Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    40.989
    Пол:
    Машки
    @Ana.brojka , објасни сега далеку подобро во тоа кои ти се намерите со последниот пост и го претстави подетално проблемот. Претходно беше поинаку напишан, па затоа и добив таков впечаток. Ти се извинувам што те нареков лесна. Но, сеуште си стојам на ставот и советот што ти го дадов дека не е фер да му ја расипуваш среќата, сега кога е веќе во врска со друга.

    @RosettaStone @Purplelilac , и жаргонот спаѓа во Македонскиот јазик, исто како што спаѓаат и сите дијалекти. Ова е форум, и сите пишуваме жаргонски, не водиме странска дипломатија. Истиот збор е употребен многу пати од разни таблоиди, списанија и веб страници во текстови што се пишувани од новинари и треба да бидат лекторски исправни.
    И вас може да ви се допаѓа зборот или не, да имате проблем со начинот на кој се изразив (патем еве и се извинив кога детално објасни), но е факт дека овој збор се употребува на форумов заедно со други зборови кои имаат негативна конотација.
    Ако сум прекршил некое правило слободно нека ме избрише или цензурира администрацијата. :)
     
  2. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    А зошто досега чекаше да му се вратиш? Зошто баш сега кога веќе има нешто со друга?
    На толку голема љубов и толку стабилна врска, се прашувам како не сте се смириле досега?

    Не е твое место да коментираш дали се тазе или не. Тие можеби со месеци се гледаат а ти не знаеш. Тоа "тазе" не те оправдува што свесно се пикаш во туѓа врска. Воопшто не им ги знаеш односите и какви чувства имаат еден спрема друг. Негова грешка е што воопшто те поканил на кафе, а твоја што немаш почит ни кон себе, ни кон девојката. Ако толку те сака и сака да биде со тебе, зошто воопшто би почнувал врска со друга? Зошто не те побарал претходно? Нека расчисти со неа, па нека те бара. Многу примерен дечко е.

    Како и да е, очигледно си решена во намерите, така да излишно е што и да се каже. Можеш да редиш изговори до утре сабајле, ама кога не е во ред - не е во ред.
     
    На Nausicaa, senza.parole, Belgin1 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Извинувањево ти е sorry but not sorry;)
    Факт е дека и овој и многу други зборови кои имаат негативна конотација се користат и во реалноста и на форумов, но поентата е да се прекине со тоа или бар поднамали употреба на такви навреди:!:
     
    На Nausicaa, WildMk, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Ништо немоj да пишуваш, ти своето го направи.
    Тој ако сакал да се врати ќе ти кажел пред да фати девојка, па може само си го потполнувал времето.
     
  5. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.394
    А за таков вид машки, кој назив се користи?
     
    На Nausicaa и WildMk им се допаѓа ова.
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    40.989
    Пол:
    Машки
    Многу off topic е ова, ама кога веќе прашуваш...

    Лесен.

    Јас му го кажувам на другар ми цело време овој збор. Прелесен е, нема самопочит, не се цени себе си.

    Не е зборот ограничен по пол. Исто како и зборот курва што не е. Карактерна особина е.
    Иако повеќе се користи женкар, наместо лесен кај нас. За мене збор исто со негативна конотација.

    И потполно сум за тоа овие зборови да се користат, бар жаргонски, каде што им прилега, меѓу народот. Ако некој не се срами да ги поседува овие карактерни особини, зошто јас би се срамел ако го потенцирам тоа?!
    Too much political correctness во последно време.
    Затоа и се изгубија сите морални вредности.
     
  7. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.587
    Допаѓања:
    62.973
    Пол:
    Женски
    Кој си бе ти да нарекуваш некој/а лесна? Аман веќе од зборов и од сите вие кои го употребувате. Не, не е полтичка коректност да не лепиш етикети, комон сенс е. Ем плачеш дека се изгубиле морални вредности ем лепиш етикети. Па после оти ви се сипаат, ај ставете прст на чело, ќе ви текне. Па уште видел колку и е паметот, бреј.

    @Ana.brojka Не знам што се дешавало, ама штом еднаш сте се скарале, искрено не верувам дека овој пат ќе ти биде нешто поразлично. Од мене ќе си тргнам, од минатата врска. Крпев, лепев, орлови нокти ставив да е се како што беше порано, меѓутоа човек тешко се мења. Ако еднаш било пропаст и секој нареден пат ќе е истото, со таа разлика што си на неколку постојки поназад, меѓутоа дестинацијата е таа.

    Си го видела, си се потсетила на некои убави времиња и сега нормално е да ти се јават прашања од типот на шта би било кад би било. Не го сакаш, ако цела година изминала а ти не си се победила со проблемите да се смирите, не е за тебе. Те има фатено носталгија, плус колку и да сме големи и over it кога ќе си ги видиме бившите со нови боли. Ама мислам оти тоа е кај тебе, носталгија помешана со мала тага и лутина. Кај него исто.

    Не си го прави тоа себеси, не го сакаш. Плус ако викаш дека има нова и веќе ја покажува у јавност веројатно he has moved on. Наместо да поминуваш низ драми со прељуби и одново проблеми кои пак ќе испливаат на површина, најди си нов. Неверство и сама знаеш дека не е во ред нема што тука муабет да правиме.
     
    На Nausicaa, WildMk, elenaxbbg и 9 други им се допаѓа ова.
  8. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.937
    Пол:
    Женски
    @Billy Idol немав такво мислење за тебе искрено...
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    А какво мислење да имам јас за девојка која не се цени себе си и сака да има нешто со некој кој е во врска или брак? Без разлика за која и девојка да станува збор.
    Не би рекла за девојка дека е лесна или ваква таква ако имала поголем број на партнери во животот, ама и те како би кажала разни епитети за девојка која сака да се умеша во нечија врска или брак. Ако машкото прифати да има нешто и да изневери подеднакво виновен ќе биде и заслужува секакви зборови.

    Конкретнава девојка му раскинала на дечкото и покрај тоа што вели дека го сакала. Кога тој и пишувал таа не сакала да му прости, се правела недостижна. А вели го сакала, епа што не се борела врската да им се обнови додека тој бил слободен. Што сега и текна дека сака да се смири со него кога дознала дека тој има друга во неговиот живот. Без разлика дали тие се во тазе врска или не. Нема право сега да им се меша и да сака да го врати него. И него не го оправдувам што и пишал, ама и рекол пријателско кафе. Сигурно целта му била да види како оваа ќе реагира. Сигурно бил сигурен дека оваа одма ќе се возбуди и ќе прифати. А тој сакал да и се одмазди за тоа што таа не му враќала кога тој и пишувал, па затоа сега тој ја оставил на seen.
    А оваа ако сака да се понижува слободно нека му пишува, ама нека не очекува дека пак ќе биде тој во врска со нејзе. Тој може евентуално да падне ниско, па со двете да тера паралелно.
     
    На Nausicaa, Alisa22, RosettaStone и 7 други им се допаѓа ова.
  10. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Какви епитети Црешке? Сериозна си со кажаново?
    Па добро бе луѓе, кажете ми како вас ве тангира тоа што го направила девојкава па да заслужува секакви погрдни зборови?

    И јас не ѝ ја оправдувам постапката што се меша во нечија врска, но не ми ни паѓа на памет да ја етикетирам.
    Ми се мешале во врска, но никогаш не сум ставила етикета на девојката која се мешала. Во моите мисли единствено сум им доделила вина и на двајцата, а не секакви епитети. И тоа сум имала поголема осуда за дечкото отколку за неа, затоа што тој е оној кој дозволил такво нешто.
     
    На klinkata, 1209, RosettaStone и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Луѓе што се фативте толку за епитетите?
    Ве разбирам, ама континуирано се цитирате и објаснувате како којзнае што да било. На крај краева секој има право да се изразува како сака и тоа е тоа.
    Демек сите фер и со морал сте на форумов, вие никој никако не сте нарекле, па сега ќе се фаќаме за секој еден збор.
    Треба да се штитиме една со друга како жени, ама дали е во ред свесно да уништуваме туѓи врски и бракови? И сега епитетот е проблем?
     
    На Emy867, Nausicaa, mkdvesna и 11 други им се допаѓа ова.
  12. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.937
    Пол:
    Женски
    Доста со тоа дека некој може да расипе врска или брак!Ако некој ја сака својата партнерка или партнер неможе никој да им се умеша и точка.Се друго е детски глупости за тешење.;)
    Со останатото се согласувам:*
     
    На Emy867, 1209, Alisa22 и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Така ли Анора, не треба да се фаќаме за епитетите?
    Епа ајде тогаш сите слободно да си се навредуваме, јер форум е нели па сѐ е дозволено. Не треба да се избираат зборови и начин на изразување. Дозволено е кога зборуваме за други, ама нас некој само да нѐ чепне е тогаш плачеме кај модератори дека нѐ навредиле. Ај еден reality check па може ќе се сетите зошто така реагирам.

    И уосталом кои сме ние тука некој да го етикетираме само врз основа на тоа едно мислење што сме го прочитале тука? Што вие знаете за девојкава за да ја нарекувате лесна во памет? И кој ви го дава тоа право?
    Или битно е кој го пишал тоа, па ајде сега ќе се браниме затоа што сме другарчиња?

    Малку допир со реалноста не ќе ви дојде лошо.
    Толку од мене на темава.
     
  14. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.420
    Допаѓања:
    22.041
    Пол:
    Машки
    Koga kje ignorira masko, a prethodno vi hranel egoto,painfull e. Se nadevam maskoto e pametno i nema da se izglupira. Xd
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    6.851
    Пол:
    Женски
    Поентата е дека ниту еден од нас не е толку безгрешен колку што се прави овде на форумот. Сите овде сме светци, не осудуваме никој, не навредуваме никој, open minded сме, ама реалноста е многу поинаква.

    Се фаќате за еден збор, додека ги тешите членовите на кои му треба реално мислење. Јас сум искрена и кажувам што мислам, без притоа да лепам етикети и навредувам. Не сум другарче со никој од членовите кои коментирале на темава, значи кажувам свое лично мислење. Не, не е во ред некој да се наречи лесен, ама не е во ред ни да поддржуваме некој кој свесно се меша во туѓа врска.
    Се бега од вистинскиот проблем, а се отвора дискусија за нечиј збор.

    Патем не знам кој е тој што се жалел кај модераторите, јас сигурно не сум.
     
    На Emy867, Nausicaa, mkdvesna и 7 други им се допаѓа ова.
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.564
    Пол:
    Женски
    Точно така, кога партнерот е паметен и ја цени и сака личноста со која е во врска/брак не може никој да им се умеша. Ама не можам да имам добро мислење за таа личност која свесно и намерно прави нешто за да го придобие тој на кого му фрлила око, а знае дека е зафатен. Без разлика дали ќе успее во намерата или не.
    Па баш од толку слободни луѓе мора ли целта да и биде личност во врска/брак? Не може да најде некој слободен, па да се труди него да го освои? Ама како викаат туѓото било послатко. Епа за неморални луѓе нормално дека ќе биде.

    Сериозна сум како и секогаш.
    И зошто толку сожалување и емпатизирање за какви епитети ќе им даде човек на тие девојки/жени кои свесно и намерно сакаат да се умешаат во нечија врска/брак пак ќе речам без разлика дали ќе им успее намерата или не. Важно е што тие тоа го наумиле и по секоја цена сакаат да си ја остварат целта.
     
    На Nausicaa, Alisa22, RosettaStone и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Ок, бесилка за нив па помирна да ви биде душата.

    Ме разочара со мислењево.
    Поздрав.
     
    На Animali и piksooki им се допаѓа ова.
  18. Tamarkaa

    Tamarkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    141
    Не знам дали е за нервирање работава,дечко ми отиде со другари на одмор пред 2 дена и првиот ден (вчера) зборевме малку,со тоа што ми напомена дека нема да може да враќа толку многу...и вечерта цела не пиша ни една добра ноќ како секогаш што пишуваме а бил уклучен до 7 сабајле...сабајлево го чекав да се уклучи за да му пратам слика и да не ми пише,а уклучен е цело време и враќа на една наша заедничка другарка...може звучам очајно ама не знам што да правам:?:
     
  19. Brinetka

    Brinetka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2018
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    8.066
    Пол:
    Женски
    За да му пратиш слика, и да не ти пиши?
    Ова не го сфатив, али нека го малку нека искулира, не го врзувај толку, маж ако го држиш како во синџир ќе осети напор и гушење па ќе почне да бега.. Вака само остави го и види како ќе реагира сам треба да е свесен. А и на одмор е де нека си поужива малку
     
    На Tamarkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Остави нека си помине најубаво, од кога ќе се врати ќе знаеш дали ти е уште дечко или не. Ќе си ги решиш сомнежите.
    А ти до тогаш искачај со другарки, шетај,ставај слики на фб.
     
    На piksooki, Tamarkaa и Ladybug98 им се допаѓа ова.