Едноставно не можам да постапам така, да не кажев ништо уште полошо ќе ми беше мене Да нели, ама, он сепак успеа да ја сврти ситуацијава против мене. Јас сум покажала дисреспект (со тоа што реков ќе те задавам, бидејќи тоа е мнооогу голема реална закана што човек со физички способности како мене ќе ја направи), и поради тоа не сум ни заслужувала ништо да ми објаснува и не му ни било гајле колку сум изнервирана сум немала право да избувнувам. А тоа што он мене ми има речено ,,ако ме вараш ќе ти ја заебам психата толку многу што единствен излез ќе ти биде самоубиство” , нема врска и не било закана А другаркава знаела дека има девојка и била многу среќна за него, се гледале еднаш годишно и ќе било само еден ден како и да е . Многу, многу red flags
А маж кој одма можеш да го легнеш? Тој 'лесен' е? Изразот ти е глуп. Имало и 'вештерка' израз, па го нема повеќе оти научиле нешто луѓето....
Манипулатор секад ќе се намести како он да е жртва и дека е најневин на цел свет. Свесен е дека освен тие зборови кажани во афект нема арсенал друг против тебе па ти се фатил за тоа. Сигурно нема физички да го нападнеш (сама си свесна дека тоа не е океј и дека ништо не се решава со тоа). Остави го нека иде, продолжи си со животот. Можеби ќе те побара, можеби не, али секад имај едно на памет: Не иди со човек на кого не му е гајле дали те повредува со некој акт или не. Интересни се бре, бараат разбирање во некои вакви ситуации, а да е обратно ти да си отидеш со бивш на викенд некаде има триста етикети да ти залепат. Не ти треба, верувај.
Ете како што реков во тоа прашање ќе го пронајдеш одговорот.Знам дека е тешко но време е за крај на врската.
Многу добро ми се познати таквите непреспани ноќи и тресења и нервози итн. итн. И единствениот заклучок што го извадив од моето искуство е дека такви самобендисани будали, на себе си неможат да си признаат некои работи, меѓу кои и вина, а да очекуваш да ти признаат на тебе, уште потешко. Значи џабе се сите убедувања, објаснувања, препукувања, пак ти ќе бидеш виновната, а фактот што е очигледно дека не си ќе те иритира уште повеќе. Не се сложувај на ништо помалку од она што заслужуваш, од она што знаеш да го пружиш некому!
@WildMk, едно е девојка што има повеќе сексуални партнери, друго е девојка што свесно и намерно уништува туѓа среќа. Ни едната ни другата не се лесни, ама втората не ја сакам во моја близина. Не ја бива како човек. **** Да се едитирам, и да бидам малку оф-топик. На претходните страни, има сведоштво каде двајцата се освестиле дека љубовта уште постои и раскинале со партнерите за да бидат заедно. И тоа е сосема во ред. Биди фер, прекини ја врската, не го прави будала сегашниот партнер и барај си ја среќата на друго место. Кога веќе нема љубов, најмалку што може да се направи е барем да се испочитува партнерот. За жал, колку случаи вакви знаеме, особено кога станува збор за брак? Јас лично ниеден. Мажот си го тера каифот на страна, а жената или не знае или трпи и чека, се надева дека тој еден ден ќе се смири и скраси покрај неа.
@Nausicaa Едно е да не ја сакаш таквата личност во твоја близина (и јас не сакам такви личности во моја близина), но друго е да кажуваш секакви погрдни зборови за истата. Тоа не нѐ прави подобри личности, всушност таквите личности во мои очи се на исто бедно ниво како неа. И додека едната страна има погрдни зборови, исто ќе биде и од другата страна, а тој кој всушност треба да ја сноси целата одговорност - мува не го лази. И додека има личности кои ги оправдуваат навредите во име на љубовта на нивниот живот (*смајли што се онесвестува од презаљубеност), ќе ги има и вакви кои ќе си тераат ќеиф додека поради нив други очи си вадат.
@Purplelilac, максимално ги презирам навредите кон женскиот пол каде се акцентира сексуалноста- курва, дроља, калаштура. А омилени им се на мажите. За жал, од типичен балкански маж и не очекувам да знае подобро. Е сега, на секого може во жолта минута да му случи да каже се и сешто. Луѓе сме, со емоции и слаби точки. И тоа е во ред. И на најфината личност (машко, женско) може да им излета нешто толку грдо. Мене пострашни ми се оние девојки кои курва свесно го користат, на кои дроља, курвештија им е обавезен епитет за друга (пореализирана, поуспешна) девојка. Многу добро знаат колку е грд зборот, колкава навреда лежи во него и намерно го користат за дополнително да ја доомаловажат омразената личност. Фатила дечко? Курва. Позгодна е? Курва. Се вработила? Курва. Океј е, не се вреѓам, ама па не сакам да се правам светица која лош збор не кажала.. А лесно е на форум да се прикажеме пофини отколку што реално сме. Кога е во прашање анонимна членка, и ситуација која не не засега, ептен е лесно да бидеме смирени и смерни со зборовите. А во реален живот, некој да ни се вмеша во врска, или во врска на блиска другарка, тешко дека ќе останеме прибрани и културни. Затоа, ако некоја не сака да биде нарекувана дебилна крава, нека не прави глупости.. Многу е едноставно, нели?
Воопшто не се гледам себеси ко светица, ниту имам желба другите да ме гледаат како таква. Си имам маани и свесна сум за истите. Не знам само зошто секогаш за личности кои кажуваат нешто спротивно од вашето се вели дека се обидуваат да глумат светици. Не, не се обидувам ништо да глумам. Едноставно не ми е пријатно да слушам/читам како една девојка навредува друга поради некој кој не ни заслужува толкаво внимание. Инаку имав пишано и претходно дека ми се мешале во врска, но никогаш девојката не сум ја нарекла курва, лесна во памет и не знам уште што. Такви зборови немам во речник и секогаш ќе сум против истите без разлика од кого се употребени. Жолта минута со збор како дебилна крава, не знам можеби сум имала, но точно знам дека истиот свесно не би го искористила повторно. Други пак и свесно би го искористиле. Ете тука е разликата.
@Purplelilac, ако можеш така да тераш, без да користиш навреди, терај си и понатаму. Не е ова сарказам. Ако вистина за тебе „дебилна крава“ е навреда што се кажува само во жолта минута, и никогаш не би ја кажала во нормална ситуација, што да ти кажам, подобра личност од мене си. Зошто јас знам да кажам и крава и коза. За машки користам вол. Не се карам со луѓе, не се тепам (чувај Боже) ама затоа: Другарка ми: Ана ми должи 50 евра, не сака да ми ги врати. Јас: Аууу, крава! И ич не ми е криво за таквата употреба на зборовите
Здраво! И двајцата сме од ист град, но отиде во др град поради работни обврски. Цела недела комунициравме на тел колку што му дозволуваа обврските, и доаѓа викенд..ај ми вика дојди ќе имам слободен ден, тамам ќе поминеме време заедно. Ја пресреќна,едвај чекав да го видам... и стигнувам вечерта,ај прво што го чекав на автобуска 15 мин нема везе. Предлогот му беше ај да пиеме по едно пиво, па ќе излеземе да прошетаме. Ај викам не мора и онака си уморен, ке одмараме вечерва, па утре имам цел ден. Наредниот ден отиде пола ние седиме, значи не отидов таму за да ме шета, доволно ми беше и да седиме дома да поминеме време заедно. Поголемиот дел од времето си го помина на тел, ја више почнав да збеснувам одвнатре, ама ај се контролирам. У меѓувреме ај иди до продавница, ај му ги средив алиштата, он пак ништо. Попладнето излеговме да јадеме и ја веќе не можев да преќутам му почнувам муабет викам што мислиш јас за тебе ли сум, среќен ли си со мене? Дај кажи кои ти се плановите,и се испокаравме као др девојка на мое место би била среќна што ја викнал,јас не сум заслижувала ништо и сл... дали би ви сметало на вас ваквото однесување, идам во др град за да поминеме време заедно, он треба да остане таму уште 2-3 недели, не барам да ме шета да се заморува нели слободен ден, само ми е битно да поминеме време заедно и на крај пак јас лошата. Како би реагирале вие, дали јас можеби преувеличувам? Може и да ме критикувате слободно
@Zumbula По мое, половично преувеличуваш Мене така да ме викнал дечкото во друг град, нормално ќе сакам да шетаме и да се забавуваме надвор, отколку затворени да седиме. Имал слободен ден, те викнал. И мене некој на 50 степени да ме прашува среќна ли сум, ќе ме изнервира Ама тоа сум јас. Половично вината е во него, тоа што седел на телефон. Трето, имате уста, земи кажи директно. Сакам дома да лежиме, не да излегуваме. Ти самата си се согласила следниот ден да ви е за шетање @Sejfullai И јас сакам сама да патувам. Ама ако патувам 5 часа за некој, тогаш мора да е некој што многу ми значи. Второ, прво за неа идел, сега за градот. Ќе речеш еден од двата града на овој свет е Приказни за првоодделенци
Не дека јас сакав дома да седиме... него ради него да одмара... сакав да кажам можеше повеќе да се посвети па макар и седеле дома, ќе бев задоволна. Сепак отидов за да поминеме време заедно, а он буквално не ме перцепираше...