Форумџика на годината

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Добро, сега опушти се и кога ќе дојде да разговарате на фин начин кажи му зошто така си изреагирала и си се налутила.Немој само да се расправате за некои икс особи.Ајде се ќе биде во ред ;)
     
  2. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Се се ама ова неможам да го сфатам.... „ми ја врати слободата конечно„ и сеа кажете ми вие дали е тоа врска? Дали е тоа љубов? Дали тоа вреди за да ги откачиш другарките и сите останати?
    Па нормално дека после вака ќе ти прави, ќе те изолира од сите, ќе останеш сама со него, зависна од него и ќе те врти како сака, а ти ќе мораш да трпиш се!

    Ова го прашувам затоа што и две другарки ми се во слична состојба со она одземање на слободата од страна на дечкото.... баш би сакала некој да ми го објасни ова, навистина неможам да сфатам.
    Па јас тргнувам од мене лично колку и да сум заљубена и затрескана и незнам што не би можела да поднесам некој да ми ја ограничува слободата! Од каде тргнувате вие, зар не е слободата она што највеќе ви е потребно во животот. Кога ќе размислам... па од дома не ви ја ограничуваат слободата а не па некој трет да ме ограничува...
     
  3. skyAngel

    skyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    1.530
    Допаѓања:
    2.768
    Според мене таквите врски се болни врски...не сме на светот само ние двајца па ќе се делиме од другите.
    Глупости, ограничување на слобода,таквите машки или девојчиња според мене само си ги лечат комплексите врз оној со кој се во врска. Таквите прво немаат доверба во себе , а не па во другите. Според мене таквите врски бргу пукаат , а и ако се долги исполнети се само со караници, незадоволство и такви други безвезални работи кои не му даваат на човек убаво да се осеќа па кога и да ќе пукнат.
     
    На 2468 и mims-89 им се допаѓа ова.
  4. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Истово и јас не можам да го сфатам! 2 години идам со дечко ми ама никогаш не сум дозволила да се изолирам од се, ниту пак тој, да си забрануваме да излегуваме и не знам што. Многу се сакаме ама јас не можам да се замислам а да не седнам со другарка да се напиам кафе и да си направиме женски муабет, поголем дел од времето го поминувам со дечко ми, но сепак имам и другарки и тој има другари и просто не можам да сфатам како луѓево можат да опстојат врзувајќи се само за една личност!
     
    На zoki-poki, Trendafilka, 2468 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Јас сфаќам да се одделиш поради него од другарките до некој степен нели, да се дистанцираш ама по сопствена воља. На пример ете, сакаш повеќе време да си со него, повеќе се пронаоѓаш со него отколку со другарките, во ред тогаш. Ама да си тип кој сака да се дружи, да си биде со другарките да им посвети дел од времето и на нив и некој тоа да го знае а упорно да го скратува неможам да разберам!

    Јас на пример од кога сум со дечко ми се оддалечив од другарката. Поубаво ми е со него, со него планирам се, знам дека тој и покрај се секогаш ќе биде со мене... Ама јас да сакам да бидам понекогаш и со неа и тој да ми забрани, има да му ги акнам клоците и око да не ми трепне!

    Мене во мојов живот ништо не ми било забрането од страна на родителите. Ме оставале се да правам на своја рака, не ме чувале во стаклено ѕвоно. Се што сум направила сум го направила поради мене и кога ќе направев глупост си ги сносував последиците.

    Кој е по ѓаволите дечко ти да ти кажува што да правиш, кој е тој воопшто да ти ја скратува слободата или уште полошо твојата слобода да зависи од него?! Те створил? Придонел нешто за твојот живот некогаш? Те хранел, те гледал?! Што направил?! Аман бре жени бре, не им се притресувајте толку, еден ден скапо ќе ве чини!
     
    На mims-89, teddybear, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Затоа е најтешко долгите врска да се зачуваат.
    Кога ја свативме сериозно врската почнав да се оддалечувам од другарките само за да бидам со него.Ако заминев со некоја другарка на кафе,тој се лутеше и повторно кавга.Болна љубомора беше тоа.
    Но сега не можам да се пожалам,тој се промени.Јас секој викенд сум излезена со другарки,каде што сакам и не барам од него дозвола и не е како порано да се лути.Но тој ги познава добро моите другарки и знај дека се добри,не се распуштени итн.Јас неговите другари воопшто не ги познавам и можеби затоа сега се јавува љубомора од моја страна но чувствувам и голем страв.Сношти вечер разговаравме и ми се извини,макар што мислам дека и јас требаше да му се извинам.Знам дека и тој има потреба да излегува,тоа не му го бранам и никогаш не сум му го правела ама барем нека ги бира местата.
    Сигурно никоја од вас нема да се чувствува убаво доколку нејзиниот дечко замине дома кај некоја што му била мувачица.
    Сепак и јас морам да се трудам да го променам ова мое детско понашање.
     
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.447
    Допаѓања:
    91.781
    Пол:
    Женски
    Знаеш што мислам дека е проблемот? Ти до сега си била врзана од негова страна и тој конечо ти дава слобода. Е сега тебе ти е чудно зошто тој одеднаш толку се сменил и тука се појавува онаа мала сомнеж дали има нешто што тој крие и што го сменило? Така? Нема врска. Штом тој ти дозволил да правиш што сакаш значи ти верува, треба и ти него. Кога можеш ти да излегуваш каде сакаш, остај го и него, се дур не смета на вашата врска. Значи тебе да те запоставува, еднаш неделно со тебе, а со другите постојано.
     
    На Mygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Се согласувам со марама. Тоа што ти дал слобода немора да значи дека ете веќе не го интересираш и му е сеедно што правиш. Тоа може да значи и дека веќе меѓусебно се познавате и имате доверба. А Срцулка, зошто не ги запознаеш неговите другари? Излегувај некогаш со нив, види какви луѓе се... И смири си ја љубомората пред да го изгубиш ;)
     
  9. Marija02

    Marija02 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки. Имам 21 год. и студирам...но проблемот е што сум заљубена во еден асистент што ни предава овој семестар. Премногу ми се допага и би сакала и тој тоа да го знае, иако мислам дека нешто невозможно сакам. Како да му дадам до знаење дека ми се допага и дека сакам нешто повеке со него и дали мислите дека е во ред тоа? :^) Инаку тој е 10 год.постар од мене. Ве молам да ме советувате што да направам...
     
  10. zoki-poki

    zoki-poki Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2010
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    371
    Ауууу јеботе!!!
    ОК, гледам бараш совет од девојки, ама се надевам дека нема да ти смета совет од машка страна!
    Девојче, можеш многу проблеми и на него и на себе да направиш...
    1. Ќе си го урнеш реномето - сите ќе мислат дека си со него за оценка или за пари
    2. Ќе му направиш може проблем на работа - или и неговото реноме ќе го срушиш
    3. ИМа сериозна разлика во години - не е непремостива разлика ама сериозна
    4. Што и да одлучиш да направиш, биди многу, многу дискретна...
    Поздрав
     
  11. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Аххх мила, често знаеме да си се залетаме во погрешен. Тргни од тоа дека на него секоја ден му поминуваат по илјадници студентки и незнам дали би си ја ризикувал работата за било која од студентките. Може да те забележи ако идеш на консултации кај него во канцеларија, единствено така би била на некој начин поблиска со него. Меѓутоа немој многу да се надеваш на него, дури и да му пуштиш ти водичка постои ризик погрешно да те разбере, пошо има секакви студентки што се умилкуваат за оценка, така да батали го и немој да правиш грешка.
     
  12. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626

    Марија...вака сега не сакам да ти ги срушам соништата ама ќе ти кажам најискрено. !!! Има ваква посебна тема за годините ама ќе го спомнам тука, штом тука го постави прашањето. Ништо нема да испадне од таа врска и сега ќе ти набројам неколку причини...Првата е тоа што он е 10 години постар од тебе....Кажи ми како ќе се гледа он у друштво со твои другари/другарки? друго за што би разговарале? значи имате заеднички интереси? за врска да успее мора да имате за што да разговарате, да напраите озбилен муабет, слични интереси...А вие двајца сте моментално од два различни светови...значи он има сосем други приоритети за разлика од тебе. Он сака да седи дома и да се одмори, додека ти сакаш да излезеш и да се журкаш. И да почнете врска, он од тебе само ќе добие секс и ништо друго. Според мене од 5-6 години максимум разлика би можеле да успејат врски. Ајде сега малце на нешто посериозно. Он е веќе во години, значи он не е дечко, туку он е маж !!! Он сака да се жени, сака деца...Спремна си ти на таков чекор? зашто ти кога ќе си 27 он ќе е 37....мислиш дека он до 40 години нема да сака да има деца или да се жени? Значи ти ќе завршиш факултет, сакаш да се изживееш малце, може да прошеташ да го видиш светот, додека за него тоа е поминато....како што кажав има он други интереси веќе...размислувај малце возрасно како би функционирала таа врска? .... Знам дека најверојатно боли, ама тоа е реалната ситуација и само сум искрен со тебе како јас ја гледам ситуацијата.....според мене најдобро би било да се оддалечиш и да заборавиш за твое добро од колку да почнеш нешто и после да те остави он па да паѓаш у депресии.....

    ако има некој друг, сосем друго мислење би сакал да го слушнам и која е теоријата позади таквото мислење....сепак не сакам да ти давам лажна надеж дека се ќе е ок...само сакам да ти укажам на некои работи кои што може и не ти изгледаат важни или не си ни размислувала за нив заради тоа што имаш пеперутки во стомакот :) ама тие проблеми кога и да е порано или подоцна ќе ги покажат забите

    позз
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  13. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Само едно ќе кажам-тие асистентите виделе многу девојки како тебе |( Затоа не се залетувај, да не се каеш после :!:
     
    На mims-89 и teddybear им се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Марија вака да ти појаснам, асистентот ти се допаѓа од причина што тој ти е баш АСИСТЕНТ од факултет, забранет ти е, немаш никакви шанси со него... си правиш многу филмови као јас и асистентот од факултет yea sure итн... ако си го погледнала како обичен човек надвор од факс гарантирам дека не би го ни погледнала, така да се ти е тоа во главата баш дека ти е нодостишен па тоа ти го прави уште повеќе посакуван.

    Друга работа, како би му дала до знаење на асистентот дека ти се допаѓа? Ќе му отидеш на консултации, ќе му оставиш ливче во индексот? Нема начин да му го покажеш тоа. Освен ако не го викнете во кафана кога се собирате од факс па да му се пуштиш. (ние на пример искачаме со асистентите понекогаш :) )

    Наредна работа, факт е дека асистент од факултет не би погледнал судентка, па како прво може заради тоа да си го изгуби работното место, да не збориме за тоа какви гласини ќе кружат за вас(секако ако дојде до тоа вас). Ризикуваш и ти многу, што ако му кажеш дека ти се допаѓа како би се однесувал тој со тебе на тоа: или доживотно нема да поминеш кај него (заради смелоста да признаеш и неподносливата ситуација, да ти предава потоа знаејќи што чувствуваш ти) или ќе ти се изнасмее и за него ќе бидеш недоздреано девојќе со недолично однесување. Да му се допаднеш и ти него нема шанси пред се затоа што те гледа како дете како и сите други студенти, за него си само една студентка повеќе. За надвор и во други околности нема да коментирам се е множно така?

    Заклучок, само проблеми би си направила ако направиш нешто такво да му кажеш дека ти се допаѓа, почни да го гледаш со други очи асистентот!
     
    На Mistery му/ѝ се допаѓа ова.
  15. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки, конечно да ви пишам за мојот проблем. Сакам да ви кажам дека се реши,благодарение и на вас, навистина сите многу ми помогнавте :) Малку потешко но се реши и заедно сме. Додека разговаравме се отворија и други муабети, се се собра. Му објаснив се,му кажав дека не сакам повеќе да разговараме за минатото, да ставиме крај на оваа тема. Решен беше да се разделиме, јас прво пробав да го вразумам,но потоа јас се согласив, му кажав дека готово е помеѓу нас,многу ми е криво но тоа е. Повеќе од гордост и од инат го зборував тоа. Го замолив да ме однесе дома. Потоа откако одлучив да си заминам, тој со солзи во очите ме погледна, ми рече јас многу те сакам, сакам да бидам со тебе, остани вечерва на спиење кај мене. Потоа разговаравме, си ветивме дека вакви работи повеќе нема да се повторуваат, и да започнеме нов живот, без спомени од минатото. И така вечерта останав кај него, убаво си поминавме :). Уште еднаш ви благодарам на сите, немаше со кого да го споделам ова,а вие ми бевте навистина поддршка :*
     
    На Blanca, Lolipop23, 2468 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Само да не биде како секое чудо па и ова 3 дена да трае :^)
     
  17. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.515

    Јас можеби ќе бидам погрешно сватена, но кажувам пак од друга страна.
    За мене е доволна причина причина и сум оставила машко заради тоа. Не дека нема пари, туку повеќе од фактот што не му личи на маж со дваесет и кусур години да кенка за пари и секогаш да биде на грб на девојката.
    Што ако е студент? И јас студирав до пред една година па пак се снаоѓав и работев и тоа на факултет кој не ти остава ни секунда слободно време за работа. Ниту јас не сум родена во председателска фамилија па пак се снаоѓам за да имам. Имав еден интермецо дечко, кај постар од мене пет години, кај цело време на мој грб, здрав прав маж само се жали и кенка дека нема пари, а не превзема ништо конкретно околу тоа. Па не сакам со таков човек да планирам иднина и точка.
    Не ме сваќај погрешно, не знам како е во твојот случај, јас само си кажувам свое мислење.
     
    На vackaa и mims-89 им се допаѓа ова.
  18. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Баш ми е мило за тебе и добро сте направиле што сте ја затвориле вратата од минатото. Без навраќање ви посакувам секогаш да сте среќни. :)
     
    На savana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. opusteno

    opusteno Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    47
    Пол:
    Машки
    Еве еден директен машки одговор на твојот проблем.

    Прва треба да расчистиш дали ти се допаѓа тој или функцијата што ја извршува.Второ бегај од асистенти на факс зошто со ретки исклучоци се карактер нула ( менталниот склоп нивни е безрезервна сервилност кон професорот,професорскиот збор е канон за нив т.е такозвани бескичмењаци и после таквата фрустрација ја лечат врз студенти, така да немаш иднина таму ) и трета имаш преголем избор на дечки во градов така твој е изборот али поразмисли малце

    поздрав
     
    На 2468 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    1.898
    Можеби ова не припаѓа баш во оваа тема но незнаев каде да го сместам. Девојки си иам проблем значи убаво се чуствувам кога гледам дека на некој му значам и ме сака ( како што и секој би се чуствувал ) но откако тој некој ке го добијам брзо губам интерес за него. Тоа ми се случува постојано мн брзо губам интерес. И се тоа откако ме изнвери и ми раскина мојот бивши дечко. Па стварно повеќе несакам да повредам никого зошто ги има доста што ги имам повредено му давам надеж и потоа наеднаш станувам ладна незнам што се случува со мене ве молам за помош како да се сменам...