Не сум изненадена. Не е исто за разведен маж и разведена жена кај нас.. Ако е маж, нема да има проблем да си најде друга, ама ако е разведена, има триста стереотипи што се 'закачени' за нејзе, па автоматски кај мнозинството потенцијални кандидати, станува непожелна.
Сеа измеша триста работи. Јас едно те прашувам, ти друго збориш. Зошто е подобро со некој да си? Само колку да се покажеш пред народ дека си?
И јас би претпочитала да сум со некој, отколку сама. По природа сме социјални битија, и сакаме да оформуваме блиски врски. А општествената матрица, очигледно е подесена тие односи да бидат регулирани преку процесот на 'развивање' романтична љубов, па затоа и сакаме да имаме некој што го сакаме и што не сака. Родителите ќе починат, децата ќе си отидат, а измеѓу останува романтичен партнер. Нема ништо лошо во тоа да сакаш да си со некого. Се разбира, под услов да е некој со кого имате убава конекција, а не било кој 'колку да се речи'
Секако е убаво да си со некој, но некој што те цени,почитува и што ќе те сака. Членкава сака по секоја цена да го најде тој ,,некој''. Не знам што толку брзаш и трчаш, цел живот е пред тебе. Можеш само да направиш контра ефект, со ова брзање.Мора пред се' да сфатиш дека и кога си сама, комплетна си и доволна за себе и своето дете. Не може и не треба тој некој да те дефинира. Погоре некој машки член убаво те советуваше, да се свртиш и посветиш на себе и твоето дете. Посвети се максимално на сето тоа. Цени се себе си. Постави одредени критериуми и не прифаќај ништо помалку од тоа. Нека не те води мислата дека си разведена(големите чуда), па никој не те сака.Па и порано имало разведени жени кога тоа било почудно и ,,срамно'' ,па се премажиле и створиле семејствa (знам многу примери). Се' другото со време ќе си дојде. И верувај ми ќе биде кога најмалку очекуваш.
има луѓе кои неможат без партнер/ка. и не треба. според мене секој треба да си си оствари на приватен план, членката не дека брза или форсира него си сака човек до нејзе. како вика поговорката најмалку кога очекуваш, еве сега најмалку очекувам што не се деси. Шала на страна, секој со своите минуси и плусови за секој има некој. јас би рекла дека треба да се осврнеш кон работа заработувачка да биде материјално обезбедена добро и тоа, и учење курс факс нешто плус нови работи, па потоа ке си дојде и партнер, некој нормален што би се рекло, а не некој фраери за секс, се надевам дека имаш добра фамилија која ке ти помогне со детето. треба и мора да работиш на себе и тоа Многу, совет од мене дади приоритет на профисеиналниот апсект во спротивно ке зависиш од секоја будала што би се рекло. али првично да си жива и ѕдрава.
Ако не е способен да се носи со фактот дека си разведена со дете, не ти ни треба. И не се замарај да најдеш некој, посвети се себеси и на детето, на работата или било што. Маж не е фустан па да шеташ цел ден по продавници и да најдеш. Тој што е за тебе ќе дојде кога најмалку се надеваш. И ништо нема да му пречи, ни разводот, ни детето, ни дебелината, туку ќе те прифати таква каква што си.
Здраво на сите. Имам еден проблем во врската па секој совет ми е добредојден. Во врска сум 3ипол години,ми се случуваа некои лоши работи бидејќи дечко ми знаеше од нигде никаде да се напие и да биде пакосен. Во тој миг он не мисли на никого,не го интересира кога ќе речам си одам вика иди си,а кога е трезен плаче и ме моли да останам знае да излезе во сред ноќ и да остане до сабајле буден. Јас ќе заспијам он си гледа порничи пишува на колешки како сака да излезат итд итд.. кажува како нема мир се нешто го мачи во главата си измислува проблеми и затоа е таков. Неколку пати о го избркаа од работа зошто имаше идено пијан. Во тој момент он неможе да прекине да збори во спална во сред ноќ ќе почне да ми зборииииии свашта нештп неповрзани работи психички ме убива тоа. Сега за сега е океј као демек никад вше такви работи зошто стварно кога е трезен е сосема друга личност. Имам многу да пишувам ама на кратко.. Сега сме океј е супер е со мене сепак јас ја изгубов довербата во него и за се потајнп се сомневам. Ништо не ми е убаво со него...порано знаевме со малце да си направиме да ни биде прекрасно и да уживаме а сега џабе и пари и каде и да отидеме мене не ми е убаво ама ич.... како да си го повратам дјајот во врската и да бидеме среќни.. а многу се сакаме,бар јас него.. за него неможам да гарантирам
Како викаш дека многу го сакаш, а истовремено кажуваш дека си изгубила доверба, постојано се сомневаш во него, и ништо не ти е убаво со него? Мислам дека не можеш да си го повратиш сјајот во врската, затоа што основните работи на кои се заснова една здрава врска е пред се доверба, а ти тоа го немаш, а да не ги редам истите работи што си ги пиша сама погоре. Не се залажувај дека ќе се среди нешто затоа што со вакви типови само на полошо ќе тера работата, доколку ти прогледуваш низ прсти за такви работи. Колку години имаш?
Дефинитивно сам некој нема да ти дојди, мораш да бараш. Приказни од типот тој што е за тебе ќе дојди, не проаѓаат, заради огромниот број на сингл и мажи и жени. Директно ми рече дотичниот дека за карактерот сум супер, што ми е мило. Останавме пријатели, не дека нешто реално ми згреши. Продолжив понатаму, тоа е. Инаку ако си пасивен и чекаш некој да дојди принц или некој посебен, сори, нема шанси такви. Сеедно, ќе се мачам со таа тема додека не ми се смачи, и тогаш ќе затворам секаква можност за било кој. Полека губам надеж Али ок е....
Ама премногу се форсираш @macencef. Ти излегувај, движи се во места каде можеш да запознаваш нови луѓе, ама не излегувај со мислата дека денес мора да најдеш некој. Ми делува како воопшто и да не одбираш, туку се задоволуваш со многу помалку од она што ти треба, само за да не бидеш сама. Затоа и се разочаруваш на крај. Не давај шанси секаде. Кога некој ќе ти се погоди и ќе ти одговара ќе знаеш. Дотогаш посвети се на себе и на детето и дај си време.
Сама си кажа. Чим не ти е убаво со него... ама ич... нема ни што да остануваш со него. 'Сјајот' ќе го вратиш, ако ти направат лоботомија и заборавиш се' што знаеш за него, и ќе ти биде 'сјајно' додека повторно не го научиш каков е. Тргни се со време... Уште денес, би рекла.
@foxx07 Девојче многу си пропатила поради него..остави го со време,чим си пие утре вашата врска може ќе прерасне во брак,што ќе ти е пијаница?што ќе ти е некој што им пишува на други женски?што ќе ти е некој што по којзне кој пат го бркаат од работа?како би гледал утре семејство?кажа сама дека немаш доверба..и не можеш ни да имаш после се ова што си проживеала со него,а без доверба се е површно... Немој да се мачиш со него повеќе,таков ќе си остане он..
Да така е во право си и сега трезен ми ја вади душата ќе идел на кафе со колешките демек мн благодарен што му рекле дека што и да му треба од компанијата отказ отпусна листа (зошто сме у странство) а таа стара матора затуцана никој не ја сака и се ебе и се плаче извинете на изразов .. фала ви многу, сите околу мене ми го кажуваат истото како вас фамилија пријатели па дури и неговите родители некогаш! Си одам!
Здраво, не знам што да правам , се гледав со еден грк од Солун доаѓаше , не очекував ништо од него само онака од култура да го пречекам дека дошол, сега пак ми пишува дека ќе дојде , ама сега ми рече сакаш ли да дојдеш во Кавала дека и таму живее можеш да останеш колку сакаш бесплатно баш ќе ми биде мило, не е манијак или слично баш на фин изгледа 3 пати се видовме овде сега не знам што да правам
Па ако сакаш да одиш оди, ако мислиш дека ќе си поминеш убаво на некој викенд, само немој да опседнеш 2 недели и кусур
Па зависи како го гледаш. Ако го гледаш само како пријател, одбиј ја понудата. Ако го гледаш како нешто повеќе, прифати, зошто да не? Знаеш дека сигурно не те вика за да дискутирате околу квантна физика, туку за нешто друго. Па биди подготвена на тоа ако отидеш.
Тој мене ме гледа како нешто повеќе , ама рече дека ако не сакам ништо тогаш ок е со тоа, ми нудеше дури и пасворд од ФБ да ми го даде реков ок е, нема потреба и онака не разбирам , а дома сигурно не би ме пуштиле така јас не знам ни мене дали ми се иде дали не
А ти него? Тоа е прашањето. Он ти кажал како стои и сега до тебе е, ако и ти го гледаш така оди, ако не не му давај лажна надеж и не го искористувај за бесплатен одмор.
Јас многу ти се извинувам,но тука кај тебе не гледам ниту љубов ниту нешто поврзано со љубов.Можеби да,ти си онаа која е вљубена и го сака тој човек,но тој од друга страна ако те сака навистина искрено ќе се труди да биде барем малку човек.Алкохолозмот е порок кој навистина тешко се лекува,можеби тој човек е алкохоличар.Најдобар совет до тебе е да се дистанцираш од овој човек,да си ги преиспиташ своите чувства и да свртиш нова страница.Ама,сепак твој живот и ти си знаеш,со среќа!