Не знам искрено , цело лето ми помина седејќи дома , од дома сигурно нема да ме пуштат ама немам 3, год и тоа не знам како да им објаснам
кажи друштво ке бидете други девојчиња ке има и сл. иако не пијат нафта, и дека е нормален некој, ако не те пуштат не иди.
Ne me svakaj pogresno, do decko mi e sekako. No sakav da dolovam da bide beljata pogolema i ovaa se najde tuka poso prethodno a i kako i da e normalna devojka devojce ili zena nikogas ne bi go napravila toa akp znae deka e vo vrska ova e plus
Не знаев каде да напишам за проблемот кој го имам па се одлучив во оваа тема и се извинувам за долгиот пост. Најпрво сакам да кажам дека со дечкото сме заедно скоро 1 година и ми е прв дечко бидејќи претходно не сум сакала да се впуштам во никакви сериозни врски свесна за мојата несигурност и проблемите со кои се соочувам, односно подолг временски период се соочувам со депресија и анксиозност и сликата за себеси ми е наполно уништена. Познавајќи се себеси, не сакав да имам дечко бидејќи мислев дека нема да има некој таков кој што би ме поднесувал, но еве бидна што бидна и еве скоро 1 година имам некој покрај себе кој свесна сум дека премногу ме сака, но во врскатс никогаш не ни било најсјајно а за тоа најголем виновник сум јас. Од самиот почеток моето однесување беше прелошо, односно болно љубоморна девојка која забранував сè, забранував да гледа во други девојки, забранував да оди на одмор, да оди на забави и така натаму, се чувствував прелошо со самата помисла дека би погледнал некоја друга освен мене бидејќи отсекогаш сум се чувствувала дека сите околу мене се многу подобри од мене и дека јас никогаш нема да сум доволно добра. Од сите работи кои ги забранував, најмногу ме плашеше помислата да гледа порно филмови. Цела оваа година тој за cè ме слушаше и се откажа од многу работи за мене, но јас бев таа која премногу го повредував со моето однесување и буквално секој можен ден се каравме за глупости и при секоја караница кажував многу работи кои не ги мислев и цело време му кажував дека ќе раскинеме а тој постојано ме молеше. Како што кажав, од сите работи кои создаваа несигурност во мене, најлошо се чувствував за порно филмовите. Првите 2 месеци од врската тој гледал и сам ми го призна тоа, но понатаму ми кажуваше дека ниту еднаш не погледнал. Не можам да опишам како се чувствував секој ден живеејќи со страв дека сепак го гледа тоа и помислата да гледа друга гола девојка освен мене правеше да се мразам самата себеси уште повеќе а само тој беше единствен кој што правеше да се чувствувам барем малку подобро во однос на мојот физички изглед. Секој ден му викав да ми признае доколку го гледа тоа, буквално околу 8 9 месеци секој ден го прашував, имав многу пати плачено пред него само да не ме лаже да ми каже доколку гледа но тој секогаш негираше и се колнеше дека не гледа, сè до пред 2 дена кога јас случајно сама видов дека тој гледал цел период иако и сексот ни е добар и секогаш кога можев му праќав слики и видеа од мене за ако веќе има потреба да гледа да ме гледа мене а не нив. Кога разговарав со него се чувстував прелошо бидејќи буквално со месеци секој ден го прашував дсли гледа а тој ми негираше, а кога го прашав зошто дали јас не му бев доволна дали не е задоволен од мене ми одговори со тоа дека само ги отворал сите тие страници за јас да видам дека гледал бидејќи сакал да ме повреди како што сум го повредувала јас него 1 година со моето однесување и да сум видела како се чувствувал тој секој ден и плачел секој ден. Откако разговаравме одлучивме веќе да нема тајни меѓу нас и отсега што и да направи да ми кажува и дека повеќе немало никогаш да отвори ( а викаше не ги гледал само ги отворал да стојат како пребарувани за да видам јас ). Но проблемот е во тоа што јас се чувствувам најнесигурно досега отсекогаш, целава ситуација премногу допре до мене и ме уништи и кога и да помислам на тоа дека гледал други ми доаѓаат солзи и не можам ниту да јадам ниту да спијам односно се будам на секој саат мислејќи на ова а почнав и да се самоповредувам како што правев порано, а тоа прекинав да го правам откако сум со него но сега почнав да го мразам своето тело повеќе од било кога и не знам дали би можела да продолжам вака. Ве молам тој што го прочита ова да ме посоветува било како да ги тргнам сите овие мисли од глава, како да заборавам на сето ова, на крај краева дали би требало повторно да посетам психијатар? Благодарам.
Зошто си ја оптеретуваш главата, а и врската за најобични незагрижувачки порно филмови. Не значи дека ако гледа порничи не е задоволен од тебе, но мора да ја намалиш твојата напнатост и претерана љубомора спрема него бидејќи во спротивно ќе добиеш само контра ефект.
@mariaamarija Да, треба заради себе. Мислам дека прво треба да се погрижиш за себе, за да утре би имала здрава врска. Гледањето порно не е нешто ненормално. Тебе ти треба стручна помош, за да се опуштиш и колку што е можно повеќе да ја надминеш ссостојба. Во меѓувреме, ти треба пауза од врската, бидејќи не си пдготвена за истата и колку и да треба партнерот да те поддржи, и нему му треба еднаква поддршка, а во овој случај не е фер спрема момчето. Не си виновна ниту ти, анксиозноста може да биде исклучително опасна, но доколку сакаш да живееш нормално, мора да се обратиш на психолог.
@mariaamarija не ни требало да прекинеш да посетуваш психијатар зашто ти не си излечена од што и да си боледувала. Не е нормално ова што го пиша дека го правиш. И земи го и дечкото со тебе, сигурно и тој е прикрај со нервите цела година да трпи тортури за глупости.
@mariaamarija и јас имам анксиозност и депресија, и јас сум во врска една година и сум многу несигурна околу себе и те разбирам за некои работи, ама ова е токсично за двајцата. И ти се мачиш и тој се мачи. Оди на психолог почни да разговараш, ако предложи психологот може и дечко ти да дојде, и ако има дечко ти трпение и љубов, ќе ја надминете заедно ситуацијата. Мораш да работиш на себе за да се чувствуваш добро во врската, затоа што колку и да те сака дечкото а ти не се прифаќаш, пак ќе биде проблематично и анксиозноста ќе избива. Знам колку се глупави и неконтролирани мислите кои доаѓаат, затоа побарај помош.
Девојче, пиши ни како си, некако скроз се тргна од форумот. Ах бе, душа напатена @cresa-jagoda , абе срцко , да не имаш контакт од неа оти ти си повеќе во тек, она почесто пишуваше во темата Што би му кажале....ти си повеќе во тек со таа тема, јас касно почнав да пишувам таму. Искрено се надевам девојчето е подобро и дека нема направено некоја глупост оти максимално ја разбирам, исто се осеќав и јас така емоционално скршена минатата година.
Дечки, ми треба еден мал совет, односно мислење. Пред еден период од месец дена, на пракса случајно се запознав со еден дечко. Уствари, никогаш не се запознавме официјално со име и сме во различни домени и соби но на "здраво" сме со општи муабети и повремени шеги, што би ги нарекла како нормални со оглед дека сме во иста инатитуција. Ме адна на фб, се изненадив како ме нашол,дури еден ден после тоа ми направи reacted на слика на story. Ми се допаѓа, не викам не, премногу е харизматичен, ми се сврте во глава ова и пред да ме адне, затоа и ми привлече внимание. Покрај тоа во неколку наврати чувствувам како ни се задржуваат погледите невообичаено, не знам што е, ама чудно и необично чувство ме обзема. Дознав дека всушност бил женет,што ме натера да размислам и да се запрашам што правам, но најмногу ме интересира неговта намера според реакциите. Знам дека се општи и неконкретни работиве, но ме интересира ваше мислење. Поздрав
Знам, јасно ми е тоа. Но не ми е јасно што сака тој да постигне со тоа, си викам " му се допаѓам, или си преувеличувам само?! "
@LaGuapa Не треба да си експерт по квантна физика да сфатиш што сака женет маж од тебе. Ако плус му даваш до знаење дека и ти си заинтересирана, уште полесно за него. Нема да се труди за секс кај друга. Дали му се допаѓаш е ирелевантно, бидејќи тоа се прашања за потенцијален партнер за врска, не за некој со кого можеш само афера да имаш.
Не се заплеткувај во љубовен триаголник, на такво нешто му нема среќен крај. Оддалечи си се со време.
Точно, се согласувам со се, за жал така е. Ама околу тоа " нема да се труди за sex кај друга", не го гледам тоа така. Во ред женет е, да, ама според мене не мора да значи дека константно излегува/л со некоја од страна за секс. Можеби до сега немал со никоја, можеби имал а можеби и непланирано се случила некоја хемија. Значи МОЖЕБИ, пак ќе речам, не со сигурност. Благодарам за мислење, I appreciate that ☺️