Те читам низ темите за совети... Ако знаеш каква личност ти треба, ќе најдеш. Не се форсирај и не напнувај каде што нема можност. За успех треба верба и трпение.
Еве решив сеедно да ослабам, и тоа многу.... бидејќи една од забелешките беше и тоа, ама не занего. Ама има нешто што не штима, ме гледаат како мајтап, мислам на мажите
Ајде демек пробав да бидам толерантна, правиме планови за нас, градиме иднина демек, да не излезам олош за секс да се карам ама гледам во право сум била. Ви благодарам женски.
За мајтап те гледаат само несериозни мажи, оние на кои жена им е битна како бројка во низата што ја освоиле и имале. Пополека се ќе биде, само издвои си приоритетни нешта. На пример најважно ти е да намалиш килажа, или најважно ти е да најдеш некој сериозен па чекор по чекор ќе стигнеш и до целта. Трпение и многу упорност, најмногу желба за промена кон подобро и со среќа.
Чим се заедно се претпоставува дека се сакаат, а немаат секс ради некој проблем што имаат. или ке го решат или секој по својот пат. пс/ јас мојот стрикно под клуч. што е сигурно сигурно е.
Стварно не си ми јасна? иди по правилава и немаш гајле. 1. фамилјарен човек си 2. праи тоа што првенствено тебе те праи среќна 3. ако некој мисли друг да заебе сам се заебал. 4. по толерантна биди и попуштај и кога си во право. не ги откачувај одма. 5. за секое тенџере капаче. поздрав и секое добро .
1. Фамилијата ми е полојнка, значи тоа дека морам друг разведен исклучиво да барам? 5. Изгледа сум гезве За се друго така е. Да попуштам се можи, ама да ме гледа како забава не можи
Трпение на 20 година во ред, трпение на +30 години - не знам што да речам. Со 33 години немам трпение за мажиња кои мислат дека се супер, а јас не чинам.
Тоа сакам да ти го кажам.Тој и порно се на исто ниво односно можеш да се задоволиш без да дозволиш некој да ти ги злоупотребува чувствата.
Не ни треба да имаш трпение за такви мажиња кои мислат дека се супер а ти не чиниш, таквите успешно треба да ги заобиколуваш. Не им дозволувај да те третираат како ти да не чиниш. Работи на тоа да си ги остваруваш замислените планови пополека ама сигурно.
@macencef , те читам цело време како се мачиш, де со еден, де со друг и со никого не наоѓаш она што го бараш. И јас мислам дека е така поради тоа што активно бараш. Не дека сега треба да чекаш да ти куцне некој на врата, туку едноставно да не ти биде тоа приорет во животот. Рече дека си мајка, млада мајка. Имаш само 33 години и цел живот пред себе. Посвети се на другите аспекти во животот, оствари се себе си, наполни се со позитивна енергија, со љубов, имаш ангелче кое му е потребна љубов, нека ти биде тоа приоритет. Кога ќе ги решиш сите тие прашања, кога самата ќе бидеш позитивна и исполнета, полна со самодоверба, и партнероѕ ќе си дојде, баш онаков каков што посакуваш. Не ти требаат шарлатаниве.
Не дека не можи, ама подобро е со некој. Е сега подобро е да имам некој кој е квалитетен човек, не некој што не знае дали сака или не со мене да биди. Или потклекнува на наредбите од домашните, дека да ми се скара бидејќи имам дете, па си најде изговор. Бидејќи се се случи кога познати негови го видоа со мене. Се сомневам дека неговите ги замеша прстите