@Ana.brojka Од кога си го видел со женска си станала по заинтересирана за него, проблемот не ви е решен и да бидиш пак со него исто ќе ти биди.
Точно. Чувства секогаш имав потајно во мене, но сега кога го видов со друга, се разгорив малку, малце и љубомора ме фати (малце поише). Али сакам да пробаме пак одново, мислам дка има шанса, ех колку парови раскинувале па се смириле и имале супер врска... (некои и немале) Али мислам дека сакам да пробам па ќе видиме дали ќе е исто или подобро/полошо. Дали е во ред да пишам порака како таа погоре што ја пишав? Доколку не врати до вечер
Сега кога има женска може е со него и неможе да ти врати, но ако сака и ако има некакви намери за тебе сигурно ќе ти врати на пораката. Сега и треба да се ставиш во улогата на другата девојка, утре ако си со него може истото да ти го прави тебе.
Не е во ред. Ако сака да се видите ќе те побара. Ти веќе си направила чекор доволно е, освен ако планираш да го молиш тогаш океј. Туку, јас на твое место воопшто не би го барала и не би се мешала во неговата врска. Имај малку почит. Цела година ти пишувал и ништо не се случило, сега ти текна кога има друга? А моментот дека има девојка а ја бара бившата за кафе доволно кажува за него.
Пријателско кафе со бивши? Големо НЕ,зошто се знае претежно како завршуваат тие кафиња со мафиња Според мене тој уште е тазе со новата женска и претпоставувам уште не дошле до интимност, затоа те вика тебе на кафе, да си проба, ако се може И да се гледате пак нели ти ќе одиш во странство? Па вие не можете кога сте на исто место да одржите врска не пак на далечина. Тоа што ти пишувал во текот на годината а никогаш не ти пишал отворено ај да се видиме може ти пишувал во лутина од бес дека ти си му раскинала. Тенка е границата меѓу љубов и гнев а уште потенка меѓу правење лице само за да ти врати или повреди. Така да ум во глава и батали го, ќе си најдеш некој подобар за тебе. Не е во ред да му пишуваш веќе било што, тој си има друга и не е фер да брцаш нос во туѓа врска.
@RosettaStone Не ме вика на кафе за секс или слично, јас му бев прва долга врска и прва љубов, а и он мене. Ќе одам странство да али подоцна, до тогаш имаме време ако нешто испадне за да се зацврсти. Не, не беше од бес, секогаш беше со добро и со интерес, само е малце смотан и нема храброст многу, а и јас бев лута. @BabyT* @Annora Мене ми го нема направено тоа, и ве разбирам кога ми викате да се ставам од страна на девојката, меѓутоа они се многу многу тазе. Имавме долга врска и се сакавме многу, така што, не е се така црно бело, има девојка он сега и крај. Самиот спомнуваше за гледање, а тоа не е дека шврља, или сака да швфља, он воопшто не е таков, туку мислам дека стварно сака да ме види, иначе не би го рекол тоа за кафето сега кога е со друга. Не е дека се заедно долго па сега јас се вмешувам во сериозна врска некоја.. Јас сега го видов после долго време и ми се вратија чувства, а не дека го видов со девојка, тоа само ја доразгори работата, но желбата ја имав и пред тоа. Не сакам да го молам никако, имам почит и си водам убав исполнет живот, не би му ѕвонела или да го бркам по град, тоа никако, туку двоумицата ми е дали да оставам вака, да "чекам" или да му пишам само уште тоа погоре што пишав, за да се почувствува лошо, па ако тогаш не враќа онда веќе крај. Стварно сакам да пробам пак со дечково, прва љубов ми е, мислам може да успееме, имавме многу убава врска генерално
А зошто мислиш дека ќе се почувствува лошо? Јас мислам дека тој си продолжил со животот и си живее во сегашноста, а ти постојано се навраќаш на минатото и на врската со него. Па ако генерално вi беше многу убава врската зошто му раскина воопшто?
Бидејќи не е таков да игнорира намерно, никогаш не ме игнорирал. Знам дека ова непишување сега има некоја причина, дали кажал на некој па тој некој му рекол да не враќа или нешто друго.. Пошто он да живеел во сегашноста, немаше воопшто да ми пише одма ноќта во 4 кога се видовме, и уште да спомнува кафе. Гарант има и он нешто во себе и сака да ме види. Да му е скрос сеедно, ќе се поздравеме и немаше да има никакви пишувања после тоа. А он самиот пиша. Осеќам дека има нешто, имам таква интуиција. Ех, не прашувај, имаше проблеми некои кои се собраа ептен, и претекоа и прекинавме, али не од што немаше љубов или имало прељуба (што според мене овие две причини се најсериозни) туку ете од што се собра се.. Затоа осеќам дека уште има чувства кон мене ко и јас кон него. Но нема да избрзувам се уште, ќе почекам до утре па ќе видам дали би пишала уште еднаш (некако ми иде дека ќе пишам, али ќе видиме)
Чекај сеа... Не го бркаш по град и имаш почит, а од друга страна пак сакаш да си со него и имаш скриени чувства и одиш со намера на тоа кафе да се деси нешто, да си го повратиш иако има женска. А женска му, кој ја титка бе, битно ти да се секснеш со типот пред да одиш, пошто и онака сериозна врска на далечина не може да градите. Не за џабе те оставил на seen. Видел колку ти е паметот и колку си лесна. Си го оставила, и сега кога фатил женска, оп, одма ќе го бараме. Провидни ти се намерите. Ептен. Ми се гади од овакви женски што се упикуваат некому со сила. Јасно ти ставил дека не е заинтересиран со тебе ништо со тоа што те оставил на seen. Прекини да му пишуваш и остави го да биде среќен.
Очигледно е дека ти си се запнала да се мешаш у неговата нова врска и џабе бараш совети тука. Он ти спомнал да пиете "пријателски" кафе и готово ти почна свадба да планираш. Како што ти кажаа погоре, ако врската ви била добра немало да раскинете или да дозволите волку време да помине. А ако он те сакал како што тврдиш, ќе се потрудел да ја средите врската и немало да фаќа нова женска. И со самото тоа што не ти вратил треба да ти биде се јасно.
Чекај сега малку ти. Што имал тој да и го мери неа паметот?(а она лесна не го коментирам, ми се гади од машки така што нарекуваат женски) Тој ако ја ценел и почитувал само ќе си направел муабет и ќе ја поздравел. Тој со тоа што ја кани на ''пријателско кафе'' и неа ја навредува но и девојката сегашна ја понижува. Ако бил неговиот потег на место што не ја понудел на пријателско кафе пред женска му? И неговиот потег не бил исправен, ама со оглед што и пишал во 4сабајле јас не би го прифатила како разумен муабет во такви ситни саати(можда се зафркавал, можда бил пијан итн) И размисулвањата на @Ana.brojka не се во ред, ама прво на дечково му мрднало опавчето, а Ана ако држи до себе ќе знае како да се постави и како да ги постави и до каде границите помеѓу нив двајца.
Извини, ама во македонскиот јазик за таков вид женски се користи баш тој назив. Дали ти се допаѓа тебе или не, тоа е друг проблем. Не му замерувај на оној што рекол, туку на оној што е таков.А она своите намери си ги кажа искрено и гласно овде. Дека сака повторно да биде со него и не го гледа кафето како пријателско. Некако слабо осуди гледам кон неа, иако јасно е дека она што го прави е погрешно. Дали него му мрдало опавчето или само сакал да испита терен и да и врати за нејзиниот прекин, ние никој не можеме да кажеме. Но, по тоа што ја оставил на seen било второто. А, ако стварно му мрдало и изневери јас немам проблем да го осудам, но во случајов читам дека само една особа е спремна на неверство иако е свесна дека типот е зафатен.
Taa pricina od nepisuvanje valjda e od.pocit kpn taa devojka.sto vikas ti deka mu e taze. Za drugoto ne komentiram.
Штом слабо гледаш осуди кон неа, диоптријата да си ја провериш А за замерка секогаш ќе замерам на тој што рекол за било која женска дека е лесна. И се лажеш дека во македонскиот јазик се користи тој назив, тоа е жаргонски, уличен речник-лесна..и многу други погрдни називи за женски да не набројувам сега.
@Billy Idol Мислам дека пребрзо ме осуди, те разбирам до негде бидејќи не знаеш доволно информации и не ме познаваш мене но сепак многу суров ти е коментарот. Да појаснам уште малку. Он ми беше прва врска и прва љубов и јас нему. Се скаравме ради проблеми, не ради недостиг на љубов или превара - а најчесто во оваа ситуација чувства остануваат, јас го осеќам кај мене а го осетив тоа и кај него. Намерата НЕ ми е да се секснам и да си одам. Јас со него бев и на врска на далечина. Намерата ми е ако постои обострана љубов се уште, да се смириме и да пробаме повторно од ново, а ако ни тргне, тоа значи да продолжиме и со врска и кога ќе сум тука и кога нема да сум. Имаме голема историја јас и он и стабилна врска, додека бевме во врска. Значи немам подли злоби намери, ова со срце го кажувам. Женската му е ептен тазе, и сигурна сум дека ако ние го обновиме нашето, дека нема он нејзе да ја матка туку одма ќе ја напушти. Зар убаво е да е со неа а да мисли на мене или на друга? Не ме познаваш но да ме знаеш, јас сум најмалце лесна женска од било кого што познавам, дури се осеќам настрано со тоа што сум таква. Воопшто не се упикувам, средбата со него се деси спонтано иако мислев на него и претходно, и имав намера ако се сретнеме, да имаме нормална комуникација а не дека ради женска што има ја сега го бркам и сакам да му растурам и сакам да го секснам. Напротив. @Darlingzz Зошто спомнуваш свадба дека правам сега па и ти. Да не се повторувам, го имав него на ум и пред да видам дека има женска..сакам само да пробаме повторно, некогаш глупости се случуваат, сакам да и дадеме втора шанса на врската па ако не успее нека биде последна, но може и да успее. @RosettaStone Јас мислам дека не направил ништо лошо он (бар не се уште). Кога се работи за љубов, срцето размислува а не главата. Он верувам дека уште има некои емоции кон мене и затоа тоа и го рече и ми пиша. Ќе биде сељак ако оди и со мене а нејзе не и раскинува. Но од тие 3 год што го познавам, е многу примерен дечко, не е по варањето, или шврљањето. Оваа ситуација јас не ја гледам како мрдање на опавчето, тој не го прави ова со било која туку со мене само, бар така мислам. И мислам ако двајца се сакаат треба да се заедно, и јас можам да сум со друг сега, но тој друг да не се мери со бившиот и ако го сакам бившиот и испадне повторно да сме заедно, би била заедно. Бар тоа е моето мислење. Лошо според мене е ако некој вара, или ако оди со повеќе истовремено. Варање според мене е и ако е со некоја а мисли на друга. Сепак, и моите емоции се збркани во моментов, така што можеби и јас сум грешка со постапките и размислувањата, не велам не. Можеби и неговите се. Не знам. Само знам дека сакам да пробаме да сме заедно повторно, и дека не сакам да претерам и да се понижам, затоа гледам да внимавам со постапките..
@Ana.brojka убаво објасни се во последниов коментар. По ова совет, почекај па види што ќе ти пише тој ( иако кога те оставил на seen мислам јасно е се). Но и да ти пише и да почнете нешто, биди внимателна да не останеш на крај ти повредената страна.
Која заебанција? Уште се правда да не се замерувало на тој што за женска рекол дека е лесна туку на таквата женска да се замерувало,ајт
И да дополнам. Ја спомнувам девојкава пошто ми кажа другарка дека ги видела негде, и он имало само еден момент кога ја фатил така малце за грб срамежливо. И кога дојдов јас и она беше у друштвото али скрос на различен крај Значи или му е тазе женска, или се ептен на почеток и се пуштаат уште, можда не се ни интимни уште можда и се. Муабетот ми е, иако јас знам, од негова страна гледано, јас всушност појма немам дека он има девојка, значи постапкиве ми се како он да нема девојка, пошто немам ништо видено.