Нема да најдеш средина никаква, ако е за сериозна врска ќе тера со сила, ако сте инат и двајцата за никаден.. За онака лабаво да е ќе тера, ама нешо сериозно тешко. Ама ако се освестите може ќе биде нешо
Зошто да не може да функционира? Само оние со исти карактери успеваат според тебе? Не би се сложила, баш напротив. Се додека има почит, разбирање и љубов, може да успее и тоа како.
Види сега ја не знам каков му е односот, а различни карактери поразбирам, различно сфаќање и разбирање на работите, инат, едниот или зборува или не зборува многу, искреноста, довербата, и мн други работи што влијаат, како што кажа членката "различни карактери". Не знам каков му е односот, ама шом ова го пишува тука и прашува сигурно не е сјајно.
Секој поседува квалитети и НИКОГАШ пред никого не треба да ги покажу своите слабости. Имав една врска, каде што ја направив после долго време и типот цело време ме навредуваше. Искрено не знам зошто сум ја одржувала. Почна да ми зборува за моралност, да во еден период и самата се убедував дека јас сум неморална личност без да знам зошто. Ми го урна светот кој го градев. За да сватам дека всушност типот е со толку мани и затоа ме деградира. За и јас да се почуствувам помалку вредна и едноставно мислам дека па тој е единствениот што ме заслужува. Се затворив еден период дома за да се преслушам. И се преслушав. Така да ако ве сака некој ќе ве сака такви какви што се, со стомак, без стомак...Ако не те сака, нема да те сака што и да промениш. А одмазда?! Најдобрата одмазда за било кој човек е едноставно СРЕЌАТА, УСШЕХОТ и да види дека одиш НАПРЕД.
Има ли почит спрема тебе, доверба? Однесувањето со тебе исто и пред други какво му е, мн фактори влегуваат во обзир за тоа "различни карактери".
Да, да, нормално без доверба ништо. А за однесувањето е супер кон мене и кон другите. Муабетот ни е океј само ако обично на пример за денот како поминал, за на кафе, со друштво, за работа.. Ама кога правиме муабет за др работи тогаш тоа имаме различно сфаќање. Ако викам не е така а тој упорно така е. Некогаш се караме ради ова, но никогаш не помислуваме да се љутиме. Се правиме како да не било ништо после. Затоа побарав мислење од вас. Уште еднаш ви благодарам.
@Darlingzz имав таква врска која со партнерот се каравме и тоа тој постојано за без причини се караше. Еден период почнав да се чувствувам помалку вредно поради неговото однесување со мене. Знаев дека ќе биде навистина крај доколку пресечам. Си заминав од неговиот живот, ми беше тешко но полека се средувам. Велат дека е крај кога почнува да ти е сеедно, ќе ти кажев да се потрудиш уште еднаш но ти очигледно веќе се имаш направено. Размисли што е тоа што сакаш ти... Совршена врска не постои но и врска со постојани караници не е во ред. Колку што знам, во врска партнерот треба да го вади најдоброто од тебе, да ти биде убаво и опуштено исто и ти со него, а не вака. Со среќа што и да одлучиш.
Потполно си во право.. Не сакам иднина со ваков човек.. А од друга страна многу ми е жал, го сакам, ама морам да раскинам, само малку тешко е, не знам како, не знам кога... ахххх
Со бившиот со кој бев 3 год во врска, раскинав пред 1 год. ради проблеми некои (немаше прељуба или слично) Али му бев многу лута и раскинавме (јас прекинав) Преку цела година знаеше да ми пишува..али глупи ствари, се гледаше дека сака контакт и сака да се видиме али аман нека има муда да викне да се видиме а не само некои без врска коментари. Небитно. Во секој случај ја се уште го сакав и мислам уште го сакам. (мислам и он мене) Пред некој ден го видов случајно, беше со другари и женска, мислам дека се тазе. Најкултурно се поздравивме, направивме малце муабет и тоа беше тоа. После тоа ми пиша дека му е мило што ме видел и што се поздравивме, и дека можеме и пријателско кафе да пиеме, јас му реков може. После му пишав за гледање, ми направи seen и не ми пишал уште. Знам дека има нешто и од негова страна, и дека ме нема преболено скрос, бидејќи ми пишуваше преку цела година, а и самиот сега спомна за да се видиме на кафе, и не ми јасно зошто не ми враќа на пораката, никогаш не се десило ова до сега. Не знам што да направам, дали да баталам скрос или да пишам уште нешто.. Хелп??
Јас мислам да баталиш, ако има нова девојка значи си продолжил понатаму со животот и истото треба да го направиш и ти. И да се смирите сега после толку време не верувам дека ке биде нешто од вас..
@Darlingzz @buba4e89 И јас би мислела така, но он ми пишуваше преку цела година. И иако беше со девојката, истата вечер одма ми пиша дека му е мило што ме виде и да пиеме пријателско кафе.. Зар бивши ќе се замара воопшто да пишува вакво нешто и тоа одма после средбата? И пријателско кафе?? Верувам дека има уште скриени чувства за мене. А девојка има да, али што да прави, јас сум таа што му прекина..знам помина долго време ама сепак.. Не знам дали да пишам уште нешто, не би сакала да направам некој глупав чекор и да испаднам очајна или нападна.
Добро, али мислев да пишам нешто во стил 'Ах Диме, нема потреба од вакви игнорирања, нема зошто би било баш убаво да седнеме на кафе и да си помуабетиме, додека сум тука..како што рече и ти (ќе одам странство) Нешто во овој стил. Он мислам сака, страв ми е само да не им кажал на неговите (веројатно им кажал) и на другарите па они да се против средба со мене..