Што има врска дали имал-немал некоја за секс претходно. Во истиот момент кога си дознала дека е женет, требало да прекине било каква заинтересираност за него од твоја страна.
@LaGuapa Извини, во право си Те сака, има сериозни намери да те запроси за свечено швалерајство Цени го, не ја испуштај шансата Таква вистинска љубов не се испушта. @buba4e89 Женет е, погоре спомна.
Во ред, побарав културно мислење и го почитувам секој ваш став. Ама нема потреба од иронични коментари, ниту е место за тоа, ниту пак јас прашав со иронија Сакав само искрено мислење, тоа е се. Поздрав
Секако дека треба да посетиш психијатар.Замисли дека имаш птица.Ќе ја чуваш во кафез и нема да ја пушташ надвор а оправдување ќе ти биде дека многу ја сакаш.Но таа птица нема да го почуствува тоа бидејќи се што ќе гледа се решетките од кафезот во кој се наоѓа.Ти ќе го слушаш нејзиниот тажен глас но ќе си велиш дека не сакаш да ја изгубиш.Но баш напротив затоа што тогаш ќе ја изгубиш нејзината љубов.А тоа е најважното.Немој да го правиш тоа,баш напротив вратите секогаш треба да бидат отворени.Љубовта треба да биде слободна.Слободата е најголемиот подарок кој можеш да му го дадеш некому.Не го ограничувај твојот дечко затоа што со тоа само ќе го изгубиш.И јас гледам порно но тоа незначи дека не го сакам мојот дечко.Или пак и тој да гледа нека гледа.позз
Здраво девојки ми треба совет од вас секако и од момците. Вака имав едно момче со кое што почнавме да се гледаме многу скоро откако тој раскина со бифшата. Се запознавме многу интересно и си се допаднавме еден на друг. Почнавме да излегуваме и се ни беше океј. Иако бевме од различни градови немаше никаква љубомора или карање. Не се криевме излегувавме сами двајцата во град, во кафич ме носеше на училиште и сл. Дури еден ден ме многу изненади со неговата постапка. Надвор врнеше а бевме од различни градови и ми се јави да ме праша со што ке одам на училиште а јас му кажав со такси. Ми рече седи дома сега ќе тргнам накај твојот град јас ке те носам таман ке те видам на пет минути. Се зачудив од постапката. Го послушав го почекав дојде од неговиот град до мојот се стасуваше за половина час со кола. Ме зеде и јас сепак за да не биде патот за џабе не влегов на првиот час отидов со него во кафич пиевме кафе и ме остави на училиште. Ме чуваше како принцеза. Се беше океј се додека не се умеша неговата бифша. Дознала за нас и на мене почна да ми се заканува а на него му праќаше провокативни слики од нејзе. Незнам како да ви објаснам но они раскинаа бидејки она го изневери со многу а тој кога дозна и раскина. Во нас двете имаше голема разлика бидејки незнам како да кажам ама она имаше многу курвинско понашање а јас бев девојка на место или како да ви објаснам мирна и луда. Тој ми велеше дека ретки останале девојчињата како мене и дека бил среќен што ме запознал. Но после 2 месеци него го снема не ми враќаше не ми креваше на телефон и на крај дознав дека се вратил со бифшаму. После еден месец ме побара и му се јавив го прашав како има лице да ме бара а тој ми рече дека таа многу го сакала дури сакала да се убие за него и морал да биде со неа а дека ме сакал мене дека никогаш немало да ме заборави. Го сослушав и му спуштив бидејки се осеќав понижено. Му пружив и јас љубов а останав сама. Мина една ипол година и случајно видов дека раскинале а за таа ена ипол година цело време го посматрав од страна никогаш не му дадов до знаење дека сеуште мислам на него. Е од кога дознав дека раскинале собрав храброст и го побарав а тој зачудено ме праша како после една ипол година ми текнало за него му направив филм дека случајно сум дознала дека раскинале па сум сакала да го слушнам. И така еден ден отидов во неговиот град со другарките и му пишав да се видеме. Дојде ме земе со колата и отидовме да седиме на едно мирно место. Повторно ме праша зошто дури после една ипол година го барам а јас му реков дека сум чекала да раскине со женскаму. Почнавме да зборуваме за нашето запознавање за тоа како он тоа време чувствувал нешто за мене и никако не се спомна дека може повторно да пробаме. А искрено луѓе сакам да ми се исплати чекањето сакам повторно да пробаме. Тој ми зборуваше за тоа дека јас сум се веднаш одкажала од него и дека он кога ми се јавил да ми објасни јас сум му спуштила. Цело време како да сакаше да каже дека јас сум виновна дека не сум го дослушала дека сум избрзала сум се одкажала од него а јас јадната една ипол година го чекав без да знае. После тој разговор не се слушнавме, му пишував ама не враќаше па престанав. Го видов пред 5 дена ми направи здраво со рака ме праша како сум што има ново и тоа. Па сега барам совет од вас. Според вас вреди ли да се борам, според напишаното дали имам уште некоја шанса кај него, дали воопшто треба да се борам. Многу сум во дилема помогнете. Како да му пријдам како да си го вратам незнам дали воопшто ми и треба.
Тоа што ти го направил навистина не е во ред, од каде ќе бидеш сигурна дека пак нема да ти го направи истото? И се вратил на бившата тебе те оставил така барем од почит да ти ја кажал вистината. Па уште ти си била виновна што не си го сослушала ,леле кутриот тој . Ми се гади од вакви машки ,јас никогаш не би била до некој кој така постапил спрема мене ,да ме фрли како ѓубре па уште да му се враќам За промена можеш да си најдеш некој кој ќе те почитува .
Немој да си го трошиш животот на некој како него. Сигурно си млада. Ќе имаш многу прилики. Не ти треба некој несигурен како него ,,морав да и се вратам на бившата оти ќе се убијаше без мене,, детски муабети. Не се замарај со него. Живеј го животот и не го троши на некој што не те цени.
прво дечкото никад не ни бил твој, ја сакал бившата, не му биднало останал пријател со нејзе, со тебе несака ништо и да бидете заедно ке раскинете нема да завршите заедно, не те гледа за оѕбилно, тоа што момакот е џентламен, што те рашетавал и сексал кога сака и како сака незначи ништо. според мене барај си дечко некој што ке бидете пред се пријатели па после и партнери, и да не завршиш со тој , друг трет ке биде со некој. упорноста секогаш се исплати, само насочија правилно. дечково не го ни спомнувај, заборави го.
cim ne si znaela pletkaj se so nego ama tajno, ete imash opravdanie, samo ako izedesh kjutek nemoj da se cudisj, posten decko i dobar e a tii najjaka na svet. kako be taka devojce so razmislivash. mesto da recesh fala mu na boga sto ne si praela nesto i da begash ko gjabol od temjan duri i da ti prakja signali treba da go otkacish ti se falish. ne se pustaj na zafateni. i posle cacko e kriv ako zaglavish u nekoj glupsoti.
Полека малце.Не се фалам и не реков дека сум направила нешто. Пишав убаво и не знам колку сфати. Ниту сум имала ниту ќе имам, побарав само мислење, зошто пушта тој водичка. П.с прво прочитај убаво предда пишеш. Позз
@Damata so marama Едноставно не. Грешка било тоа што по раскинувањето не си се фокусирала на себе, туку на нив. Тој не те сака и зошто би сакала да бидеш со некој кој не те сака, а згора и те изневерил. Без навреда, но ниту твоето не делува како љубов, туку повеќе како опсесија кон него.
Некогаш мора да продолжиш напред.Тој не те сака.Тука работите се завршени а и незнам како би му простила за тоа што заминал со бившата
Абе не си ја храни фантазијата со лажна надеж. Оти упорно се обидуваш да рационализираш нешто, што не е за рационализирање? Ти кажав дека од врска со оженет освен секс, не можеш ништо друго да очекуваш. Ич не се надевај на љубов... Немаш шанса... и си немала откако ти раскинал. Најди си друга занимација и не се замарај со него.