А дури да ме боли мене, нека го боли на некој друг. Само треба многу болења да поминеш за да го сфатиш ова.
Епа гледаш што е проблемот. Си ја условил. Или мене или друг. Ако си и дал можност за лабава врска, без обврска, онака да си се гледате и спонтано да си одат работите, ама ти си се зацопал до уши во неа и сега јбг. Бар искрена е.
Изјавуваш љубов која ти потенцира дека не можи да ти ја возврати. Зошто ти упорно искажуваш љубов - таа потенцира дека не го осеќа тоа и тебе, нормално, то те иритира ама и неа ја оттргнува од тебе.
Старк не бива. Не сте на иста бранова должина емоционално. Го знам тоа чувство, он ме сака праи се ама јас ете не можам повеќе од тоа што иам сега. Не се мачи, не бидува. И да решиш сега тоа ќе е привремено, па ќе дојде до поголемо. Веруј, само се измачуваш.
@Stark не ги форсирај работите, остави сè полека да тече. Од отварање на една та иста тема, за која она не сака многу да разговара, само ќе ја оддалечиш од себе. Нормално дека ќе и биде притисок, кога си почнал да и ги мериш чувствата на вага. Сигурно не сте многу долго заедно, плус врска на далечина, остави полека да и се развиваат чувствата, не секој може како тебе толку експресно и интензивно да се заљуби. Да бидам најискрена и јас како @Animali почувствував притисок читајќите, а не па девојката со која си заедно. Аман те молам не ја напнувај на тема чувства и љубов, никако немој да ја игнорираш, туку остави полека да и се развиваат чувствата, а теми за муабет има милион и една. Ако така постапиш, верувам дека постепено, самиот ќе почувствуваш промена во нејзините чувства, дека сè повеќе ќе те сака, па нема да има потреба да ја отвараш пак таа тема.
@mila7 нема да испаднеш смешна ако сакаш да знаеш што се случува. Многу послабо ќе изгледаш во негови очи ако се однесуваш според тоа тој каков е. Факт е дека често луѓето почнуваат да обрнуваат внимание на некој кога тој ќе почне да игнорира. Да, може му значиш и сака да проба а може чека само да се вратиш на старо па пак да почне да се губи. Зрелоста е кога знаеш што сакаш и што бараш, така да мора да му дадеш дознаење како стојат работите од твоја страна за да дознаеш како се од негова. @Stark реткост е чувствата да се појават во исто време и со иста јачина. Дури и да те сака, можеби ти ќе ја сакаш повеќе. Тоа не е причина за прекин и игнорирање, доколку се однесува коректно,се грижи за тебе и ти посветува време и внимание.
Не била уште зрела, а имала чувства за мене и сака секогаш да бидам тука покрај неа и за муабет и за секс али не можела сериозна врска.
Ако се пронаоѓаш во нејзините барања, продолжи без дефиниција за љубов, зашто не е теорија нешто што се чувствува и случува. И што и да правиш, никогаш не брзај пред времето...
hee zdravo, sakam da ve prasam kako znaete deka go palite momceto(osvem ednata rab),i dali nego go pali koga ve fajka za gz cicki..
Мене ова на пример не би ми одговарало и би расчистила одма, не сакам ваква врска, но свесна сум што сакам и дека ако нешто не иде, значи не иде, џабе ќе се форсира и трпи. Била искрена и убаво ти кажала, цени го гоа. Сега на тебе е ред, дали можеш во таква врска или не сакаш да губиш време и сакаш да си бараш друга партнерка која ќе сака сериозна врска и ќе е зрела и спремна за таква врска. Девојчето си го кажало нејзиното, не очекувај дека нешто би се променило и одеднаш ќе реши дека сака сериозна врска со тебе. Среќно, како и да одлучиш.
Не знам колку е тоа твоето "пред некое време", и врска дали се почнува одма така и какви ви се чувствата еден спрема друг и однесувањето нишо не знаеме затоа шо нишо од прилика не потенцира. Може веќе биле договорени со другарите, може му е рано да иди со тебе на одмор, ама тоа шо го кажал као демек ако нема време да се видиме ти ќе дојдеш, делува ептен ради реда и незаинтересирано.
Бев на гости во странство и таму се запознавме(јануари) уште тогаш ми кажа дека ме свига, ама јас му кажав дека нема да успее ама не се отлкажува и продолжи да ми пишува..... и да ми се свига поминаа месеци и само пораки И ми вика ти незнаеш што сакаш а скоро бев не можам пак да одам таму. 29 години има иначе А зборот ми беше можеше да дојде тука барем Оти мене ми треба виза
Како може да ти вика дека не знаеш шо сакаш а јасно му е дека ти треба виза за одење таму, е сега он има можност за одмор од работа, океј испланирал со другари ама да те вметнел во планот и тебе, а не ако нема време ти ќе дојдеш, да бе вие 20 километри сте разлика па запали кола и таму си. Не знам изгледа како површно да е сето ова
Дали има некој за совет ми треба многу незнам на кој да се обратам... Неможам тука да споделам од некои причини, ако има некој/а да ми пише. Фала многу
Значи вака проблемот е овој.. Мојот партнер сите години што сме во врска пола од времето сме биле заедно ама пола мораше да се жртвува. Кога го кажувам ова не мислам само да не се гледаме туку општо немаше ни некоја комуникација и сето тоа јас го разбирав бидејќи беше од опрадани причини односно заради кариера мораше да се надоградува сето тоа беше многу тешко и захтевно и не сум некоја што не би го разбрала тоа напротив дури и давав поддршка. Е сега тој период помина и тој како да се научи дека не треба толку внимание да ми посветува и мене малце тоа ми пречи.. се осеќам како отфрлено и како да има време за сите работи и дека ги прави со ќеф а со мене колку од што се мора и се осеќам без врска..дури и добив назад коментар дека сум била досадна. Знам дека сака да надомести време за работи што ги сака а не ги правел ама премногу ли барам не знам стварно.. Кај досега ми беше смачено ама и сега не знам не можам веќе да ќутам насобрано ми е.. И тоа му го кажав вечерва дека не можам веќе, дека е монотоно сето ова шо се дешава, дека кога и да кажам нешто одма одговорот е сега серија гледам сега ќе шетам сега вака сега така.. И сега од моја страна само си мислам да го игнорирам така еден silent treatment стварно не знам шо да правам како будала се осеќам..