавме со дечкото,контактиравме,но уз муабет почнува цело време да ми спомнува дека тој не е за сериозна врска,јер бил млад.Неколку пати бевме на кафе ама цело време погледнуваше лево-десно да не го види некој. Сфатив колку е саатот. Е сеа, јас бев свесна за моите квалитети и без разлика на се- ги ставав моите пред неговите. Не може некој искомплексиран и невоспитан да ми каже мене каква сум и како изгледам (притоа изледот му е критериум-што говори колку е плиток) и дека тоа е причината што не сака да е со мене. Приказни за мали деца. - Типот се разбира дека веднаш доби црвен картон. Кратко по оваа случка го запознав денешниот партнер, кој патем ми е вереник и за брзо правиме свадба. Нему не му е проблем да ме покаже пред цел свет, да ме држи за рака и да покаже колку ме сака! Поентата да ми е следна. Жени ценете се! Никој нема да го направи тоа за вас. Зошто да дозволам некое машко створење да ми кажува колку вредам и притоа да ме навредува? Прво тоа што сме ЖЕНИ говори за тоа колку вредиме. Како се справуваме со сите болки,проблеми,предизвици говори за тоа колку сме силни. Треба да сме горди на себе и да не дозволиме некој очаен тип- на кој притоа најголемото достигнување во животот му е да добие секс, да ни кажува колку вредиме. Покажете заби кога треба! @DenaM те прочитав погоре, сум те читала и порано. Не можам да ти се изначудам на коментарите и советите. Жено цени се себеси! Зошто некој да се спушта ниско ,да моли и да прави финти за да добие некого? Поради неколкуте како тебе, некои мажи си земаат за право да се понашаат како говеда,пошто и покрај сите работи што ви ги направиле,ќе останете со нив ,нели? ФМП!
сакате да идете со фраери и после цацко ви е крив, така? или јас? зошто мене никој не ме вреѓа и пониѕава? не, него вие сте ги направиле такви. што се однесува до мене јас иам мног низог праг на толераницја и издрѕливост па затоа и неам дечко. а иначе почит пред се. и мило ми е што ме пратите. поѕдрав и секое добро