Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Pretty_woman

    Pretty_woman Активен член

    Се зачлени на:
    2 август 2018
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Човекот на мојот живот....
    Се заљубив не сум виновна јас едноставно се заљубив.
    Секогаш имав зацртано во мојте мисли каков би бил мојот дечко или сопруг.
    Се појави тој,како да го нацрта некој тоа моето посакувано и да го створи.Неможам да го објаснам тоа мое чуство,со него се осеќав како да сум во филм,таа романтика,таа еротика,таа привлечност со него е незаборавна.
    Да скратам..
    Нашата љубов е неприфатлива секогаш одевме тајно,никој несмееше да дознае за нас...
    Не бевме иста вера драги мои,во годините бевме разлика тоа е тоа што луѓето го гледаат од страна неприфатливо,смешно и дека во таквите врски секогаш се работи за СЕКС,дека тој пар оди само поради тоа да си го направи задоволството.
    На секого посакувам добро и одобрувам секаква врска бидејќи незнаеш што секој човек носи во душата,со што се има соочено и какви се неговите чувства .Срцето ме боли кога некој ќе го спомне душата ме боли.
    Од зборовите на народот,од оговарањата,морав да се тргнам од него...Да го заборавам...
    Поминаа 2,3,4,5 месеци,излегувам, се забавувам фатив друг дечко со кој што одам веќе долго време...
    Дојде време да го кажам она ДА,дечкото ме сака за жена,а мене срцето ме боли.Ако го кажам тоа ДА нема да сум среќна, не сум заљубена во тој човек,и целиот живот ќе патам по мојата љубов,а од друга страна ако ја изберам мојата љубов тоа ќе биде неприфатливо ќе избегам со него и цел живот ќе живеам скришно со него,но ќе бидам најсреќната жена на светот,....
     
    На deathinside, buba4e89 и jasbi им се допаѓа ова.
  2. Мејз

    Мејз Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2018
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    4.121
    Пол:
    Женски
    а мислиш дека ќе бидеш среќна ако од тебе се откаже цела фамилија? ако останеш сама? пречките се преголеми, а понатаму во животот само ќе се зголемуваат проблемите. Ако не го сакаш сегашниов дечко, седи сама, размисли што сакаш да направиш, љубовта е три месеци ко што викаше баба ми, мисли за цел живот.
     
    На Kate Rina 93, ЕденЧлен, Tea678 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. jasbi

    jasbi Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2016
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    7.573
    Пол:
    Женски
    Ne kazuvaj Da ako ne si sigurna vo toa sto go sakas. Se ke si dojde so red, ne brzaj nigde za da zadovolis necii potrebi.
     
    На ЕденЧлен и Pretty_woman им се допаѓа ова.
  4. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Жално е во 21 век да се пишува за вакви религиски проблеми, а се почести се ваквите врски. Жално е што уште општеството е со такви размислувања дека не смееш да бидеш со човек од друга вера.
    Овде кај нас тоа нема да се искорени, а тоа е најжално.
    А тебе девојче јас би ти рекла да не си го упропастуваш животот со човек кој средината ти го наметнува.
    Биди среќна со тој што сакаш да бидеш.
    Да, ќе има пречки, ќе има лоши погледи од страна и се тоа, но на крајот од денот, важни сме само ние самите и нашата среќа.
     
    На Sejfullai, Snowflake97, ЕденЧлен и 8 други им се допаѓа ова.
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.803
    Пол:
    Женски
    На темава верски предрасуди толку имам гнев насобрано во себе, неописливо.
    Се подзамижува на навистина погрешни и долни работи, девојчиња досаѓаат на телефон на жените на нивните дечковци, ама тука ако сме сите иста вера, не е страшно.
    У една прилика наслушнав несакајќи муабет, „мора ли каурка, не се најде ли за него од другите“.
    Влегувам, у собата молк. Ми падна едно смешно, па нервиве ми се разденсаа евривер, па им реков „Не да сте у право, никако со каур. Ако си машко големи гради, ако си женско бркови ќе ти никнат“.
    Пола саат се правдаа, џабе.

    @Pretty_woman Немој да мислиш дека нема да сакаш. Јас се венчав со мојата прва вистинска љубов. И заврши прикаската. И успеа да остане едно далечно сеќавање, а поминавме повеќе од 10 години заедно вкупно. И тоа прва вистинска љубов знаеш шо е? Прва озбилна врска? Мислиш нема други машки во светот за тебе. Ама има. И ќе научиш да живееш со тоа и ќе речеш „сигурно за аирлија било“.

    Он ако е постар, не може ли да застане храбро и да се бори за вашата љубов?
    Викаш постар, самостоен е сигурно со работа.
    Ако не е, слушај што ќе ти кажам, со маж којшто не е храбар, секоја помината секунда ти е изгубено скапоцено време.
     
  6. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Охх па ајде нека биде цел живот несреќна за некоја глупава фамилија да не се откаже од неа.Ако таа фамилија ја сака ќе ја прифати.Ако некој ти е фамилија незначи дека треба покрај се да ги сакаш.Од таквите како ти сите се несреќни.Примитивци едни.
    @Pretty_woman и јас сум во врска со момче од друга вера и да сите ме гледаат на криво но дали ми е гајле? НЕ не ми е.Ја избрав љубовта,среќата и животот пред погледите на простите луѓе кои неможат да осетат среќа.Не прифаќај да се омажиш туку продолжиси со момчето од другата вера.
     
    На Pretty_woman и BabyT* им се допаѓа ова.
  7. Мејз

    Мејз Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2018
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    4.121
    Пол:
    Женски
    Јас не и реков да се омажи за тој другиот тип дека е христијанин, нека си размисли убаво, секако и посакувам среќа ама јас не би можела да неможам дете да го крстам во црква, детето да не биде моја вера.. за нив е гордост да земат христијанка, а зошто нивна не даваат за наш? Од искуство ти кажувам дека живеам во град каде повеќе се муслимани. Секоја чест на исклучоците што можат да ги преминат сите пречки и да издржат.
     
    На Kate Rina 93, ЕденЧлен и Tea678 им се допаѓа ова.
  8. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Ќе се умешам околу крштевањето. Знам многу бракови каде што ги оставаат децата кога ќе пораснат сами да одберат на која вера ќе се придружат.
     
    На jasbi му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Мејз

    Мејз Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2018
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    4.121
    Пол:
    Женски
    пак ќе повторам, секојс чест на исклучоците
     
    На Kate Rina 93, jasbi и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  10. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Ако има љубов и разбирање, верата не треба да е пречка.
     
    На Pretty_woman, jasbi, ЕденЧлен и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.101
    Допаѓања:
    46.342
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи. Јас сум кажала и предходно дека со маж ми одевме една година и прекинавме, после 2ипол години тој си фати женска, а јас дечко, ама знаев дека уште ме сака мене, поради моја тврдоглавост не се смирувавме, тогаш јас сфатив дека го сакам и дека ако не преземам нешто ќе го изгубам. Искрено не ми беше гајле за женска му, може лош човек ме прави тоа ама мојата среќа ми беше побитна. Му пишав тогаш, се видовме и се договоривме да прекинеме односи со тогашните партнери и да се смириме. Ова ние 12 година заедно и една година сме во брак.

    Поентата ми е ако девојката и дечкото мислат дека вреди да де борат за таа љубов нека се борат.
    Треба искрено да разговарате и да одлучите на што сте спреми, нека прекине со женска му ако не те преболел и тоа е тоа. Могу едноставно решение.
     
    На Ana.brojka, happygirl11, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Luminary

    Luminary Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    2.730
    Допаѓања:
    46.538
    Пол:
    Женски
    @Pretty_woman истото ќе ти го кажев. Се согласувам до збор :)
     
    На Pretty_woman и piksooki им се допаѓа ова.
  13. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Да не се кажува на некој ради реда, да си размислиш убаво и да не прифаќаш брачна понуда ако не си сигурна во љубовта кон дечко ти. А за овој другиот, дали си сигурна дека се уште те сака? Дали си сигурна дека те сака за жена или така помислуваш дека те сака? Сте разговарале ли сериозно за вас или се било на романтика, еротика, привлечност? Ако одговорите ти се да, треба да си дадеш шанса на вас двајцата. Но ако се било на романтики, еротики базирано нема врска што е друга вера и сита вера да сте биле тоа не ми делува на озбилна врска. Сепак ти најдобро си ја знаеш ситуацијата, одговорите и што понатаму.
     
  14. Karin1a

    Karin1a Активен член

    Се зачлени на:
    4 август 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Женски
    Поздрав до сите! Сакам да споделам еден проб. со Вас, во врска сум една година , на почетокот како и секој почеток се беше ок, последниве неколку месеци дм претерува со однесувањето, отиде со другари во Црна гора имаше ставено слика на ФБ и една негова другарка му пишала ајде помини кај мене на гости (она е од Хрватска, иначе јас ја имам запознаено тука во Мк кога беше ама онака на кратко и ок беше девојчето) мене не ми е јасно од кај право така да му пише , а он и пишал уште ајде што се чудев за неа, он пишал јас размислував да се видиме, ама штета не понесов пасош, со кој памет, еве не знам , ајде она ама он???! Кога го прашав на што личат тие коментари ми рече дека не сум нормална мхм јас испаднав ненормална , му кажав дека ми пречи тоа, ми рече дека веќе нема да ме толерира и доста време бил будала (facepalm) каде е нормално дечко во врска другарки да го викаат на гости ?! Еве не знам?! На почетокот кога ми даде пасворд од ФБ му имав избришано доста женски пријатели и ми се налути ама брзо се смиривме, сега некако почна ладно да се однесува со мене , уште ми рече е тек сега ми е стварно криво што не понесов пасош да ја видам другарка ми и ми се налути и уклучен е не ми пишува, ми е страф да не го изгубам ;(
     
  15. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.567
    Пол:
    Женски
    Сама си правиш проблеми каде што ги нема.

    Бил глупав па ти дал пасворд од фб, јас никогаш никому не би му дала. Не дека нешто би му работела зад грб, туку сакам приватност и нема потреба некој да чита работи кои не го интересираат. Не би дозволила некој да ми чита разговори со другарки или разговори со некои други личности без разлика кои.
    А особено би ми се стемнило пред очи и без размислување би раскинала врска ако некој земе да ми брише пријатели. Еј со кое право ти тоа си го направила? Разбирам љубомора и сè, ама во границите на нормалата, а не ти да одредуваш кои ќе му бидат фб пријатели. Ако сака да те изневери ќе најде начин и ќе те изневери, решение не е ти како превентива да земеш да му бришеш пријатели.

    Во врска со ова што е најтазе. Да сака некој да се меша во туѓа врска сигурна сум дека не би пишувала во коментари, да и била таква целта, ќе му пишела во порака. Е сега ти сакаш да му одредуваш и во живо со кого ќе биде пријател, не само на фб. Ако сака да те изневери ќе те изневери и додека е таму на одмор во Црна Гора, ако сака ќе најде некоја, не му треба другарката од Хрватска, ако е неверен. Плус не земал пасош, значи не може да отиде кај нејзе. Плус јавно во коментари пишувале, ништо тајно. Што толку ти креваш паника кај што не треба.
     
    На Nausicaa, Shmizla94, Belgin1 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Како влегол во друга земја без пасош, еве не ми е јасно. :wasntme:

    За совет ќе ти кажам така малце појше треба да намалиш со љубомората. Дечко ти е, не е предмет кој го поседуваш.
    Врска не се води со истраги по фејсбуци и други социјални мрежи. Ако треба да изигруваш детектив, тогаш или тој не е за тебе или пак ти си имаш некој проблем.
    Ако нејќеш да го изгубиш за почеток ќе си му кажеш да си смени пасворд на фб до кој ти веќе ќе немаш пристап, па потоа фино ќе си разговараш и ќе му објасниш дека ќе се потрудиш во иднина да му веруваш повеќе. :)
     
    На ЕденЧлен и Karin1a им се допаѓа ова.
  17. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.405
    Пол:
    Женски
    ^ Во Црна Гора може да се оди и со лична карта само. :)

    Инаку да на темава се сложувам и јас целосно со тоа дека нема потреба од давање пасворди и дека претеруваш малку. Но, веројатно те сака, да бев до сега ја, така да ми праи некој, ќе раскинев сигурно, не можам да трпам токсично однесување.
    Инаку имам одено сама дома кај другар најдобар, секој ден заедно бевме у средно, сами кај се немаме шетано, на матура цела вечер со него сама бев, ептен сме блиски и дечко ми мирно си спиеше знаејќи дека ништо нема да напраам и стварно ништо и немаше. :) Е тоа е тоа. И да оди некаде, ти да веруваш дека ништо нема да направи. :)
     
    На Nausicaa, Shmizla94, Belgin1 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.117
    Пол:
    Женски
    Љубоморна си. Созреј, има право да има другарки.
     
    На Shmizla94, ЕденЧлен, Karin1a и 2 други им се допаѓа ова.
  19. piksooki

    piksooki Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    10.940
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот во него туку во тебе.Љубомората е болна работа и биди среќна што сте сеуште заедно јас би ти раскинала искрено.Ако сакаш да сес средат работите дај и малку слобода на врската не можеш да гушиш некого и да очекуваш дека ќе остане.
     
    На Shmizla94, Snowflake97, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.198
    Пол:
    Женски
    Па и е будала што те трпи. Претеруваш.
     
    На Shmizla94, Snowflake97, ЕденЧлен и 3 други им се допаѓа ова.