Да бев на твое место не избувливо туку мислам дека ќе го запалев... не е фер така да постапува со тебе девојка си му нека се стави во твои чевли речи му, па да види дали е океј да оди кај бивша сам, и кажи му дека немаш доверба во неа и не си баш сигурна дека нејзините намери се само пријателски. Сето ова е ту мач и јас сакам да патувам сама ама па не одам кај бивши.. Ако е машко нека застане и нека каже кој колку му е битен па да видиме дали вреди вака да трпиш ти
Земи си некое Б витаминче и тури му пепел. Ќе си најдеш поасален. Овој и да направи нешто со таа, она пак ќе го шутне и после пак ќе те бара тебе. А ако си глупа, ќе му се вратиш.
За жал јасно е сè. Кажи му слободно нека оди, а дека тебе веќе таков не ти треба. Ќе си најдеш друг кој ќе те сака, почитува и кој ќе ти биде верен. За ваков ич не си го уништувај здравјето, не вреди. После вакво негово однесување и ваков одговор не размислувај да останеш со него.
Покрај тоа што знае дека се нервираш и лутиш, приоритет и даде на бившата, да патува 5 саати само за да ја види?!?!? Типот си зеде преголема слобода па уште и ти вели дека се понашаш избувливо Што требаше да направиш? Преку booking хотел да им резервираш во градот каде што ќе се видат? Браво за него
Едно нешто не сакам од него у врскава, а тоа е Б И В Ш И. Му кажав, не ми е гајле дали ја гледаш како другарка, БИВША Е! Сте имале нешто? Бивша е! И упорно идеше со тоа, не другарка ми е. Се изнервирав ептен и кажав дека ќе ги задавам у афект, и одма го зема тоа и го држеше против мене, као демек немало шо да ми се објаснува кога така сум му се заканила, јас сум немала респект за него пошто сум го кажала тоа, сум немала право да изустам такво нешто.... катастрофа еј
Се надевам дека после ова нема да продолжиш со него. Знам дека го сакаш и ти е тешко, ама тој не те заслужува.
Не знам... ми треба време да процесирам сè Благодарам за поддршката на сите инаку, многу полошо ќе ми беше без вашите совети
Успеа срцето да ми лупа од нервоза,си го осеќам во вратот само што читам и ми се тресат рацете, а не па да дозволам вака да е со бивши и сл , уфффф....не е до љубомора, до непочит ти е ова мила..
На Booking колку ти душа сакаш има хотели, мотели, хостели, ресторани дури и совети за посети на места во градот има,финти и трикови каде има вкусна и евтина храна,забава,кафе, пријател скоро вака си среди сам за патување, сам беше сам се врати ни другар ни девојка ни ништо,си го разгледа градот, си преспа во некој евтин хотел со појадок и си дојде. Што толку муабет мене не ми е јасно ќе прават, и како тоа еден ден ќе се видат, нема ли да биде изморен од пат, да сака туш, и ако сака да го шета градот ќе му треба подолго време, едно Облешево кај нас да го завртиш ти треба неколку часа не па огромен град..не знам чудно ми е ова мене, 5минути ти се само од лифт да се симнеш до продавница не па да се видат...[/QUOTE]
Моето мислење е дека треба да оди. Зошто? Така ќе знаеш дали бил вистинскиот за тебе или не. Пушти... Не си требала ниту да реагираш бунтовно,ниту да прашуваш. Нека оди, нека збори. За тоа време ќе си искочиш со другарки, ќе се сликаш, ќе се тагирам, ќе стаам стори. Колку и да ми е тешко ќе се изборам, слабост нема да покажам. И ќе сфати, може на пола пат, можеби и покасно. А ако не, тогаш не бил за тебе.
На кој начин ќе сфати дали е за нејзе? Како ќе знае дали нешто имале или не? И што доколку сфати или доколку крај краева нема ништо со бившата, со кој очи после ќе биде гледан?
@Sejfullai црвено знаменце е тотално ова цело понашање. Јас би го откачила, некој вакви глупи лаги да ми кажува не фала. Не поддржувам ни ја дружба со бивши воопшто. Една другарка еднаш кажа, абе реално со бивши па би бил за една вечер, си ги знаете работите шо ги сакате, ем задоволство, ем не ти се зголемува бројот на партнерите со кои си била, само може у ќар да сум, а не во загуба. Сигурно нема сложувалка да местат заедно, па затоа да оди. Сепак ти си знаеш, ако ти е океј вакво однесување и лажење, па и изневерување, толерирај си го...
Мене ми е шубе и седење на кафе со бивш и тоа онака случајно... Јас пак ќе кажам, другар сам беше усвет, сам си букираше се, штом он може и дечко ти може. И не ми кажа зашто и тебе да не те земе?
Знам дека не сакаш да раскинеш секако затоа бараш совети на темава но јас би му раскинала да патува 5 часа само за да се види со неа ми е некако ту мач и ме би трпела вакво нешто