Му пратив слика дека сум искочена и обично секогаш ме прашува каде си,што правиш...а сега така искулира П.с не знам ни дали да се налутам,дали да се однесувам ладно
Така е, целосно се согласувам. И јас мислам оти погрешно е да трча по тој човек и пишав и јас. Ниту јас верувам дека го сака, туку сега го има видено со друга и ја има здоболено, колку и да сме ладни, секад бивш ако видиме со некоја нова љубов не можеме да сме 100% рамнодушни. Неверство е погрешно и сите и го посочивме тоа, никој не и рече иди буткај им се у врска и скарај ги. Или прави што сакаш, open minded сме. Разликата е во тоа како го кажуваш нештото и дали ќе ја наречеш некоја "лесна". Ете и самата гледаш дека истото и го кажа и ти меѓутоа припази како се изразуваш. Ме нервира кога ни лепат етикети за наши потези, а реципроцитет кон тоа има многу малку. Факт е дека епитетот во вакви ситуации жена го добива, а за него ретко кој ќе го нарече со таков епитет. Да, не е во ред ова што она го прави, меѓутоа може е вака како што правиме јас и ти да и се каже. Не дека јас сум светица или дека не сум отерала у пичку матер некој на форумов, ама епитети ко курва и лесна нема никад да залепам.
Малку чудно е реално, ама па со овие ситници сфаќаш многу работи, не е за до лутење работата туку сама да разграничиш у глава како и шо треба да правиш. Ама додека е на одмор не го чепкај никако и не го нервирај, кога ќе си дојде се што си видела чудно и тоа како он се понашал што е не секојдневно седни го и кажи му
Како да почнам пак со комуникација, само мене ли ми е тешко да враќам на пораки особено во фаза запознавање. Имам искуство со еден симпатија само со него си пишував скоро секој ден со изговор дека сакал прво да ме запознае. Му требаа повеќе од 2 месеца да ме викне да излеземе. Дури и одбивно ми стана тоа пишување ...... Со месеци траеше ова Сега со сите сум ладна дури не ми се враќа, незнам што да правам.
Еее јас сакам да сум како тебе хаха. Абе не му се замарај ако гледаш дека може да имаш со некој нешо на почетокот боље размените си броеви и слушајте се преку телефон, а шом губиш со некој воља за пишување и контакт и не ти е занимливо веќе не му се замарај.
Ок пошто се деси цела дискусија околу мојава ситуација (што ми е многу мило и ми значи) мислам дека треба за крај да пишам уште еднаш, да дообјаснам некои работи и да ви дадам финален апдејт на моите чувства, мисли, случувања, и ставови. Однапред се извинувам ако долг испадне постов (а ќе испадне). Пак гледам погрешни заклучоци околу мене за работи за кои некои тука не се осигурале односно не прашале. Не ве обвинувам, не ме познавате и сите судиме врз тоа што е пишано тука. Јас ја опишав ситуацијатаа што можев пократко, пошто ако ја опишувам цела врска ќе фати предолго, но за некои проблеми очигледно е неопходно да е подолго за да се има подобар увид на работите. Најпрво фала ви на сите девојки што ме одбранивте во однос со поимот 'лесна' женска. Ниту сум лесна ниту го сакам изразов и јас. @Billy Idol како што гледаш, не изреагирав ништо околу тоа, сфаќам дека жаргонски го употреби, иако пак ќе повторам дека тој првиот коментар ти беше многу со напад и навреди, не треба да заклучуваш однапред некои ствари, ако не ти е јасно нешто прашај прво. Но крајната поента е дека и твојот коментар и сите останати коментари се добронамерни и затоа не го гледам тоа како навреда или повод за кавга, така што не се лутам, употребил лесна или не. Мој став околу ова со вмешување и расипување врски и слично: (не зборам за мојов случај сега туку општо) Ако некого сакам, и сметам дека треба да сме заедно и дека и он може да го чувствува истото, тогаш I am going for it. Не ме интересира дали е у кратка или долга врска, не сум го направила тоа до сега, но ако треба да се вмешувам во врска, би се вмешала. Ако испадне таа врска да се расипе, тоа не е до мене, тое е и до мене и то дечкото, бидејќи значи дека се уште се сакаме, и и двајцата сакаме да сме зааедно. (да повторам, не зборам за ситуацијава што зборев тука туку општо). Ако човекот е веќе женет или пак има и деца, е тука не пипкам ништо. Љубовта се гледа со срце, не со ум. Погрешно за мене е ако има варање, или одење со повеќе личности во исто време, но ако двајца се пронајдат и сакаат, па и да се веќе у врска, и решат да се заедно, тогаш ќе им раскинат на партнерите и готово. А што, зар не е прељуба да биде некој со некоја, а да мисли на друга додека е со неа?? Тоа е бетер. Така што подобро да ги остават моменталните врски, да си најдат тие некој што ќе ги сака и цени вистински нив, отколку да останат со моменталниот партнер, just for the sake of it. Нема логика. Се надевам ме разбравте за ова. @cresa-jagoda ова погоре коментарот околу вмешувањето е за тебе и сите што ти лајкнале. Ако ме разбра ок, ако не ме разбра..пак ок. Во тој коментарот буквално се што пиша околу мојата врска и мене е погрешно. Да, јас го сакав, он мене исто, иако мислам на многу поинаков начин од мене. Главно прекинавме поради проблеми. Имавме и многу комуникациски проблеми (не можев и не можам да поверувам дека двајца луѓе од исто место со ист јазик а да не можат да се разберат со збор). Јас му кажував некои работи што ми сметаат (реални, не ситници или глупости) и он не се ни потруди да ги смени. Всушност најтрагичното е што мислам дека не ни разбра што е проблемот и што сакам од него. И до ден денес не знае иако јасно му нацртав се, на тацна му ставив и џабе. Главно ми сметаше што ме земаше многу здраво за готово (бар според мене) и незаинтересирано за мене и мојот живот. Јас тука давав се од себе, правев да му е интересно, се грижев за него, да е среќен од секој можен аспект (и беше), а он никако не возвраќаше во врската, со никаков труд. И пукнав веќе, се осеќав несакано и неценето. При тогашната крајна средба НЕ реков дека му раскинувам, туку реков дека сакам пауза. НЕМАВ намера да раскинам, но бев премногу лута од сите проблеми што се собираа и целта ми беше со ова да го исплашам и да си рече он 'чекај бе, пауза ми бара ќе ја изгубам ако не се уозбилам ало'. И за мој најголем шок, типот мува не го полази после тоа. Ми кажа заедничка другарка како наводно му било тешко, али он нит ме побара, нит се потресе, нит направи нешто, очекував да ме бара на телефон, да сака да се видиме, да збориме, да ме придобие, него мува не го полази, бар мојот впечаток беше тој. Е тоа беше врвот и од пауза се стори раскинување, таков човек не му треба на девојка што не го заслужува тоа. Пишуванките што се дешаваа преку година од негова страна, беа глупи коментари некои, и емоџиња на сториња на инстаграм. Немаше пораки од типот ми недостигаш, ајде да се видиме да направиме муабет, оставивме неразјаснето, сакам да те видам, те сакам уште те молам да разговараме. А не дека јас сум се правела недостижна, јас го сакав него. Да се понашаше малце понормално јас одма ќе му се вратев, ама он и додека бевме у врска, а и после неа не покажа никаков труд за да му се вратам. Цела година му одговарам ладно и незаинтересирано, верувај ниту мислел дека ќе се возбудам кога ќе ми пише, ниту сака да види како ќе реагирам, а уште помалце дека ќе прифатам нешто. Ниту пак е човекот одмаздољубив. Еднотавно е глуп. Подобро речено, различен од мене, различен карактер, јас така го класифицирам. Јас цела година бев тотално кул и не се замарав или посакав нешто со него. Го сакав и секогаш ќе има дел во мене со него пошто нормално сум поминала дел од животот со него и сум го сакала. Макава почна од кога една другарка која не ги знае деталите и проблемите, но не знаеше вака нас како пар од далеку, ми ја 'наполни' главата од типот на 'aj не му се лути, па никој не е совршен, па добри бевте што..' такви муабети, тоа ми влијаеше ете, и почнав да мислам да не сум згрешила што сум раскинала. Само ради тоа што она вака ми го рече ова (најдобронамерно) али па и јас смотана не помислив на тоа дека она всушност не ги знаеше проблемите. За крај - @KateKane потполно беше во право. Ми е драг, и го сакам, но тој човек не е за мене. Ме фатија јаки емоции поради муабетот на другарката и мислев само на убавите работи што ги имавме, но кога ми поминаа страстите, и кога направив добро муабет со другарката, и ги раскажав сите проблеми, и размислив со ладна глава и те како имало причина што сум раскинала, и тоа не се поправило и нема да се поправи. Го видов со друга, ме здоболи, ме фати малце љубомора, а плус и дека периодов немам и дечко. "Носталгија помешана со мала тага и лутина." Скрос точно. Он да ме сакаше и да сакаше да е со мене (иако викаше дека ме сака, ама затоа велам се сакавме на различен начин), ќе најдеше начин бар муабет еден да направи со мене, да ме види. Да бев јас таа, па немаше да ме остави да се разделиме побогу!! Јас не ги ни изустив зборовите дека сакам да раскинеме или да не сме повеќе заедно, он така лагано тоа си го прифати, свака му част бе. А јас понесена од убавите работи што сме ги имале заедно, се потресов дека он бил за мене и дека сум направила катастрофална грешка. Сепак, по се што се случни, верувам дека не сум, и се е како што треба. Прошливе два дена ми беа пеколни, од толку емоции, не можев да се смирам и да јадам. Но за среќа брзо им дојде крај, и сега сум добра и најнормално си продолжувам со животот. И ќе си најдам човек што ќе ме цени и нема да му е сеедно дали ќе е со мене или не. Леле прв пат вака книга да напишам на нет, али мислам беше убаво да ги кажам работиве. Сакам на сите да ви се заблагодарам на коментарите, не сте свесни колку можат да помогнат некому во момент на мака. Сега сум во мир со себе и среќна што се си е како што треба. Гушка до сите
Во најтешкиот период во мојов живот дечкото одлучи да ми се лути и да се однесува арогантно зошто не сум можела да излавам да се видиме преку денот туку само навечер сум одела , а јас моментално морам да сум дома и да помагам околу некои работи.Многу сум нервозна и тажна околу тоа што ми се дешава а тоа трае 3 недели и фазла и он сега најде мене да ми се однесува вака оти нема со кој да излегува сам е сите се по Германија,Америка. Толку лошо ми се однесуваше сега демек како не сум можела да излегувам а знае каква е ситуацијата кај мене дома , демек 6 души сме дома сите можеле да ги вршат работите наместо мене. Очајна сум не го очекував ова од него.
Јас не му пишував веќе и по некој сат ми пишува јас не мислев сериозно, на нервоза и досада не размислив , не се лутам не знам што ми беше.
Епа кога треба да и биде најголема подршка он и се луте оти неможела да испадне, дај жити се што треба да го моле?
Не знам што години си, ама не се однесувај детинесто. xd Че се полутат малце и после че се смират (и изгушкаат и избацат).
Слушај не е работата колку години сум јас, ти или таа. Сум имала такви моменти дома, и ми требало само подршка и рамо за плачење а не некој дополнително да ти прави стресови и лудби. Еве јас сум човек што се си става на срце и според мене ова однесување не е ок. Ти можиш слободно твој совет да си дадиш, твое право.Ама мудрувај каде што ти бараат совет, а не каде што не треба.
Во право си за се што кажа, ама проблемите се решаваат со разговор, а не со бај бај. Најлесно е таков совет да дадеш, ама дали и сама би го применила? Ако се помага, нека се помага реално, а не колку да се напише нешто, нели? И јас сметам дека не е во ред, ама ако така се раскинуваа врските, веројатно ниту една немаше да постои.
Да, сам е свесен дека не треба така и после тоа ми пиша дека е несвесно ама сепак не е во ред. Јас не правам така нема ни тој. Сам е сега нема другари никој и го фатило склет.Ама така не се кажува , сигурно. Има други начини .На крај краева јас сум дома можи да дојди акп сака а не да крева галама.
Да така е, муабетот е што дечкото е себичен и не мисли за нејзините чувства. Битно е да има со кој да оди тој на кафе.
Мн давам јас , многу.И не заслужувам вака.И затоа он треба да е свесен , ни на нервоза ова не требаше да го речи. Бев и на шетање со другарки , бев и на пракса , бев нонстоп дома заради мојата ситуација и не рече ништо, напротив беше поддршка и сега наеднаш не знам што си помислил , нека си пази пред да кажи нешто.
Значи иде и кај тебе дома. Тоа е плус причина дека се налутил безвезе. Разговарај со него како се чувствуваш, малку и тој да биде дел од твојто секојдневие.
Разговарав и рече дека е добро и дека не размислил на нервоза рекол и не мислел така , знаел каква е ситуацијата и тоа.