@Sejfullai остави го нека оди ако му е до изневерување ќе те изневери тајно.Штом ти кажува дека му е пријателка така и е.Наместо да му забраниш да оди можеш да му предложиш и ти да се запознаеш со неговата пријателка.
А зошто воопшто сте во врска кога тој самиот ти кажал да не очекуваш љубов од него? Пологички ми е да се гледате онака, отколку да сте официјално во врска која нема иднина. Јас не само што не би имала односи, туку и би се оддалечила, односно би раскинала со него. Избегавам да давам ваков совет, ама во твојот случај не гледам поента во тоа да бидеш со него кога не добиваш ништо за возврат, додека твоите чувства стануваат се посилни. @Sejfullai не сум љубоморен тип и пре би дала на некој целосна слобода отколку да го контролирам и забранувам одредени работи, ама никако ова не ми е во ред. Да отидеш надвор од државата за да се видиш со бивша ми е некако, ту мач. Во нормални околности луѓето не одат најдобар пријател да видат, а не бивша. Не сакам да алудирам на ништо, ама навистина не гледам која е потребата од тоа. Најдобро би било искрено да разговараш со него, да му кажеш како се чувствуваш. Сепак најдобро и најбезболно би било да отидеш со него доколку си во можност.
Немора да одиш можеш само да дадеш идеа.Едно прашање е доволно за да дознаеш се.Нема потреба од забрани од ништо само кажиму ќе дојдам и јас и ќе видиш како ќе реагира тогаш ќе ти биде јасно се.
Нема да му забранам ништо секако, не сакам да сум тој тип на девојка што забранува и контролира. Но сепак иакп до некаде му верувам на него, не и’ верувам на неа воопшто.
Ова зборува доволно колку таа му значи. Да бев на твое место, дента кога би ми ја кажал оваа одлука, би бил крајот на нашата врска.
Не знам навистина... се тешам со тоа што ми кажува дека не било ништо сериозно, дека ја гледа како пријателка... И плус со тоа што беше искрен со мене дека ќе се видат...иако според тоа што го имам слушнато, мислам дека уште таа има некои намери со него. И колку и да сакам да му верувам, не можам.
Не грижи се ако тој те изневери никогаш не те ни заслужувал.Нека оди па потоа ќе видиш што како.А и и да не и веруваш на неа тој ако те сака нема да направи ништо и точка.Неможе некоја да го заведе бе оти јас не потпаѓам на заведувања.Никој неможе да превземе маж или жена што не сакаат да бидат превземени.Толку
@Sejfullai Сигурна си дека го сакаш дечково? Мене по се ми изгледа дека ти не го сакаш , бидејќи (без навреда ) но, не знам кој до здрав разум би пуштил сегашен дечко да се види со поранешната или може ќе патува 5 часа кај неа за да и рече, еве јас дојдов и сега ќе се вратам доволно беше, чао Не знам стварно зашто самите себе си дозволувате некој да Ве прави будала при очи слепи, што би се рекло. Јас бегам од машки кои ја спомнуваат поранешната, а камоли пак да иде таму или може ќе решаваат крстозбор, по твое
@Sejfullai Примени го овој совет и види негова реакција, така ќе бидеш сигурна дали му е само пријателка или оди таму за авантура со нејзе. Ма да јас се сомневам дека му е сега само пријателка
@Sejfullai Нема ништо погрешно во тоа да си во океј односи со бивши. И јас сум. Се јавувам секогаш за роденден, за вработување, за промоција на работа, за некои побитни дешавки. Сум се начекала и онака спонтано, сме пиеле кафе, меѓутоа секој си продолжил со животот и тоа гледање не е примарна "oбврска", него е онака кафе кога и двајцата сме слободни. Меѓутоа одење во друга држава, планирање на пат, откажување на други обврски за да се видат и да пијаат кафе искрено ми преминува линија. Да и јас кога се вработив се јавив и го поканив да пиеме едно кафе, меѓутоа да беше во друг град ни на памет немаше да ми текне да идам и да го барам. Дечково е искрен, тоа ми се свиѓа што ти кажал кај да иде, реално на денешницава голема е веројатноста да си кидне и никад да не го разбереш каде е и со кого е. Мислам оти треба да го седнеш и да зборнете за тоа која е она, што му значи и дали навистина е само пријателско кафе. Оти малце чудно ми е, од една страна вика дека му била само за секс, а од друга страна иде у друга држава да ја види. Кажи му дека ти смета тоа, завземи си став и кажи до каде ти се црвените линии. Пошо не верувам дека би му било сеедно да си киднеш до Грчка за викенд ти со некој бивши, нели?
Епа дечки, ќе идел. Градот сакал да го види, а неа не ја гледал често. Многу сакал да патува сам. А јас веќе да не сум му се понашала избувливо.
Бар некоја поарна причина да кажел кога веќе лаже. Ова ептен апла е. Извини, ама мене смеа ме фати од одговоров негов.