Едноставно не си спремна да сакаш пак, а не па да бидеш во врска. Со тек на време ќе ти помине таа болка и ќе успееш да си го вратиш животот назад. Кога ќе го најдеш оној, правиот, ќе видеш како нема да изгубиш интерес така лесно. Сега се' ти е минливо и површно, што е нормално... Затоа уживај, не е ништо страшно.
Се плашиш да се отвориш !!!! ПРЕСТАНИ ДА ЖИВЕЕШ ВО МИНАТОТО !!!! Не се сите машки гадови !!!! Така да сигурно има некој кој што направил премногу за тебе иако не си заслужувала ни најмалку од тоа !!! Така да јас што би ти препорачал е следново....Побарај го тој што е направил премногу за тебе !!!! Ако си била со него претходно значи има нешто што те има привлечено кон него....Дечкото може и ќе ти даде втора шанса....И пробај да возвратиш на љубовта !!!! Не само да земаш а да не возвраќаш....Ова ти го кажувам зашто сум бил во слична ситуација, значи ти го кажувам од искуство....покажи му дека ти значи, а за возврат он верувај ќе ти прости !!!! ако сакаш повеќе да се отвориш и ти е незгодно тука на форум, пиши ми приватна порака, ќе споделам цело мое искуство со тебе !!! позз
девојки ми треба ваше размислување оти незнам дали сум во право или грешам.... со дечко ми сме заедно 6години....во последен период (пошто сме невработени,сме слободни по цел ден,мислам без обавези) кога ке се слушнеме насабајле јас одма му викам - ке одиме ли на кафе...пошто досадно е дома- и се нешто он треба да се види со некој газда од кафичиве,се нешто има работа,и сам си испага на кафе(знам дека не прави ништо,оти ми кажуваат,и знам дека е сам,ке седне со било кој)..или ке ми реце ме мрзи не испагаме....и по еден саат ке си испадне сам јас на ова реагирам,оти се нервирам мене ми вика не ми се испага...и по некој време сам ке си испадне....е синока му викам ајде да испагаме...ми вика имам температура не ми е арно,и по пола саат ми пишува на фб ке одам да глеам фудбал со еден другар...јас се зафркавав (пошто мислев дека i jas ке одам со нив) и му викам мозе да доам и јас и ми вика со ке праис ти и се исклучи денеска се каравме за тоа....инаце во ситуацијава,јас сум според него крива,јас сум била љубоморна,не сум му давала да испага сам...и паднавме на муабет за "кога ке се земеме" и ми вика јас ке си испагам кога сакам тогаш....викам како може така,тогас ке бидеш женет,не може ти секој ден сам да си одиш на кафе да дремеш по кафичите по цел ден,како шо дремеш сега...и не бре бате се кара ли се кара--он така ке праел---и најмногу ме "боли" со не свака дека не ми смета да испага сам...туку ми смета кога јас ке му речам да испаднеме и ке ми рече НЕ и кога по еден саат ке си испадне сам...или кога ке стане од спиење и не се укл намерно на фб да незнам дека станал и ке си испадне.... незнам дали јас грешам или па сум во право шо се расправам стварно незнам веке
Во право си. Треба да е искрен со тебе, да ти каже дека сака да излезе сам, а не тука лажги, не , па да. Глупости! Аман, што е со маживе? И ете со земањето-нормално е да сака и тогаш да излезе сам, ама сигурно тоа нема да биде секој ден. Не го сфаќај тоа толку сериозно. Ама па ти не излегуваш сама? И ако ова се случува секој ден, во право си да се лутиш. Кога може со било кој да оди на кафе, може и со тебе. Па нека си направи распоред за со сите.
А зошто наједноставно не примениш обратна психологија па после мирен разговор. Прави и ти така. оди сама излези прошетај се. Шетај и ти и ке видиш како ке се буни. Па после полека ке му објасниш дека некогаш сакаш да го видиш. не мора секој ден. Ако толку ти е досадно оди со другарка некоја. Машките мразат да ги напнуваме толку. дај му малку слобода. Земи си и ти малку време и се ке се смени. го фатил може некој период. Се најубаво .
епа тоа се нервирам и јас...што не свака дека не ми смета да излезе.му викам кажи ми човечки дека сакаш сам да излезеш и готово.е да јас ретко излегувам сама,ама и коа ке излезам он ке долета од некаде оти знае каде седиме....лошото е со од цело друштво останавме само со машките,девојчињата наваму натаму само за некој пригоди се собираме сите....и јас на пример немам така некоја слободна по цел ден како мене другарка за секој ден да акам и он тоа го знае и го користи....уф аман веке море сама сум си крива арно он си ги зачува другарите а јас на онака пријателски контакт останав незнам како да постапам за да свати дека не сум љубоморна со испага сам,туку ми смета со поубаво му е да си испадне сам(ај да е договорен со некој разбирам,ама воа не,сам сам) отколку со мене
Па добро малечка,многу се нервираш. Не си требала да дозволиш да ги изгубиш другарките. Со дечково сте 6 години заедно ... сигурно не е тоа од онака ... не прави ништо страшно. Па ако му веруваш зарем мора да знаеш во секоја секунда каде е.Ке се чувствува како контролиран цело време. И да излезе можеби извеал заборавил да ти каже. можеби бара работа. Ако планирате брак сигурно ви е врската сериозна и имате доверба еден во друг. Малку олабави се зашто он се нервира зашто ти се нервираш за работи што за него се ситници. Се што за него не е страшно е ситница. Можеби е тој некој период во врската кога ете таков е ке му помине. Ама мораш малку да олабавиш. Зближи се пак со некоја другарка. Зарем ти понекогаш не сакаш да се издуваш сама ? Језда сте невработени ама кој и да е да се гледате и од сабајле и навечер од досада нема да се издржи. Најди занимација дополнителна за денот да го исполниш. Најди си работа. било што. Се ке се среди само полека и без карање. Ако немаш никаков сомнеж ни причина за кавга смири се олади земи ги концие во твои раце. И кога ке излезеш сама не мора он да дојде. Кажи му. Разговарај. Па и во брак кога ке бидете уште од сега ли се карате за излегувањата тогаш ? Уживајте во сегашноста а не од предвреме на нероден Петко капа му шиете ...
фала ти teddybear знам дека можеби и јас понекогаш претерувам уфффффф пробувам да не бидам толку "нападна" ама некогаш ме вади од контакт и одма се караме а па коо шо сме и двајцата тврди глави у пм тешко испагаме на крај....сепак фала на советите ке пробам да "оладам" малце
Што би кажале за следнава ситуација? Ок , нормален дечко, кој делува заинтересирано, но ви се јавува и ве вика на кафе само кога е пијан, а после кога ќе се отрезни се нешто му испаѓа, се до следната случајна средба каде ќе се утепа од извинување и молење да се видите пак (каде пак е под дејство на алкохол).
Дефинитивно не е заинтересиран за тебе. А не мислиш дека те зафркава кога е пијан? Викаш заинтересиран, но САМО кога е пијан се јавува. На него ако ми значиш нешто би ти се јавил и на трезно.
По мене дечкото има мањак на храброст и е несигурен од исходот со тебе...Преведно се плаши да не биде одбиен,тоа за машките значи пораз.Мислам дека треба да му дадеш до знаење дека си заинтересирана и сакаш да пробаш со него.Можеш и сама отворено да му кажеш дека не ти се допаѓа така што ти прави топло-ладно...
ОК. Тогаш ти викни го на кафе. Кажи му доста праевме муабет на интернет, ај ќе се видиме па ќе збориме. Немора да чекаш, викаш заинтересиран е. Ако е така не би требало да те одбие.
Па најверојатно кога е трезен нема храброст да ти пријде, па кога е пијан мисли све је моје твоје Разговарај со него, ако не во живо на фејс пиши му го тоа, прашај го зошто така прави, можеби си има причина. И кажу му да престане. Ако не остави го. Нети треба пијаница! Има и многу други!....
Па да секој маубет завршува од негова страна со да се видиме денививе ова она , али после се нешто неочекувано му испаѓа. Се жали дека имал тежок несереден период-ако тоа е вистина.
Јас да сум на твое место, би му рекла отворено "Абе ај не се секирај не те одбивам, едвај чекам да ме поканиш, знам дека немаш храброст." Впрочем, така нешто слично беше и со дечко ми. Не дека се срамеше, ама кога излеговме вечерта кога се фативме, јас му се свртев и го бакнав прва. Нема ништо срамно, ниту е понижувачки. Може па ќе си останете заедно, нема зошто да се срамиш. Или пак речи му кога веќе со часови си пишувате и посободно се чувствувате на интернет: Незнам што ти се случува, ако мислиш дека ќе те одбијам не се секирај немам таква намера. Така и тој ќе добие некоја сигурност дека си ти девојка со самодоверба, дека не се срамиш... Ако те одбие никому ништо. Од корпа ли се плашите? Во животот има срања кога ќе треба да се справиш со пораз. Корпата не е пораз, ниту е понижувачка.
ахх ај сеа и јас да си се пожалам значи свиѓам еден дечко, кој има речено дека и тој ме свиѓа мене. Немавме ништо ама една вечер другарка пијана му рекла да излезе со мене ама не знае (не се сеќава) тој шо и кажал. Тој не беше во земјава до скоро, па го немам видено одамна. Порано коа уште не беше отиден постојано ме гледаше, тоа и јас го забележав а и сите др ми кажуваат, ама не знам шо да мислам сеа.... сака нешто со мене или нее... планирам вечер да излезам со другарка ама... нз што да очекувам
Чекај малце а ти го сакаш него,ти се свиѓа или...? Јас не разбрав за што сакаш да ти помогнеме...секако неможеш да знаеш што чувствува за тебе,но пробај ако ти се свиѓа правете муабет незнам што друго да ти кажам..... СО СРЕЌА
Ми се допаѓа еден дечко од факс, и тој ме бендисува, ама проблемот е што не сме од ист град, тој седи во скопје а јас идам само за факс и се враќам дома(во др град). Се мислам дали да почнам некаква врска со него, мислам дека би било тешко да опстане, иако другарките викаат дека нема врска тоа, ние по цел ден ќе сме биле заедно на факс(ама јас мислам дека тоа е би било доволно..) а многу го бендисувам
Се плашиш од врска на далечина.Нема ништо страшно во таквите врски. Јас и мојот сме во таква врска па ете заедно сме 1 година и 4 месеци . А и јас со мојот мн поретко се гледам, а ти со него ќе си на факс заедно. Ако мислеш дека постои хемија помеѓу вас,ако и двајцата сакате да пробате тогаш , пробајте ! За ваквите врски најмногу е потреба довербата и сикреноста и секако љубовта.